Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Вто 14 Окт 2008, 10:36 pm
На мајка им :x
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Вто 14 Окт 2008, 10:44 pm
И претходно имало доста такви „зезанции“ од нив. Во 1998 година, кога играа фудбал тогашна Југославија (составена од Србија и Црна Гора) и Македонија во Белград, на ТВ во првото полувреме не` пишуваше нормално - Македонија, за да во второ полувреме испишат БЈРМ!!! Аххх беее.... :silent: :silent: :silent:
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Сре 15 Окт 2008, 12:22 pm
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 16 Окт 2008, 2:58 pm
Гледајќи го претходниот пост на Гока...се сетив на еден канал на youtube, на кој што има поголем број на интервјуа дадени од Македонците во Беломорска Македонија на телевизии од јужниот сосед. Вреди да се погледне.
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Вто 21 Окт 2008, 9:04 pm
Во стариот дел на Велес, во месноста „Врналии" започна снимањето на спотот за Македонија во режија на Милчо Манчевски.
На почетокот на снимањето на спотот, кој го финансира Владата на Република Македонија, присуствуваше и премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канчева-Милевска.
„Овој спот Владата планира да го емитува на поголем број телевизии ширум светот. Преку него сакаме да допре пораката за Македонија како бренд и пораката за Македонија како туристичка дестинација, рече Груевски.
Преку филмска приказна која се очекува да биде готово за еден месец ќе се приказуваат убавините на Македонија.
Спотот на Милчо Манчевски за Македонија ќе чини над 100 илјади евра и ќе биде направен на повеќе светски јазици.
Екипата на Манчевски вчера беше во Коњско, а по Велес снимањето ќе продолжи во Скопје, Маркови кули во Прилеп и во Охрид .
Владата, обелодени премиерот Груевски, планира во наредните денови да објави уште еден тендер за изработка на пет нови спота.
Еден од спотовите ќе биде за брендирање на македонското вино, друг за македонските археолошки локалитети, за познатите манастири, за Охрид и други историски и културни вредности на Македонија.
Изработката и емитувањето на рекламните спотови има за цел пренесување на порака за Македонија како бренд и Македонија како туристичка дестинација.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 23 Окт 2008, 2:30 am
СРЕЌЕН ПРАЗНИК И НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 23 Окт 2008, 11:04 am
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 23 Окт 2008, 1:37 pm
CENTO Тупаџија
Број на мислења : 306 Локација : камник,ченто,скопје,МАКЕДОНИЈА Регистриран на : 2008-09-08
Предмет: АЈде нека е честито за сите вмровци и македонци Чет 23 Окт 2008, 2:53 pm
Само тоа што или не треба да се слави овој ден или една од политичките партии треба да си го смени името е друг муабет,ама нека е честито и за многу години
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пет 24 Окт 2008, 1:12 am
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пет 24 Окт 2008, 1:20 am
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пон 27 Окт 2008, 12:16 am
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пон 27 Окт 2008, 1:31 am
Колку историјата си поигрува со нашава земја,но сепак имаме толку многу сила и толку многу храброст,едноставно го носиме во нашите гени.Денојве го посетив Крушево,многупати сум била,но повторно чекорев по историјата, таму навистина е се историја,од секој камен може да се проникне во бидисувањето на Македонецот.И да го чуваме она што го имаме,само така ке опстанеме....
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 06 Ное 2008, 10:40 pm
Нашинска
Да ни е да сме доста колку за да се разбистри небото над Бистрине, Корабине-
Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине-
Да ни е да сме мерата колку за да се прелееме од колено во колено до крај истрајвекот-
Малцичка сме ли ете па што малцичка божем а веќе со векови по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што сè и покрај сè и покрај сè колку сме толку сме токму сме!
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пет 07 Ное 2008, 1:27 am
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Пет 07 Ное 2008, 10:17 pm
"Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет еднаков збор и који живувајет и се другарат еден со други и који имајет еднакви обичаји и песни и весеља,тије људите ги викајет народ, а местото во које живуват народ се велит отечество од тој народ. Така и Македонциве се народ и местото нивно е Македонија." Ѓорѓи Пулевски, 1875 година
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Манифест Нед 09 Ное 2008, 3:54 am
Манифест, година 1881 !
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Нед 09 Ное 2008, 4:01 am
Пред фактите и боговите молчат !!!
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Нед 09 Ное 2008, 9:59 am
SiNaPsA` напиша:
Манифест, година 1881 !
Манифестот на Привремената влада на Македонија 23 март 1881 г. Македонци, Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, го цивилизирал човештвото и Азија. Но, таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземаат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа е станата како некоја вдовица; толку грозно ја имаат напуштено нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа е денес само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го имаат ископано нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се, исто така, оние интигранти што бараат да ја раздробат или поскоро да направат во неа да влезат победничките трупи на Австро - Унгарија. Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт. Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледајте ја и видете и ги нејзините тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници, вие во чии што жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на погреб. Не, не еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!
CENTO Тупаџија
Број на мислења : 306 Локација : камник,ченто,скопје,МАКЕДОНИЈА Регистриран на : 2008-09-08
Предмет: Нов преговарач Чет 13 Ное 2008, 9:28 pm
Списокот на можни кандидати за нов пеговарач во спорот за името се сведе на тројца. Според информации на А1, станува збор за македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, професорот на Правниот факултет Георги Иванов и амбасадорот во Атина Благој Ханџиски.
Еден од нив тројца на предлог на Владата треба да биде именуван од страна на Претседателот за македонски преговарач. Местото се испразни откако Црвенковски го разреши Никола Димитров од должноста.
Се очекува неговиот наследник да биде назначен по враќањето на државно владиниот Во контекст на се ова што го постирале Гока и Синапса еве и јас со информација,само ќе нагласам дека единствен од оваа тројка кој е непартиски човек,огромен македонец е Проф.Георги Иванов човек со многу занење и огромно срце,па искрено го посакувам за преговарач,напред Професоре Џоле :D
Green Power Говорникот
Број на мислења : 860 Локација : Велес, епицентар на Македонија Регистриран на : 2008-09-02
Предмет: Петре М. Андреевски-Моја Македонија!!!!! Саб 29 Ное 2008, 1:04 am
Само молк и парче тишина во мене!!!!!!
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Чет 08 Јан 2009, 4:42 am
МИЗАР - БЕЛО МОРЕ
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Викај ме со моето име, кажи Македонија Чет 29 Јан 2009, 5:02 am
Во тек е кампања на You tube, покрената од македонските членови таму, со свои коментари дадете свој допринос
You Tube, say Macedonia Call me by my name, say Macedonia Викај ме со моето име, кажи Македонија You Tube don`t you F.Y.R.O.M. me, call me by my name, say Macedonia
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Вто 14 Апр 2009, 8:01 pm
Многу наши политичари можат да учат од него и од дејствувањето на Виножито. И покрај сите апсења, малтретирања, притисоци и неправди од јужниот сосед, партијата на Македонците покажа национална свест. Секоја чест !!!
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Македонско име нема да загине Саб 02 Мај 2009, 2:22 am
GokaGrozni напиша:
Во тек е кампања на You tube, покрената од македонските членови таму, со свои коментари дадете свој допринос
You Tube, say Macedonia Call me by my name, say Macedonia Викај ме со моето име, кажи Македонија You Tube don`t you F.Y.R.O.M. me, call me by my name, say Macedonia
КАМПАЊАТА УСПЕА, YOU TUBE КАЖА МАКЕДОНИЈА
Поздрав до сите учесници на оваа кампања, со песната ТЕТОВСКА,Тони Китановски :MK: :MK: :MK: