ФОРУМОТ Е НАШ
Грујовата посветеност 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Грујовата посветеност 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Грујовата посветеност

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyПон 18 Мај 2015, 7:07 pm


1)

Македонија - „Од кандидат за пристап, до безбедносен ризик“

„Ситуацијата денес катастрофално потсетува на 2001 година“ смета ФАЦ. Македонија „тоне во автократска псевдодемократија“, пренесува експертски оцени „Зиддојче цајтунг“.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) објави голем текст за Македонија под наслов „Од кандидат за прием, до безбедносен ризик“ во кој констатира дека „Македонија беше држава за пример на Балканот. Комисијата на ЕУ повеќепати советуваше да се започнат преговори за пристап, што Грција секогаш го блокираше. Сега, по крвавите борби од викендот, земјата повторно се ближи кон времето на граѓанската војна од 2001“.

Во репортажниот запис прво се дава сликовит опис на градбите од проектот „Скопје 2014“ кого авторот Михаел Мартенс го означува како „гигантомански“ и како „мешавина од екстрамонументален архитектонски сталинизам и Дизниленд“.

Погледот потоа се врти кон премиерот Груевски: „Никола Груевски никогаш не беше омилен на Западот.Откако македонската опозиција ги објави приуслушуваните телефонски разговори кои откриваат систематска злоупотреба на власта, се смета дека на Груевски му е одброено. Во Брисел речиси никој не сака да си има работа со шеф на влада кој не го почитува владеењето на правото“.

DW.DE
Датум 12.05.2015
Автор З.Јордановски

http://www.dw.de/македонија-од-кандидат-за-пристап-до-безбедносен-ризик/a-18446205

2)

Груевски одбра национализам, наместо ЕУ - интеграција

Македонија денес лавира меѓу мини-криминална држава и банана-република. Нејзините темели некогаш даваа надеж, пишува во редакцискиот коментар берлинскиот весник Тагесцајтунг

Во коментарот под наслов „Длабокиот пад на Македонија“ на авторот Ерих Ратфелдер, берлинскиот весник Тагесцајтунг втор ден по ред им дава одглас на случувањата во земјата и притоа директно ги лоцира причините за назадување на Македонија во последните години.

„Човекот во кого меѓународната заедница некогаш гледаше надеж, Никола Груевски во последните години се’ повеќе се разоткри како балкански моќник. Премиерот на малата мултиетничка држава Македонија си изгради моќен блок од членови на неговото семејство, блиски луѓе од доверба, профитери и политички подлизурковци. Без негова дозвола никој не може да добие работа во полицијата, во правосудниот систем, во државниот апарат, уште помалку во неговата партија.

Дури и откако опозицијата успеа врз основа на доставените прислушувани разговори да покаже дека мамел на избори и правел финансиски манипулации, земал поткуп, ги контролирал медиумите, ги прогонувал новинарите, тој нема потреба да извлече консеквенции. Протестите на безнадежните и побуната на опозицијата се гласни, но тие досега не можеа вистински да ја потресат структурата на моќта на Груевски.

ЕУ од 2001 година, од постигнувањето на Рамковниот договор кој и' стави крај на војната меѓу Македонците и Албанците, и’ даде шанса на Македонија. Земјата можеше уште одамна да се приближи поблиску до ЕУ, доколку Груевски не ги блокираше сите реформи. Тој не можеше да си дозволи да етаблира правна држава каква што бараше ЕУ. Порадо тој го провоцираше национализмот на словенските Македонци. Досега тоа го правеше со успех.

Тој не се воздржа дури ни од апсурдната функционализација на античкиот грчки крал од Македонија Александар Велики за потребите на македонскиот национализам. Со тоа ги провоцира разлутените Грци да сторат се’ за Македонија да ја држат далеку од ЕУ. Како и секогаш, цената за неодговорната политика на националистите и деспотите мора да ја плаќа населението. А Брисел? На тоа, навистина, гледа со одбивност, но не дејствува“, се наведува во коментарот на Тагесцајтунг.

Датум 10.05.2015
Автор Б.Георгиевски

http://www.dw.de/груевски-одбра-национализам-наместо-еу-интеграција/a-18440595



3 )

Загрозена и „условната покана“ на Македонија во НАТО?

