Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Отворете прозорци. Отворете врати. Да влезе свеж воздух. Доведете млада мајка. Доведете машко дете. Нека го прошета од соба в соба низ сева куќа. Да влезе живот, како свеж воздух, во секој зачмајан агол.
Ми го замаглува погледот а толку е јасен и не можев да ги изнагледам хармонично вљубените клетки да ги составам во себе деловите од неговата душа немав сила.... белите водопади од неговите космички очи за мене се океан во кој бескрајно пливам
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Не те сакам бидејќи те сакам-Пабло Неруда Чет 23 Окт 2008, 2:26 pm
Не те сакам затоа што те сакам и бескрајно те мразам, а мразејќи те молам, и мерка за мојата патувачка љубов е воопшто да не те видам и како слепец да те сакам
Пушти ме да зборувам со твојот молк јасен како свеќа, и прост како прстен. Како ноќ си, молчалива и звездена Молчењето твое е ѕвездено, толку далечна и едноставна!!!
Само еден дел од песната на вдахновениот Пабло Неруда!!!
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 23 Окт 2008, 2:34 pm
Нема да ме убие тоа што ќе заминеш, туку убива тоа што проклето ќе недостасуваш. Нема да ме убие тоа што ќе пробам да те заменам туку ќе ме уништи тоа што проклето си незаменлива!!
Во потпис, Ваш, Грини!!!
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 23 Окт 2008, 2:50 pm
Верувам на очите, сеуште не виделе како изгледаат луѓето, Верувам на инстинктот, сеуште успешно ме чува од луѓето, Најмногу им верувам на луѓето кои не веруваат дека постојат луѓе Верувам дека ТИЕ се вистинските луѓе.
Во потпис, мојата маленкост, Грини! ;)
CENTO Тупаџија
Број на мислења : 306 Локација : камник,ченто,скопје,МАКЕДОНИЈА Регистриран на : 2008-09-08
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 23 Окт 2008, 2:56 pm
Green Power напиша:
Верувам на очите, сеуште не виделе како изгледаат луѓето, Верувам на инстинктот, сеуште успешно ме чува од луѓето, Најмногу им верувам на луѓето кои не веруваат дека постојат луѓе Верувам дека ТИЕ се вистинските луѓе.
Во потпис, мојата маленкост, Грини! ;)
Е ај пак остави ме без коментар
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 23 Окт 2008, 3:12 pm
ЧЕНТО напиша:
Green Power напиша:
Верувам на очите, сеуште не виделе како изгледаат луѓето, Верувам на инстинктот, сеуште успешно ме чува од луѓето, Најмногу им верувам на луѓето кои не веруваат дека постојат луѓе Верувам дека ТИЕ се вистинските луѓе.
Во потпис, мојата маленкост, Грини! ;)
Е ај пак остави ме без коментар
Не знам дали е ова вистинското што го бараш, Не знам дали ова може да го наречам место, Не знам дали во него има некој, Но знам дека си на вистинскиот пат, На ова место да ги најдеш вистинските!!
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 23 Окт 2008, 9:47 pm
Бе Перо напиша:
Зш `ре не пишвите поезија на темава?
Топло чајче пијам од вируси се кријам за на интернет да сурфам и скијам
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Ода за Тања Саб 25 Окт 2008, 4:51 pm
Ќе напишам Ода за Тања ама не сум креативна сега ќе ја напишам кога ќе имам атом креативност :heart: :lol:
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
....да знаев што,да знаев како,ќе ти кажев!Вака ми останува да се надевам,дека ќе се сетиш!Колку многу сакам да се сетиш на мене....
Ангела Одличен тупаџија
Број на мислења : 849 Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Пон 27 Окт 2008, 1:35 am
Како го помина денот што за сите беше обичен освен за мене, заради здивот што го издишуваш во него. Дали ноќва сонуваше и дали јас бев внатре? Како ги толкуваше моите слики а како моите зборови? Дали денеска имаше проблем со конвенционалноста на светот или некој ти се додворуваше зашто не знаел дека постојам. На што мислеше додека гледаше во стапалата што те враќаа дома? Дали бојата на лисјата е бојата на нашите души и дали измаглината те носи кон сонот додека буден чекаш денот да те поздрави?
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Oд Лидија Блажевска Пон 27 Окт 2008, 1:55 am
РАЗДЕЛБА Гласот на тапаните одекнува во воздухот звуците како тешки камења удираат во срцата. Лелекање,солзи и песни за разделба. Погледи,желби и молитви за здравје. Млади невести,исплашени како срни!
Тапаните тивко заминуваат,се спушта ноќта. Сенките на старите куќи останаа, огништата повторно се палат, старите ламби ги осветлуваат одаите во кои жените го ткаат,мачниот живот на осаменоста со поглед секогаш в туѓина!
Последната промена е направена од Lidija на Саб 01 Ное 2008, 12:25 am. Мислењето е променето 1 пати
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 30 Окт 2008, 1:09 am
Билјана напиша:
Ќе напишам Ода за Тања ама не сум креативна сега ќе ја напишам кога ќе имам атом креативност :heart: :lol:
Ааааа, таа дијагноза веќе ја дадов кај еден ,е па онаму’
Ја чекам одата! Кој мене ода, јас нему....На пример, пудинг! ;)
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 30 Окт 2008, 1:42 am
Мнмаааа мнмааааа!
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Анте Поповски Пет 31 Окт 2008, 10:52 pm
Крваво писмо
И кога би се вратиле за одново да започне сè, кога би ги превозмогнале и знајата и незнајата, и историјата и антиисторијата, кога би се вратиле, значи, таму кај што не би постоело ништо: одново залудно би било сè: секогаш и секаде прв меѓу сè, пак би бил обликуван мечот:
одново сеќавањата на потомствата ќе бидат запишани со неговото крваво писмо...
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 06 Ное 2008, 9:55 pm
ВОЛК
Пците неспокојно застригоа со ушите И заквичеа. ’Ртките задраскаа со нокти По мразот осветлен од месечината. Негде наблизу подмолно гази Сенката на волкот на љубовта. Некој свика: Ујда-да-да, по него, дрште го бре! Зазбиван од гонењето, тој запре, Да земе здив. Оддалеку се слуша неговото завивање: Ау, ауу, аууу! Тоа значи: пак ќе наминам.
Тоа е еден опис на обична ноќ Во смрзнатата шума на моето срце.
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Чет 06 Ное 2008, 10:07 pm
Браво колега Гока за песничкава. Беше на глас прочитана од мене (во актерски стил 8) ) и доби аплауз на отворена сцена од моите колеги за овие стихови.
ПС. Дури и “нервозниот“ колега се развесели. :lol:
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пет 07 Ное 2008, 12:13 am
GokaGrozni напиша:
Ујда-да-да, по него, дрште го бре!
Овој дел најмногу ми се допаѓа!
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Поетска Вечер Пет 07 Ное 2008, 3:04 am
Значи Гока е и поет,прекрасно
Ангела Одличен тупаџија
Број на мислења : 849 Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 08 Ное 2008, 5:19 am
GokaGrozni напиша:
ВОЛК
Пците неспокојно застригоа со ушите И заквичеа. ’Ртките задраскаа со нокти По мразот осветлен од месечината. Негде наблизу подмолно гази Сенката на волкот на љубовта. Некој свика: Ујда-да-да, по него, дрште го бре! Зазбиван од гонењето, тој запре, Да земе здив. Оддалеку се слуша неговото завивање: Ау, ауу, аууу! Тоа значи: пак ќе наминам.
Тоа е еден опис на обична ноќ Во смрзнатата шума на моето срце.
тенкју гока.. ја меморирав кај мене... ти должам кафе ;)
Ангела Одличен тупаџија
Број на мислења : 849 Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 08 Ное 2008, 5:26 am
Имаше мигови со изобилство среќа И мигови во кои чувствував страв. Имаше мигови на несовладлива тага И мигови за кои се борев како лав.
Првите секогаш беа кратки и ретки Од вторите се повлекував во себе Низ третите минев со крената глава, А крајните се миговите минати со тебе
Ангела Одличен тупаџија
Број на мислења : 849 Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Поетска Вечер Саб 08 Ное 2008, 5:28 am
Незнам дали и како можам Од овие сништа да бегам Ми ветуваат мир на душа А секој одвнатре ме стега.
Кажи ми дали и како можам Да побегнам од овие сништа Среќа ми нудат, а ме гушат неможам слободно да дишам.
Овие соништа болат и печат. Овие соништа бавно убиваат. Ова не се соништа со кои Среќните луѓе ноќе заспиваат.
Горкиве сништа мирот го крадат Темниве сништа постелата ја ладат Овие сништа среќата ја трујат А слатките сништа од солзи се градат