Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Македонска кинематографија Чет 19 Фед 2009, 4:12 pm
За почеток на македонската кинематографија се смета 1905 година кога браќата Милтон и Јанаки Манаки ја купуваат првата камера во Македонија „Bioscope No.300“ и ги прават првите снимки во Македонија, а според многу податоци, тоа биле и првите снимки на Балканот. Првите снимени кадри биле во црно-бела техника, без звук и траат околу една минута. Во кадрите се гледа нивната 114 годишна баба Деспина како преде.
Во 1952 година е снимен и првиот долгометражен македонски филм „Фросина“ во продукција на Вардар филм.
Од тогаш па до денес во ризницата на македонската кинематографија има голем број на филмови, режисери, глумци, сценаристи, награди и т.н.
Пишете кои наши филмови, глумци, режисери и т.н. ви се свиѓаат, а кои не. Дали сме во чекор со другите земји од Балканот и пошироко? Дали парите се проблем или недостиг на идеи или нешто трето за снимање на поголем број на филмови....Темата е широка, па бујрум.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Саб 21 Фед 2009, 2:23 pm
Омилени македонски филмови ми се „Пред дождот“ и „Тетовирање“ (баш и од тие два филма има слики овде). Вториов добив желба пак да го гледам откако пред некој ден баш загледав еден документарец за него.
Филмот е скапа работа. Државата мислам дека издвојува многу малку пари за филмови, односно троши на некои „проекти од јавен интерес од средствата наменети за радиодифузна такса“ кои се обично некои сериички со по 3-4 епизоди, со бедна реализација.
Омилени македонски глумци ми се Тони Михајловски, Никола Ристановски, Ирена Ристиќ, Перо Арсовски.... може некој ќе заборавам, ама ќе се надополнам.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 27 Фед 2009, 2:09 am
Пред некој ден разбрав дека годинава државата одвоила пари за снимање на 7 филмови. Не запамтив кои ќе бидат тие 7 филмови, единствено знам за „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 27 Фед 2009, 2:13 am
Бе Перо напиша:
„Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Тој филм го добива поголемиот дел од средствата, добива средства и некој филм што е започнат уште пред 2-3 години.Останатите средства одат за уште 2-3 играни, 2-3 краткометражни и мислам дека има и 2 цртани филма.Што во суштина значи дека оваа година ке излезе одреден квантитет на домашни филмови, што не е лошо.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 27 Фед 2009, 3:52 am
GokaGrozni напиша:
Бе Перо напиша:
„Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Тој филм го добива поголемиот дел од средствата,
Браво за овој филм !!! Конечно ќе се сними и филм во Македонија во кој се зборува и за фудбалот. Од она што можев да го најдам на интернет, режисерот го опишува сценарито со следниве зборови:
Цитат: „Тој филм е приказна за фудбалот кој во дадени историски услови станал многу повеќе од игра, претворајќи се во бојно поле помеѓу доброто и злото. Но, ќе има во овој филм уште многу важни работи за нас“, вели Митревски, опишувајќи ја во свој стил сцената која му е најдрага. Станува збор за полуфиналниот натпревар за шампионска титула кога скопскиот стадион е исполнет до последното место, а на околните дрвја се качени деца кои на сиромашните граѓани што не можеле да влезат им го прераскажуваат натпреварот. И, како што раскажува Митревски, кога во еден момент десет илјади луѓе на трибините почнуваат во еден глас да викаат: „Македонија“, „Македонија“, а децата пренесуваат дека навивачите го скандираат името на нашиот тим, еден од луѓето тивко додава дека тоа не е само име на тимот, дека тоа е име на нашата земја! „Верувам дека не само мене како автор, туку и на сите во Македонија ќе им биде возбудливо кога еден ден оваа реченица ќе биде изговорена на филмските платна во Америка и во Европа“, изјавува Дарко Митревски.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Чет 05 Мар 2009, 2:09 pm
Збогум на дваесетиот век, добро парче краткометражна лента.
Филм од кој се искористени парчиња за спотот на ÜBER MAKEDONISCHE, Архангел. Се моли сопственикот на овој филм да ми го позајми за да си го изрежам.
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Чет 05 Мар 2009, 3:57 pm
SiNaPsA` напиша:
GokaGrozni напиша:
Бе Перо напиша:
„Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Тој филм го добива поголемиот дел од средствата,
Браво за овој филм !!! Конечно ќе се сними и филм во Македонија во кој се зборува и за фудбалот. Од она што можев да го најдам на интернет, режисерот го опишува сценарито со следниве зборови:
Цитат: „Тој филм е приказна за фудбалот кој во дадени историски услови станал многу повеќе од игра, претворајќи се во бојно поле помеѓу доброто и злото. Но, ќе има во овој филм уште многу важни работи за нас“, вели Митревски, опишувајќи ја во свој стил сцената која му е најдрага. Станува збор за полуфиналниот натпревар за шампионска титула кога скопскиот стадион е исполнет до последното место, а на околните дрвја се качени деца кои на сиромашните граѓани што не можеле да влезат им го прераскажуваат натпреварот. И, како што раскажува Митревски, кога во еден момент десет илјади луѓе на трибините почнуваат во еден глас да викаат: „Македонија“, „Македонија“, а децата пренесуваат дека навивачите го скандираат името на нашиот тим, еден од луѓето тивко додава дека тоа не е само име на тимот, дека тоа е име на нашата земја! „Верувам дека не само мене како автор, туку и на сите во Македонија ќе им биде возбудливо кога еден ден оваа реченица ќе биде изговорена на филмските платна во Америка и во Европа“, изјавува Дарко Митревски.
