Малодушните луѓе шират само песимизам, и не се баш некое друштво.
Но, генерално гледано, тоа ни е, ми се чини, балканска карактеристика. Се` некако ние не веруваме во себе и во своите можности,
се омаловажуваме самите себеси, губиме надеж, ги гледаме само проблемите, плукаме кон се` што не чини, мрчиме...
Донекаде е тоа разбирливо со оглед на економската ситуација на овие простори, невработеноста и ред други фактори, но не е секогаш се така црно.
Кога ќе се соочиме со проблем, треба да бараме решение, кога ќе биде тешко, да стиснеме заби и да продолжиме и да имаме малку попозитивен пристап
кон работите. Кукањето не е од никаква корист.