Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: FORZA MILAN !!! Сре 08 Jул 2009, 10:53 pm | |
| - SiNaPsA` напиша:
- Навивачите на Милан дивееја во тренинг кампот на нивниот клуб....
Извор и повеќе:ИДИВИДИ
Коментар: Нема зезање со вистински навивачи Коментар: Со право дивееле. Управата го продава најдобриот играч, иако и тој и навивачите не сакаа да си оди. На негово место сега-засега не е донесена достојна замена. Ова само покажува колку фудбалот денес е сведен на бизнис. НЕМА играч што не може да се купи. | |
|
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| |
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: FORZA MILAN !!! Пон 25 Јан 2010, 6:08 am | |
| Прво, честитки за голот на Пандев, одличен гол! Пандев откако е дојден во Интер има дадено 2 гола и 4 асистенции, учествува во речиси сите акции за гол, врз него еднаш беше направен и фаул за пенал...сето тоа за 4-5 натпревари колку што игра за Интер е феноменален учинок којшто не секој играч може да го постигне. Второ, можеби субјективно, навивачки, како сакате кажете го, ама судијата го уништи натпреварот со тоа што му помогна на ИНТЕР, а не на Милан. И двата црвени картони беа апсолутно оправдани. Аплаудирање во фаца на судија за да се исмее за неговите одлуки се казнува со црвен картон. Такво е правилото. Лани тоа му се случи на Вејн Руни, како и на многу други играчи. Башка, однесувањето на Снајдер после судиската одлука, на се` личеше само не на спортско. Вториот црвен картон е многу јасно зошто го доби Лусио, играше со рака во шеснаесетник при директен шут кон гол, а и онака веќе имаше еден жолт поради глума. Трето, во првото полувреме имаше еден недосуден пенал за Милан кога Маикон многу фино се виде дека играше со рака. Чист пенал по сите фудбалски правила. Четврто, голот на Пандев, иако феноменален, беше постигнат од непостоечки фаул. Играчите на Интер глумеа во целиот натпревар (што е и логично со оглед на тоа што играа со играч помалку, а натпреварот беше важен), а конкретно за овој момент многу јасно се виде дека Камбиасо сам си летна во воздух „ничим изазван“ Петто, Милан иако доминираше на натпреварот (околу 65-70 посто посед на топка), генерално одигра слабо затоа што не ги искористи своите шанси. Абате беше несреќен да згреши при првиот гол (сепак Абате не може да го замени Неста), а Интер мудро ја искористи шансата од прекин да постигне гол. Роналдињо беше нервозен од фаулите над него кои не се судеа и од резултатот и не требаше човек да биде видовит за да знае дека ќе го промаши пеналот. Се` на се`, интересно дерби за неутралните. Мене мерак ми направи македонското знаме на трибините на Сан Сиро, кое го покажаа во неколку наврати. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: FORZA MILAN !!! | |
| |
|