Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Вчера ова најавуваното невреме добро го зафати и Штип. Скоро саат и пол врнеше интензивно, има неколку дрвја искорнати по градот, однесени патишта, паднати зидови и многу-многу наноси од земја во центарот. Неколку часа без струја, интернет и то.
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Невремево иако беше највено пак не начека неспремни. Улиците низ Скопје беа како реки (со кајче слободно можеше да се плови) и се случија многу сообраќајки.
Еве на мене што ми се имЕт десено. Прво на една кривина поради слабата видливост (од ненормалниот тропски дожд) малку покасно ја приметив една кола и после ми се клизнаа сандалите (мокри нАли) од папучата за кочница и после се слушна едно БАМ, се деси судаар. Не се чукнав многу (само браниците) ама доволно за стрес. После навлегов во една подлабока вода и колата (се извинувам Југото ) изгаси. Па морав да се зашлапам некои 20 см. во вода за да ја отворам разводната капа да ја избришам, за да можам да продолжам. Оние со бесните џипови си шибаат и воопшто не ги интересира дали ќе те испрскаат односно ќе те напраат лом, па дури и смешно им е. И така “интерсно“ си поминав за време на невремето. Апелирам до владата да подготви закон и да се изгласа во парламентот во Македонија да нема вакви невремиња се додека не се подобрат условите по улиците.
Ги видовте во кина како се спремни, милион луѓе (пола македонија) евакуираа превентивно за еден ден.
ПС. Да ве потсетам Глигорче рече дека вечер „Ќе има дожд ама нема да има врнежи, бидејќи дождот ќе биде од метеори“ (колку е само поетичен нашиот Глигорче.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31