Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Предмет: Re: Поетска Вечер Нед 09 Ное 2008, 2:39 am
In Your Arms by Erin Gray As we fell asleep last night You held me in your arms so tight I could here you breathing in my ear And suddenly it all became so clear
In your arms is where I want to stay And I never want this feeling to go away You know how to make me smile Which hasn't been done in a while
I never want to let you go And I want everyone to know My feelings for you are strong In your arms is where I belong
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Анастасија - Премин Нед 09 Ное 2008, 2:41 am
Анастасија - Премин
Стојам, да не би достојал, пред не знам чија врата.
И пак проверувам, буден сум ил сонувам, созерцувам или прелестувам, кој ѓавол ќе го знае... И барам знак, траги од страдање, дали е ова земјата по која тој некогаш одеше.
Навистина ли го убија, оној што ги избра, што ги изведе низ пустина, о, Боже.
Зошто стојам скаменет и немам таква сила? Не верувам ли доволно или неточно сум сфатил? Од каде тие сомнежи, од каде тој страв? Дали ќе ми отвори, дали ќе ме прими внатре?
И оној од кого сум нема да дозволи, оној што ме возљуби, нема да ме остави сам среде шума густа од раце што ме грабаат.
о Боже, Господи, слава тебје...
Како кедар разгранат, како киприс издигнат. Како палма в градина, калинка во Гадеса. Како смирна мирисав, трендафил во Иерихон. Како сјајна маслина покрај сини мориња. Како мермер-планина среде поле вкотвена. Како крепост тврдина, од Тебе закрилена. Како гласој пророчки, химни светоотечки. Да викнам од глубини, да запеам в пустини. Како камен низ гора в понор да се стркалам. Како поток планински кон Тебе да побрзам. Кон Тебе да поитам Слава да Ти принесам.
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Нед 09 Ное 2008, 2:49 am
SiNaPsA` напиша:

Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Различности!!! Пет 21 Ное 2008, 11:46 pm
Постои различност меѓу дрвјето: Дрво со седало. И дрво без седало.
Во седалото се испилува радоста И влегува во нас Другото постои заради различност.
Постои разлика меѓу тревите: Трева со бубалка И трева без бубалка. Бубалката брмчи И ни го населува увото Другото постои заради различност.
Постои различност меѓу луѓето: Постои човек со тага Постои човек без неа. Човекот без тага си ти А оној со тага сум јас
а постојам само заради Различност.
Михаил Ренџов
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Страв Пет 21 Ное 2008, 11:47 pm
Ветрот ми го пожолте дрвото Срцето ми е темно.
Нели вие ме гоневте до полноќ?
Скокаат славеи над мојата куќа Стравот ми е бршлен на ѕидот Пожар во полноќна галија
Го слушате ли гласот Во тајната соба на срцето?
Ноќта е златен облак Вие ѕвезди што ми покажувате Лажен пат.
Славеите на небо се убиваат.
Михаил Ренџов
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Ветрови Саб 22 Ное 2008, 12:03 am
Ме одведоа една ноќ Но јас не знаев каде.
По шумолењето на ѕвездите И по дишењето на морето Ги одредував страните на светот И среќен Сам Се вратив Назад.
Тогаш наново долетаа тие Тајно, умилно долетаа Но беше вeќе Но беше веќе Разденето.
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 29 Ное 2008, 12:47 am
Месечината
Ја симнувам месечината и ја
ставам во чаша со вода
водата испарува џуџињата
излегуваат мојата сакана спие
гола сосема гола
џуџињата се насекаде низ собата
толку многу се
таа се буди
таа ја зема чашата
таа пие
Еден несреќен случај во кој
месечината е проголтана
Не постои веќе месечина
мојата сакана е девојка со
месечина во утробата
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 29 Ное 2008, 12:54 am
Обнова
Отворете прозорци. Отворете врати. Да влезе свеж воздух. Доведете млада мајка. Доведете машко дете. Нека го прошета од соба в соба низ сева куќа. Да влезе живот, како свеж воздух, во секој зачмајан агол.
Блаже Конески
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 29 Ное 2008, 12:58 am
Тркалезни форми
(Пофалба на жената)
Тркалезни ти се очите и местата од кај што ме гледаш, управувајќи со моите движења.
Тркалезна ти е устата што ги оданочува зборовите и што ја прославува насмевката.
Тркалезни ти се рамената и тркалезен ти е вратот што е единствено скеле од каде сета татковина е видлива.
Тркалезни ти се дојките што се подвижни камбанарии и подигнати пушки од заседа.
Тркалезни ти се брадавиците и медното саќе на нив и млечниот рудник, првата почва, првата средба со исхраната.
Тркалезни ти се слабините, тркалезно што се шират, рамномерно што се враќаат.
Тркалезна ти е половината и ветрот што се врти околу неа, како колцето околу оската, како преѓата околу вретеното.
Тркалезен ти е папокот што е лузна на раѓањето и сеќавање на точката откај што тргнал животот.
Тркалезни ти се колковите од кои се одбива светлината што е единствено вратниче за вомракот и за в помрачина.
Тркалезни ти се колената што ги чекам да ми проговорат и тркалезни ти се петиците што те одделуваат од земјата.
Тркалезна ти е прегратката кога ме љубиш, кога те љубам и тркалезна ти е солзата кога од мене се разделуваш.
Тркалезна ти е трпезата на која ручаш и вечераш, а и лебот и садовите, ко трпезата се тркалезни.
Тркалезно ти е јаболкото што го честиш со устата и тркалезно е виножитото во лубеницата што ја отвораш.
Тркалезна е водата што ја зафаќаш со грстите и водата кога ти прави место, помагајќи ти да се искапиш.
Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата и тркалезен е надолу патот по кој слегува неговиот корен.
Тркалезно е сонцето и сончогледот што изгрева заради тебе, заради твоите тркалезни форми без кои и јас не знам кај би гледал.
Петре М. Андреевски
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 29 Ное 2008, 11:53 am
СтончиС напиша:
Браво колега Гока за песничкава. Беше на глас прочитана од мене (во актерски стил 8) ) и доби аплауз на отворена сцена од моите колеги за овие стихови.
ПС. Дури и “нервозниот“ колега се развесели. :lol:
Браво за Гока и за нервозниот колега! Само Гока заборавил да напише дека е песнава од Блаже :tongue:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Денот и ноќта сакале да знаат Кој е поубав: тој или таа?
И така долго спореле, се карале, на прашањето одговор барале.
Кога за тоа ја прашале гората, таа им рекла: Поубава е зората!
(Росица бр.7)
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 04 Дек 2008, 9:48 pm
ШТИПСКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
Тука ја има и легендарната „Камен“ :D :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пет 05 Дек 2008, 12:14 am
Се’ мине, само мојта глава не мине.... А апче се напИ.
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пет 05 Дек 2008, 1:47 am
"Овој граЏевинац некој изгледа, и сега .. ни продава тука.. сака да ги утопи.." -"Камен за бубрези .. да"
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пет 05 Дек 2008, 3:33 am
Види батка ,тоа ти е експресионизам,он ЕКСПРЕСНО ги праи песните :D
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 1:31 am
Зш’ ре никој не пишвит, а златна тема имаме?
:D
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 1:36 am
Бе Перо напиша:
Зш’ ре никој не пишвит, а златна тема имаме?
:D
Еве јас:
Сакам да кажам дека поезијата е една ретка дејност на човековиот дух, која не’ наведува на контемплирање за апстрактното битие и за човековата смисла и бесмисла, како во случајов:
„Ти што ми ја украде душата,ти што ми ја зароби младоста за што ќе патам во животот за кого ќе дадам се“
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 1:41 am
eftimoskatb напиша:
„Ти што ми ја украде душата,ти што ми ја зароби младоста за што ќе патам во животот за кого ќе дадам се“
Поткрепено со видео запис:
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 1:51 am
Ау, јас мислев Бе Перо ќе биде полн со прашалници.Види го ти сВе знаел за Штип не само преку форумџиите :lol: :lol: .А ова :
"Опасно сум вљубен во тебе не сваќаш, луд сум без тебе Ноќва е тивка,прекрасна води ме во рајска градина "
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 1:58 am
Билјана напиша:
"Опасно сум вљубен во тебе не сваќаш, луд сум без тебе Ноќва е тивка,прекрасна води ме во рајска градина "
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 2:29 am
Супер е оваа песна. Бојс, како и Јаков Дренковски, се меѓу ретките текстописци на поп-песни што имаат чувство за поезија во текстовите.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 05 Јан 2009, 2:37 am
Пак си ги изгледав Штипските вечери на поезијата, а бе урнебес се!
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 15 Јан 2009, 1:26 am
До кога море ќе траит ладноно на шчо личит ова?
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Новогодишни Чет 15 Јан 2009, 1:29 am
Само што мислев да ги ставам песМине на новогодишниот фору, видов дека си ја активирал темава:
Нована година се ближит нована година се ближит, старана ќе заминит по патон, ќе препукнит срцено од радос, кога сказалкине ќе се спојат на сатон
ќе се поместит земјана од оскана, и се ќе личит на сказна, ќе се спојит небо и земја, од пиротехника разна
ќе се радуват и телено младо, прасено да го заколат ќе не молет, радосен ќе бидит цел животински свет, за најлудана ќе ги колет
во новава да се имат се, и сексуални односи да имат секој, да живит годинана нова! да живит сто векој!
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 15 Јан 2009, 1:34 am
Еј море Зоки, Зоки спијаче
Отко сјојде Зоки оддома остана сијалица несменета и бабати ненасме'на мајка ти месо не напре сестра ти дома са запре
Ах таја пуста работа пуста останала не беше Зокија роден за тија пусти шлепери за тија пусти магацини Остана џабе диплома диплома за з'би прејне
Отко сјојде Зокија оддома внуче вујко барат да гледат Лацио-Рома да му кажвит м'шки работи да са шетат в саботи
Отко најде Зокија работа четири месеци са сторе плата не му дадо' за амал го кладо'
Ај море Зоки бекрија земи си пушка берданка берданка ем малихера та опери газда Стојмира
За чужди бели голфови не кревај тешки пакети туку елај си дома при н'еста да не та остет и та' Ути остана нестата непрошетана и театар невидена и кафе в град ненапијана и на корзо непоказана
Откако најде Зокија работа и Ленка кошула навеза, и Лиљана на чежма дојде, и Биљана платно набеле, и Лихнида кајче довесла, и Деспина ја грабнаја, и Марика го осте Ѓорѓија, и Калина сите ги опра... ама Зоки плата не зеде!
Сестра има многу долгови уште еден кредит ќе прежалит ќе бидит ординација со тија р'це з'б'рски да не креваш шлепери туку нам з'биве да ни и' напреш
З'би да ни преш пари да не ни земаш та и од тебе аир да видиме!