По Панама и Мексико, уставното име на Македонија ќе престане да го употребува и Демократска Република
Конго, пренесе вчера грчката државна новинска агенција АНА - МПА повикувајќи се на официјални извори во Атина. Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) оцени дека Грција провоцира и ја дезинформира грчката јавност.
Агенцијата АНА - МПА се повикува на заедничко соопштение на грчкиот заменик - министер за надворешни работи Георгиос Валинакис и шефот на дипломатијата на Конго, Буса Ниамвиси, потпишано на нивна заедничка средба на деновите на Франкофонијата одржани во Квебек, Канада.
Според соопштението, Конго ќе престане да го користи уставното име на Македонија во билатералната и во меѓународната комуникација и ќе се служи со името Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).
МНР соопшти дека ќе ја провери информацијата дека Конго ќе ѝ се обраќа на Македонија со привремената референца ПЈРМ.
„Имајќи ги предвид искуствата со Панама и Мексико, очекуваме и во случај да се докаже дека станува збор за уште еден „издишан балон“ на нашиот јужен сосед и обид да се изманипулира грчката јавност особено откако Чиле ја призна Македонија“, се вели во соопштението.
Според македонското МНР, Грција продолжува со провокаторска игра за дезинформација на сопствената јавност која на овој начин треба да се увери во „триумфалноста“ на грчката дипломатија.
„Атина не може да се помири со фактот дека 125 држави во светот го употребуваат нашето уставно име. Чувствувајќи потреба да се релативизира оваа вистина, грчките власти преку медиумите се обидуваат да прикажат некаков пресврт во меѓународната употреба на името Република Македонија, со што кај грчката јавност се создава дополнителна збунетост во перцепцијата на оваа најпопуларна надворешно - политичка мерка“, се вели во реакцијата на МНР.
Нова Македонија
- Цитат :
- Атина не може да се помири со фактот дека 125 држави во светот го употребуваат нашето уставно име
- Цитат :
- Со потписи од 128 земји ако не признаат ние можеме да побараме ревизија на првичната одлука
Значи и тој услов да го исполниме повторно ЧОРБА