Во Владата се недостапни за потврда или демант на најавите за можно преиспитување на условната покана за членство на Македонија во НАТО, а дипломатски извори посредно сугерираат дека ништо не е исклучено

Холандија го предупредила премиерот Никола Груевски, дека на следниот самит на НАТО во 2016 година во Варшава, би требало да се преиспита поканата за членство на Македонија во НАТО (условена со решавање на спорот за името), ако земјата се оддалечува од демократските процеси. Предупредувањето било искажано на заедничкиот ручек на амбасадорите на шест земји членки на НАТО со македонската делегација, што се одржал веднаш по средбата на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на НАТО, Јeнс Столтенберг.

Во Владата вчера беа недостапни за потврда или демант на оваа информација од неименувани извори, објавена во македонските медиуми. Aмбасадорката на Холандија на ручекот, наводно, отворено прашала дали треба да се преиспита поканата за Македонија, поради нефункционирањето на правната држава, зависноста на судството од власта и недостигот на медиумски слободи. Другите амбасадори, наводно, не се изјасниле за темата.

Црна Гора како лекција

Дипломатски извори со кои контактираше Дојче веле не ја потврдуваат, но и не ја демантираат оваа информација.

„Постоењето на функционална демократија, владеењето на правото и медиумските слободи се фундаментални услови без кои е незамисливо чие било членство во НАТО. Ако Генералниот секретар на НАТО, на пример, му кажал на македонскиот премиер дека Црна Гора ќе биде следна членка на Алијансата, македонските власти мора да направат многу повеќе од обично преиспитување на тема 'зошто Македонија стагнира во интегративните процеси'. Нерешениот спор за името кој се сметаше за единствена пречка на тој пат, подолг период е во сенка на други, тешки нерешени внатрешни проблеми и неспроведени реформи. Мора да се спроведат темелни и реални а не фиктивни реформи, за да можат неопходните стандарди да бидат видливи и иманентни на македонското општество“, велат овие извори.

Загриженоста за состојбите во Македонија не ја криеше и Генералниот секретар на НАТО. На заедничката прес-конференција со македонскиот премиер на 11 март, Столтенберг одби да ги коментира информациите дека зад скандалот со прислушувањето во Македонија стојат странски тајни служби, како што обвини македонската влада.

„Ги следиме со загриженост политичките настани во Скопје. Ја истакнав важноста на слободата на медиумите и колку е важно да и се овозможи на опозицијата да има добри работни услови. Тоа се демократски вредности кои треба да се почитуваат. Ја посочивме и важноста од независна и темелна истрага за многу сериозните обвинувања. Оние кои се одговорни треба да се одговараат за она што се случило“, рече генералниот секретар на НАТО.

Вчера и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, потенцираше дека загрижувачката политичка состојба во Македонија не треба да ја спречи земјата и граѓаните да ги третираат вистинските проблеми.

„Една од клучните работи на кои Македонија треба да поработи се и медиумите кои треба да бидат транспаретни и да работат во нормални услови“, порача Оер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

(Ин)директни пораки

Домашните политичари и аналитичари со загриженост ги следат ваквите информации. Со Завршното коминике од Бук*решт во 2008 година, Македонија практично доби покана за членство во Алијансата, која може да се ефектуира по решавање на спорот со Грција. Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО во два мандата, вели дека ова би било првпат во историјата на политиката на 'отворени врати' на НАТО, да се спомнува таква закана.

„Подолго време во Алијансата се критикува состојбата со демократијата во Македонија и се истакнува дека освен 'спорот со името', има и други сериозни проблеми од нејзиниот Акциски план за членство во НАТО. Од тој аспект, критиката на холандската амбасадорка не може да се смета за индивидуален чин. Нејзините зборови биле само пренесено мислење на целиот НАК (North Atlantic Council/ Северно-атлантски совет)“, смета Ружин.

Тој укажува дека во дипломатската практика секогаш се изнаоѓала некаква „формула“ за да им се даде до знаење на одредени држави дека НАТО не ги цени нивните потези, како на пример, во случаи на повреда на основни човекови права или изборни манипулации во Узбекистан и Белорусија.

„На пример, американската делагација за време на Самитот во Истанбул во 2004 година одби да се примени принципот на седење според англиското именување на државите, според кое делегацијата на Узбекистан требаше да седи до делегацијата на САД (USA). Затоа беше предложено да се употреби француското именување на државите, според кое, САД се Etats Unis, па наместо узбекистанската, нашата делегација како Еx-republique yougoslave de Macedoine седеше до американската. Се употребуваат и други форми на индиректно давање до знаење на некоја делегација, чија држава ги крши демократските права. Во случајот со Македонија, ова е прв пат во историјата на политиката на 'отворени врати' на НАТО, да се спомене закана на така остар начин“, вели Ружин.

Според него, со тврдењето дека зад „креираните“ разговори стои „странска разузнавачка служба“ без да ја посочи, премиерот дополнително го девалвира македонското досие во НАТО.

„НАТО со право може да ја стави под знак на прашање способноста на УБК да ги чува класифицираните информации кои стигнуваат од Брисел или кога некој од снимените (прислушкувани н.з.) функционери им ги раскажува содржините на овие документи на други снимени функционери. Од тој аспект, и изразот 'пуч' го става под знак прашање кредибилитетот на Груевски. Добро е е што барем министерот за одбрана, Зоран Јолевски, негираше дека се работи за таков настан“, посочува Ружин.

Брисел за реформи, власта за собири!
Датум 13.03.2015
Автор Катерина Блажевска

http://www.dw.de/загрозена-и-условната-покана-на-македонија-во-нато/a-18313354

4 )

Груевизмот метастазира во радикално зло

Мирослав Грчев 17 мај 2015

Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, е вистинската општествено-политичка реализација на метафората за радикалното, апсолутното зло, зашто тие ги содржат сите формални, структурни, па и суштински, онтолошки својства на смртоносен општествен паразит, кој одвнатре ги уништува државните, но и културните институции на домаќинот, уништувајќи ја и нивната бит, самата идеја поради која настанале, паралелно упорно вампирски имитирајќи го институционалниот поредок што го уништиле! Има ли поужасна судбина за едно општество? Нема! Драматуршки гледано, оваа смрт на општеството е пострашна од надворешната окупација, од митолошкиот потоп или од вселенскиот армагедон, зашто ова е токму она од што Даме Груев најмногу се плашел и гнасел, ова е неговиот УЖАС БЕЗ КРАЈ, зашто од аспект на ненадоместивите некрози на културно-идентитетското јадро на нацијата, ова е воедно и неговиот УЖАСЕН КРАЈ.

„Суштеството“ од култниот хорор се однесува кон луѓето како кон животен ресурс, како нешто што се освојува, апсорбира и искористува, исто како што и Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон Македонија и нејзините граѓани. Тука нема никаква комуникација помеѓу страните: граѓаните се уценуваат и водат на избори влечени за уши и рогови, се манипулираат и експлоатираат, ограбуваат и уништуваат, како да е тоа природно право на посилниот и побезмилосниот, право на надредениот во биолошкиот синџир на исхраната. Вонземјанската нехуманост еманира од секој збор и од секоја постапка на Груевски, што е особено изразено во последните крвави настани во Куманово и после нив. Повеќе од јасно е дека целата трагедија е водена од примитивна, мравја мисла, со елементарна дарвинска мотивација, со интелигенција на вирус на еболата, со единствена цел да се предупредат најавените мајски сенародни протести, да се заплаши македонската јавност, да се покаже кучешката ефикасност на режимот во обезбедувањето на регионалната стабилност, со единствената цел да се одржи во живот Суштеството на злото уште некој ден повеќе. И, конечно, кој ако не радикалното Зло, може по ужасната трагедија на осумте загинати и уште триесетина ранети припадници на полициските единици, по трагедијата на злосторничкото уништување толку животи, да одржи триумфалистички говор, во кој се слави сопствената победа и во кој им се заканува на сите граѓани на Републиката (и на светот) дека „сите што ѝ мислат зло на (неговата) Македонија ќе ги снајде истата судбина“!?

http://www.plusinfo.mk/mislenje/529/gruevizmot-metastazira-vo-radikalno-zlo


5)

Рајхел: Владата мора конкретно да одговори за сериозните обвинувања

од НОВА објавено на: 15-05-2015

Специјалниот делегат за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за надворешни работи во Германија – Ернст Рајхел денеска се сртена со министерот Бесими и министерот Попоски, како и лидерот на ДУИ – Али Ахмети и опозицискиот лидер Зоран Заев.

Рајхел истакна посетата е со цел да се даде поддршка на земјата, но посочи дека Владата мора да одговара за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности кои зилегоја на површина.

-Во ова време, кога вашата држава се соочува со загрижувачка политичка криза, мојата посета денеска е за да нагласи дека германија длабоко се грижи за вашата иднина. Германија ја реафирмира својата посветеност за поддршка на вашата земја на птот кон НАТО и ЕУ.

