ФОРУМОТ Е НАШ
Да одгледуваме калифорниски црви 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Да одгледуваме калифорниски црви 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Да одгледуваме калифорниски црви

Go down 
АвторПорака
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Да одгледуваме калифорниски црви Empty
20090126
ПишувањеДа одгледуваме калифорниски црви

Со оглед на тоа дека главен приоритет во светот е храната добиена по пат на органско производство, може да се каже дека одгледувањето на калифорниските црви има особен придонес, бидејки производите кои се добиваат притоа имаат голема примена во земјоделството (биохумусот) и во сточарството (протеинското брашно)

1. Хумусот како финален производ добиен со преработка на органските отпадоци
*Подобрување на плодноста на почвата
*Создавање готови асимилативи за растенијата
*Биомелиорациите на почвата
*Зголемување на биогеноста на почвата
*Зголемување на отпорноста на растенијата кон одредени заболувања
*Компензацијата на недостиг од органски материјали

2. Протеинското брашно добиено со обработка на самите црви
* внесување на есенцијални аминокиселини преку исхраната
* зголемена продуктивност

Ако се има ова предвид, тогаш е јасно, одгледувањето калифорниски црви многу брзо ке стане една профитабилна гранка во семејниот бизнис.
Но, да почнеме од почеток.

Уште во Стариот Египет црвите биле прогласени за заштитени животни, бидејки било забележано дека почвите кои ги поплавувала реката Нил биле поплодни зашто во себе содржеле повеќе црви. Освен тоа, филозофот Аристотел црвите ги нарекол „црева на почвата", бидејки почвата во текот на годината по неколку пати минувала низ цревниот тракт на црвите, со тоа станувајќи поплодна. Чарлс Дарвин во својата книга „Дождовните црви и почвата" објаснува како за една година, во еден метар квадратен црвите исфрлаат околу 4 кг високо квалитетен био-материјал.
Државниот универзитет во Калифорнија при крајот на `50-тите пристапува кон селектирање на група црви кои ќе бидат далеку попродуктивни. Резултат од долгогодишната селекција е хибридот „калифорниски црвен црв“, кој најбрзо ја користи органската материја и ја преобразува во протеинска маса, а патем како производ се добива и био-хумус.Од фармерското одгледување на овој вид црви имаат корист повеќе сегменти од нашето живеење, земјоделието, сточарството, како и екологијата.
Имено, за исхрана на овие животни се користи органски отпад од секаков вид: хартија и картон, отпадоци од прехранбената и дрвната индустрија, отпадоци од домаќинствата,отпадоци од парковите (трева,лисја...), шталско ѓубре, слама итн. Значи, сите органски отпадни материи кои можат да ферментираат. Воедно се воспоставува и идеален затворен еколошки круг.

Да одгледуваме калифорниски црви Zatvorenekoloskikrugkalvi5


Калифорниските црви можат да се одгледуваат во домашни и фармерски услови.
За дома, доволен е дрвен сандак со димензии 50 cm * 50 cm * 100 cm ( висина/ширина/должина ), кој мора да е со неколку отвори од 1 см од страна. Сандакот може и дополнително да е украсно обоен и декориран, сместен во дворот или на балконот, со некаква дополнителна намена (на пример, подлога за саксиско цвеќе). Еднаш до двапати во неделата се отвора и внатре се става органскиот отпад што ви останува од домаќинството, притоа водејки сметка за потребната влага.

Да одгледуваме калифорниски црви Wood_binДа одгледуваме калифорниски црви OutdoorbinДа одгледуваме калифорниски црви Stacking-worm-binДа одгледуваме калифорниски црви Cream%20hive
Да одгледуваме калифорниски црви Layout_14


Едноставно најдете пригодно место и импровизирајте.

Фармерското одгледување на калифорниските црви подразбира многу посериозен пристап, за што се потребни и дополнителни услови и алат. Обично се одгледуваат на отворено, на пошироко пространство (бавча, лозје или овоштарник), при што се прават легла со димензии 30 cm * 100 cm * 200 cm. ( висина/ширина/должина ). Соодветно се заштититува од долната страна, при што се става најлон и ситна жичена мрежа која ќе ги спречи животните кои живет под земја да влезат во леглото. Од горната страна, како покрив се става плетена трска, бидејки сончевите зраци бргу ја сушат содржината на леглото, а тоа воедно ќе ги спречи и птиците да прават штета. Еднаш неделно се нанесува слој од 5 cm храна и скоро секојдневно се попрскуваат со вода, за да се постигне посакуваната влага.

Да одгледуваме калифорниски црви 36Да одгледуваме калифорниски црви P4Да одгледуваме калифорниски црви Worm1Да одгледуваме калифорниски црви Ps14772b
Да одгледуваме калифорниски црви WormFarms01


Република Македонија всушност сега ги прави првите поголеми чекори во развојот на на оваа гранка, затоа не очекувајте субвенции.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Share this post on: reddit

Да одгледуваме калифорниски црви :: Comments

Anonymous
Re: Да одгледуваме калифорниски црви
Пишување Вто 27 Јан 2009, 2:12 am by ЗАГРИЖЕН
Многу добра и исцрпна презентација , претпоставувам дека се занимаваш со одгледивање на црви.
И ме интересира дали има пласман и дали е потребно многу работа и време .
Anonymous
Da odgleduvame kaliforniski crvi
Пишување Пон 09 Фед 2009, 11:05 pm by Zajko
Zdravo GG,
Edno(pa i povece)BRAVO za ovaa tema.Iako sum chul za kaliforniskite crvi ne sum znael nishto za odgleduvanjeto i za tehnologijata na istoto.
Navistina interesna tema(ubavo napishana i so ilustracii koi se prav pogodok)i za chitanje i za zapoznavanje.No temata i potiknuva na razmisluvanje za usvojuvanje na odgleduvanjeto na Kaliforniskite Crvi kako zanimanje so koe bi se obezbedila egzistencija ili samo dodaten prihod za mladite nevraboteni lude.Verojatno so ne tolku golema investicija,iznaodanje na pogoden prostor-mesto i educiranje za tehnologijata na odgleduvanjeto da se napravi obid (so seriozen pristap i barem poluprofesionalen ako ne povece)od mladiot chovek samiot toj na nekoj nachin da si "izmisli" rabota vo ovaa bezrabotica.
Znachi PROIZVODSTVO NA HRANA!!!....Ovaa tema za Kal. Crvi otvara povece frontovi za razmisluvanje i za prezemanje na akcija vo taa nasoka.
Narodski kazano hranata e sekojdnevana i bezuslovna potreba kaj chovekot.Nie mora da jademe SEKOJ DEN.No cipelite shto sum gi kupil pred 7 meseci se ushte gi nosam(ne kupuvam konduri sekoj den-duri ni sekoja kalendarska godina).Ili na primer mebelot sum go kupil 1993 god. i se ushte spijam na istiot krevet no pregeska jadev a utre pak i toa povece pati.
HRANA HRANA HRANA pa dali toa ke bide Odgleduvanje na Crvi Ili na Pcheli,mozebi i Noevi(a zoshto da ne?)no tuka (samoinicijativno ili ne) ima perspektiva za prezivuvanje pa duri i uspeshen biznis.No ova se samo primeri:ima mali milion moznosti(od onie najopshto prifatenite kako shto e stocharstvoto do avangardnite kako shto e puzaljstvoto=odgleduvanje na puzaljki).No dosega zboruvavme samo za zivotinjki a kade se pechurkite(gabite)koi se isto taka zatvoren ekoloshki krug kako crvite,pa kade e Malinata ili Kaliforniska Pastrmka,...
AJDE LUDE DA PROIZVEDUVAME HRANA!!!...Ne mozeme site da drzime chetkichka vo raka i da bideme slikari ili kompjuter pod raka i da bideme Informatichki tehnolozi i Programeri,...BRAVO ZA PROIZVODSTVO NA HRANA!!!
Zajko
marijana.p
Re: Да одгледуваме калифорниски црви
Пишување Нед 15 Јан 2012, 8:14 pm by marijana.p
Mnogu me interesira kako da dojdam do tie crvi? Sakam da gi odgleduvam so stalsko gubre imam nesto slusnato ama nekako ne razbrav. Znae li nekoj nekoja strana da se informiram okolu nabavkata cenata plasmanot sto kako. Blagodaram. Pozdrav Благодарам
dali ima uste odgleduvaci na kaliforniski crvi
ivica 793
Re: Да одгледуваме калифорниски црви
Пишување Саб 21 Дек 2013, 10:25 pm by ivica 793
da se uste ima i toa ugolem broj
kako da se sobereme i da napravime zdruzenie
 јуху-јуху-јее 
 

Да одгледуваме калифорниски црви

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: