ФОРУМОТ Е НАШ
И МПЦ се дистанцира од Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
И МПЦ се дистанцира од Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 И МПЦ се дистанцира од Груевски

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

И МПЦ се дистанцира од Груевски Empty
ПишувањеПредмет: И МПЦ се дистанцира од Груевски   И МПЦ се дистанцира од Груевски EmptyВто 12 Мај 2015, 2:21 am

И МПЦ се дистанцира од Груевски

А)
Од небото над епархијата

29 Апр 2015

Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.

Велигден е зад нас.

Богослужев во Виена, на убавиот син Дунав. Виена ме виде, ама јас неа не ја видов. Не беше време за шетање.

Но, видов МНОГУ НАШ НАРОД на празникот. Многу стари познаници и сотрудници на нивата Господова, но и мноштво на НОВОДОЈДЕНЦИ од разни краеви на Македонија.

Првпат сум за Велигден тука. Домаќиниве велат, ова е рекордна посета за овој празник. А штом е за овој празник кој е најпосетен, сигурно е и рекордна посетата на црквата воопшто. Правевме некои наши анализи, демек се погодило времето, моето присуство, добрата организација, работата на новиот одбор...

Како и да е, мина празникот, а ние Му благодаревме на Бога за постигнатите резултати.

Веќе следниот ден бев по патот со облаците кон Македонија. Го искористив патувањето да се јавам кај сите мои свештеници низ епархијата и да им кажам дека Христос воскресна. Сите од еден до последен беа радосни што убаво ги минале празниците. Сите се пофалија со рекордна посетеност. Викаат и убаво време, ама и многу непознати имало. Луѓе кои првпат ги гледаат, дојдени последниве година две. И тоа се млади луѓе. Од возачи до доктори, од ѕидари до програмери... Сe чув и со одборниците од општините каде што немаме стални свештеници. Истата ситуација.

Рекорд, многу нови нашинци.

Неколку дена пред Велигден служев и во Љубљана. Освен што и самиот видов МНОГУ НОВИ И МЛАДИ ЛИЦА , одборниците ме информираа дека секоја недела без промашување има барем по една мала молитва, односно дека секоја недела се раѓа по едно Mакедонче таму. Дупло повеќе новородени имаме во Италија, т.е во Неиве и во Пјаченца, што би му дошло 250 - 300 ДЕЦА ГОДИШНО само во овие три општини.

Не знам дали овие деца влегуваат во оној просек на НАМАЛЕН НАТАЛИТЕТ во Македонија за кој еден мој познаник постојано ми алармира преку пораки со прецизна годишна статистика. Негов став е дека земјата и условите во неа се повеќе од одлични, но не сакаат младиве ништо да направат за својата држава. Не сакаат ни барем по три деца да ѝ подарат. Не сака да се согласи со мене дека ПОСТРАШНА ни е емиграцијата отколку наталитетот.

Стигнав во Македонија.

Ме израдуваа Швеѓаните поствелигденски со веста дека ми е одобрена работната виза. Треба само да се фотографирам во амбасада и да чекам уште некоја недела. Отидов. Си почекав скоро саат време бидејќи имаше многу семејства кои чекаа интервју за добивање виза. Воглавно Албанци од Косово. И велат секој ден е таква турканица.

Бугарите и понатаму издаваат пасоши за нашинци. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое ПРЕДАВАЊЕ за начинот на кој НАЈБРЗО може да се дојде до пасапорта.

Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Додуша дамбетер е и со правите Бугари. Ги среќавам и нив гетоизирани низ многу градови на Европа. Ги среќавам и по границиве, по аеродромите. Романците распослани низ секој плоштад со армониките, а помладите околу секоја маса од баровите каде што се пие кафе, како просат за некој цент, за некое евро.

Денес патувам за Париз.

Пишувам во авионот на Визер кој е 90% полн со патници. Полни се и сите други летови на Визер од Македонија. Нема врска која дестинација и која сезона е. Авганистан и Дубаи се исклучок. Таму не се оди ИСЕЛЕНИЧКИ, таму се оди ПЕЧАЛБАРСКИ .

Вчера имаше вест за удавени Африканци во обид да допловат до Европско тло. Не е ни прв ни последен пат, за жал.

И, се прашувам каде ни е онаа еуфорија кога рушевме системи на истоков од Европа, каде е онаа пролетна еуфорија на Арапите, каде ни е радоста што ја имавме кога прогласувавме слобода, кога прогласувавме нови и нови држави, кога се колневме дека живот даваме ама ни педа на комшиите не даваме?

Ништо од тоа НЕ ОСТАНАЛО , за жал. Остана само желбата да се преживее па не е ни битно каде.
Остана и желбата што побргу да заминеме негде во потрага по парче леб, а подоцна и некоја пристојна кола со која ќе се враќаме секое лето за да покажеме дека сепак не сме се одродиле.

Остана само јаВната администрација и јаДниот Балкан.

О.Пимен

http://off.net.mk/bavchi/pimen/od-neboto-nad-eparhijata


Б)
Интересно е дека истава колумна од офнет ја превзема и премин портал на МПЦ

Вака:

Колумна

О.Пимен - Од небото над епархијата

итн
итн
се е исто
Остана само јаВната администрација и јаДниот Балкан.

О.Пимен

Извор:http://off.net.mk/bavchi/pimen/od-neboto-nad-eparhijata

http://preminportal.mk/duhovnost-2/kolumna/16225-o-pimen-od-neboto-nad-eparhijata

И
И во последно време Грујо непоканет за Велигден бега таму негде во Дојран
Па потоа делегација на СДСМ положува цвеќе оддава почит признание на Гоце во црква СВ Спас а Грујо нигде го нема - непоканет.

Очигледно е дека МПЦ се повеќе се дистанцира од Грујо ајдук војвода и неговото злосторничко здружение -ДПМНЕ.

Прашањето е дали нее предоцна оти Грујо е сепак чедо на МПЦ која на сите изборни манипулации демек избори отворено пропагираше за Грујо ајдук војвода .

Инаку точна е констатацијата на Пимен дека во Македонија останува само Администрацијата . И пензионерите .
Во друга тема ( Гревски заговара граѓанска војна ) кажав дека администрација во Македонија со плата од 22 – 25 000 денари месечно пак и некако се исплати но другите Грујо ајдук вијвода ги продава како робови за 9000 денарчиња месечно па затоа МОРА да бегаат во странство – биолошки неможат да опстанат тука дури и да работат како робови за тие 150 евра месечно .
Испаѓа дека Админстрацијата со нејзината работа (која не нее профитабилна ) ќе го полни фондот за пензионерите . ??????? Хахааа глупости невидени .
Ама ете некој шупци у последно време ми дофрлаат дека небило така .(а не кажуваат па како би било според нив )
Ај понатаму ќе им доставам и други податоци за лагите на Грујо ајдук војвода дека со некаков откуп на стаж сега можело во пензија да отидат тие 200 000 луѓе .

Колку се сеќавам Пимен и беше против Агатангел кој учествуваше во демолирањето на општина Центар заедно со хулиганите од злосторничкото здружение на Грујо ајдук војвода .
Само што викаше Шаулич во една песна ....” једна ласта не чини пролече ......”
Вратете се на почетокот Go down
 
И МПЦ се дистанцира од Груевски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: