Скопскиот фестивал си е одраз на ситуацијата на македонската естрада,многу убаво си отсликува какви пеачи се форсираат,колку не бива во организација,колку никој не знае да поднесе пораз,колку валкано се игра,но сите што учествуваа знаат во што се впуштаат(освен можеби новите ),кога веќе ги прифатиле тие правила на игра,што се бунат откако нема да победат,тоа ме нервира :roll:
Калиопи и Наум беа грди за гледање,Наум одлично пееше,ама бучавата што ја правеше аранжманот(тие тапаните)го покриваа впечатокот,сакаа да звучат етно-џезерски,а направија каша-попара.Рок агресори можеа и подобро...не ги слушнав сите песни,па не можам да коментирам за сите...тој еден Даниел,мислам дебитант(од Масевски песна пееше)тој одлично се снајде и во пеење и во однесување на сцена...
А победнициве мене ми се допаѓаат,добро изгледаат,млади се,девојчињата ги сакаат,дечкото што пее одлично испеа во живо,што повеќе да бараме за една евровизија?