ФОРУМОТ Е НАШ
Успесите на економистот Никола Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Успесите на економистот Никола Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Успесите на економистот Никола Груевски

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Успесите на економистот Никола Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Успесите на економистот Никола Груевски   Успесите на економистот Никола Груевски EmptyЧет 24 Апр 2014, 2:59 am

Успесите на економистот Никола Груевски

Не само што Груевски е транзициски профитер и криминалец со најдолг стаж во Макеоднија туку дај малку да разгледаме и какви се економските успеси на економистот Никола Груевски

1)
Да се потсетиме дека најголемата слава како економист Груевски ја доби во времето на владеењето на ДПМНЕ на Владата на Љубчо Георгиевски .
И тоа до ден денес многу луѓе си го имаат запаметено како така .
Е јас сега тука ќе ги потсетам на една работа .
На оваа :
Зошто во времето на Љубчо –Груевски економијата толку брзо почна да закрепнува после катастрофалната приватизација на СДСМ .
Дали тоа навистина беше поради некакви способности на економистот Никола Груевски?
Одговорот е НЕ !
НЕ затоа што кога Љубчо го постави Груевски како министер за економија воедно истиот Љубчо Георгиевски ЈАВНО му забрани на Никола Груевски да се занимава со економија .
Хааа хахах смешно но вистиното .
Навистиа беше така .
Љубчо во тоа време на сите прес конференции и интрвјуа јавно кажуваше дека стопанството / бизнисмените мора да се остави намира да си функционира само од се*е .Притоа во секоја можна прилика забранувајќи фирмите и бизнисмените да бидат напаѓани ,со контроли , инспекции рекетари ,од управа за јавни приходи , партиски лајна итн .Љубчо кажуваше дека инспекции и полиција може да влезе во фирмите само ако има навистина сериозни индиции за голем криминал .И притоа јавно ги покануваше новинарите да пишуваат ако негде имаат информации за такви работи .
Новинарството беше слободно .
И точно стопанството само од се*е многу бргу почна да закрепнува.
Се отвараа нови фирми , имаше повеќе работа и се зголемија и платите .
Но за ништо од сето тоа никаква заслуга нема Никола Груевски .
Тогаш кога стопанството и цела економија закрепнуваше економистот Никола Груевски имаше ЗАБРАНА да се занимава со економија .
Баш токму заради тоа што економистот Никола Груевски имаше забрана да се занимава со економија токму тоа и беше причината што економијата сама од се*е толку бргу почна да се опоравува ..
Ете од 2006 година економистот Груевски почна да се занимава со економија и денес во Македонија економија стопанство и бизнис практично и да не постои . Човеков е жива катастрофа .Ќускија за економија .Единсствени квалитети му се крадење и лажење ништо друго .Тиквар невиден .
Пс .
Абе и мене Љубчо да ме ставеше за министер за економија а воедно ида ми забранеше да се занимавам со економија и јас денес ќе раскажував прикаски дека економијата ВО МОЕ ВРЕМЕ била најдобра иако појма немам од економија .Стопанството се опоравуваше само од се*е според пазарната логика без потреба од мешење .Така во такви услови и јас во улога на Тапа Џонсон ќе бев не добар туку ептен добар економист . Јас дури би бил и многу подобар економист од Груесвки тоа сигурно . Просто јас знам дека незнам и нема да направам штета .Ама најопасни се дудуците како Груевски “ чул недочул разбрал недоразбрал “ мислат дека нешто знаат а уствари тешки ќускии .И кога ваков ќускија ќе направи штета после 100 паметни неможат да ја исправат работата .

2)

Е сега 2006 – 2014 одкога економистот Груевски е на власт каква економија има Македонија .
Одговор : Невозможна – неодржлива –Самоуништувачка ако може воопшто да се нарече економија

Еве ваква :

Цената на изборите

Биљана Здравковска Стојчевска

Теоретски не е можно земја со недоволно конк*рентна и увозно ориентирана
економија, која упорно троши повеќе отколку што произведува и ги одлага
вистинските структурни реформи, на долг рок да има стабилна валута,
стабилни цени и ниски даноци.

Како е можно пензиите да се зголемат за 62%, а платите за 30%, а социјалната
помош за 47% во период кога економијата раснела со стапки од 2% до 3%
годишно. Од 2006 до 2013 година македонската економија имала кумулативен
раст од 20%, односно растела со просечна годишна стапка од 2,9%. A продуктивноста на економијата во истиот период била просечно 0,4% годишно.
Од каде тогаш се обезбедиле парите за пензионерите и буџетарите да имаат
повисоки пензии и плати?
Очигледно Македонија полека, но сигурно станува ЕКОНОМИЈА КОЈА СЕ ЈАДЕ САМАТА СЕБЕСИ. Економија која троши повеќе отколку што создава.

http://kapital.mk/MK/komentari/97892/cenata_na_izborite


3)
Економистот Груевски се фали дека благодарение на неговите способности како економист ете Македонија цела среќа не ги почуствувала последиците од Светската економска криза.од 2008 година .

Е ајде да видиме колку тоа Македонија не ги почуствувала последиците од светската криза и тоа благодарение на способностите на економистот Груевски .

А)
Зошто Груевски несака да спроведе попис колку Македонци има во Македонија .
Да нее поради тоа што недостсуваат половина милијон .
Абе 500 000 луѓе тоа е геноцид незапаметен дека се случил било кога за цели 500 години Турско владеење со македонија .

И ќускијата Груесвски ли ќе раскажува дека некого спасил .
Па така секој знае да биде добар економист .
Нека си отидат сите луѓе и ќе имаш најдобра економија .Ама нема луѓе е ако де битно имаш добар економист .Хахахах абе има ли крај на улавштиите на Груевски .

