ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ - Услови за регистрирање


И покрај тоа што администраторите ќе се обидат да го избришат или променат секој материјал што носи кршење на закони што е можно побрзо невозможно е да се видат сите пораки и мислења. Вие разбирате дека сите мислења на овој форум ги изразуваат мислењата на авторите им, а не на администраторите, модераторите или вебмастерот (освен мислењата напишани од нив) соодветно тие не носат никаква одговорност.

Се согласувате дека нема да пишувате никаков груб, неприличен, вулгарен, плашлив, омразлив, сексуално ориентиран или било каков материјал кој може да наруши закони. Во спротивно може да се случи ваше банирање од форумот. (И вашиот Интернет провајдер да биде информиран) IP адресата од која ќе ги пишувате вашите мислења ќе биде запишана за да се запазат овие услови. Се согласувате дека вебмастерот, администраторите и модераторите на овој форум имаат право да ги избришат и променат вашите мислења секогаш кога ќе ги нарушите условите. Се согласувате дека секоја информација која ја внесувате може да биде запишана во нашата база. И покрај тоа што оваа информација нема да биде дадена на трети личности без ваше одобрение, вебмастерот, администраторите и модераторите не носат одговорност на хакерските упади кои можат да резултираат со очевидност на вашите податоци.

Системот на овој форум користи cookies за да ја запази информацијата на вашиот компјутер. Тие не содржат никаква информација која ќе ја напишете овде, туку се користат да се подобри функционалноста на форумите. Вашата е-маил адреса се користи само за потврда на регистрацијата (и за испраќање на лозинката ако случајно сте ја заборавиле).

Со кликнување на Согласен сум вие ги примате горенаведените услови.
Правила:- Основен јазик на форумот е македонскиот, со неговото кирилично писмо . Доколку не зборувате македонски, тогаш чувствувајте се слободно да користите некој интернационален јазик, секако со цел да бидете разбрани од соговорниците.- Форумот е место за средба на луѓе со различни мислења, така што толеранцијата и почитувањето на туѓиот став е многу важна. Однесувајте се пријателски и третирајте го секој член на форумот со основно почитување. Имајте на ум дека за вкусовите не се расправа. Мислењата / постовите не смеат да содржат какви било лични навреди или пораки на омраза и нетрпеливост врз лична, полова, верска, национална и расна основа. Не се дозволува омаложување и дискриминирање на членовите на овој форум, но и на членови од други форуми.- Секој член лично одговара за содржината на изложеното мислење/став. Постовите се негова сопственост. Доколку членот сака да го дополни или да го измени својот пост, тоа ќе може да го стори самостојно.- При поставување нова тема , пожелно е да се внимава дали веќе постои иста или слична тема со цел да се избегне нејзино повторување. Темите кои се повторуваат ќе бидат избришани, а мислењата / постовите ќе бидат префрлени во првично отворената тема.- Секој член треба да внимава да не го злоупотребува просторот на соодветна тема пишувајќи предолги одговори или постирајќи неколкупати едноподруго. Спамирањето е непожелно, како и пораките/постовите без никаква смисла. Пишувајте цели реченици и одговарајте/коментирајте на темата доколку имате што да кажете. Едно мислење / пост не треба да се објавува на повеќе теми, туку треба да се води сметка каде се пишуваат одговорите.- Доколку се преземаат содржини од некои други веб-страници за објавување на форумот, задолжително е да биде наведен изворот и авторот кој ја објавил таа информација. Рекламирањето на сопствени веб-страници е забрането. Исто така се забранети и какви било други реклами, освен ако не се поставени во договор со администрацијата на форумот.- Не е дозволено постирање на каков било материјал кој е несоодветен за лица помлади од 18 години.- Пиратеријата е забранета на форумот. Избегнувајте да правите copy-paste на содржини од некои други интернет-страници, посебно не на материјал кој е авторски заштитен или е без дозвола на сопственикот на материјалот.- Можете слободно да го користите системот за приватни пораки.- Сите реченици напишани со големи букви се сметаат како викање (читај: повишување на тонот) и затоа ве молиме да не ги користите.- На форумот може да се регистрира секој кој ќе остави важечка електронска адреса и лозинка , а останатите податоци ги впишувате според ваш избор.- При регистрацијата, секој член е обврзан да остави своја е-адреса за контакт.- Регистрацијата на форумот е бесплатна. Не е дозволено регистрирање со повеќе кориснички имиња. Корисникот може да има само едно корисничко име. Регистрирањето на дополнителни имиња може да предизвика бришење на првиот (и сите останати) кориснички имиња.- Останатите лица , посетители на форумот, можат ограничено да ги користат содржините на форумот, но не можат да влијаат врз нив, ниту да изнесуваат сопствени ставови.- Форумот се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува кон трети лица.- Непочитувањето на правилата на форумот ќе резултира со отстранување на членот. Во зависност од тежината на неговото повредување на правилата, тоа отстранување може да биде привремено или постојано.- За секоја промена на некое од правилата на форумот, ќе биде дадено благовремено известување.