Не сакам да сум сватена негаторски,ама Дарко е многу итар,знае како да земе пари за филм -на патриотска финта.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 13 Мар 2009, 4:32 am
Пребарувајќи по интернет наидов на една листа на македонски филмови снимени пред и после осамостојувањето на Македонија. Не знам дали е целосна листата...ако има некој филм пропуштено, дополнете.
Македонски филмови во Југославија:
Фросина (1952) Newsreel (Filmski Reporter) No.1 (1956) Мис Стон (1958) Виза на Злото (1959) Мирно Лето (1961) Солунски Атентаториi (1961) Кратовско Злато (1964) Темели на Солидарноста (1966) Македонска Крвава Свадба (1967) Мементо(1967) Планината на Гневот (1968) Републиката во Пламен (1969) Црно Семе (1971) Зеџ (1971) Истрел (1972) Колнати сме, Ирина (1973) Јад (1975) Аустралија, Аустралија (1976) Најдолгиот Пат (1976) Исправи се, Делфина (1977) Пресуда (1977) Црвениот Коњ (1981) Јужна Патека (1982) Нели ти Реков (1984) Јазол (1985) Солунски Партдии (1985) (TV mini-series) Среќна Нова '49 (1986) Хај-Фај (1987) Викенд на Мртовци / Vikend na Mrtovci (1988)
Македонски филмови во Македонија:
Тетовирање (1991) Време, Живот (1992) Македонска Сага (1993) Светло Сиво (1993) Пред Дождот (1994) Ангели на Отпад (1995) Н.Е.П. (1995) Самоуништување (1996) Gypsy Magic (1997) Преку Езерото (1997) Буре Барут (1998) Збгум на Дваесеттиот Век (1998) Прашина (2001) Одмазда (2001) Радост на Животот (2001) Судијата (2001) Како Лош Сон (2002) Чекор Пред Времето (2003) Големата Вода (2004) Илузија (2004) Како Убив Светец (2004) Under (2004) Бал-Кан-Кан (2005) Контакт (2005) Караула (2006) Тајната Книга(2006) Боли Ли? Првата Балканска Догма (2007) Дома (2007) Estrellita (2007) Јас Сум од Титов Велес (2007) Превртено (2007) Сенки (2007)
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 13 Мар 2009, 4:52 am
Браво Сики, одлично сработено. Вака кога ќе се соберат на едно место испаѓа и дека доста филмови се снимиле во последно време. Пример, појма немав дека дури 6 филма сме снимиле во 2007. Ама морам да кажам дека за некои од овие филмови, ај што не сум ги гледал него не сум ни чул нешто за нив. Ич да не се знаело бре да се промовира нешто значи.
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 13 Мар 2009, 12:14 pm
Македонска Сага (1993) e sniman kaj nas i jas ja poznavam "glavnata junakinja". :hayel: :hayel: :hayel: P.S.Ako nekoj od vas go ima filmov da mi go snimi! :D
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 13 Мар 2009, 4:52 pm
СтончиС напиша:
Ама морам да кажам дека за некои од овие филмови, ај што не сум ги гледал него не сум ни чул нешто за нив. Ич да не се знаело бре да се промовира нешто значи.
И јас кога наидов на листата се иненадив за поголем број на филмови за кои што немав чуено до тогаш. Со оглед на тоа дека државата/министерството за култура располага со не толку голем паричен фонд за финансирање на филмови, успех е што се снимени и толкав број на филмови, било да се финансирани само со „македонски“ пари или во копродукции од странски држави.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Нед 15 Мар 2009, 9:55 pm
Заборавив да го спомнам филмот „Илузија“ меѓу оние филмови кои ми се допаѓаат.
Инаку, со детето од филмот Марко (кој навистина се вика Марко), заедно имавме часови по физичко во средно. :lol:
Само, морам да забележам: најголемиот дел од нашите филмови се „тешки“ за гледање. Обично се тоа психолошки драми во кои има сиромаштија, беда, убиства, крв, експлицитен секс, перверзии, семејно насилство...
Време е за поинаков филм.
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: Македонска кинематографија Нед 15 Мар 2009, 11:03 pm
Бе Перо напиша:
Само, морам да забележам: најголемиот дел од нашите филмови се „тешки“ за гледање. Обично се тоа психолошки драми во кои има сиромаштија, беда, убиства, крв, експлицитен секс, перверзии, семејно насилство...
Време е за поинаков филм.
Аферим Бе Перо! Навистина е време да се направи некој добар филм. Ај нека пробаат со љубовна комедија во која нема ни убиства,ни крв,ни експлицитен секс.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Вто 17 Мар 2009, 2:35 am
Scarlett O'Hara напиша:
Аферим Бе Перо! Навистина е време да се направи некој добар филм. Ај нека пробаат со љубовна комедија во која нема ни убиства,ни крв,ни експлицитен секс.
Не викам дека тоа мора да е комедија, ама нека пробаат малку со друга тематика. Што знам, нешто полесно „сварливо“. :D
Инаку, од листата која што ја поставил Синапса, забележав дека повеќе филмови се снимиле од осамостојувањето па до денес, отколку од пеес-некоја до 1991.
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: Македонска кинематографија Вто 17 Мар 2009, 3:25 am
Бе Перо напиша:
Scarlett O'Hara напиша:
Аферим Бе Перо! Навистина е време да се направи некој добар филм. Ај нека пробаат со љубовна комедија во која нема ни убиства,ни крв,ни експлицитен секс.
Не викам дека тоа мора да е комедија, ама нека пробаат малку со друга тематика. Што знам, нешто полесно „сварливо“. :D
Инаку, од листата која што ја поставил Синапса, забележав дека повеќе филмови се снимиле од осамостојувањето па до денес, отколку од пеес-некоја до 1991.
Toa za komedijata go kazav poso znam deka vo Makedonija imaat dobra smisla za humor inace ne mora da e komedija.:D
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 20 Мар 2009, 6:09 pm
Еден од повеќето режисери кои што оставиле трага во македонската кинематографија е и режисерот Бранко Гапо. Роден е во 1931 година во Тетово, а почина минатата година. Во неговата богата биографија се потпишани "Најдолгиот пат", "Време води", "Македонска сага", "Време без војна", "Истрел" и бројни антологиски остварувања во документарната продукција. Повеќе за неговиот живот и дело, во кој тој самиот зборува пред 2 години за една локална ТВ станица може да се изгледа ТУКА
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Вто 28 Апр 2009, 4:23 pm
Милчо Манчевски спореден со Ингмар Бергман
Режисерот Милчо Манчевски е спореден со шведскиот мајстор на филмот Ингмар Бергман во американска рецензија за неговиот филм „Сенки“. Најновата рецензија за третиот игран филм на Манчевски е објавена по повод неговото прикажување на фестивалот во Сиракјуз, САД, најавено за 2 мај
Коментар: ...уште едно големо признание за Милчо Манчевски со што се потврдува дека е еден најголемите културни амбасадори на Македонија. Секоја чест !
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Чет 11 Јун 2009, 8:29 pm
Македонци работеа на „терминаторските“ ефекти
Македонски тим предводен од продуцентот за визуелни ефекти Кристијан Данаилоски и супервизорите Александар Вишемирски и Мишо Ристов работеа на 42 кадри во новото продолжение на Terminator со наслов Salvation. Тимот на FX3X составен од дваесетина Македонци интензивно работеше за водечкото студио за визуелни ефекти Industrial Light & Magic, што резултираше со 3 минути светска филмска магија со македонско производство.
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Саб 27 Јун 2009, 10:07 pm
SiNaPsA` напиша:
Како Лош Сон (2002)
Овој филм ќе го даваат вечер во 23:30 на Алфа ТВ.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Саб 27 Јун 2009, 10:40 pm
Бе Перо напиша:
SiNaPsA` напиша:
Како Лош Сон (2002)
Овој филм ќе го даваат вечер во 23:30 на Алфа ТВ.
Пу, како можат телевизииве сите добри филмови да ги даваат за време на викенд [emoticon]љутим[/emoticon]
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Пет 14 Aвг 2009, 7:40 pm
Во Дневник прочитав дека Милчо Манчевски од ноември ќе почне со работа на неговиот нов филм „Како бебе“! Само напред!
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Вто 20 Окт 2009, 12:27 am
Прослава на 100 години македонски филм и 4 години филмски фестивал во Торонто. Линк: ТУКА
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонска кинематографија Сре 02 Дек 2009, 5:51 pm
Македонија ја доби првата ДВД колекција на филмски класици со светско реноме. Најуспешните македонски филмови ПРЕД ДОЖДОТ, ПРАШИНА и СЕНКИ на Милчо Манчевски се издадени во ексклузивен ДВД сет и за прв пат можат да се купат на ДВД во матичната земја, иако во светот се одамна достапни. За ова богато издание изработени се нови мастери и на сликата и на тонот на трите филмови во англиски и германски лаборатории, плус нови досега необјавени материјали, четири часа филмски и музички додатоци, истражувачки материјали, монографија од светскиот печат, итн.