Б)

И ова ли е избегнување на криза благодарение на економистот Груесвки

Белата чума ја јаде Пелагонија и цела источна Македонија

И во сите тие општини е доминантно населението од македонска етничка припадност.
Трендот покажува дека населението старее со брзина на светлината во малите општини и во помалите градови во источна Македонија. Во Берово смртноста е за над 240 отсто повисока од бројот на новородените, во Зрновци е над 270 отсто, во Пехчево е 125 отсто.
На црната листа се и малите општини со доминантно етничко македонско население во западна Македонија. Апсолутен рекордер е Дебарца, каде што смртноста е за 370 отсто повисока од бројот на новороденчињата. Во Демир Хисар и во Крушево е 340 отсто, во Другово 300 отсто, во битолско Новаци е330 отсто, во Македонски Брод е 310 отсто.
Статистиката покажува дека белата чума сериозно го загрозува и градското население. Негативниот прираст гледано во апсолутни бројки е најсилно изразен во големите македонски градови на југозападна Македонија, а апсолутен рекордер е Битола. Таму во првиот квартал годинава бројот на умрените е за 176 лица поголем од бројот на новородените, кој изнесува 204 бебиња. Прилеп е на второто место на „црната листа“ со 90 умрени повеќе од бројот на новородените. Во Скопје најбрзо старее скопската оппштина Карпош, каде што бројот на умрените е за60 лица повисок од бројот на родените бебиња.
На оваа листа е и Кочани, некогаш најпреспективниот град во источна Македонија, каде што бројот на умрените е за 57 лица поголем од бројот на новородените. Во најзагрозените пет општини е и скопската населба Кисела Вода, со негативен прираст од 52 лица.


http://www.mkd.mk/33593/makedonija/bela-cuma-pelagonija-istocna-makedonija


В)
Или ова е избегнување на светската економска криза благодарение на економистот Груевски .

Секое ПЕТТО македонско БЕБЕ се раѓа ВО СТРАНСТВО : За една година во странство се родени 4.300 македонски дечиња.

март 24, 2014

Секое петто македонско бе*е се раѓа во странство, објави денеска штипската телевизија Тв Стар. Во изминатите пет години, бројот на деца родени од македонски државјани, но надвор од границите на Македонија е зголемен речиси тројно. На државно ниво само за една година во странство се родени 4.300 македонски дечиња.
Податоците покажуваат дека најголем број од децата родени во странство, а се регистрирани во матичните книги кај нас има во Италија 1.400, во Швајцарија 1.395, во Германија а Австрија околу 300, по што следуваат Словенија, белгија, Данска и Хрватска. На ниво на регион , пресметките говорат дека околу 400 дечиња наместо во општините од Истокот се родени во градовите од западна Европа.
Меѓу нив, најголем е бројот на дечиња од Кочанско – Виничкиот крај каде речиси и да нема куќа без некој во странство. Речиси идентична состојбата е и со Пијанечко – Малешевскиот крај, каде во иселувањето предничат македонска Каменица и Делчево.
Според граѓаните причина за ова е лошата економска состојба, која наместо дома младите ги праќа, деца раѓаат во странство.
Логиката на граѓаните, ја потврдуваат и демографите. Според нив главната причина за иселувањето на младите лежи во проблемите со невработеноста, социјалната и економска состојба во државата.
Инаку, според Еуростат од 1998 до 2011 година од Македонија се иселиле 230.000 граѓани со регулиран престој во странство, односно 10 % од вкупното население. Сепак, бројката веројатно е многу поголема, зашто покрај регистрираните има и многу кои заминале на црно.
http://brif.mk/?p=140342

4)

А тоа дека Груесвки како тразнзициски уништувач има уништено повеќе фирми отколку во времето на СДСМ веќе секому е јасно . Од понов датум гигантот Охис потоа ФАС 11 Октомври иако приватен ама нарачува поскапи автобуси од Кина па ги уништува и тие што можат да работат добро ..
Но .
Тука се заборава и една друга работа .
А тоа е :
Колку НОВИ фабрики Груевски со крадњето спречил да се отворат а со тоа ЛИЧНО има учество во исeлувањето на младите и општо на сите граѓани на Македонија .
За ова зборам :
1998 година кога ДПМНЕ дојде на власт беа во коалиција на Демократска Алтернатива на Тупурковски каде член бил и Груевски .
ДА според тогашните фалби на Тупурковски платила странски експерти да и изработат економска програма . Познатата Милијарда долари на Тупурко .
Реално таа програма не се раализираше освен делумно – спортските сали со кој до денес се фали Груевски но кој се градеа од буџетот .Тука битна е друга работа .
Дека :
Во таа една милијарда долари имаше план за отварање на (колку ме држи сеќавање ) 100 мали фабричиња низ цела Македонија .
Е тоа е реално бидејќи имаа цени превземни од проиводители на опрема колку би чинеле тие фабрки .
Од друга страна :
Од 2006 година кога економистот Груесвки дојде на власт Буџетот наРМ е зголемен за две Милијарди ама ЕВРА .
Доларот = 40 денари
Евро = 60 денари .

Е ?
Колку НОВИ фабрики има украдено Груевски и со тоа колку тој и неговата криминална банда ЛИЧНО учествувал во иселувањето на Македонците од Македонија .

И истиот овој дебил Груевски се шета низ светот ги нуди македонците како евтина –бесплатна работна сила како наголем адут зошто странците би вложувале во Македонија .

Сума Сумарум :
Ќускијата Груевски нема везе со никаква економија .
Освен улавштии , глупости криминал ништо друго незнае .
Вратете се на почетокот Go down
 
Успесите на економистот Никола Груевски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС-
Отиди до: