Конечно заврши шпанската сапуница!
Деновиве се изнагледав и изначитав извештаи и натписи од повеќе спортски новинари, било да е на ТВ или во весник. Дур ги гледав и читав, просто човек серка да го фати.
1. Се интересираа за тоа дали премиерот ќе добие благодарница за новата северна трибина, како он од негови пари да ја градел, а сите знаеме дека е градена од државни пари, т.е. од парите (даноците) на сите граѓани на Македонија.
2. Кога бидна инцидентот со Седлоски на тренингот сите прашуваа дали и каква казна ќе добие Седлоски, а забораваат дека на тренингот пред очите на селекторот се играло серва во ПАРИ, што логично би било да има дисциплински мерки (казни) за сите што играле во ПАРИ и за селекторот кој што го води тренингот. Не може да биде изговор дека селекторот не видел што се случува, сигурно не пружал алишта во тоа време
3. Преносот на ТВ беше УЖАС, фудбалерите ко пингвини изгледаа, не го покажаа ниту огнометот, ниту кореографијата.
4. Не видов ниту едно интервју со раководството на ФФМ за да ги прашаат за пародијата со билетите.
.....
За ФФМ, после неколку скандали во серија, а капак беше со билетите и со комплетниот промашај во организација на еден јубилеј, треба да си даде цело раководство оставка и повеќе да не се занимава со фудбал!
Шаќири МОРАШЕ да го облече дресот и да биде испратен како фудбалер, а не во фармерки како од кафана да го испраќаат. Инаку, секоја чест за Комити за нивниот гест!
Се` на се` ова требаше да биде ЈУБИЛЕЈ за прослава на 100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА, а шлагот да биде гостувањето на актуелниот европски шампион и пуштањето во „употреба“ на новата северна трибина.
П.С. Знам дека звучам премногу песимистички, ама ме јадеше „јанза“ деновиве од целава ситуација...
П.П.С. Прашање за милион долари? Дали во претходните денови некаде видовте/прочитавте (освен во Нова Македонија и на МТВ 1 30 минути пред натпреварот) тв документарци, извештаи, интервјуа со фудбалски легенди/работници и т.н. кои што ги заслужија своите 5 минути по повод јубилејот?!?