ФОРУМОТ Е НАШ
Македонска историја 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Македонска историја 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Македонска историја

Go down 
+3
СтончиС
Oliver The Macedonian
Бе Перо
7 posters
АвторПорака
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Македонска историја   Македонска историја EmptyСре 17 Дек 2008, 5:52 pm

Во овој оддел ни` фалеше една ваква тема за историјата. Факт е дека нашата историја е пребогата, па затоа и тоа како има материјал за пишување.

Личности, битки, владеења, настани, датуми, важни документи од македонската историја.... ова е темата за тоа.

Македонска историја D395b350ca3a73ac04c5b4891fcd8913
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Oliver The Macedonian
Тупаџија
Тупаџија
Oliver The Macedonian


Број на мислења : 115
Локација : Куманово-Скопје
Регистриран на : 2008-10-03

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Нешто околу името....   Македонска историја EmptyСре 17 Дек 2008, 7:09 pm

Одлична тема !


Досега најстариот податок за прото Македонците – племиња од бронзениот период кои го населувале просторот на Македонија – се наоѓа кај Хеланик од Лезбос (V век пред Ис.Хр), кој престојувал на македонскиот двор во времето на Аминта (540 – 498) и кој запишал дека Македонците живееле меѓу (со) Мизите. Овој податок се однесува на прото-македонските племиња кои живееле во периодот меѓу првата и втората индоевропска миграција, т.е. во временската рамка меѓу III и крајот на II милениум пред Ис.Хр.
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСре 17 Дек 2008, 8:01 pm

Историјата за мене е “НАУКА“ која што обработува ПРИКАЗНИ.
Е сега, приказните се прераскажуваат (а неретко и се преправаат) од колено на колено. Запишаните историски “приказни“ се од посилните односно од победниците. Учебниците по историја во нашите училишта според мене се полни со многу ДИСКУТАБИЛНИ “факти“ околу настани и личности од нашето подалечно и поблиско минато. Се се плашам кога ќе дојде ред моите деца да учат историја, ќе имам сериозни проблеми околу појаснувањето на материјата и опфаќањето и на други агли на гледање на настаните. Проблем ми претставува фактот што нема егзактност односно апсолутна вистина во оваа “Наука“. Сите настани можат да се третираат од повеќе агли и да се земат во предвид и многу други фактори како на пр: период на случување, општесвено уредување и развиеност, надворешни влијанија итн. итн.
Имам три прашања?
Кој може да ми ја потврди ВИСТИНИТОСТА на некоја запишана „Историска приказна“ ? Секогаш има едно АМА...
Дали го имаме тоа право да секој кој што живеел, владеел или творел на овие простори од праисторија до ден денешен да го нарекуваме “НАШ“?
И дали имаме фер однос прво самите ние а после и останатите народи спрема сите значајни, историски настани и личности за МАКЕДОНИЈА?
(изгледа многу го затупев а? scratch )
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyЧет 18 Дек 2008, 4:46 am

СтончиС напиша:

И дали имаме фер однос прво самите ние а после и останатите народи спрема сите значајни, историски настани и личности за МАКЕДОНИЈА?
И кај мене преовладува ставот дека самите себе не се цениме доволно, т.е. не ја цениме доволно нашата историја. Дали е од недоволно познавање на историјата или недоволна национална свест или па намерно не сакаме да дознаеме кои сме и што сме (историчари,политичари...) Exclamation Question
Друг проблем мислам дека е и парадоксот со контраверзните личности и настани од историјата на Македонија. Историчарите, наместо да разјаснат/докажат за голем број на личности и настани, кој, каде, кога и за што се борел (идеи и идеали), стануваат дел од политичките партии и игри, со чесни исклучоци. И тука е мислам крајот на приказната за историјата, за жал. :|
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power


Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Македонци, од почеток, до крајот на светот!   Македонска историја EmptyЧет 18 Дек 2008, 11:33 am



Ова е еден мал обид пребогатата историја да ја доловиме преку слика, музика и текст......препорачливо за сите возрасти!!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 1:20 am

СтончиС напиша:
Учебниците по историја во нашите училишта според мене се полни со многу ДИСКУТАБИЛНИ “факти“ околу настани и личности од нашето подалечно и поблиско минато.
Во нашите учебници, античка Македонија е безмалку табу-тема. А секако, нема ни најмала потреба од тоа бидејки во крајна линија, Филип и Александар се важни светски историски личности. Тие припаѓаат како на Македонија, така и на светот. Не само Филип и Александар, тие се најпознати, па затоа ги земав за пример, има уште еден куп фигури од тоа време кои се битни за светската, а секако и за нашата историја бидејки тие живееле, владееле, војувале на овие простори на кои ние денес живееме.

Јас колку што памтам, во основно школо, ЕДВАЈ ја спомнавме античка Македонија! Нели е греота и срам некое дете од, што знам, еве да кажам Јапонија да знае повеќе за Александар од мене?!
Јасно ми е и тоа дека хаосот во историските читанки е резултат и на претходниот систем од бившата држава, каде што никој не смеел да спомне дека има и најмала врска со антиката, бидејки тогаш нели се живеело во братско и единство, во слога и југомагнат, и сите биле среќни, весели и румени во образите. Колку било сето тоа така добро и розово, се виде во 1991 год.

Оттогаш па наваму, некако „касно палиме“ со националното освестување. Ни’ требаа 15-16 години и силен притисок од Долната Земја да се свртиме кон нашите корени.

Извинете ако бев опширен. :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 2:53 am

Бе Перо напиша:
[
Во нашите учебници, античка Македонија е безмалку табу-тема. А секако, нема ни најмала потреба од тоа бидејки во крајна линија, Филип и Александар се важни светски историски личности. Тие припаѓаат како на Македонија, така и на светот. Не само Филип и Александар, тие се најпознати, па затоа ги земав за пример, има уште еден куп фигури од тоа време кои се битни за светската, а секако и за нашата историја бидејки тие живееле, владееле, војувале на овие простори на кои ние денес живееме.

Јас колку што памтам, во основно школо, ЕДВАЈ ја спомнавме античка Македонија! Нели е греота и срам некое дете од, што знам, еве да кажам Јапонија да знае повеќе за Александар од мене?!
Мислам дека повеќе се плашат да зборуваат и пишуваат на таа тема, а не дека не знаат.
Низ интернетов некаде сретнав како јапонски научници и историчари тврдат дека гробот на Александар е можно да се наоѓа некаде во Јапонија, односно после смртта, неговото тело два три пати било преместувано на различни локации во Египет и на крај е преместено некаде во Јапонија. Можеби е ова „романтичарски“ или „претеденциозно“ од страна на Јапонците, но сепак користат начин како да слават светски личности и да имаат придобивки од тоа, а ние тука не знаеме или пак не сакаме да го искористиме тоа што го имаме (со ретки исклучоци).
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:00 am

Хах! Јас сосема случајно ја спомнав Јапонија, и ти сега излегуваш со оваа вест. :D Има толку многу теории за локацијата на неговиот гроб, што веќе стварно не знам што да верувам. Паско Кузман рече дека знае каде е, ама не сака да каже. :lol: :lol:

Точно е тоа што си го подвлекол со црвено, на тоа и мислев. Не дека не знаат, туку имаат некој неразумен страв.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb


Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:00 am

СтончиС напиша:
Историјата за мене е “НАУКА“ која што обработува ПРИКАЗНИ.


Тукушто дефинираше една цела книжевна теорија што се занимава со историзмот како фикција.

Историјата навистина е приказна. Тоа и значи нејзиното име на латински.
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb


Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:04 am

Бе Перо напиша:
Точно е тоа што си го подвлекол со црвено, на тоа и мислев. Не дека не знаат, туку имаат некој неразумен страв.

Не да не знаат, туку МНОГУ не знаат. На катедрата по историја, се’ на се’ има двајца специјалисти за античка историја, Наде Проева и нејзиниот асистент.

Се’ останато е приучено, склоно кон романтизирања, а во последно време и помодно ориентирано.
Не е ни за чудење: кај нас 5 децении античката историја беше ампутирана.
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:11 am

Јас сепак мислам дека во државава има луѓе кои што знаат за античката историја, но дека или се плашат да зборуваат или не сакаат да зборуваат.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:12 am

eftimoskatb напиша:


Не да не знаат, туку МНОГУ не знаат. На катедрата по историја, се’ на се’ има двајца специјалисти за античка историја, Наде Проева и нејзиниот асистент.

Не знаев за ова. Сепак мислам дека може да се состави една тема во нашите учебници за античка Македонија, која ќе биде што пообјективна (непристрасна).
Друга работа е што денес, како што напишал погоре Синапса, се изродија многу квази-историчари со многу теории, кои само дополнително ги збунуваат луѓето и тоа во многу осетлив период, сега со спорот за името и идентитетот.

Не е ни чудно што после луѓето се делат на патриоти (романтичари) и европејци. Тоа е според мене, најглупавата можна поделба.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:16 am

Како пример би го зел случајот со децата бегалци од Егејска Македонија. До пред некоја година премалку се зборуваше за нив и за нивните права, а сега скоро на секоја ТВ, радио, весници и т.н., разни историчари, политичари и други отворено зборуваат за нив.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb


Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:20 am

SiNaPsA` напиша:
Како пример би го зел случајот со децата бегалци од Егејска Македонија. До пред некоја година премалку се зборуваше за нив и за нивните права, а сега скоро на секоја ТВ, радио, весници и т.н., разни историчари, политичари и други отворено зборуваат за нив.

