ФОРУМОТ Е НАШ
Правила на ФОРУМОТ Е НАШ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Правила на ФОРУМОТ Е НАШ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Правила на ФОРУМОТ Е НАШ

Go down 
АвторПорака
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Правила на ФОРУМОТ Е НАШ Empty
ПишувањеПредмет: Правила на ФОРУМОТ Е НАШ   Правила на ФОРУМОТ Е НАШ EmptyСаб 06 Сеп 2008, 10:19 pm

Добрoдојдовте на форумот Тупалка (Слободно тупење, Форумот е наш). Овој форум е наменет за разменување мислења и ставови околу разновидни теми, за збогатување на сознанијата кои веќе сте ги имале, за забава, за создавање нови пријателства. Со цел да се избегнат недоразбирањата, ве молиме да ги прочитате следните редови кои ги опфаќаат правилата на однесување, кон кои секој член на форумот (независно од неговиот статус) ќе мора да се придржува. Секако, непочитувањето на правилникот ќе биде казнето во согласност со истиот.
За доследно спроведување на правилата и нивно целосно почитување на форумот, се грижат модераторите, кои воедно ќе бидат одговорни и за соодветно распределување на темите. Доколку имате технички или какви било други проблеми на форумот, можете да им се обратите ним или на администраторите на форумот и бидете сигурни дека ќе ви помогнат. Освен тоа, до нив може да упатите и предлози, критики или сугестии за содржините на форумот и нивната распределеност. Модераторите и администраторите на форумот се претставени овде: (линк)


Правила


- Основен јазик на форумот е македонскиот, со неговото кирилично писмо . Доколку не зборувате македонски, тогаш чувствувајте се слободно да користите некој интернационален јазик, секако со цел да бидете разбрани од соговорниците.

- Форумот е место за средба на луѓе со различни мислења, така што толеранцијата и почитувањето на туѓиот став е многу важна. Однесувајте се пријателски и третирајте го секој член на форумот со основно почитување. Имајте на ум дека за вкусовите не се расправа.Мислењата / постовите не смеат да содржат какви било лични навреди или пораки на омраза и нетрпеливост врз лична, полова, верска, национална и расна основа. Не се дозволува омаложување и дискриминирање на членовите на овој форум, но и на членови од други форуми.

- Секој член лично одговара за содржината на изложеното мислење/став. Постовите се негова сопственост. Доколку членот сака да го дополни или да го измени својот пост, тоа ќе може да го стори самостојно.

- При поставување нова тема , пожелно е да се внимава дали веќе постои иста или слична тема со цел да се избегне нејзино повторување. Темите кои се повторуваат ќе бидат избришани, а мислењата / постовите ќе бидат префрлени во првично отворената тема.

- Секој член треба да внимава да не го злоупотребува просторот на соодветна тема пишувајќи предолги одговори или постирајќи неколкупати едноподруго. Спамирањето е непожелно, како и пораките/постовите без никаква смисла. Пишувајте цели реченици и одговарајте/коментирајте на темата доколку имате што да кажете. Едно мислење / пост не треба да се објавува на повеќе теми, туку треба да се води сметка каде се пишуваат одговорите.

- Доколку се преземаат содржини од некои други веб-страници за објавување на форумот, задолжително е да биде наведен изворот и авторот кој ја објавил таа информација.
Рекламирањето на сопствени веб-страници е забрането. Исто така се забранети и какви било други реклами, освен ако не се поставени во договор со администрацијата на форумот.

- Не е дозволено постирање на каков било материјал кој е несоодветен за лица помлади од 18 години.

- Пиратеријата е забранета на форумот. Избегнувајте да правите copy-paste на содржини од некои други интернет-страници, посебно не на материјал кој е авторски заштитен или е без дозвола на сопственикот на материјалот.

- Можете слободно да го користите системот за приватни пораки

- Сите реченици напишани со големи букви се сметаат како викање (читај: повишување на тонот) и затоа ве молиме да не ги користите.

- На форумот може да се регистрира секој кој ќе остави важечка електронска адреса и лозинка , а останатите податоци ги впишувате според ваш избор.

- При регистрацијата, секој член е обврзан да остави своја е-адреса за контакт.

- Регистрацијата на форумот е бесплатна
Не е дозволено регистрирање со повеќе кориснички имиња. Корисникот може да има само едно корисничко име. Регистрирањето на дополнителни имиња може да предизвика бришење на првиот (и сите останати) кориснички имиња.

- Останатите лица , посетители на форумот, можат ограничено да ги користат содржините на форумот, но не можат да влијаат врз нив, ниту да изнесуваат сопствени ставови.

- Форумот се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува кон трети лица.

- Непочитувањето на правилата на форумот ќе резултира со отстранување на членот. Во зависност од тежината на неговото повредување на правилата, тоа отстранување може да биде привремено или постојано.

- За секоја промена на некое од правилата на форумот, ќе биде дадено благовремено известување.


Се надеваме дека Вашето присуство на овој форум ќе ви донесе пријатни моменти, одговори на прашања, помош во разни проблеми и, што е најважно, дека добро ќе се забавувате.


Добредојдовте на форумот Тупалка!
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
 
Правила на ФОРУМОТ Е НАШ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: Правила,прашања и одговори-
Отиди до: