ФОРУМОТ Е НАШ
Македонскиот јазол 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Македонскиот јазол 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Македонскиот јазол

Go down 
4 posters
АвторПорака
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Ангела


Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Македонскиот јазол   Македонскиот јазол EmptyВто 07 Окт 2008, 5:24 pm

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ
Автор: Марјан Вучковиќ

Марјан Вучковиќ "Ништо само по себе не е ниту добро, ниту лошо. Се зависи од тоа што ние мислиме за тоа" (В. Шекспир)





Многу испреплетената судбина која Македонија ја живее, светски признатиот писател Ханс Л. Штепан ја запишува, а воедно и ја коментира во своето дело "Македонскиот јазол". Морам да кажам дека "Македонскиот јазол", буди силни емоции, а на моменти и набој на негативност кон сите оние кои "машки" ги влечат краевите на јажето, правејќи го Македонскиот јазол уште повеќе заплеткан.

"Македонскиот јазол" е термин кој во целост се поклопува со судбината на Македонија и верно ги отсликува ситуациите низ кои Македонија плови. За жал, карактеристиката на секој јазол е тоа што колку повеќе ги влечете краевите на јажето-толку потешко јазолот ќе го одврзете.

Инспирацијата за терминот "Македонски јазол" доаѓа од изјавата на еден руски генерал кој ситуацијата во Македонија ја поистоветил со терминот "Гордиев јазол" (фраза која потекнува од походот на Александар Македонски кон Азија), при што генералот изјавил: "Тупаницата која ќе го разврзе македонскиот јазол нема да ја најде тука кај нас дома, туку во Европа."

Она што делото "Македонскиот јазол" го прави примамливо за читање е излагањето на податоци и документи кои на многу вешт и специфичен начин се поврзани со прашањето кое долго време ја води Македонија во агонија (благодарение на нејзините соседи) - македонскиот идентитет. Она што е интересно е јавната тајна дека нашите соседи континуирано се обидуваат да лансираат во европската јавност, а се почесто и во светски рамки, лажни аргументи базирани врз нивните претензии кон македонскиот народ, јазик, територија и идентитет. Ваквото лансирање на лаги и невистини доведува до една парадоксална состојба каде лагите на соседите основани на фалсификати се широко прифатени од меѓународниот фактор, додека пак вистината за тоа што и се прави на Македонија и податоците засновани врз оригинални и неоспорливи документи се "жигосуваат" како неосновани и непотребни во процесот на докажување на оспорениот македонски идентитет.

"Македонскиот јазол", како што кажува и самиот автор Штепан, се повеќе се стега, започнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година, а посебно во периодот на пост-воениот период на Балканските војни 1912 - 1913 година, кога македонските соседи перманентно ги повторуваат своите фалсификувани барања, при што длабоко во себе се убедени дека тие нивни неосновани барања би расцветале во неоспорливи вистини. Важно е да се напомене дека германскиот висок функционер Х. Л. Штепан пишувајќи го делото "Македонскиот јазол", отворено кажува дека се она што го има изнесено во своето дело се необјавени документи на Политичкиот архив на германското министерство за надворешни работи, каде што Штепан поминал извесен период од својот работен век.

Документите кои се кријат во архивите на европските сили, ни дава за право да бидеме сигурни дека нашиот идентитет имаме со што да го докажеме, а тоа се пред се оригинални документи кои се чуваат во архивите, а кои треба да се заангажираме и да ги изнесеме на денска светлина. Овие документи докажуваат дека постои македонски народ, а не грчко-македонски, ни српско-македонски, бугарско-македонски или пак албанско-македонски народ.

Значајни се и документите кои сведочат за периодот на Македонија под Османската империја, отсликан во извештаи на германскиот Рајх, од балканските земји. Значењето на овие документи кои исто така се наоѓаат во германскиот архив се важен доказ дека нашите соседни земји се исто така потчинети под османлиската империја и имаат еднаков статус со Македонија. Значи, ниту еден од нашите соседи не се води како земја во чиј склоп влегува и Македонија, но, јасно се кажува дека во склоп на осмалиската империја влегува и Македонија како покраина еднаква со грчката, српската, бугарската покраина.

Спротивно на тоа, соседите изнаоѓаат те. си прават свои документи кои алудираат на непризнавањето на Макеоднија како самостојна и независна држава, а како такви се и тн. "заеднички соопштенија", производ на билатралните разговори во 1991 година помеѓу трите земји (Србија, Грција и Бугарија), каде е наведено дека "во Македонија живеат само Срби, Бугари и Грци, па македонската нација не постои", притоа занемарувајќи го фактот што Грција, Бугарија и Србија после Балканските војни 1912-1913 година, извршија илегални припојувања на делови од македонската територија.

Иако Македонскиот јазол е заплеткан така што ако сме доволно умни и единствени, ние по примерот на НАШИОТ Александар МАКЕДОНСКИ, јазолот ќе го пресечеме! Едноставно решение нели?
Вратете се на почетокот Go down
Oliver The Macedonian
Тупаџија
Тупаџија
Oliver The Macedonian


Број на мислења : 115
Локација : Куманово-Скопје
Регистриран на : 2008-10-03

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Одлична тема   Македонскиот јазол EmptyЧет 09 Окт 2008, 12:50 pm

Читајќи го воведов на темава, за прв пат слушнав за делото на Штепан, и прилично ме заинтересира. Не дека не знам за терминот Македонски јазол=гордиев јазол, но аргументите за кои пишува дека ги има во книгата во секој случај треба да се прочитаат и што повеќе да се промовираат.
Не во Македонија, бидејќи секој Македонец на некој начин ја живее приказната и го чувствува јазелот.
Во секој случај, книгата и темата заслужуваат внимание, посебно деновиве, кога јазелот е веќе на граница на издржување.
Одлична тема
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Ангела


Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонскиот јазол   Македонскиот јазол EmptyЧет 09 Окт 2008, 1:59 pm

на книгата мислам дека минатата недела и се направи промоција таму во Македонија...преведена на македонски јазик...а колку што сум запозната ја има на германски и англиски...


Многу вистини се кријат по архивите на големите земји... скоро сите ја знаат вистината.. но сите се како ноеви со главата во песок кога станува прашање за Македонија и македонското прашање.... за жал соседите околу Македонија навреме почнале со антимакедонската пропаганда искривување на вистината и превземање на клучните историски македонски моменти како да се нивни....
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Ангела


Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонскиот јазол   Македонскиот јазол EmptyЧет 06 Ное 2008, 1:17 pm

РАЃАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА МИСЛА


Не може Македонците да не бидат Македонци


Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство, вели свештеникот Димитрија од с. Огут во Кривопаланечко, во еден запис од 1865 г.


- Словенското писмо го научив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свештеникот, а неговиот дедо Стоиман свештеник. И јас прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Словени од Македонија.

Ова е дел од "записите" на кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски од 1846 г., објавен во текстот на академик Блаже Ристовски. Тој објаснува дека многу подецидно е сведоштвото на свештеникот Димитрија од с. Огут во Кривопаланечко.

- Во еден запис од 1865 г., вели дека 12 години пастирувал во родното село и потоа "на 1848 лето Господово првенците на градот Крива Паланка ме главија за свештеник, против волјата на Неговото Високопреосвештенство грчкиот Кир Гаврил. За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Маќедонски, зашто сум родум Маќедонец и службата си ја терам по словенски. Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство. Ние сме имале наши словенски учители и просветители Кирил и Методија, кои ни го оставија нашето словенско писмо. Тие се родум Македонци од Солун, славната престолнина на Македонија. Тоа не ни го признава владиката Грк, па затоа ние не го сакаме да пастирува, туку си имаме наш архипастир Словен, во веки веков", пренесува академик Ристовски.

Во своето видување на развојот на македонската национална мисла, Ристовски пишува и за отворањето на Световното училиште на Јордан Хаџи Константинов-Џинот (во 1837 г.), и за сведоштвата на учителот Јован Нешковиќ, кој во 1846 г., напишал дека Велес почнал "да се буди од длабочината на сонот", дека е веќе посеано "она божествено чувство за просвета и наука што толку векови не било во Македонија, на чијшто пат му стоеше грчкото свештенство". Велешаните го игнорирале и барањето на грчкиот владика "во училиштето во Велес да се учи на грчки јазик, а не на македонски".

Уште едно сведоштво доаѓа од прилепчанецот Тоде Кусев во 1867 г., кој пишува дека Грците секојпат воделе борба за погрчување на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија - "Искрата на нашата иднина. Но, колку и да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го искоренат сосем чувството Македонците да не бидат Македонци". Кусев јасно кажува: "Не само во Охрид, денеска се будат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старословенски јазик, да не ги оставаат училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место... Насекаде почнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки, туку на мајчин јазик".

Во следните броеви ВЕЧЕР ексклузивно ќе пренесува делови од гласникот на Македонските духовни конаци, "Портал", посветени на македонскиот јазик.


Дејан ТРАЈКОСКИ http://vecer.com.mk/?ItemID=8A8C5542DFEBBF47BABE94CEEB18959C
Вратете се на почетокот Go down
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power


Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Овој јазол нема автор!!!!(И поетите ги убиваат зарем не????)   Македонскиот јазол EmptyПон 10 Ное 2008, 1:25 am




Ако овој јазол имаше автор, тогаш сите ние ќе требаше да ги наведнеме главите, да ја допреме земјата и да посакаме да се отвори и да ја собере сета голгота и дно од луѓе кои шетаа низ оваа Македонија.....ако овој јазол имаше автор, тогаш и на многу јазли ќе им го најдевме крајот...учев како да се справам со јазли и научив како со морнарски, како со извиднички, како со војнички, но едно прашање кое одамна си го поставив не успаев да одговорам, КАКО????....Како со македонскиот јазол, како со прашањето "Кој го уби поетот???"........И поетите ги убиваат зарем не??????????????


ЗА МОЈОТ ГРАД ВЕЛЕС, И ЗА КОЧО ШТО ГО САКАШЕ!!!!!


Последната промена е направена од Green Power на Вто 11 Ное 2008, 3:24 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Ангела


Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонскиот јазол   Македонскиот јазол EmptyВто 11 Ное 2008, 3:42 am

ВО ЕКСКЛУЗИВНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ИЛУСТРИРАНИ БЕЛЕШКИ ОД 16 ВЕК


Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски


На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите


Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската Илустрирани белешки од 16 век". Гледајќи ги цртежите и читајќи го тектот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.

Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни. Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.

Издавањето на книгата го фунансирал Владимир Јакуњин, сопственик на најмоќната фармацевтска компанија Протек, а негова цел била да допринесе младите поколенија да ја научаи својата историја.


Македонскиот јазол 0B82BFF34FD55742BC03D04087776CA1


превземено од: http://vecer.com.mk/?ItemID=5AB3A07F0411CB46B06276E9223D75E0
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Ангела


Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: ШТО ЗНАЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!   Македонскиот јазол EmptyНед 07 Дек 2008, 12:40 am

Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија, некои познати но за некој малкумина ги знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.

- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

- Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости.

- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА"

- Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.

- Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица. Дебарско.

- Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука..

- Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

- Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

- Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот. расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.

- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец.. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

- Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

- Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

- Прва зоолошка на Балканот е во Скопје.

- 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години ( а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро...)

- Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

- Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

- Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност..

- Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

- Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

- Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија.. Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I...

- Првата црква, првата покрстена во Европа Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Дела апостолски 16.13 - " пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња

- Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот

Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

- Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок

- Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000

Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..
Вратете се на почетокот Go down
CENTO
Тупаџија
Тупаџија
CENTO


Број на мислења : 306
Локација : камник,ченто,скопје,МАКЕДОНИЈА
Регистриран на : 2008-09-08

Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Св.Павле и Македонија   Македонскиот јазол EmptyНед 07 Дек 2008, 1:32 pm

ОВа лето во јуни или јули во еден научен труд во ватикан од страна на свештени лица,е издаден патот на Св.Павле низ медитеранот,и за неговиот престој во Македонија има точно дадена маршута.Тој неколку дена престојувал во една околина близу Богданци,и на тоа место по неговото заминување е оформено селото Павловци,село кое и денес постои и се вика Павлоци или Пављоци.Ова село во време на раниот феудализам во Македонија припаѓало на еден феудалец со престолнина во Солун,кој оваа околија им ај продал на двајца брат и сестра,чинам беа близнаци од Рим,кои за неа платиле 40 000 златници,пари со кои ќе го купеле Солун со околината.Се верува дека тие се наследници на Св.Павле односно негови праправнуци,и тука ја обновуваат населбата Павловци.Колку ли тајни само крие Втаикна не само за Македонија туку за целава земја Question
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонскиот јазол Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонскиот јазол   Македонскиот јазол Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонскиот јазол
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: АРХИВА-
Отиди до: