Клетптоманијата на Груевски и Мијалков
Клептоман
1 : (грч. klepto краде, mania лудило) мед. човек со болен и несовладлив
нагона за крадење.
Kлептоманија
1 : (грч. klepto, mania) мед. болен нагон за крадење
Шилегов: Груевски и Мијалков, дали извлековте милијарда евра народни пари во странство?
март 19, 2014
Дали директорот на УБК, Сашо Мијалков, во соработка со братучедот премиер, Никола Груевски, го држи во заложништво целото стопанство во Република Македонија, праша на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
-Дали преку субвенции, тендери, концесии, назначувања свои луѓе на клучни позиции, во Македонија водат успешни бизниси само фирми блиски до братучедското стебло на власт. Дали преку казни, сите други фирми во Македонија се приморани да соработуваат со фирмите под братучедите Груевски и Мијалков? Дали е тоа тајната на богатењето на фамилијата, којашто го исцеди и стопанството и граѓаните? Еве го неверојатниот успех на фамозната фирма Ексико, со корени од швајцарски Лугано и партнерска врска со менаџерите на бизнисите на Сашо Мијалков во Прага. Во 2011 година оваа фирма ја нема на листата 200 најуспешни фирми во Македонија, што ја прави Еуро Бизнис Центарот во Скопје.ФИРМАТА ЕКСИКО, КОЈА ШТО ВЛЕГЛА СО АКЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ ШТО СТИГНАЛА, А ТИЕ ФИРМИ ОД ВЛАСТА НА ГРУЕВСКИ ДОБИВААТ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ, ВО 2012 ПРАВИ НЕВЕРОЈАТЕН СКОК. ЕКСИКО, НЕ САМО ШТО ВЛЕГУВА ВО ЛИСТАТА НА 200 НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА. ЕКСИКО СЕ ИСКАЧУВА НА ВИСОКОТО 29-ТО МЕСТО! Што значи овој успех во бројки? Еве – ДОБИВКА НА ЕКСИКО ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ, САМО ЗА 2012 ГОДИНА ОД ОКОЛУ 180.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ БЛИЗУ 3.000.000 ЕВРА! САМО ЗА ЕДНА ГОДИНА. ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА НА ЕКСИКО. Да видиме само 4 други фирми, од многубројните во коишто се разгранува фирмата Ексико, како акционер или косопственик. На пример З.К. Пелагонија, Пелагонија Полог, Жито Лукс, Жито Вардар. Овие 4 фирми во 2012 година се искачиле на вискоки места на Листата 200 најголеми компании. ВКУПНИОТ ПРИХОД, САМО НА ОВИЕ 4 ФИРМИ, САМО ЗА ЕДНА, 2012 ГОДИНА Е НАД 4.000.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ 71.000.000 ЕВРА! Да видиме кога Ексико го бележи овој вртоглав пресврт во профитите со коишто се стекнува на посреден или непосреден начин. ПЕРИОДОТ СЕ СОВПАЃА СО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕКСИКО НА ФИРМАТА ОД ЛУГАНО Т&МЈ ИНВЕСТМЕНТ. 20.09.2011 ГОДИНА. Тоа е оф шор фирмата во која што фигурираат исти управители со фирмата од Панама, ТАСИГА КОРП, на којашто Мијалков ја продава својата фирма МИРТЛАНИС. Потсетуваме дека по продажбата на оваа фирма истата го задржала своето седиште и својот менаџер Горан Гацов. До овој момент директорот на УБК Мијалков не кажува, дали си ја продал фирмата МИРТЛАНИС сам на се*е, со оглед на тоа што има проблем да каже, ако не е така, тогаш кој е сопственик на МИРТЛАНИС. По оваа мрежа без крај, Груевски и Мијалков се должни да и објаснат на македонската јавност: Дали од Чешка, преку Панама и Лугано, се влезени во Македонија? Дали на овој начин, преку оф шор фирми ги влечат парите од македонското стопанство и македонските граѓани? И дали тие пари завршуваат за нивни бизниси надвор од Македонија? Погледнете. Ова е луксузен кварт во Прага. Сопственик на оваа скапа парцела од 9 232 м2, на која што се гради овој луксузен комплекс згради е наводно продадената фирма МИРТЛАНИС, со којашто управува Горан Гацов, менаџер на Сашо Мијалков во Чешка. Сега одговорете, премиере Никола Груевски и директоре на УБК, Сашо Мијалков. Чешка, Панама, Лугано, Македонија, Чешка – дали сте сепак тоа вие двајцата и фамилијата, која според повеќе проценки, има извлечено надвор од Македонија милијарда евра пари на граѓаните на Република Македонија- праша Шилегов.
http://brif.mk/?p=138848(ФОТО и ВИДЕО) Шилегов: Преку Лугано и Македонија братучедите до луксуз во Прага?!
http://brif.mk/?p=138891Абе ја разбирам крадење и поткраднуење и алчност и се тоа .
Али ова е веќе болест .
Ова ајдучкава фамилија Мијалкови/Груевци се психијатриски случаи .
Овие фамилијарно се ајдучишта . Изгледа тоа им е наследно генетски .
Од мајка дете ќе украдат .
Олку па алчни црева пропцирени да не се знаело за доста било па небило .