Не, Васко, туку мора да не се сложам со тебе. ОТСЕКОГАШ се зборувало многу, се давале и оние документарци на ТВ (сега, на пример, одат на Сител, а со години оделе на МТВ), само кој ги гледал/слушал. Сум се убила од читање на Ташко Георгиевски, Ристо Јачев и други автори кои пишувале на таа тема. Мислам дека читале доволно и други.

Само, сега некако ни се „отворија ушите“ за таа тема и стана прилично актуелна поради спорот со Јужњацине. Инаку, отсекогаш се третирала гласно, незавиткано.
Грција навистина ни направи услуга: конечно и обичните луѓе се заинтересираа за својата историја.
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:34 am

eftimoskatb напиша:
SiNaPsA` напиша:
Како пример би го зел случајот со децата бегалци од Егејска Македонија. До пред некоја година премалку се зборуваше за нив и за нивните права, а сега скоро на секоја ТВ, радио, весници и т.н., разни историчари, политичари и други отворено зборуваат за нив.

Не, Васко, туку мора да не се сложам со тебе. ОТСЕКОГАШ се зборувало многу, се давале и оние документарци на ТВ (сега, на пример, одат на Сител, а со години оделе на МТВ), само кој ги гледал/слушал. Сум се убила од читање на Ташко Георгиевски, Ристо Јачев и други автори кои пишувале на таа тема. Мислам дека читале доволно и други.

Само, сега некако ни се „отворија ушите“ за таа тема и стана прилично актуелна поради спорот со Јужњацине. Инаку, отсекогаш се третирала гласно, незавиткано.
Грција навистина ни направи услуга: конечно и обичните луѓе се заинтересираа за својата историја.
Тогаш, нека се искористи паметно моментот да се зборува гласно и незавиткано за античката историја за Македонија, за да во иднина не ни се повторуваат истите грешки.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 3:02 pm

Бе Перо ја отвори темава па едно време ја подзаборави. Гледам вчера пак сте ја актуелизирале.
Реторичките прашања во мојот предходен пост и понатака ќе си останат неодговорени за мене.
Моја желба во учебниците по историја што ќе се изучуваат во училиштата е да бидат раскажани објективни ПРИКАЗНИ со факти и податоци (години, личности и околности). Не да бидат раскажани романтичарски приказни дека се е НАШЕ и дека сите значајни историски личности од Адам и Ева па до денес се МАКЕДОНЦИ. Бидејќи не се.
Еве сте почнале муабет за историја на античка Македонија.
За мене кои се битните историски факти.
Филип ја основал а Александар ја проширил Македонската држава. Се бореле и ги победиле грчките градови држави. Александар успеал да стигне и до Индија, преку Египет и Персија нели. И да се наведат нели годините кога и како се воделе битките. Тоа дека ние денес сме директни нивни наследници не е работа на историчарите да го докажуваат.
После Филип и Аце на овие простори се менуваат разноразни владетели и според мене е многу претенциозно сите да ги викаме дека се наши и дека се етнички Македонци. Нациите во денешна смисла на зборот се дефинираат многу покасно.
Еве би го спомнал Цар Самоил. Тој на овие простори оформил држава. Таа држава никогаш не била наречена Македоска. Тој по националност не е ни битно што бил. За да може да се прогласи за Крал (а подоцна да се самопрогласи за ЦАР) од папата ја добива Круната од предходно растуреното Бугарско кралство. Народот и во Византиската држава и во Самоиловата држава според мене е истиот со континуитет од антика нели ама борбата за власт си го прави своето. И сега едниов (Самуил) е македонец бидејќи дворот му бил во Преспа и Охрид а другиов (Васе втори) не е македонец бил во тогашен Константинопол. Некако ми нема баш логика.
Фактите се дека Васе II владее како крал на Византија (источно римско царство) а Самуил се изборува да владее со дел од балканот со благослов од Папата. Обичниот народ е истиот и таму и таму и пати повеќе или помалку од горе спомнативе владетели.
Многу е широка темава цели фермани има за пишување.
Да нема забуни за тоа јас како се чувствувам.
Јас се чувствувам Македононец со јазик, култура и обичаи - различни од тие на комшиските држави. И никој нема право да ми го одземе тоа. А за историските “факти“ можеме да разговараме дали било вака или така и кое е пологично да се прифати како вистина.
Вратете се на почетокот Go down
Jelena
Тупаџија
Тупаџија
Jelena


Број на мислења : 91
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 5:50 pm

SiNaPsA` напиша:
СтончиС напиша:

И дали имаме фер однос прво самите ние а после и останатите народи спрема сите значајни, историски настани и личности за МАКЕДОНИЈА?
И кај мене преовладува ставот дека самите себе не се цениме доволно, т.е. не ја цениме доволно нашата историја. Дали е од недоволно познавање на историјата или недоволна национална свест или па намерно не сакаме да дознаеме кои сме и што сме (историчари,политичари...) Exclamation Question
Друг проблем мислам дека е и парадоксот со контраверзните личности и настани од историјата на Македонија. Историчарите, наместо да разјаснат/докажат за голем број на личности и настани, кој, каде, кога и за што се борел (идеи и идеали), стануваат дел од политичките партии и игри, со чесни исклучоци. И тука е мислам крајот на приказната за историјата, за жал. :|
Ma, не е проблемот само кај историчарите. А, за тоа дека проблемот е кај политичарите, потполно се сложувам, бидејќи и покрај тоа што се е на наша страна, упорно си идат кај Нимиц!
Проблемот е кај поединците, кои упорно зборат дека ништо не е истражено, дека историчарите се нешто кријат и што ти ја знам ... а, истите тие ништо не читаат, или пак читаат ама не разбираат!!!
Според мене, јас лично сум убедена, дека никој не чита историја, него читаат бљувотини на интернет, од квази-историчари, и благодарение на нив, целата досегашна истражувачка дејност на историчарите паѓа у вода.
Па, на што личи оној Ничев или Ниче Димовски/Дамовски (незнам како се вика), со теориите, со кои ја бомбардира јавноста, за некаква си македонска раса. Па, навистина не заслужува коментар! Арно ама, “сезнајковците“ тоа го разбираат дека никој не му реплицира со факти, бидејќи нема што да му се реплицира ...
Точно е, и со тоа секој историчар се согласува, дека, конкретно, античката историја сеуште не е доволно истражена, иако побитните историски (и археолошки) факти се веќе утврдени.

Толку од мене, сега се сега. Се враќам набргу на темата, за околу тоа што е историја и кои се нејзините задачи.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/jelena_cvetkovik
Jelena
Тупаџија
Тупаџија
Jelena


Број на мислења : 91
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 5:58 pm

Бе Перо напиша:
eftimoskatb напиша:


Не да не знаат, туку МНОГУ не знаат. На катедрата по историја, се’ на се’ има двајца специјалисти за античка историја, Наде Проева и нејзиниот асистент.

Не знаев за ова. Сепак мислам дека може да се состави една тема во нашите учебници за античка Македонија, која ќе биде што пообјективна (непристрасна).
Друга работа е што денес, како што напишал погоре Синапса, се изродија многу квази-историчари со многу теории, кои само дополнително ги збунуваат луѓето и тоа во многу осетлив период, сега со спорот за името и идентитетот.

Не е ни чудно што после луѓето се делат на патриоти (романтичари) и европејци. Тоа е според мене, најглупавата можна поделба.
Пообјективна и непристрасна книга за античката историја на Македонија има веќе. Автор е проф.д-р Наде Проева „Историја на Аргеадите“, каде е обработена античката историја до смртта на Александар, секако со научен пристап кон фактите, и со анализа на постоечките историски (литературни, археолошки, географски и сл.) извори.
Во прва прилика кога ќе се видиме, ќе ти ја дадам ;)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/jelena_cvetkovik
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyСаб 17 Јан 2009, 11:52 pm

Jelena напиша:

Во прва прилика кога ќе се видиме, ќе ти ја дадам ;)
Прво, само мааалку вон темата: Мило ми е што те гледам (читам)! cheers

За книгата...важи, баш би сакал да прочитам. Ќе се договориме.

Инаку, во денешниот број на Вест, баш на истата тема свое мислење даваат неколку наши интелектуалци: Виолета Ачковска, Иван Катарџиев, Паско Кузман, Катица Ќулавкова, Милчо Манчевски.... Баш е интересно, прочитајте го ако имате можност. Милчо Манчевски има изјавено: „Зошто да се откажам од баба ми за да го славам дедо ми?“ И јас се согласувам. :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyНед 18 Јан 2009, 2:19 am

Бе Перо напиша:


Инаку, во денешниот број на Вест, баш на истата тема свое мислење даваат неколку наши интелектуалци: Виолета Ачковска, Иван Катарџиев, Паско Кузман, Катица Ќулавкова, Милчо Манчевски....
Еве ЛИНК
Е сега, така-малку подолг си е текстот. :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја EmptyПон 09 Фед 2009, 10:11 pm

Пред малку на Discovery Science збореа нешто за јадици за ловење риби, и на мое големо изненадување, ги спомнаа Македонците и нивната специфична јадица која тие ја усовршиле.

cheers
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Sponsored content





Македонска историја Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонска историја   Македонска историја Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонска историја
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: АРХИВА-
Отиди до: