ФОРУМОТ Е НАШ
Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “ Empty
ПишувањеПредмет: Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “   Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “ EmptyСаб 11 Јан 2014, 4:28 am

Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “

Датум: 03.01.2014, ЗА KОНТИНУИТЕТОТ И ЗА ДИСKОНТИНУИТЕТОТ

УСПЕСИТЕ (НЕ) СЕ ЗАЕДНИЧКИ
Владо БУЧКОВСКИ

Празнувањето на новогодишните празници вообичаено налага пишување теми кои се полесни за читање. Сепак, во оваа пригода ќе отстапам од непишаните правила и ќе пишувам за континуитетот во функционирањето на државата. Повод за ваквиот мој пристап е предновогодишното интервју на премиерот Груевски со новинарот
Горан Петрески на МРТВ. Во исклучително долгото интервју забележав тенденција кај премиерот да ги промовира и да ги потенцира своите успешни политики, но и да ги минимизира претходно остварените резултати на Владата, која јас ја предводев од декември 2004 до јули 2006

Досега повеќепати сум пишувал за достигнувањата што ги оствари мојата влада во делот на нашето приближување кон НАТО и кон ЕУ. Преовладувачко е мислењето дека во тој период Македонија беше лидер во регионот, беше на чекор до влезот во НАТО заедно со Хрватска и со Албанија и на два чекора од отпочнување на
преговорите за полноправно членство во ЕУ. Убеден сум дека ако на 5 јули 2006 не дојдеше до промена на владата, Македонија во 2008 во Бук*решт ќе добиеше покана за полноправно членство во НАТО, а заедно со Хрватска ќе продолжевме да грабиме кон ЕУ со реални шанси да влеземе заедно! И уште нешто, сигурен сум дека влезот во НАТО немаше да биде условен со изнаоѓање заедничко прифатливо решение со Грција за разликите за нашето уставно име. Ценам дека во делот на евро-атлантските интеграции мојата влада остави голем капитал,кој, за жал, мојот наследник Груевски и неговата Влада не го искористи. Мојата влада остави голем капитал и во делот на визната либерализација на нашите граѓани за патување во земјите-членки на ЕУ, освен Велика Британија. Да потсетам, затоа што има тенденција да се минимизираат големите реформски проекти што ние ги
спроведовме.
Што ние направивме? Kако прво, ја демилитаризиравме границата, со тоа што обезбедувањето на границата премина од рацете на армијата во новоформираната гранична полиција. Второ, спроведовме постапка за набавка на биометриски патни исправи и го потпишавме договорот со најдобриот понудувач (во мај 2006 со
првиот биометриски specimen-пасош се сликаше тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго). Трето, потпишавме договори за реадмисија со речиси сите членки на Унијата. И четврто, создадовме систем на интегрирано гранично управување обединувајќи ги сите институции што го контролираат
протокот на лица и стоки. Kако резултат на сето ова, дополнително и напорите што ги вложи и новата Влада во дозаокружување на овие проекти, за време на мандатот на премиерот Груевски, во 2008 почна дијалогот за либерализација на визниот режим за граѓаните на РМ, а од 19 декември 2009 г. нашите граѓани патуваат во
Европа без визи, ја добивме визната либерализација!
Сепак, најмногу обиди за минимизирање на достигнувањата на мојата влада има во делот на економијата и во привлекувањето на странските инвестиции. Kако вовед во поентата, ќе го цитирам премиерот Груевски, кој рече дека од моментот на стапување во контакт со потенцијалниот странски инвеститор до отпочнувањето на
реализацијата минуваат минимум две, а вообичаено и до четири години. Ќе се сложам со оваа констатација на премиерот. На пример, од мојата средба со првиот човек на „Џонсон контролс“, Џон Бард, во октомври 2005 (да потсетам, по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, јас заминав во седиштето на „Џонсон контролс“во Плимут, во близина на Детроит), до реализацијата (поставување на камен-темелникот во Бунарџик), минаа 2 години. Најголема заслуга за влезот на оваа светски позната компанија има мојата влада, плус Ристо Гуштеров.
Меморандумот за разбирање и пред договорот го потпишавме во Скопје во мај 2006 г. Мојата влада за да биде подобра од најголемиот европски конк*рент Полска (Гдањск) за инвестицијата на „Џонсон контролс“ максимално ги искористи одредбите на Законот за државната помош за да биде поатрактивна! Оваа инвестиција успешно се реализира во мандатот на Груевски, кој успеа да ги реализира претходно преземените обврски и во Бунарџик да ја подготви неопходната инфраструктура за инвестицијата на американскиот гигант. Се сеќава, веројатно, премиерот Груевски дека при ставањето на камен-темелникот на „Џонсон контролс“ во Бунарџик, по инсистирање на господинот Бард, и јас се фатив за лопата. Освен овој гигант, за време на мојата влада во Македонија влезе и уште еден гигант, рускиот „Лукоил“. Жалам што не успеав (ме) да го донесеме банкарскиот бренд ИНГ, што не успеавме канадските пошти да влезат во
„Македонска пошта“, што пропаднаа преговорите за преземање на ЕМО од Охрид од страна на германскиот „Сименс“... Сепак, благодарение на активностите на мојата влада и успешно продолжените активности на Владата на Груевски во Македонија се присутни реномирани инвеститори како „Сосиете женерал“ (Охридска банка), Австрискиот телеком (ВИП), „Триглав осигурување“ („Вардар осигурување“), „Соравија“, „Винер осигурување“, „Хипо алпе адрија“, инвеститори кои ги финализираа своите инвестиции во првите две години од владеењето на мојот наследник Груевски.
Во овој период на Владата на Груевски завршија две државни капитални инвестиции и една приватна капитална инвестиција (започнати претходно) со вкупна вредност од речиси половина милијарда евра. Тоа се хидроелектраната „Св. Петка“, која започна да се гради во периодот кога јас бев премиер во 2006 (договорот беше потпишан со словенечки „Рико“) и обиколницата околу Скопје (првата фаза на изградбата со „Гранит“ започна во времето кога Црвенковски беше премиер во 2003 и втората за време на мојата влада кога грчка „Терна“ ја почна изградбата на втората фаза) и третата голема капитална инвестиција е приватна (доминантно руска инвестиција) во гасната електрана ТЕ-ТО во Скопје.
И на крајот, што ми беше поентата? Да потсетам дека функционирањето на државата и на Владата не почнуваат и не завршуваат со еден премиер или еден владин состав и многупати успесите не се заслуга само на актуелните
премиер и влада. А според нашето поимање на политиката, за неуспесите е секогаш виновен претходникот или претходниците.
П.С. На сите православни христијани им ги честитам Бадник и Божик, им посакувам многу среќа, здравје и
топлина во домот


http://dnevnik.mk/?ItemID=239E7BF1802D7B4A91289C4BC124D1B7
Вратете се на почетокот Go down
 
Бучко до Грујо “ Баци дај намали малце со л”жгите бе “
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: