Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Досие: СКОПЈЕ Саб 17 Јан 2009, 3:16 am
Тема за се’ што го засега градот: неговиот дух, архитектура, проблеми на живеењето, неговите убавини, а и грдотии. Тема и за некои интересни скопски личности кои го одбележале своето време. Тема и за вашите впечатоци за градот: некои од нас во него се родиле и живеат, некои го посетуваат често од различни причини.
Тема и за многу „скопски писатели“, т.е. оние кои пишувале за градот. Деновиве интензивно го читам Влада Урошевиќ, стар скопјанец и еден од авторите кои често го третираат Скопје во своите есеи и раскази. Тој прекрасно пишува за старото Дебар маало во кое е роден, маалото кое го имаше најубавиот градски дух пред да го уништат архитектонските чудовишта што денес се градат во него.
Најпосле, оваа тема нека биде поттик и за другите форумџии да отворат теми за своите градови, бидејќи не’ има од различни места.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Саб 17 Јан 2009, 3:21 am
Еј браво за темава! И насловот е супер, од дефинитивно најдобриот серијал за Скопје.
Пред некоја година во еден од тие додатоците во дневните весници, познати личности кажуваа зошто го сакаат Скопје. Еден (не ми текнува точно кој), рече:
„Скопје го сакам како што мајката си го сака своето хендикепирано дете.“
И јас истото го мислам. Знаеш дека нешто му фали, ама твое е, и го сакаш најмногу. Овде имам многу што да пишувам, едно време на Тупалка ве удавив со критики кон Скопје, ако ви текнува. :lol: :lol:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Саб 17 Јан 2009, 3:25 am
Бе Перо напиша:
Еј браво за темава! И насловот е супер, од дефинитивно најдобриот серијал за Скопје.
Пред некоја година во еден од тие додатоците во дневните весници, познати личности кажуваа зошто го сакаат Скопје. Еден (не ми текнува точно кој), рече:
„Скопје го сакам како што мајката си го сака своето хендикепирано дете.“
И јас истото го мислам. Знаеш дека нешто му фали, ама твое е, и го сакаш најмногу. Овде имам многу што да пишувам, едно време на Тупалка ве удавив со критики кон Скопје, ако ви текнува. :lol: :lol:
Инаку, на темава ми текна кога правевме муабет за автобусите на ЈСП :D
Околу серијалот, ако сакаш да го имаш - ги постираат епизодите на он.нет, мислам дека се скоро сите ставени.
А за мислата на анонимниот автор - не би можела повеќе да се согласам! Го сакаме Скопје, ама сите знаеме колку не го бива :roll: :D
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Саб 17 Јан 2009, 4:47 pm
Цитат :
Инаку, на темава ми текна кога правевме муабет за автобусите на ЈСП
Прво кратко да кажам околу автобусите. Предходно погрешно беше обвинет Трипчо за тоа дека не се договори со САНОС. Тој се договори ама чичко Г'уевски (или Ставревски сеедно) не му дозволија да се реализира договорот. И после владата излезе со предлогот околу двокатните автобуси. Немој да ме раберете погрешно не мислам дека Трипчо беше добар градоначалник ама за автобусиве неговиот предлог беше подобар според мене. Како и да е, кој и да е крив не е важно бидејќи ние и понатака сме со скапан градски превоз. Новиот градоначалник ако е по “мерка“ можеби и ќе добие дозвола да го реши тој проблем. Не знам дали сте имале можност да слушате муабети во старите маалски берберници. Е во тие берберници порано од постарите муштерии (се стари Скопјани) не можеше да се слушне друг муабет освен за ГОЛУБИ и за локалниот ФУДБАЛСКИ клуб. Додека чекав да дојдам на ред за шишање и слушајќи ги муабетиве се прашував дали сите стари Скопјани биле голубари. Најстарата локална берберница кај мене се вика „Маџари - Солидарност“ (според локалниот фудбалски клуб) и сите го знаат мајстор Гане. Во таа берберница се шишаше и покојниот претседател Борис Трајковски. Јас таму се шишам од кога паметам за мене (од прво одделение) и муабетите верувале или не се истите сеуште, за фудбалот и голубите. Лекот ми е да се исклучам (додека чекам) а кога ќе дојдам на ред нема бегање од задолжителните прашања: како е татко ти... кај е брат ти... има ли некоја наместена (во поново време) и така секој месец. Муабетот ми беше дека Скопје се менува ама и не се менува. Со поделбата на Скопје по помали општини се створија изолирани средини кои функционираат исто со децении. Со парцијано развивање и градење во Скопје се доведе во прашање и опстанокот на градот како препознатлива единка. Се направи од поделба по маала малку поширока поделба на цели делови од градот каде не важат истите правила, односно во некои делови од Скопје и нема правила.
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 19 Јан 2009, 6:43 pm
Озбилно, што мислиш за тоа, ти вака од професионален аспект?
Јас не сум ги видела, ама не ни знаев дека се спремаат, па малку неспремна ме затекнаа
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 19 Јан 2009, 9:41 pm
Да си ја поправам претходната информација за скулптурите низ градот...Ќе бидат 40 од 30 автори,избрани се на претходно распишан конкурс,прочитајте овде
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 19 Јан 2009, 9:51 pm
Озбилно, што мислиш за тоа, ти вака од професионален аспект?
Јас не сум ги видела, ама не ни знаев дека се спремаат, па малку неспремна ме затекнаа
Сега поставија 4-МАЧКА од Томе Аџиевски,се наоѓа на улица Македонија(некаде кај кино КУЛТУРА),ШМИЗЛА од Димитар Филиповски се наоѓа таму некаде,претставена е девојка што збори на моб.тел.и изгледа како да оди заедно со сите пешаци околу,од истиот автор има една по истакната скулптура со две прегрнати тела и се вика ЗАЉУБЕНИ(таа ми се допаѓа,има добра линија на движење) и кај пешачкиот премин до Рекорд има фигура на ДЕВОЈЧЕ (во моментот не можам да се сетам на името на авторката,ама го имате во линковите во моите претходни постови. Секако декла ми се допаѓа кога уметноста е поприсутна во секојдневието,би сакала и на сликарите да им се отвори ваква прилика да придонесат во изгледот на градот.
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 19 Јан 2009, 10:14 pm
Идејата за поставување на скулптури и разубавување на градот е за поздравување. Изгледот (изборот) на скулптурите незнам колку е за коментирање сите си имаме различни вкусови. мене малку ме буни онаа златната (египетска) мачка , од каде и зошто мачка, ама сепак добро е изработена. Треба да се подигне и нашата свест и да го цениме трудот на другите не само да критикуваме. И уште нешто. Пред некоја година пред една Банка (македонска мислам) од плоштад накај палета кога се иде имаше поставено скулптури на „Музичари“. Малите човечиња со инструменти беа многу симпатични ама несовесни малолетници ги раскршија и уништија. :cry: Ај потсетете ме како беше она „Со ваква младина... :roll:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 21 Јан 2009, 12:53 am
Ми текнува на музичарите, да. Убави си беа. Денес поминував од таму, успеав да го видам само тоа девојчето. Изгледаше прилично ненаметливо, интересно. Макар што е поставено во поднаведната позиција, како да брза ;)
Не успеав да ја видам онаа куќата на Мајка Тереза, по неа фрлаат со дрвја и камења, изгледала многу лошо. Баш ме интересира што здание е, па ќе се изјаснам откако ќе ја видам.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 28 Јан 2009, 1:57 am
Некој ги спомна градските бербери.... мој бербер порано беше надалеку познатиот и прочуениот Жаре берберот! Сигурно знаете за кого зборувам, сега пее турбо-фолк по дискотеки и сигурно заработува многу повеќе отколку како бербер. :lol: :lol: Гостуваше по разни емисии, па дури и спот направи за една песна „Колку кошта“. :lol: :lol: :lol:
За неговите пејачки способности нема да зборувам :lol: , но како бербер беше многу забавен. Секогаш кога се шишав кај него, се кинев од смеење. Имам безброј незаборавни случки од неговиот берберски салон „Леон“.
Ќе ви раскажам две.
1. За време на војната, 2001 година. Во салонот, пуштен е телевизорот на кој одат вести. Во тој момент влегува еден постар човек и се раздерува ко да е на некоја нива: „Биииинго народеее, ајмо бииингоооо!“ Жаре само кратко му кажа: Не, фала. Откога излезе продавачот, Жаре ми вика: „Го виде ли бе овој? Село гори, баба се чешла! Бинго ќе ми продава....“ :lol: :lol:
2. Жаре ме шиша мене, а во тоа време влегува еден човек кој само што купувал работи од пазар и е натоварен со ќеси. Тој: „Жаре, за колку време ќе можеш мене да ме ишишаш“. Жаре: „За пола саат“. - Да знам дали да одам со ќесиве до дома или тука да чекам Жаре: „Е седи де, да му е*ам мајката, нема да ти скиснат патлиџаните“ :lol: :lol: :lol:
Имам уште мноооогу случки да раскажувам, навистина. :D
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Саб 31 Јан 2009, 11:09 pm
Не сакам да критикувам, ама....добро што мајка Тереза не може да си ја види спомен-куќата! Мислам, друго и не очекував од Вангел Божиновски, експертот за се: од историја, архитектура, политика..... Во мое маало, тој Вангел има проектирано куќа на еден комшија, и секако влегува во конкуренција за најсмешна куќа во Скопје. Само да ја видите куќата, личи на црква (така си ја викаме ние:D )!
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Нед 01 Фед 2009, 2:32 am
eftimoskatb напиша:
Ми текнува на музичарите, да. Убави си беа. Денес поминував од таму, успеав да го видам само тоа девојчето. Изгледаше прилично ненаметливо, интересно. Макар што е поставено во поднаведната позиција, како да брза ;)
Не успеав да ја видам онаа куќата на Мајка Тереза, по неа фрлаат со дрвја и камења, изгледала многу лошо. Баш ме интересира што здание е, па ќе се изјаснам откако ќе ја видам.
Mene toa devojceto nekako najgrdo mi izgleda!:D:D:D Pa mozam da kazam deka duri i me plasi!
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Чет 05 Фед 2009, 4:45 pm
Scarlett O'Hara напиша:
eftimoskatb напиша:
Ми текнува на музичарите, да. Убави си беа. Денес поминував од таму, успеав да го видам само тоа девојчето. Изгледаше прилично ненаметливо, интересно. Макар што е поставено во поднаведната позиција, како да брза ;)
Не успеав да ја видам онаа куќата на Мајка Тереза, по неа фрлаат со дрвја и камења, изгледала многу лошо. Баш ме интересира што здание е, па ќе се изјаснам откако ќе ја видам.
Mene toa devojceto nekako najgrdo mi izgleda!:D:D:D Pa mozam da kazam deka duri i me plasi!
Вчера баш поминав покрај него и не ми остави убав впечаток,добра замисла,лоша изведба.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 10 Фед 2009, 8:56 pm
На плоштадот веднаш пред почетокот на Камениот мост, сега има еден огромен јарбол на кој се вее македонското знаме. Јас го видов од мостот Гоце Делчев и убаво делуваше. Баш тогаш и ветер имаше. :D
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 11 Фед 2009, 1:16 am
Видете што сум нашол :hayel: :hayel:
:cool:
:hayel: Ова може и како аватар да го ставам.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 24 Фед 2009, 1:14 am
Доаѓаат Гоце и Даме на коњи
Петметарски споменици на Гоце Делчев и на Даме Груев, качени на коњи, ќе никнат на скопскиот плоштад веднаш по изборите, дознава телевизија „А1“. Спомениците ќе бидат поставени лево и десно од Камени мост во Скопје. Тие се веќе изработени во глина и се чуваат на тајна локација во земјава. Наскоро се планира да патуваат за да го добијат својот конечен изглед. Треба уште да бидат излеани во бронза, тврди телевизијата. Овие два споменика ќе бидат првите од 17-те што општина Центар има намера да ги постави во потесното градско подрачје. Споменикот на Александар Македонски, за кој се крена најмногу прав, според информациите, се изработува во Фиренца, Италија. Се уште не се знае кога ќе биде готов и кога ќе се постави на средината од плоштадот Македонија. Спомениците ќе чинат околу 8 милиони евра.
Да бидам искрен, не знам што да мислам за споменициве....од една страна ми е мило што ќе има споменици од наши истакнати борци, ама некако мноооогу сум загрижен тоа да не испадне претерано и кич.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 24 Фед 2009, 1:23 am
Ајде и една слика од Скопје да поставам. :D
Улица „Македонија“
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 25 Фед 2009, 8:57 pm
Бе Перо напиша:
Доаѓаат Гоце и Даме на коњи
Петметарски споменици на Гоце Делчев и на Даме Груев, качени на коњи, ќе никнат на скопскиот плоштад веднаш по изборите, дознава телевизија „А1“. Спомениците ќе бидат поставени лево и десно од Камени мост во Скопје. Тие се веќе изработени во глина и се чуваат на тајна локација во земјава. Наскоро се планира да патуваат за да го добијат својот конечен изглед. Треба уште да бидат излеани во бронза, тврди телевизијата. Овие два споменика ќе бидат првите од 17-те што општина Центар има намера да ги постави во потесното градско подрачје. Споменикот на Александар Македонски, за кој се крена најмногу прав, според информациите, се изработува во Фиренца, Италија. Се уште не се знае кога ќе биде готов и кога ќе се постави на средината од плоштадот Македонија. Спомениците ќе чинат околу 8 милиони евра.
Да бидам искрен, не знам што да мислам за споменициве....од една страна ми е мило што ќе има споменици од наши истакнати борци, ама некако мноооогу сум загрижен тоа да не испадне претерано и кич.
И јас така некако... И се’ мислам дека стравувањата ќе ни бидат оправдани. Се претера со споменициве, плоштадот ќе испадне како да сме во музеј. Кај нас се’ се форсира: кога се баталува историјата - се баталува до крај, кога се инсистира на неа - главата ќе ти ја пукнат за да ти се згади и патриотизам и се’. Се прпелкаме од една на друга страна како автобус со лош шофер :roll:
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 25 Фед 2009, 9:12 pm
Tanja totalno se soglasuvam!
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 25 Фед 2009, 9:43 pm
eftimoskatb напиша:
Кај нас се’ се форсира
Знам, и за жал тоа е така и со многу други работи, не само со спомениците и историјата.
Не сакам да критикувам, ама... се’ некако сакаме набрзина и „на ура“ да ги правиме работите.
За мостот „Гоце Делчев“.... Деновиве забележав дека се префарбува оградата на тој мост. Мое мислење е дека таа ограда треба целосно да се замени со нова, поубава. Наместо тоа, таа се префарбува и тоа во дреч жолта боја, ко да е ограда на градинка. Сличен пример има и во Аеродром.
Пак ќе кажам, не сакам да критикувам, ама има многу работи во Скопје кои не чинат.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Чет 12 Мар 2009, 10:23 pm
Многу ми е мерак за Калето! Забележувам дека бедемите се скоро целосно обновени а поставено е и едно знаме. А мислам и дека се’ уште се во тек археолошките ископувања таму.
Браво!
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Тепачката Пон 30 Мар 2009, 7:35 pm
Многу ГРДО тоа што се случи пред некој ден на плоштадот, тепачката меѓу двете групи што протестираа. И сега испадна, се тепаат луѓето дали да има црква или да нема црква!? Таа дилема е погрешна и лично сум уверена дека оние што протестираат ПРОТИВ, не го прават тоа против црквата како објект, туку поради тоа што плоштадот би личел на циркус. И навистина ќе личи!
Почнаа да ми се гадат циркузантиве од власта, озбилно.... :x
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 30 Мар 2009, 7:41 pm
eftimoskatb напиша:
Таа дилема е погрешна и лично сум уверена дека оние што протестираат ПРОТИВ, не го прават тоа против црквата како објект, туку поради тоа што плоштадот би личел на циркус. И навистина ќе личи!
Точно, и јас сум ПРОТИВ градењето на БИЛО КАКОВ објект таму, а не сум против изградба на црква. Едноставно нема да личи. Посебно ми се згадија тепачите кои испаднаа големи „верници“ и со клоци ги истераа „неверниците“. Срамота.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 30 Мар 2009, 7:44 pm
Бе Перо напиша:
eftimoskatb напиша:
Таа дилема е погрешна и лично сум уверена дека оние што протестираат ПРОТИВ, не го прават тоа против црквата како објект, туку поради тоа што плоштадот би личел на циркус. И навистина ќе личи!
Точно, и јас сум ПРОТИВ градењето на БИЛО КАКОВ објект таму, а не сум против изградба на црква. Едноставно нема да личи. Посебно ми се згадија тепачите кои испаднаа големи „верници“ и со клоци ги истераа „неверниците“. Срамота.
Не ги правдам и двете страни, ама ова многу повеќе ми личи на Политичка пресметка отколку на искрени поборници за Скопје , односно за црква