ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Според анкетата на институтот “ај бе стајте ме амбасадор” ДПМНЕ води со 204,6 посто пред СДСМ

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Според анкетата на институтот “ај бе стајте ме амбасадор” ДПМНЕ води со 204,6 посто пред СДСМ   Саб 09 Ное 2013, 3:23 am

Според анкетата на институтот “ај бе стајте ме амбасадор” ДПМНЕ води со 204,6 посто пред СДСМ

Анкетата на белосветски познатиот незвисен професионален институт за испитување на јавното мнение “ај бе стајте ме амбасадор” која беше спроведена деновиве покажа дека ДПМНЕ води со огромна разлика пред СДСМ со неверојатни 204,6 %

Граѓаните кој беа анкетирани по случаен избор просто врескаа и коси кубеа кога кажуваа колку го сакаат ДПМНЕ а имаше и слуачи на интервенција на брзата помош оти неколку анкетирани граѓани од возбуда се онесвестија .

Анкетата беше спроведена според сите меѓународно пропишани стандарди а ја водеа познати светски признаени незвисни некорумпирани експерти од таа област .
Еве да нема сомнежи дека некој нешто измислува или подметнува :

1)
Вчера во Скопје беше промовиран Институтот Павел Шатев (Институт за македонско наследство) кој е формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Дејан Пановски , екс државниот секретар за животна средина избран е за член на Бордот на директори а воедно Пановски ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот. Претседател на Институтот е др ПАНДЕ ЛАЗАРЕВСКИ , генерален секретар на Оливер Шамбевски- пратеник а Александар Николовски пратеник од Охрид е член на Управниот одбор на Институтот.
http://www.ohridlive.com/index.php?option=com_content&task=view&id=2160&Itemid=76

2)
Анкета на Институтот Павел Шатев: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со најголема поддршка

http://sitel.mk/mk/anketa-na-institutot-pavel-shatev-vmro-dpmne-i-gruevski-so-najgolema-poddrshka

Ете башка плус веста се објавува на незвисен непристрасен медиум Сител значи навистина анкетата на институтот “ај бе стајте ме амбасадор”била реална

3)
Предавање на акредитивните писма на АМБАСАДОРОТ др. Панде Лазаревски, за вонреден и ополномошен амбасадор на Република Македонија во Романија
14.03.2013
На 13 март 2013 година Н.Е. др. Панде Лазаревски, вонреден и ополномошен амбасадор на Република Македонија во Романија ги предаде акредитивните писма на претседателот на Романија, Н.Е. Трајан Басеску.
http://mfa.gov.mk/?q=node/2131
И после анкетите не биле точни ..лажеле ...мааа ааајде молим те .
Па немојте бе луѓе не се сите исти ете има и такви кој работите ги прикажуваат реално .Ем за таквиот труд нит бараат нит очекуват било каква награда .
Па да ..тачно ...ете .
Вратете се на почетокот Go down
 
Според анкетата на институтот “ај бе стајте ме амбасадор” ДПМНЕ води со 204,6 посто пред СДСМ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЗАБАВА-
Отиди до: