- neebitno напиша:
- toise давај уште
evo
Адвокатите се делат на два дела:
- Едните ги познаваат законите, а дргите ги познаваат судиите.
Зошто ајкулата не го јаде адвокатот кој паднал во морето?
Од колегијалност.
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел... го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.
Отишле Љубчо и Бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да принесуваат порцелански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја пикнал под пазуви. Арно ама, го видела тоа жена му на Љубчо и му шепка:
- Абе, Љубчо, види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Станува Љубчо и вика:
- Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.
очинал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Св.Петар:
- А бе, што оволку часовници?
- Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја.
- А Македонија не ја гледам?
- Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор!
Што имаат заедничко разнесувач на пица и гинеколог ?
-Можат да ја помирисаат ама не можат да ја имаат !!!
Сличност помеѓу мажите и делфините:
- за делфините само СЕ МИСЛИ дека се интелигентни но не е докажано.
Која е разликата помеѓу глупите и паметните мажи?
- Глупите кажуваат вицови за плавуши, а паметните спијат со нив.
Што е разликата помеѓу ирска свадба и ирски погреб?
- Еден пијаница помалку.
Што е разлика меѓу падобран и кондом?
- Па, ако падобран се дупне, еден живот помалку. Ако кондом се дупне, еден живот повеќе.
Што е разликата помеѓу Градскиот трговски центар и Светскиот трговски центар во Њујорк.
- Нашиот има 3 ката повеќе.
Што е сличноста меѓу печена кокошка и исунчана женска?
- И кај двете белото месо е најслатко.
Шета полицаец по улица и гледа едно дете со цигара во уста. Му ја зима цигарата и му вика знаеш ли дека пушењето ти го скратува животот за половина. Колку години имаш? Малиот вика 9. Е сеа да не пушеше ке имаше 18.
Двајца полицајци гледале фудбал на телевизија. И едниот му вика на другиот : ееееее ... да не беше Никола Тесла сега фудбал ке гледавме во темница!
Зошто мозокот од полицаецот е најскап?
-Затоа што ич не е искористен!!!!
Отишол Трпе на уролог.
-Докторке многу ми е незгодно да ви кажам ама кога си го мавам некако ми шкрипи!
-Е ај соблечи се, да видам.
И оваа го фатила и почнала да го мава.
-А бе Трпе, ништо не се слуша!
-Побрзо, побрзо...
-Пак ништо не се слуша!
И Трпе свршил и целата ја избербатил.
-Срам да ти е, перверзњак ни еден, што не одиш во јавна куќа!?
-А бе и таму сум бил, ама овде е со плави картони!
Жената му вика на Цветко! Бирај, или мене или ракија! После некое време Цветко вика:
- А колку литри ракија?
Играле фудбал, Македонија - Бразил. И на градски Роналдињо требало да шутира слободен удар, ама живиот ѕид на Македонија бил свртен накај голманот, и голманот им рекол:
- Што сте се свртеле накај мене?
А тие му одговориле:
- И ние сакаме да го видиме голот!
Седумте чуда на социјализмот
1. Секој беше вработен.
2. Иако секој беше вработен, никој ништо не работеше.
3. Иако никој ништо не работеше, сите планови беа исполнети БАРЕМ 100%.
4. Иако сите планови беа исполнети преку 100%, продавниците беа празни.
5. Иако продавниците беа празни, сите имаа се.
6. Иако сите имаа се, сите крадеа.
7. Иако сите крадеа, никогаш ништо не фалеше.
Во последно време се опијанувам од едно пиво..
И тоа од седмото....