ФОРУМОТ Е НАШ
Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год Empty
ПишувањеПредмет: Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год   Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год EmptyСре 13 Мај 2015, 12:05 am

Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год

1)

А)

Љубчо Георгиевски се правеше мутав на сите предупредувања дури и репортажи на Снежана Лупевска

Б)

Такуџере иста фнта и Груевски

Селаните цел месец гледале вооружена група кај Гошинце

Објавеново 21 април 2015

Жители од Липковскиот регион велат дека не се изненадени од инцидентот, бидејќи речиси цел месец во тој реон „се движела група и вршела одредени притисоци“, јави Дојче веле.

„Состојбата во општина Липково е мирна“, вели градоначалникот Садула Дураку, чија канцеларија се наоѓа на 10 километри од Гошинце, односно на 20 километри од полициска станица која рано утрово, според МВР, била нападната од 40-тина лица во маскирни униформи на УЧК, а четворицата дежурни полицајци - врзани и потоа избркани.

- Добро е што состојбата е мирна. Засега нема никаква вознемиреност, но факт е и дека многу од граѓаните се уште не знаат што се случило. Генерално, во целиот изминат период состојбата на ова подрачје беше мирна и без никакви инциденти досега - вели Дураку, нагласувајќи дека сите информации треба да се бараат од полицијата, бидејќи тој нема никакви сознанија за настанот.

Спротивно од тврдењето на градоначалникот, за локалните жители не е изненадување тоа што се случило, бидејќи речиси цел месец во тој реон „се движела поголема непозната група и вршела одредени притисоци“. Слични информации обелоденуваат и поранешни команданти на ОНА од липковскиот крај, кои денес се маргинализирани, отфрлени и без никаква можност за ресоцијализација и интеграција во системот. Тие тврдат дека целиот настан е „местенка“ од страна на владејачките елити, со цел да го оттргнат вниманието од скандалите во кои се вмешани, а ги обелоденува опозицијата преку т.н. „бомби“, пишува Дојче веле.

Целосниот текст прочитајте го тука.

Фото: Борче Поповски

http://www.plusinfo.mk/vest/23023/selanite-cel-mesec-gledale-vooruzena-grupa-kaj-goshince

2)

А)

Љубчо се правеше мутав дека незнаел а после призна дека бил предупреден од Српски тајни служби

Б)

Такуџере иста фнта и Груевски

А1ON.Понеделник, Мај 11, 2015

Македонските служби не верувале, српските колеги ги предупредиле за Куманово

Објавено: 11/05/2015

Српските безбедносни служби ги предупредиле македонските колеги дека може да дојде до вооружен напад во Куманово но нашите безбедносни служби не поверувале во овие информации пренесува Ал Џезира.

Откако Србија и официјално ја известила Македонија дека се подготвува напад на вооружена група одговорот на нашите служби бил дека информациите се преувеличуваат.

„Службите за безбедност на Србија ги предупредија македонските колеги за можноста од нападот во Куманово, но тие веруваа дека информациите се преувеличуваат“, изјавил директорот на Воената-безбедносна агенција (ВБА) Петар Цветковиќ.

Според Цветковиќ наоружаната група која се судри со полицијата во Куманово, долг период била стационирана на територија на Македонија. Уште во април ги известиле безбедносните структури во земјава дека големи се шансите групата да нападне но информациите не биле серизоно сфатени.

Целиот текст може да го прочитате тука.http://balkans.aljazeera.net/vijesti/obavjestajci-iz-srbije-upozorili-na-kumanovo

http://a1on.mk/wordpress/archives/489095

3)

А)

Љубчо вмешан во афера прислушкување
Тогаш за прислушкување бил сменет и Сашо Мијалков со цел негов тим

СЕГА Е ЈАСНО ДЕКА МИЈАЛКОВ НЕ БИЛ СЛУЧАЈНО СМЕНЕТ ВО 2000-ТА ГОДИНА!

01-05-2015

Во мојата професионална кариера во Управата за безбедност и контраразузнавање никогаш се немам сретнато со г-дин Мијалков, иако до нас во периодот 1999-2000 година пристигнуваа одредени информации поради кои беше сменет од функцијата помошник на министерот за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, очекувам за тие работи јавно да се проговори во судскиот процес против него,вели во интервјуто за неделникот Фокус екс директорот на УБК, Горан Митевски.

Прашан колку луѓе би тре*ело да бидат ангажирани во скандалот прислушување од кои аудио снимки и транскрипти објавува СДСМ на прес конференции Митевски вели-За актуелната бројка би требало да шпекулирам, но секако во целата операција биле вклучени поголем број лица.

Само би напоменал дека е невозможно лица вработени во Управата за оперативна техника неовластено да прислушуваат и да снимаат разговори подолго од 4 години, а за тоа да не знаат нивните претпоставени. Системот на хиерархија и контрола не го дозволува тоа, бидејќи таму има началник на Управата, негов заменик, началник на сектор, началник на одделение и невозможно е некои вработени толкав период да доаѓаат на работа, да ја злоупотребуваат опремата за прислушување за потребите на странски служби, а тоа да не го забележат нивните претпоставени. Тоа е апсурд



Митевски претпоставува дека прислушувањата се нарачани од Груевски и од Мијалков, верува дека тоа ќе мора да се расветлат во судскиот процес. Поточно, убеден сум дека ќе биде така. Не би сакал да откривам повеќе деталивели тој за неделникот.

Поранешниот директор на УБК појаснува дека е моѓно министерката Јанкуловска,која и самата е прислушувана да не била информирана за оваа масовна операција на примена на вакви мерки и дека најверојатно се правело со усна наредба на актуелниот директор на УБК.

Целото интервју со Горан Митевски можете да го прочитате во Фокус.мк

http://libertas.mk/фокус-сега-е-јасно-дека-мијалков-не-бил/


Б)

Груевски вмешан во прислушкување

Сашо Мијалков СО ИСТИОТ ТИМ ОД 2000 година сега прави ршум низ цела Македонија

(ВИДЕО) „360 степени“: Мијалков со ИСТА ЕКИПА ОД ОДБРАНА прислушувал и во МВР?!


24-03-2015

Со доаѓањето во УБК во 2006 година Сашо Мијалков повлекол дел од луѓето на кои им бил шеф во Министертвото за одбрана во периодот 1999-2000 година кога тој е помошник-министер за безбедност и кои тогаш алармирале за злоупотреби во овој сектор – изјави екс-директорот на УБК Горан Митевски во синоќешното издание на емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

На прашањето кои се неговите сознанија за тоа од каде потекнуваат прислушуваните разговори што ги обајвува опозицијата Митевски одговори: „Луѓе кои работеле во Секторот за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана во периодот 1999-2000 година кога помошник-министер за безбедност е токму Сашо Мијалков информираа за одредени случувања. Чудно беше што одредени луѓе кои во тој период информираа за одредени злоупотреби, потоа се најдоа во МВР кон крајот на 2006, односно тајмингот кога Мијалков доаѓа во МВР и ја презема УБК. Јас верувам дека дел од тие луѓе ќе имаат што да кажат во евентуалниот судски процес и оптимист сум дека ќе се расветлат сите овие работи“.

Тој изјави дека нема дилеми дека разговорите се веродостојни потврдувајќи дека во 2008 година имало средба меѓу министерката Јанкуловска и директорот на УБК Мијалков со Ехуд Барак во Израел на која е потпишан договор за соработка во делот на безбедност и меѓусебно информирање што, според него, кажува дека е разговарано за купување на одредена софистицирана технологија која подоцна и е набавена и користена.

За автентичноста на објавените телефонски разговори за „360 степени“ објаснуваше и Мимоза Ристова- универзитетски професор и овластен судски вештак.

„Знаете јас сега еве пробав од оние разговори што ги водел Мијалков, јас пробав да закрпам, да направам нешто меѓутоа секој збор е изречен со посебна интонација, во посе*ен контекст, во посе*ен амбиент, во посе*ен шум, во посебно расположение во посе*ен дел од денот каде што гласот во утринските часови е пожив. Вибрираат полесно гласните жици додека во текот на денот тоа опаѓа, така што толку многу треба да има материјал, толку многу знаење во човекот што ќе го прави тоа. И тоа не треба да биде еден човек треба да бидат десет души што ќе ги секвенционираат зборовите, ќе ги редат во контекст, ќе ги редат во расположение. Мислам толку многу фактори на поделба тука имате да навистина тешко можам да поверувам дека тоа може некој да го стори. Инаку, ако можеше така, лесно да се прави тоа, тогаш од нашите големи ѕвезди во светската естрада, од Мајкл Џексон досега ќе направеа нова песна“ – рече Ристова.

Погледнете ја емисијата во целост:

http://libertas.mk/видео-360-степени-мијалков-со-иста-е/

4)

А)

После војната Љубчо испадна среден спастрен бизнисмен

Б)
А Мијалковци Груевски клептомаска гатутија ќе испаднат де*ели мрсни бизнисмени после невидената пљачка пустошење на Македонија


САД- на балканот имате политичари клептомани

14 јул 2014

Американската администрација за прв пат без ракавици им прати сериозна порака на корумпираните балкански политичари дека САД знаат за нивната коруптивна практика и за нивното недемократско владеење.

Помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, во петокот учествуваше на форумот “Кроатиа 2014″, каде што побара борба против корупцијата и демократскиот регрес за да се зачуваат вредностите на трансатлантската заедница.

“Европа не може да биде цела кога КЛЕПТОКРАТИТЕ ги третираат нивните држави како ИЗВОР ЗА ПРОФИТ за нив и нивните пријатели. Не може да биде слободна кога изборите се манипулираат, кога слободните медиуми за замолчуваат и кога малцинствата се под закана. Не може да има мир кога корумпираните политичари се служат со политички, економски и судски закани за да се задуши опозицијата и да ги оплачкат нивните граѓани”, изјавила Нуланд пред учесниците на форумот.

Според неа, корупцијата претставува опасност за националниот суверенитет на земјите од Балканот до Балтичкото и Црното Море, затоа што секој извалкан политичар и секоја нетранспарентна зделка која се толерира, создаваат можност за надворешни влијанија.

“Корупцијата не е само убиец на демократијата туку е уште еден дополнителен инструмент во арсеналот на автократите и клептократите, кои бараат да го прошират нивното влијание и ги ослабуваат нашите демократии и да се збогатат на сметка на нашите граѓани”, истакна Нуланд.

http://narodenglas.com/сад-на-балканот-имате-политичари-клеп/

5)

Никому не му беше логична војната од 2001 год а и сега нема никаква логика

Стојанче Ангелов: Денес Албанците не ги нападнаа Македонците

Објавено: , 09/05/2015

ГАДОВИ!!!

Добро бе гадови!!! Имате ли барем малку совест??? Остана ли барем малку човечност во вас??? Гадови!!! Ќе бидете казнети!!! Ќе одговарате за смртта на моите другари!!! Ќе одговарате за се што му направивте на мојот народ!!!! Ќе одговарате и тоа бргу!!! Ништо не ве спасува!!! Ниту филмот со нова војна!!! Ни тој филм нема да ви помине!!! До неќни Бранко ви беше крив за сѐ, од неодамна Заев ви е крив за сѐ, па јас сум ви крив за сѐ, па исламски фундаменталисти биле криви за сѐ… Знаете ли што???

На крајот, нема да ве средам ниту јас, ниту Заев, ниту Бранко!!! Ќе ве средат македонските граѓани!!! Ќе ве средат Македонците!!! Бидејки, кога Македонецот се буди, никој не би сакал да му се испречи на патот!!! А тој момент доаѓа!!! Доаѓа моментот кога Македонецот ќе го разбуди заспаниот лав во се*е!!! Ќе рикне силно, ќе тргне во мирен напад и ќе ве избрка како стаорци!!!

Граѓани македонски!!! Без разлика на верската, етничката или политичката припадност!!! Сите на протести!!! Без насилство!!! Мирно!!! Срушете ги гадовите!!! Повторувам, без насилство!!! Со бројност!!! Со масовност!!! Возможно е!!! Излезете сите!!! Гадовите ќе побегнат веднаш!!! Бидејки, во основа се кукавици!!! Насилство никако!!! Секој кој ќе биде насилен сметајте го за провокатор!!! Насилството не ни одговара нам! Насилството не и одговара на Република Македонја! Насилството не и прилега на мојата татковина!!! Насилството им одговара само на гадовите кои се виновни за смртта на моите другари!!!

Граѓани македонски!!! Денес Албанците не ги нападнаа Македонците!!! Денес Албанците не ги нападнаа полицајците!!! Денес криминалците ги нападнаа полицајците!!! Денес полицајците војуваат против криминалците!!! Денес полицајците Македонци заедно со полицајците Албанци војуваат против криминалците!!! Да го следиме нивниот пример. На мирни протести, Македонци и Албанци заедно против криминалци!!!

За неколку часа, можеби за неколку дена, специјалците ќе ги средат криминалците. Дел ќе убијат, дел ќе заробат. Полицајци, прашајте ги заробените веднаш штом ги обезбедите, што сакале? Зошто се таму? Кој им рекол да дојдат? Кој им наредил? Што им било ветено како награда? Што добиле за возврат? Ако добиете одговор на некои од овие прашања, многу работи ќе се разјаснат.

Бог да ги прости загинатите полицајци. Бог да ги прости загинатите цивили. Ќе платат сите кои на било кој начин се виновни за нивната смрт. Чувствувам болка, тажен сум и страдам поради нивната смрт. Сочувствувам со нивните семејства. Со нивните мали деца. Со нивните родители. Со нивните сопруги. Со сите нивни блиски. Силно се молам да преживеат тешко ранетите. Се молам побргу да оздрават полесно ранетите. Бог нека биде со нив.

П.С. Немам време да ги следам вашите пораки и коментари. Има и песочна бура.

09.05.2015 година, 16.26 по МК време.

Генерал Стојанче Ангелов

http://a1on.mk/wordpress/archives/488285

(ВИДЕО) Кумановци за Алсат: Ова е масло на Груевски, нема етнички судири

Објавено: 09/05/2015

Жители на Куманово, во анкета на Алсат-м, велат дека нема да дозволат меѓуетнички судири.

„Ова е лошо, само на будали ова им одовара, малоумник може ова да го направи. Нашите политичари се виновни. Тие треба да бидат со народот кој е гладен и блокиран. Нема и нема да има етнички судири, ова е масло на Груевски“, велат кумановци.

http://a1on.mk/wordpress/archives/488249


Anketa Kumanovo Alsat-M gragjani 09/05/15

https://www.youtube.com/watch?v=6lf8y7lTOys


ВИДЕО: Еве како предупреди Ангелов за инцидентот во Гошинце

Објавено: 21/04/2015


Некој во нашата држава направил монструозен план за меѓуетнички судир-имам информации дека се дадени 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, кои се некои криминалци во Липковскиот регион.

Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и така да превизикаат меѓуетнички конфикт.

http://a1on.mk/wordpress/archives/480393


Стојанче Ангелов 04-04-2015

https://www.youtube.com/watch?v=W6wqNFKma0g

Не смееме да дозволиме нашите животи да си ги трошиме и даваме заради нивните пари!

21-04-2015

Би сакал да искажам апел… обичен, човечки, до сите граѓани на Република Македонија, особено до Македонците и Албанците:

Ве замолувам, сите Вие сте мои сограѓани… Се што се случува, гледајте го со разум, без грам емоција.

Сите имаме една цел. Да се ослободиме од оваа мафија и да создадеме држава, наша, заедничка, нова, слободна и праведна. Имаме љубов едни кон други, имаме заедничка историја, заеднички години, заеднички маки и проблеми.

Не смееме да дозволиме нашите животи да си ги трошиме и даваме заради нивните пари. НЕ… Нашата цел е СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА.

Фејсбук статус на Златко Ориѓански

http://libertas.mk/не-смееме-да-дозволиме-нашите-животи-д/

Обидот за режиран етнички судир е велепредавнички и антидржавен акт за кој се одговара кривично

април 21, 2015

Обидот за вовлекување на Македонија во платен, режиран и свесно
инициран етнички судир, како сценарио за извлекување на власта од
кривичната одговорност е велепредавнички и антидржавен акт на сите
инволвирани против сопствениот народ и сопствената држава !

Секое вид на подготвување, овозможување, помагање и свесно учество
во вакови и други видови на насилство се акти на директно помагање во
избегнување на одговорноста на оваа криминална власт !

Платеното и медиумски осмисленото сценарио на власта за подгревање
на меѓуетничката нетрпеливост и измислувањето на непријатели и
напад е одговорот и местото за барање на одговорност за се што се
случува и би се случувало !

Власта треба да сфати дека со секој изминат ден со нив штетите и
срамот за државата и за народот се се поголеми ! Државните
институции што ги претворија во партиски штабови заборавија на
нивната вистинска задача …

Граѓаните на Македонија (Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци …), се
мудри за да оценат кој сака да им го украде мирот и спокојството …
ОДГОВОРНОСТА ЗА СЕ Е НА ВЛАСТА !

Фејсбук статус на Фросина Ременски, потпредседател на СДСМ

http://brif.mk/?p=181656

Ангелов: Власта платила 2 милиони евра за меѓуетнички судир?!

Ангелов се обрати пред насобраните граѓани пред МТВ

Фокус 4 апр 2015,

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов и денеска во 12 часот со своите приврзаници и истомисленици одржа протест пред зградата на Македонската радио-телевизија, бидејќи јавниот сервис и понатаму ги игнорира аудио-снимките од телефонските разговори на властодршците кои што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Ни случајно да не сте помислиле да ги апсите Заев, зашто ќе падне крв. Бараме техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот нека каже дали власта ќе биде Заев, Ангелов или Груевски. Не им се плашете, не се страшни. Народот треба да се ослободи од стравот, рече Ангелов.

Стојанче Ангелов во говорот пред МРТ кажа дека власта платила 2 милиони евра за да предизвика меѓуетнички судир, а за тоа да ги обвини него и лидерот на СДСМ, Заев.

- Некој во нашата држава направил монструозен план за меѓуетнички судир-имам информации дека се дадени 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, кои се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и така да превизикаат меѓуетнички конфикт. Токму затоа се појави она монструозно соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Некој друг подготвувал такво сценарио, затоа излегоа со соопштение, наредните денови требаше да има ескалација, но тоа не им го дозволивме, рече Ангелов.


Тој уште еднаш истакна дека нема да дозволат некој да предизвика етнички конфликт.

-Доста беше омраза и убивање, сакаме да живееме како повеќето народи во Европа, нема да дозволиме да предизвикаат етнички конфликт. Нивната намера беше да го одвлечат вниманието а потоа да ги обвинат Заев и Англелов. Нивната намера е да ги уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките бомби, рече Ангелов.

Ангелов кажа дека Македонија е во поголема економска криза и од конфиктот во 2001 година кога беа потрошени една милијарда марки.

-Нивното деветгодишно владеење не чини 5 милијарди евра кои треба нашите деца да ги враќаат. Додека ние гиневме, Груевски си купи неколку стана, а сега да глуми декаа скромно живее во своето старо станче. Груевски лично не потпиша бранителите да се обештетат, тој не ги потпиша решенијата за работа на Лавoвите, не дозволи да биде одликуван ниту еден бранител од 2001 година, рече Ангелов.

http://fokus.mk/angelov-vlasta-platila-2-milioni-evra-za-meguetnichki-sudir/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год Empty
ПишувањеПредмет: Re: Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год   Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год EmptyСре 13 Мај 2015, 3:26 am

Реконструкција на Влада на Груевски

Главна причина на оставки на Мијалков Јанкуловска Јанакиевски е:


Операција Шах-Мат: На Мијалков и Јанкуловска им биле предочени снимки за КОНТАКТИ СО КРИМИНАЛЦИТЕ во Куманово

12-05-2015

Вечерашните серија oставки на министри и, пред се, на најмоќниот човек во државата, братучедот на премиерот, директорот на УБК ја изненади јавноста. Според дипломатски извори оставките ги убрзал состанокот на министерката Јанкулоска и шефот на УБК, Мијалков во Американската амбасада во Скопје.

Нашите извори тврдат дека на двајцата на состанокот ИМ БИЛЕ ДАДЕНИ СНИМКИ од телефонски контакти од страна на вработени во УБК со криминалците предводени од командант Нато и неговата дружина.

Од телефонските разговори кои им ги дале наводно се докажала вмешаноста на УБК која влегла во преговори со групата која го направи крвавиот пир во Куманово.

Албанци вработени од УБК контактирале телефонски со бандите, пренесувајќи дека по директна наредба на ДИРЕКТОРОТ ги прашуваат што бараат да се повлечат.

– Практично МВР влегла во преговори со нив -вели нашиот извор.

Паралелно со ова и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во договор со коалициските партнери побарал помош од ОБСЕ да извлечел наводно тројца негови кои биле во бандите и се впуштил во преговарање со нив.

– И него денеска на средбата во Американската амбасада – тврди нашиот извор – му било кажано дека меѓународната заедница преку тие снимки знае за инволвираноста НА ВЛАДАТА во случувањата во Куманово и дека крвавата операција МВР ја започнала откако на терен веќе почнале да и гинат нејзини припадници.

– Оставките вечерва – вели нашиот дипломатски извор – се логични по денешните соочувања на амбасадорите со нашите функционери.

Нашиот извор не открива дали очекуваат брза оставка и од премиерот Груевски кој, според него,ЗНАЕЛ за контактите со криминалците на неговиот братучед.

http://libertas.mk/операција-шах-мат-на-мијалков-и-јанкул/




Хахаахахаа
Живи ги уловија

Е ај сега нека им кажат на Американците ...лепени сечени монтирани снимки.

Па секој знае дека Американска амбасада на Скопско Кале е огромна може да собере 10 000 војници и дека е главен разузнавачки – шпионски центар за Балканот и Блискиот Исток .
Што викаше еден мафиозо “имаат таква опрема змија да прдне во Сахара ќе ја слушнат “
Хаааа хаахаахах

А брливите Груевци Мијалковци ќе прислушкувале странски дипломати .

Па уште се просераваат дека ДОКАЗИТЕ на Заев биле лепени монтирани дрн дрн .

А сега бе КВИСЛИНЗИ ПЕТОКОЛОНАШИ .

Што праиме сега ?

Нели не сте биле во дослух со терористите од Куманово .
Нели не било ваше масло ?
Неле ги жалевте загинатите полицајци ?
Со пари ли ќе им надокнадите на децата тоа што ќе растат без татковци ?

Копилиња едни споулавени .Неоти пред тоа не ве знаевме ама требаше самите да се напеналите да ве видат и другите што гнасен џган сте !

Каква бе реконструкција н Влада какви глупости па уште со мрднатиот Груевски на чело луѓе вие арни ли сте со умот .Што игра улога ако едни криминалци ќе замениш со други исти криминалци ? Глупости се тоа .

Вака :

Груевски е најголемиот ДУШМАН на Македонија од домашно производство!

Колумна на Ана Пановска

Фокус 4 апр 2015,

Видовме дека Груевски е МОЗОКОТ НА ПЉАЧКАТА . И на таа со милионите евра, и на онаа со стотиците лажирани изборни гласови.

Тука, и со тоа, завршува неговата историска улога. Чиста, гангстерска стратегија, зашто кај него идеологија нема!

И затоа, со неговата купи-продај филозофија, како што е лукав, се досетил да си купи и идеологија.

И добро му легнаа овие наши новокомпонирани „информбировци“од ГДОМ и ним сличните, кои не мораат да глумат дека се заинтересирани за некоја евро-атланска иднина на нашата земја, па фураат накај Путин, притоа децидно легитимирајќи го Груески како главен кочничар на европската интеграција на Македонија.

Пишува
Ана ПАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”

http://fokus.mk/fokus-express/gruevski-e-najgolemiot-dushman-na-makedonija-od-domashno-proizvodstvo/

ГРУЕВСКИ РАБОТИ ЗА СТРАНСКИ ИНТЕРЕСИ

Колумна на Ида Протугер Вељковиќ

Фокус 8 мар 2015,

Пред некој ден, од првиот финансиер разбравме и дека имало притисоци да се работи и за интереси
на кинески компании и банки. И тоа со злоупотреба на законите.

Нерасчистено остана работењето за грчките интереси, поточно аферата „Актор“.

Да не ги заборавиме италијанските леарници на Фердинандо Маринели каде што се изработуваа
скулптурите од „Скопје 2014“ за десетина милиони евра поскапи отколку да се леат во истата
Фиренца, но во друга леарница?

Потребни ли се уште докази за тоа кој работи за странски интереси?

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате вонајновиот број од неделникот „Фокус

Фокус бр 1018

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:
Ида ПРОТУЃЕР ВЕЉКОВИЌ

Кога личност со ОЧИГЛЕДНА ПСИХИЧКА НЕРАМНОТЕЖА ќе застане на чело на државата и ќе одбере за свои соработници слични на се*е и дополнително, послушни „копии“, тогаш немаат проблем тие, туку граѓаните

http://fokus.mk/vesnik/1018/

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов: Монструми владеат со Македонија, луѓе на кои ништо не им е свето

http://libertas.mk/видео-стојанче-ангелов-монструми-вла/

Вратете се на почетокот Go down
 
Сличности на настани од 2001 год и Куманово 2015 год
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: