Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Гледам Бе Перо уште не ја отворил темата, па ајде да му помогнам Со оглед на тоа дека имаме добар тим, имаме ли шанси за поминеме во следниот круг ?? Ова можеше да биде и прашање за Скарлет
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Машката ракометна репрезентација имаше успешни подготовки и освои еден турнир (мислам дека се викаше „Жолт“). За светското првенство ќе биде тешко, бидејки сме во многу силна група, и изгледа ќе биде неизвесно до последното коло. После неколку години, имаме навистина силна машка репрезентација, со предводник каков што е Кире Лазаров, којшто слободно можам да кажам дека е најдобриот ракометар на светот.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Мислам дека со добро технички и кондиционо подготвена репрезентација имаме големи шанси да се пласираме во вториот круг. После генерацијата на Пепи Манасков имаме поголем број на добри играчи, предводени од првиот стрелец во лигата на шампионите Кире Лазаров, кои што мислам дека заслужуваат да го направат и најголемиот историски пласман.
И јас се радувам на светското првенство, а сакав да одам во Хрватска и лично да присуствувам на некој натпревар на Македонија, ама за жал имам многу испити месецов. :( Убаво ќе беше да ги бодрам нашите репрезентативци од лице-место, но овој пат ќе мора само од пред ТВ. Како ли само ќе го издржам тоа. :lol: :lol:
Инаку, финалето на ова светско првенство ќе се игра во новата загрепска Арена, со капацитет од 16 000 гледачи. Изгледа фасцинантно.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Ова е втор турнир по ред кој што го освојуваат нашите репрезентативци и мислам дека покажаа дека се и технички и кондиционо спремни за СП во Хрватска. Среќно во Хрватска !!! :MK: :MK:
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Пет 16 Јан 2009, 1:42 am
Нашите ракометари се веќе во Хрватска и задутре ќе го одиграат својот прв натпревар на првенството, против Тунис.
СО СРЕЌА МОМЦИ, СО ВАС СМЕ! :MK: :MK: :MK:
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Пет 16 Јан 2009, 2:09 am
Aaaa jas utre sum "nacrtana" pred televizor vo 19:00
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Пет 16 Јан 2009, 2:35 am
Scarlett O'Hara напиша:
Aaaa jas utre sum "nacrtana" pred televizor vo 19:00
Ја летам за Вараждин ... у мислите :MK: :MK:
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Пет 16 Јан 2009, 5:14 pm
Venco напиша:
Ја летам за Вараждин ... у мислите :MK: :MK:
И јас исто.
Според зборовите на најдобриот стрелец во Европа, Кире Лазаров (тоа му доаѓа нешто како да има титула „Златна рака“ :D :D ), не можеме однапред да прогнозираме на кое место ќе се пласираме затоа што 10 години не сме играле на европско или светско првенство, и затоа не ги знаеме своите можности. Јас потполно се согласувам. Предолго отсуствувавме од овие големи натпреварувања. Го победивме Исланд во Скопје со 7 голови разлика, а тие еден месец подоцна освоија сребрен медал на олимписките игри. Но, имавме и осцилации во играта во реваншот, посебно во финишот.
Но и покрај се’, јас сум оптимист и верувам во нашите ракометари. Тоа што обложувалниците не’ потценуваат воопшто не ме загрижува, напротив мислам дека тоа може да биде само мотив плус за нашите играчи. Пласман во втората рунда е сосема реална цел.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Пет 16 Јан 2009, 5:19 pm
Еве малку да се потсетиме на слаткиот пораз во Исланд после кој обезбедивме пласман на светското првенство! :MK: :MK: :MK: Ова се слики за сите времиња!!!!
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Саб 17 Јан 2009, 12:47 am
Првите впечатоци од Свтетското во Хрвтаска, одлични. Мислам на првиот натпревар Хрватска-Кореја, одличен натпревар, за неутрален гледач, нели. Хрватска не остави убедлива слика на фаворит, дали не сакаа многу да се трошат на првиот натпревар или е нешто друго, незнам. У секој случај ке имаме возбудливи денови пред ТВ екраните, со интересни натпревари од првенството.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Саб 17 Јан 2009, 2:20 am
Venco напиша:
Првите впечатоци од Свтетското во Хрвтаска, одлични. Мислам на првиот натпревар Хрватска-Кореја, одличен натпревар, за неутрален гледач, нели. Хрватска не остави убедлива слика на фаворит, дали не сакаа многу да се трошат на првиот натпревар или е нешто друго, незнам. У секој случај ке имаме возбудливи денови пред ТВ екраните, со интересни натпревари од првенството.
Јас очекував дека Хрватите ќе ги прегазат Корејците, ама испадна дека се намачија да ги победат, да не речам и дека на крај се извадија Едвај го чекам утрешниот ден „Д“ за нас. :MK:
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Саб 17 Јан 2009, 3:34 am
А со кого ќе играат, Сики? И кога/каде ќе има на ТВ?
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Саб 17 Јан 2009, 3:37 am
Утре во 19:30, на Сител, директен пренос: Македонија - Тунис! Преносот започнува половина час порано.
Вчера гледав некое интервју со Кире Лазаров и не можам доволно да го изнафалам човекот, вистински пример за спортист!
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Саб 17 Јан 2009, 3:38 am
eftimoskatb напиша:
А со кого ќе играат, Сики? И кога/каде ќе има на ТВ?
Утре играме против Тунис во 19:30ч., а преноси има на ТВ Сител.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Прво полувреме го изиграа борбено и кондициско-технички одлично. Само така да продолжат и првата победа не ни бега. :MK: :MK: П.С: Кожа ми се наежи кога на почетокот видов толкав голем број на Македонци во салата во Вараждин
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Прво полувреме го изиграа борбено и кондициско-технички одлично.
А второто неефикасно, без идеја во нападот, со брзоплетост и со многу грешки. :( Вака: За навивачите - СЕКОЈА ЧЕСТ! Наши знамиња имаше насекаде, гласно се пееше химната (јас во тој момент се наежив)...само нашите навивачи се слушаа, скоро како да играме на домашен терен. И сите беа со убави шалови, капчиња, дресови...
Реализацијата на преносот - КАТАСТРОФА! Јас не знам како може едно светско првенство да има ваков очаен пренос! Играта ја гледавме од најглупавите можни агли - од доле од страна, од горе над главите, а репетиции имаше по 3 од секој гол, од кои третата беше убедливо најспора, ѓоамити Матрикс го гледам. Во момент кога се одвива напад, режисерот дава раце од навивачи, еден дечко како ја мава девојката со балон и еден од Чкембарите како бара тајмаут.
Како за споредба, преносите од европското првенство што се одржа кај нас беа за ПРИМЕР! Можат да учат Хрватите од нас!
Тренерот на Тунижаните - Живковиќ е едно обично ГОМНО! (Извинете ми на израз, избришете го коментарот ако сакате, прогласете ме за националист, што сакате направете). Кој (тиит) на крајот ги провоцираше нашите навивачи ? Виде дека навиваат со цело срце, беа најгласни во салата, едноставно беа ПРИМЕР како се навива за својата земја, и откога победија она неговите цигани овој се упати кон публиката и ги испровоцира. Не сакам нешто друго да кажам, за да не бидам прогласен за националист. :silent:
За играта на нашите....во прво полувреме добра игра, во второ многу конфузна. Изгореа во желбата да победат.
Последната промена е направена од Бе Перо на Саб 17 Јан 2009, 11:29 pm. Мислењето е променето 1 пати
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Одлична анализа, Бе Перо. Тој сељакот селектор и мене многу ме изнервира, а зет ми вика дека пред некоја година нам ни бил селектор, точно ли е?
Не, мислам дека имаше еден друг Живковиќ што ни’ беше тренер. Со цел ризик да ме прогласат за националист, само Србин може така да изреагира.
Нека дојде во Скопје и нека направи така ако е маж! Баш да го видам! Морееее....леле како не бев таму.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Нед 18 Јан 2009, 12:07 am
Ептен ми е криво што изгубивме, ми требаше 10-тина минути да се соземам од поразот. Инаку, браво и секоја чест за нашите за тоа што изиграа со срце, пораз како пораз боли, но мислам дека после секој изигран натпревар нашите се се` подобри и подобри и дека на наредните натпревари ќе изиграат уште подобро и ќе успееме да се квалификуваме во вториот круг. Што се однесува до преносот, единствено ми сметаше кога ја даваа онаа камера што се движеше над теренот и се вртеше во круг, па имав чувство дека се наоѓам на рингишпил :D :D А селекторот Живковиќ беше и селектор на Македонија, ама само на 2 натпревара. Со неговиот гест ја покажа само својата спортска култура, но мене друго ме плаши, да не ја искриват медиумите приказната и на крај да испаднат криви нашите навивачи
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: СП РАКОМЕТ - ХРВАТСКА 2009 Нед 18 Јан 2009, 12:16 am
Ако навистина бил и наш тренер, тоа само уште повеќе говори за него како човек. Плука кон државата од која до вчера вадеше леб.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31