Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 336 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-09-09
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Нед 05 Окт 2008, 4:30 pm
СтончиС напиша:
Се извинувам за тупењево на тема за Формула 1 за други спортови ама морам да појаснам некои работи околу овие два соема различни спортови. :lol:
Бочење се игра со метални кугли (ѓулиња). (целта е да бидеш што поблиску до центарот (црвеното топче) а противникот да го одалечиш од него)
Карлин е зимски спорт и се игра со едни такви округли керамички :D (целта исто така е да бидеш што поблиску до центарот а противникот да го одалечиш од центарот што во случајов е син круг) И двата спорта се многу “динамични“ и полни со тензија. :D
А за Формула 1 на пример сопругата ми вика што ти е интересно ова да го гледаш само вртат во круг и галамат со тоа “колите“ :D Многу досадно.
СТОНЧИС БРАВО за исцрпното објаснување,јас мислев за првото односно со металните топки и се надевам дека нема да има недоразбирање повторно.
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 06 Окт 2008, 1:00 pm
Бе Перо напиша:
Ааа оваа слика на Оливер е кога Маса го бркаше Хамилтон да го заобиколи за цел круг! :lol: :lol:
Така е БЕ Перо, само проверувам дали паметиш детали :D :lol:
Morpheus Одржувач на ред
Број на мислења : 336 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-09-09
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 07 Окт 2008, 12:08 am
Oliver The Macedonian напиша:
ФЕРАРИ Е СЕКОГАШ ЦРВЕН, МЕКЛАРЕН Е СЕКОГАШ БРЗ
А овој МЕКЛАРЕН може ли !!
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 07 Окт 2008, 12:53 am
Да Ферари е секогаш црвен.
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: Други тимови? Вто 07 Окт 2008, 11:20 am
Како што ја гледам работава, се се сведува на McLaren i Ferrari (понекогаш и Алонсо).....Има ли овде навивачи и на некој друг тим? Ова малку ме потсетува на Љупчо и Бранко...Бранко и Љупчо...... :D Како прашање би наметнал што мислите за формула 1 сега и порано? Дали нивото на возбуда е исто, што недостасува или што е вишок? Која патека најмногу ви се допаѓа и зошто, која би ја посетиле. Некој што бил на трка?...итн. итн.
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: ТРКА ВО МАКЕДОНИЈА? Сре 08 Окт 2008, 11:39 am
Уште кога си бев мал.... Знаете како е, млад човек=идеи . Отсекогаш сум си замислувал дека еден ден и во Македонија може да се организира трка од првенството на формула 1, само секогаш ми стоела дилемата дали градска или на отворен простор. Дури и имав замислено патека низ улиците на Куманово (демек низ улиците на Монте Карло :lol: ). Дали Македонија има таква перспектива?
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Сре 08 Окт 2008, 12:06 pm
Oliver The Macedonian напиша:
Како што ја гледам работава, се се сведува на McLaren i Ferrari (понекогаш и Алонсо).....Има ли овде навивачи и на некој друг тим? Ова малку ме потсетува на Љупчо и Бранко...Бранко и Љупчо...... :D Како прашање би наметнал што мислите за формула 1 сега и порано? Дали нивото на возбуда е исто, што недостасува или што е вишок? Која патека најмногу ви се допаѓа и зошто, која би ја посетиле. Некој што бил на трка?...итн. итн.
На стартот на сезоната очекував на овие две екипи (Ферари и МкЛарен) сметките да им ги брка екипата на BMW ама нешто слабо. Многу години наназад Рено имаше голема доминација, Со Бенетон со Вилијамс, и во тоа време имаше изјава на некој од челниците дека сеа малку ке олабават за да другите екипи да се покажат. Мислев дека кам бекот ке биде оваа сезона со враќањето на Алонсо, ама изгледа уште се заситени со многубројните титули.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Сре 08 Окт 2008, 12:09 pm
Oliver The Macedonian напиша:
Уште кога си бев мал.... Знаете како е, млад човек=идеи . Отсекогаш сум си замислувал дека еден ден и во Македонија може да се организира трка од првенството на формула 1, само секогаш ми стоела дилемата дали градска или на отворен простор. Дури и имав замислено патека низ улиците на Куманово (демек низ улиците на Монте Карло :lol: ). Дали Македонија има таква перспектива?
Има има ама за некој картинг, евентуално
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Сре 08 Окт 2008, 12:13 pm
Да Венцо, се слагам, времето на Рено со Бенетон и Вилиамс е незаборавно..Имаа невидено силен болид, недостижен (оној со Ротманс рекламата, во кој за жал почина Великиот Сена). Јас од тогаш имам симпатии за Вилиамс, иако како што стојат работиве во последно време, изгледа успева само формулата :фабрички тим (се направено на едно место), освен кај Мекларен, иако и таму Мерцедес е доминантен сопственик. Сите оние што купуваат мотори, некако потешко им оди.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Сре 08 Окт 2008, 12:44 pm
Oliver The Macedonian напиша:
Да Венцо, се слагам, времето на Рено со Бенетон и Вилиамс е незаборавно..Имаа невидено силен болид, недостижен (оној со Ротманс рекламата, во кој за жал почина Великиот Сена). Јас од тогаш имам симпатии за Вилиамс, иако како што стојат работиве во последно време, изгледа успева само формулата :фабрички тим (се направено на едно место), освен кај Мекларен, иако и таму Мерцедес е доминантен сопственик. Сите оние што купуваат мотори, некако потешко им оди.
Абе решавачки се финансиите, тоа со фабричките тимови е сега, ама порано не било така. Ај белки Рено ке си најде некој здрав партнер па да се врати на старите патеки.
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Сре 08 Окт 2008, 4:01 pm
Во Формула 1 според мене во последно време има одповеќе не да и фали нешто. Не ми се допаѓа што толку многу се користи HI - TEC во болидите и возењето на истите е како на видео игрица да си возиш. Многу се изгуби од жарот во возењето со укинувањето на менувачите на пример. Кога би споредил Ф1 возач и возач во Рели (WRC) би гласал за рели возачот бидејќи е возач а не гејмер како овие од Ф1. Во формула оваа година се зголеми малку возбудата со воведувањево на новите патеки (Valencia и Singapore) бидејќи возачите не ги знаеа а рели возачите никогаш не ги знаат патеките (што се вика возат на слепо). Еве еден поглед од возењето на легендата Колин Мекри. (загина во хеликоптерска несреќа)
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 13 Окт 2008, 2:46 am
Аиии зошто никој ништо не напишал по последнава трка? Еве Венци јас искрено му честитам на Алонсо за победата многу добро си извозе и заслужено си победи. За казните (на Хамилтон и Маса) ќе останам воздржан, можеби судиите гледаат и нешто што ние (на телевизор) не гледаме. Ќе видиме во Кина што ќе направи Ферари, а на рено доста му е за оваа сезона :D
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: Браво Алонсо Пон 13 Окт 2008, 8:26 am
Венцо, честито победа! (во моментов друго не пишувам, уште сум нервозен за казната на Bourdais)
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 14 Окт 2008, 4:47 pm
Е фала, фала, само жал ми е што не ја гледав трката Абе јас ви кажав Алонсо е закон ама вие не ми верувате хехехе ... Само да се докопа до нешто подобар болид другите ке му гледат у ауспухот :lol:
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 14 Окт 2008, 5:05 pm
Venco напиша:
Е фала, фала, само жал ми е што не ја гледав трката Абе јас ви кажав Алонсо е закон ама вие не ми верувате хехехе ... Само да се докопа до нешто подобар болид другите ке му гледат у ауспухот :lol:
А се подобрува Алонсо и во изјавите. Денес читам ќе направел се за да му помогне на Маса да ја освои титулата. Па ај да видиме. :D
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 14 Окт 2008, 5:42 pm
СтончиС напиша:
Venco напиша:
Е фала, фала, само жал ми е што не ја гледав трката Абе јас ви кажав Алонсо е закон ама вие не ми верувате хехехе ... Само да се докопа до нешто подобар болид другите ке му гледат у ауспухот :lol:
А се подобрува Алонсо и во изјавите. Денес читам ќе направел се за да му помогне на Маса да ја освои титулата. Па ај да видиме. :D
Ахааа се подобрил оти ке му помогнал на Маса, ц ц ц ц ... тоа не е добра изјава, пред се не е коректна спрема останатите такмичари, а секаоо и за Маса. Значи ако победи ете Алонсо му помогнал :no:
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 20 Окт 2008, 4:03 pm
Венци види вака, околу изјавите на Алонсо. Алонсо предходно оставаше впечаток на себичен плачко кој што мислеше дека е најдобар и се треба да се врти околу него. Сега малку се приземји, а сака да вози и за ферари во блиска иднина па затоа така се улизува. Околу последнава трка и немам нешто што да кажам. Хамилтон засужено си победи а Маса мораше непопуларно да биде пропуштен од Кими ама сепак и тоа е дел од шоуто наречено Ф1. За последната трка во Бразил на Маса му треба чудо за да стане шампион ама додека има математика човечки е да се надеваме :D .
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 21 Окт 2008, 10:33 am
СтончиС напиша:
Околу последнава трка и немам нешто што да кажам. Хамилтон засужено си победи а Маса мораше непопуларно да биде пропуштен од Кими ама сепак и тоа е дел од шоуто наречено Ф1. За последната трка во Бразил на Маса му треба чудо за да стане шампион ама додека има математика човечки е да се надеваме :D .
Само вие надевајте се хе хе хе хе... Се зафркавам, одлична трка извозија и Мекларен и Ферари, се надевам ќе биде возбудливо и во Бразил.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Нед 02 Ное 2008, 10:23 pm
КАКВА ТРКА!!!
На крајот срцето ќе ми застанеше, во еден момент ми дојде да викам, а во следниот го гледам ќумбево на 5-то место! А да, и ова: ДА ГО ОНАДАМ ЈАС ОНОЈ ФАКИНГ ТИМО ГЛОК!!! Крајно неспортски потег направи што ги пропушти и двајцата и јас не знам дали ќе се реагира за ова до стјуардите или до ФИА, ама мора да има санкции за него. Тој не беше на 20-то место да кажеме, па да мора да ги препушти, туку 4-ти ПРЕД НИВ и нешто е мнооооогу сомнително што така лежерно се одлучи да ги пропушти Фетел и Хамилтон. Мислам дека го навлече гневот на сите. Сепак, едно големо БРАВО за Ферари! ТАКА СЕ ВОЗИ!!! Можат да бидат горди сите! Честитки и за освоената титула во конкуренција на конструктори! Најмногу ми е жал за Маса - ако победеше ќе станеше шампион во Бразил, на домашен терен, има најмногу победи во сезоната (6) а не е шампион, а и конечно ќе си дочекаше титула после долго време статус на втор возач кога ги помагаше Шумахер и Раиконен!
Се` на се`, НЕ Е ФЕР ОВА! Мислам дека ФИА треба да реагира на вакви матни игри. Не може на еден возач случајно да му текне да пропушти (значи потенцирам да пропушти, не со борба да биде престигнат) 2 возачи во последен круг, на неколку метри пред крај и со тоа да го одлучи шампионот. Сите тие треба да се срамат и искрено се надевам дека оваа неправда ќе се исправи.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Нед 02 Ное 2008, 10:55 pm
цццц ... пак ја заборавив трката цел ден се досадувам и никако да ми текне да ја гледам Од ова што видов на вести гледам пак некои матни работи, ова со формулата како нашето фудбалско превнество, не бива без местење. Штета за Маса, честитки за Алосно касно пали ама ајде белки ке се оправе следната сезона
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 03 Ное 2008, 12:03 am
Интересна трка. Дожд на почеток и на крај ама сепак несреќен завршеток за Маса. Повеќе среќа идната година. Честитки за Мекларен и за освоената титула на Хамилтон, сепак паметно возеше, колку што му треба, не форсираше. Браво за Алонсо се надевам следната година со Рено ќе биде уште поконкурентен а и дека помалку ќе јаде гурабии за другите. :D
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 03 Ное 2008, 12:41 am
СтончиС напиша:
Интересна трка. Дожд на почеток и на крај ама сепак несреќен завршеток за Маса. Повеќе среќа идната година. Честитки за Мекларен и за освоената титула на Хамилтон, сепак паметно возеше, колку што му треба, не форсираше. Браво за Алонсо се надевам следната година со Рено ќе биде уште поконкурентен а и дека помалку ќе јаде гурабии за другите. :D
Жал ми е што не ја гледав, претпоставувам крајот бил многу интересен :cry:
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 03 Ное 2008, 1:27 am
Како бе Тончи така, јас од кожа излегов а ти: Добра, интересна трка, дожд, ова-ова... :D Јас го гледам Фетел стигнува прв на целта пред Хамилтон и се радувам, кога гледам - ќумбето 5-ти бил!!! Тоа заради онаа шупелка Тимо Глок кој изгледа е дебело платен за ова, дали он или неговиот газда Јамашина (пази име бе?!)...
Oliver The Macedonian Тупаџија
Број на мислења : 115 Локација : Куманово-Скопје Регистриран на : 2008-10-03
Предмет: ШАМПИОНИ !!!!!! Пон 03 Ное 2008, 10:56 am
Да ни се множат титулите :D (само кратко: немаше никакви матни игри, Хамилтон на 3 круга пред крајот ја имаше титулата, пред да почне да врне. Потоа сите сменија гуми, Глок се коцкаше, остана со гуми за суво, и тоа беше причината што не можеше да се трка со Хамилтон и Ветел)
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 03 Ное 2008, 2:18 pm
Oliver The Macedonian напиша:
Да ни се множат титулите :D (само кратко: немаше никакви матни игри, Хамилтон на 3 круга пред крајот ја имаше титулата, пред да почне да врне. Потоа сите сменија гуми, Глок се коцкаше, остана со гуми за суво, и тоа беше причината што не можеше да се трка со Хамилтон и Ветел)
Ај нека ви се множат. А може и да не се множат така брзо, ќе видиме следната година. :D Се сложувам околу матните игри, односно дека немаше ништо матно. Се си беше регулар. А Ферари може да си ја бара вината само во сопствените редови и да работи на подобрување, не да плаче и да бара други да работат за него. Бе Перо немој толку да се нервираш без потреба. Реално гледано Глок со тие гуми толку можеше. Ај другата година двојна круна, за оваа само тимската добро е .