ФОРУМОТ Е НАШ
Чија е песнава? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Чија е песнава? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Чија е песнава?

Go down 
5 posters
АвторПорака
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
VoniVaraS


Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyЧет 21 Мај 2009, 3:41 am

Случајно дојдов до едно ЦД со документарен филм напрвен од една Бугарка.

Документарецот почнува вака.



„Седам јас во една кафана во Истанбул на иста маса заедно со Македонец, Србин, Турчин и Грк. И во кафаната пеачката почнува да пее песна и сите ние ја запеавме на нашите јазици истата песна. И сите тврдевме дека песната е наша и ептен се испокаравме.“

По случкава теткава решила да направи истражување (документарец) за да открие чија е песната.

Мелодијата на песната е идентична секаде само се разликува текстот и сите тврдат дека песната оригинално е нивна:

Турција - 100 % убедени дека е нивна народна

Грција - 100 % нивна од пред 50-60 години.

Албанија - изворна народна нивна бидејќи тие се најстар народ на Балканов.

Босна - Ја имаа во две верзии, втората верзија преработена за потребите околу војната. Молитва некоја со Мухамед и Алах со која нјверојатно иделе во борба.

Србија - тука најлошо пројде Бугаркава замалку ќе настрдаше откако им ја пушти Босанската верзија. Ама и тие тврдеа дека песната во оригинал ја пеела Коштана, најубавата циганка од Врање. Зборуваа нејзините внук и внука.



Кај нас ја има исто во две верзии и тоа „Ој девојче (ти тетовско јаболко)“ и „Пацо Добрушчанке“.

Тука Бугаркава потфрли малку бидејќи прво отиде по информции за песната во дервишкото теќе на бит пазар. Таму и кажаа дека е Турска а после во Прилеп кај пријател еден на Џумерко кој што ја пеел вторава верзија, таа за Паца. Никого не праша за верзијава што ја пее Виолета Томовска што и Тоше нели ја препеа со Синтезис.

И разочарувачки за мене само во Македонија немаше “патриотизам“ кај соговорниците и никој не ја убедуваше дека е наша песната. Сите само викаа „мислиме дека е наша“

Е сега ќе поставам неколку верзии и тоа: нашата, Босанската (за Анадолката) и една појма немам чија верзија (украинско...молдавска)е и малку е слаба снимката.








Мене највеќе ми се допаѓа нашата, Македонската, верзија но тоа нели е мое субјективно мислење.

Ако некој има информација повеќе за изворноста на песнава нека напише. Но би замолил за аргументирани пишување а не тоа да биде НАША е и толку.
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyЧет 21 Мај 2009, 6:44 pm

VoniVaraS напиша:
Ако некој има информација повеќе за изворноста на песнава нека напише. Но би замолил за аргументирани пишување а не тоа да биде НАША е и толку.
Имформација немам, ама имамам факт, тактот е класичен македонски ( имаме најтежок такт во Еврора ).
Темава ме заинтригира, ветувам дополнително ке се консултирам и соодветно ке информирам.
Сега за сега толку, се читаме подоцна.

ПС.Симптоматично, оваа е една од 3-4 - те песни кај се спомнува "тетовско јаболче"
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyПет 22 Мај 2009, 12:07 am

За приказнава и за документарецот знам, иако признавам дека не сум го гледал.

Едно е јасно, а тоа е дека песната била создадена за време на турското владеење на Балканот.
Сите овие набројани држави (Македонија, Србија, Босна, Албанија, Грција...) некогаш ја сочинувале Отоманската империја, па оттука логично е што си ја присвојуваат песната. Во вакви ситуации многу е важно да се размислува непристрасно и објективно, отколку само да се рече: „Наша е“ како што направиле сите во документарецот. Според мене, тоа што луѓето од Македонија не рекле веднаш „Наша е и точка“ не претставува никакво отсуство на патриотизам. Иако, дознав дека Македонците кои биле интервјуирани и не биле баш најстручни за прашањето (можеби грешам, не викам не, пак ќе кажам дека документарецов ми е прераскажан).
Овој пример не е единствен. За „спорни“ песни се сметаат и „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Назад, назад Калино моме“ и ред други.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
VoniVaraS


Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyЧет 11 Јун 2009, 8:07 pm

Чија е песната - Документарецот

На он.нет го поставиле целиот документарец. од Гавриловиќа
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb


Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyПон 15 Јун 2009, 1:31 am

Веројатно најстручно би објаснил некој што е музички образован (на пример, околу она за тактот на песната), но потполно се слагам со Бе Перо. Тоа што ние „мислиме дека е наша“ го покажува отсуството на национална тврдоглавост и ако сакате, толерантноста што ја имаме. Е сега, во услови на преживување, не знам колку е тоа добро, но сепак - браво за нашата широчина.

Песната не може да е „наша“, исто како што не може да е ниту само српска, бугарска, турска или не-знам-каква. Таа е создавана низ векови, се ширела на различни територии, па не би ме изненадило нејзината мелодија да допрела и подалеку. Примерите како неа треба да не’ зближуваат, а не да не’ оддалечуваат.

Имам и еден личен пример за ова:
Пред десетина години бев на една македонска-бугарска книжевна конференција во Охрид и една убава вечер, си пеевме песни на терасата од хотелот. Почнавме да ја пееме „Распукала се Шар Планина“, а Бугарите ја имаа истата песна како „Расквасила се Шар Планина“. Сите беа горе-долу културни луѓе (или барем така личеа), па никој не запна ко магаре „наша е песнава и точка“, иако јас баш се изненадив што и во бугарскиот фолклор постоела таа песна.
Вратете се на почетокот Go down
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
VoniVaraS


Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyПон 15 Јун 2009, 2:52 pm

Јас не реков дека песната е НАША и баш побарав некој ако може да го подобјасни некој тоа со тактот 7/8 - 3/4 или каков и да е (јас нели не сум тактичен Smile ).
Факт е дека на балканот фолклорот а со тоа и музиката е доста испреплетена меѓу народите, баш поради блискоста и сличноста. Како и поради сличната (иста) политичко економска состојба во која се наоѓаат сите балкански народи (држави) повеќе векови наназад.
Документарецов е прекрасно направен и затоа и има освоено повеќе награди по разни фестивали. Од страна на авторката нема никави претензии за присвојување на ова или она и баш преку разговорот со ОБИЧНИ луѓе сака да ја долови сликата за чувствата кај сите народи. Сликата на крај што се добива е по малку поразителна, бидејќи многу јасно се гледа дека сепак балканот е сеуште затворен во кругот на меѓунационална нетрпеливост и негирање на сите останати. Дури и при дискусија за една песна која што како што викате треба да не зближи, соговорниците забегуваа во дискусии од типот „па ова е наше... ние сме најстари овде... нашата традиција е најстара... другите не ги бива...“ и ред други националшовинистички изјави, а многу лесно се прибегна и кон насилство.
До кога балканов ќе биде „Буре Барут“? До кога соживот, толеранција и меѓусебно почитување ќе бидат само МИСЛОВНИ именки?
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb


Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyНед 28 Јун 2009, 6:05 pm

Вечерва баш ќе оди овој документарец во Мала станица:

https://www.facebook.com/home.php?#/event.php?eid=214774570576&ref=nf

Smile
Вратете се на почетокот Go down
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
VoniVaraS


Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: A оваа песна чива е?   Чија е песнава? EmptyВто 20 Окт 2009, 5:04 am



Секој објективен би гласал за нашата. Smile
А вие?
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? EmptyВто 20 Окт 2009, 8:06 pm

VoniVaraS напиша:

Секој објективен би гласал за нашата. Smile
А вие?
Под А
А овој Слави ми изгледа како да е изгубен у просторот и времето, како и поголемиот дел блгарски пејачи.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Sponsored content





Чија е песнава? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чија е песнава?   Чија е песнава? Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Чија е песнава?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МУЗИКА-
Отиди до: