Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Ако после поразот од Тунис ми требаа 10-тина минути да се соземам, сега ми требаа неколку часа да спласне возбудата и радоста од победата на Македонија над Полска. БРАВО, БРАВО, БРАВО за нашите ракометари. Мислам дека овој натпревар ќе се памети и по играта и потезите на нашите ракометари. Со неколкуте цепелини, проигрувањата, одбраните на Свети Петар Ангелов и маестралните голови на Кире Лазаров уште еднаш покажаа дека оваа генерација на ракометари може да го направи најголемиот историски спортски успех.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Ако после поразот од Тунис ми требаа 10-тина минути да се соземам, сега ми требаа неколку часа да спласне возбудата и радоста од победата на Македонија над Полска. БРАВО, БРАВО, БРАВО за нашите ракометари. Мислам дека овој натпревар ќе се памети и по играта и потезите на нашите ракометари. Со неколкуте цепелини, проигрувањата, одбраните на Свети Петар Ангелов и маестралните голови на Кире Лазаров уште еднаш покажаа дека оваа генерација на ракометари може да го направи најголемиот историски спортски успех.
Еххх уше не можам да верувам како изгубивме од Тунис, кај ке ни беше крајот да ги тепавме :roll:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Ако после поразот од Тунис ми требаа 10-тина минути да се соземам, сега ми требаа неколку часа да спласне возбудата и радоста од победата на Македонија над Полска. БРАВО, БРАВО, БРАВО за нашите ракометари. Мислам дека овој натпревар ќе се памети и по играта и потезите на нашите ракометари. Со неколкуте цепелини, проигрувањата, одбраните на Свети Петар Ангелов и маестралните голови на Кире Лазаров уште еднаш покажаа дека оваа генерација на ракометари може да го направи најголемиот историски спортски успех.
Еххх уше не можам да верувам како изгубивме од Тунис, кај ке ни беше крајот да ги тепавме :roll:
И зет ми од прееска само кука за тоа :roll: :roll:
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 12:24 am
Уф конечно малку да си дојдам на себе.
Не знам од каде да почнам, се’ ми е испомешано сега... прееска скокав по двоседот, а брат ми дури и ми се налути, ми рече дека сум го вадел од памет. :lol: :lol: Ама така е кај нас дома, сите гледаме ракомет.
Добро, ЗОШТО мора да ми приредуваат вакви стресни натпревари? Честитки за сите, да не ги фалам пак сите по ред.....
Јас после си прославив со Собранискиот канал и звуците на „Кога тргнав Цвето“. А ми дојдоа и гости и така весело....
Да го победевме Тунис на оној мрсулон Тута, сега ќе бевме први во групата и со обезбеден пласман во втората рунда. Туку тоа што поразот е од Тута мене повеќе ме боли, не за друго....
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 12:31 am
Туку сакав да кажам нешто за посетеноста....сега гледате дека бев во право кога реков дека непосетеноста е проблем за сите првенства во ракомет, а не само за нашето (европското) што се одржа во Скопје и Охрид. По некое непишано правило, светско првенство во ракомет за мажи треба да е најпосетуван настан од тој спорт- ракомет. Арно ама, видовте и сами дека салите се полупразни. Да не беа Македонците, дали ќе имаше едвај 100 гледачи. Нашите ја правеа целата атмосфера. Така што тој дел не треба да си го зимаме при срце, ко демек ќе сме испаднале ко лоши организатори затоа што биле празни салите. Салите се празни на СЕКОЕ ракометно првенство, освен кога игра домаќинот.
Последната промена е направена од Бе Перо на Вто 20 Јан 2009, 12:48 am. Мислењето е променето 1 пати
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 12:40 am
А да, ќе заборавев.... БРАВО ТЕТИНЧО! :hayel:
Судиите можеа пак многу да не зезнат, и кога ни’ исклучија играч на 2 минути пред крај со само 2 гола предност (овие почнаа да ја топат разликата), ќе полудев! Досудија пробивање, а немаше врска.
Е, сакам да кажам и БРАВО ЗА СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ! :MK: Секоја чест за човекот, има 36 години, на залезот на кариерата е и сигурно по завршувањето на ова светско првенство ќе се прости од ракометот. Играше пожртвувано, одважно, и воопшто не му затрепери раката при последниот решавачки гол што го постигна со лоб удар.
Сега, бидејки го победивме светскиот вице-шампион, тоа нас не’ прави..... СВЕТСКИ ШАМПИОНИ.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 1:52 am
Македонските навивачи уште на почетокот на првенството се прогласени за најдобри и највесели навивачи. Видео ТУКА
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 2:09 am
SiNaPsA` напиша:
Македонските навивачи уште на почетокот на првенството се прогласени за најдобри и највесели навивачи. Видео ТУКА
Браво! Ќе беше убаво Васко да бидеме дел од ова, нели? :D
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Вто 20 Јан 2009, 2:11 am
Бе Перо напиша:
SiNaPsA` напиша:
Македонските навивачи уште на почетокот на првенството се прогласени за најдобри и највесели навивачи. Видео ТУКА
Браво! Ќе беше убаво Васко да бидеме дел од ова, нели? :D
...цитат од видеото: „Вино и пиво испило се у ХЕКТОлитрима!“