ФОРУМОТ Е НАШ Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!! |
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“ |
| | На денешен ден | |
|
+15Morpheus SiNaPsA` Далила Green Power toise СтончиС Pancho Villa ivi Lidija Venco GokaGrozni Scarlett O'Hara Билјана Бе Перо eftimoskatb 19 posters | |
Автор | Порака |
---|
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Вто 17 Ное 2009, 9:28 pm | |
| 1984 - Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година). 1991 - Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност. | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Сре 18 Ное 2009, 7:30 pm | |
| 1874 - Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година. Книгата „За македонцките работи“ може да ја симнете ТУКА | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Чет 19 Ное 2009, 2:51 pm | |
| | |
| | | GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Сре 16 Дек 2009, 9:12 am | |
| 16 декември (МИА)
- Национален празник на Република Етиопија
1773.- Незадоволна од високите увозни царини и британската колонијална власт, група американски колонисти, во бостонското морско пристаниште ги исфрли сандаците полни со чај од еден британски брод. Тој случај, подоцна наречен „бостонска чајанка“, ја навести американската војна за независност започната во 1775 година. | |
| | | GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Вто 22 Дек 2009, 11:43 am | |
| 1902. - Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: "Бегалка", "Ленче Кумановче", "Чорбаџи Теодос", "Чест", "Кузман Капидан", "Син и татко", "Окрвавен камен", "Свадба" и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември 1995 година.
1908. - Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка "Бели мугри", која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен и нејасен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година. | |
| | | GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Саб 26 Дек 2009, 12:57 pm | |
| 26 декември
Од чудата на Пресвета Богородица
Јако икона богоматери истреби зараззителнују болезн из Рима
Чудо 43.
От рождество Христово лето 510 имало у Рим мор, на ден по две хилјади људиј умирале. Папа свјатиј Григориа заповедал да изнесат свјатаја икона Богородична што ја написал евангелист Лука. И ја носили и се молили Богу да престане таја мор. И како ходил владиката сос иконата и се молил на свјатаја Богородица да умоли Христа да престане тоја газеп, и видели сичките каде ходили сос свјатаја икона бегала болеста и се светлејало пред свјатаја икона како облак от голем ветар и оставало под небото чисто и светло. Колку исходили по сиот град и се помолили Богу, тогај видел свјатиј Григорија – еден ангел стојал на една кула и си брисал сабљата крвава и си ја турил у ножницата. Разумел свјатиј Григориа зашто сос молитва Богородичина престанала болеста што била љутост Божија. И от тогај до днеска не се вика таја кула Адријанова, ами архистратига Михаила. На това место направили црква в памјат, да се знае това чудо, и в слава Богу и Богородици. | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: На денешен ден Пон 22 Фед 2010, 2:25 am | |
| 1878 - Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14 април 1905 година. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: На денешен ден | |
| |
| | | | На денешен ден | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|