ФОРУМОТ Е НАШ Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!! |
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“ |
| | ФОРМУЛА 1_МК | |
|
+8Бе Перо toise Lidija СтончиС GokaGrozni SiNaPsA` Venco Oliver The Macedonian 12 posters | |
Автор | Порака |
---|
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Саб 09 Мај 2009, 9:40 pm | |
| Да да ... ништо ново, срце ми кажува дека оваа сезона е веќе готова . Но како што викаш, да видеме утре мош ке има некој сапрајс, мада лично сакам тоа да биде од Алонсо, али тој ќе е тешко ! | |
| | | Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Нед 10 Мај 2009, 5:39 pm | |
| За жал моите стравувања дека ке биде се исто се обистинија. Трагикомично, со ова мислам дека трките на Ф-1 постануваат досадни и неинтересни за гледање. Нема никаков жар па дури и апла местенка, СРАМОТА !!! Каква иронија, Батон се весели ко да е добил 7 на лото а свесен дека ако (нивните од тимот, нели) не го заебеа Баричело ке беше само втор. Трката започна и одкако увидоа дека Баричело сигурно ке биде победник, чекај малку ај Браичело 3 пати у пит стоп а Педерот 2 пати, колку провидно и ниско. Баричело кутриот уште да заплачеше на пресот. Требаше да му залепи еден шамар на Батон и да го смири малку во таа еуфорија на радување. Мислам дека е ова е една од мизерните трки во Ф-1, какви што навремето ги имаше со Шумахер. Ниту спортски ниту фер | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Чет 30 Jул 2009, 2:28 am | |
| Се надевам дека се ќе биде добро со Фелипе Маса. Кога ја гледам пак снимката од несреќата, си викам: колкави се шансите на човек да му се случи вакво нешто??? Јас во прв момент немав поим дека предмет удрил во неговата кацига. Видов само како Маса удира во заштитните гуми откако изгуби контрола над болидот. Ми беше чудно што дури ни болидот не беше премногу оштетен, а Маса беше онесвестен. Како негови замени се спомнуваат Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо, но мене не ми е ни битно, само сакам Фелипе што побрзо да се опорави и да нема некои трајни последици (на окото на пример). На следната трка нема да го видиме Рено, а БМВ објави дека ќе се повлече по крајот на сезоната.
Оваа сезона во Ф1, по многу нешта, е најлошата што сум ја гледал. | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 31 Aвг 2009, 1:07 am | |
| Кими Раиконен му ја честиташе годишнината на ФЕН со неговата прва победа во сезонава.
Шуќур. | |
| | | VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Саб 13 Мар 2010, 3:48 pm | |
| Одличен старт на новава сезона во Ф1.
Прво едно големо браво за Алфа за одлично реализираниот пренос односно одличниот коментар на Игор Паневски. Супер го изведе и симултаниот превод на крајот при давањето на изјавите. Само така нека продолжи. Оваа година со задоволство ќе се следи Ф1.
Сеа за резултатите на квалификациите. Честитки за Фетел, ја потврдува констатацијата дека е ТОП возач. Штета што не го зема Феарари него наместо плачконо Алонсо. А и Ред Бул одлично го спремиле повторно болидот. Четири тима се доста изедначени а богами и форс индија пријатно изненадува. Задоволен сум од настапот и на “моите“ Ферари поготово од Маса. Бидејќи Алонсо и не го обичам баш и не го рачунам у возачи, освен како освојувач на дополнителни бодови за тимот.
Добар настап имаше и “старецот“ Шуми кој ми е како втор фаворит за навивање меѓу возачите.
Сезонава со сите новитети, конкуренција и се, ми се чини дека ќе биде навистина една од најинтересните.
ПС. Логото на Лада стои на болидот на Рено поради спонзорсвото (одобрено од чичко Путин) на Газпром (владина компанија) која е сопственик и на Лада. Виталиј Петров остана без кредитот од банка со кој си го плати местото во Рено па мораше чичко путин да искешира некое евриче за да гледа русин во Ф1. | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 16 Мар 2010, 3:29 pm | |
| Исто како што го засакав Кими Раиконен којшто од ривалски тим прејде во Ферари, така ќе морам и Фернандо Алонсо. Си навивам за Ферари, а одма после нив за Михаел Шумахер, кој со 41 година и 3 години пауза, добро се покажа. Честитки за Ферари, изгледаа прилично убедливо на првата трка. Останува да видиме дали ќе ја задржат истата форма до крајот.
Има нови возачи (Бруно Сена, Виталиј Петров...), нови правила (нема долевање гориво во текот на трката, 25 поени за победникот итн...), нови тимови (Лотус), така што ќе биде интересно сезонава. | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Вто 30 Мар 2010, 4:20 am | |
| Тркава од изминатиот викенд беше навистина интересна! Одамна не сум гледал така добра трка. Уживав. | |
| | | VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 26 Jул 2010, 3:43 pm | |
| Бидејќи спортот општо во светот назадува така и Ф1 неможе да биде имуна на тој “тренд“. Дефиниција за спорт: „ A sport is commonly defined as an organized, competitive, and skillful physical activity requiring commitment and fair play.“ Бидејќи парите го вртат светот, го “вртат“ и спортот и поради тоа целосно се изгубија основните начела за рамноправно натпреварување во кое подобриот победува а публиката ужива. Кажете ми еден спорт во кој сеуште е важен спортот и спортското натпрварување?????? Ф1 може да се каже дека и предњачи пред другите спортови бидејќи посекако е еден од поскапите спортови односно најскап, па така да одамна тука се побитни парите од спортскиот натпревар меѓу возачите.
Вчерашната трка ме водеше од радост на почетокот на трката до пист офф (изнервираност) при крајот. Супер си тргнаа ферари (чиј што фан сум) и си викам конечно се опоравија и станаа конк*рентни. Фетел се држеше некако а сите други беа за класа послаби. Си се менуваа Маса и Алонсо во најбрзите кругови и константно им бегаа на сите. Помина промената на гумите и се си беше во ред и со двата болида и на тврдите гуми. Си викаш ок браво, се опоравија ќе гледаме поинтересни трки до крај на сезоната. Наместо два ќе се тркаат три тима и ќе има интерсни дуели. Кога, ете ти ги од тимот му викаат на Маса пушти го (плачкото) Алонсо, демек побрз е. Па ако е побрз нека го претрка на стаза бе, не туку се забавајте со нас да гледаме местено тркање. Маса ми се допаѓа како возач ама го нема она потребното за да биде шампион и затоа стално ќе си биде задња рупа на свирало. Кога немаш гз да им кажеш на тие гомната у тимот „што ве тркалам, јас ќе си возам па ако може нека ме помине“ ич не треба ни да седнуваш у болид. Нека си собере парталите и нека иде на пазарче да продава патлиџани. Алонсо одсекогаш бил плачко и како таков никогаш и не сум го рангирал у квалитетни возачи. Џабе му се титули и победи кога не е спортист. Едноставно лигле е.
Оваа казна од 100 000 за ферари е малку и треба да си го добијат убаво по газот (како мекларен) за да малку од малку се подоправат. Факт е дека и во другите тимови има местенки и тимски наредби (Ред Бул со предното крило на пр.) ама Ферари вака апла си го заслужи и треба од ФИА да го искористат случајов како пример за другите, и малку да ги подисплашат. За да може да гледаме натпревар а не парадно возење. | |
| | | VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК Пон 26 Jул 2010, 3:46 pm | |
| - Бе Перо напиша:
- Тркава од изминатиот викенд беше навистина интересна! Одамна не сум гледал така добра трка. Уживав.
„Една ластовичка не ја прави пролетта“ Што ќе кажеш за трката од овој викенд??? (во Џерманија што се возеше ;) ) | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: ФОРМУЛА 1_МК | |
| |
| | | | ФОРМУЛА 1_МК | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|