Оставките на министрите и на директорот на УБК би можеле да бидат важен прв чекор од почетокот на враќање на јавната доверба и во адресирање на основните уште пофундаментални проблеми кои станаа очигледни. За ова да биде можно потребно е преземање на понатамошни мерки.

Повторив дека Владата мора да одговара на конкретен и суштински начин за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности, кои што излегоја на површина. Исто така, очекуваме независна и кредибилна судска истрага во врска со обвинувањата кои беа изнесени, вклучувајќи обвинувања за коруптивни практики, непотребно владино влијание врз правосудниот систем и интегритетот на изборниот процес.

Исто така на мојот соговорник му го повторив барање барањето да иницира конкретни мерки во однос на недостатокот на институционална и медиумска независност, посочени во снимените разговори, изјави Рајхел.

Рајхел изрази сочувство за жртвите во полициската акција во Куманово, каде 8 специјалци го изгубија животот,а над 30 беа повредени и изрази надеж дека овој настан нема да создаде тензии во межуетничките односи.

Тој посочи и на демократското право на протест, непосредно пред двата протестот на опозицијата, кој е закажан за во недела, но и митингот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи во понеделник и ги повика и власта и опозицијата да покажат одговорност за услови на политичка криза во земјата.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22408



https://www.youtube.com/watch?v=ttdHHJmatmo


6 )

Република Ѕверска Македонија

Не е крај додека не е готово. Оваа реченица пластично ја отсликува реалноста на политичката сцена, но го навестува и брзиот расплет.

Фокус 15 мај 2015,

Груевски направи премногу клучни грешки во изминативе 9 месеци, кои не дозволуваат да се покрие срамот нанесен врз Македонија во изминативе 9 години.

Ја прецени моќта на својата авторитарна рака.

Ја спореди со онаа на Ердоган, но ниту е нашиот премиер прв човек на Турција, ниту е Македонија економскиот џин на Азија.

Го отфрли првичниот предлог на Заев, кој денес со две раце би го потпишал.

Влезе во дополнително медиумско сатанизирање на сѐ што мисли поинаку, ги затна и последните лостови на надеж за некакво помирување.

Заигра на последната карта, која требаше да креира слика за супервлада, поради која изгубивме осуммина Македонци! Доста е.

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

http://fokus.mk/fokus-express/republika-zverska-makedonija/

7)

Алтман за Дојче веле: Актуелната конзервативна влада ризикува распад на државата

11-05-2015

Во Германија владее голема загриженост, но и разочараност поради случувањата во Македонија, а односот на владата кон кризата не наоѓа на никакво разбирање, вели во разговор за Дојче веле, Франц-Лотар Алтман експерт за балканскиот регион, член на Друштвото за соработка со Југоисточна Европа и на Фондацијата Бертелсман, како и професор на Универзитетот во Бук*решт.

Алтман вели дека случувањата за време на викендот во Куманово, ги зголемуваат стравовите дека „нештата би можеле целосно да излезат од контрола и да доведат во граѓанска војна“.

– Јас сум навистина загрижен поради негативниот развој во Босна (пред сe во Република Српска) и во Македонија, особено затоа што прелевањето не може да се исклучи. Притоа сметам дека ЕУ е немоќна, затоа што повеќе од вербални апели не може да се очекуваат. Единствениот инструмент кој и е на располагање на ЕУ е перспективата за членство, и таа е, и во двата случаи, многу слаба алатка -вели германскиот аналитичар Франц-Лотар Алтман во разговор за Дојче веле.

Германскиот експерт објаснува оти авторитарните тенденции на владата предводена од Никола Груевски претставуваат проблем за земјата и ги загрозуваат односите со ЕУ и со Германија.
„Авторитарното владеење и насилството против граѓаните кои протестираат нема да помогнат да се реши домашната политичка состојба и само ќе ја продлабочи веќе постојната отуѓеност меѓу ЕУ и Македонија.
Особено Германија е многу вознемирена и разочарана, затоа што Берлин последниве години секогаш се обидуваше да му помогне на Скопје во приближувањето кон НАТО и ЕУ.
Претходно позитивниот имиџ на Македонија константно се урнисува последниве месеци што предизвикува сѐ поголеми потешкотии да се убедат пратениците да го промовираат германскиот ангажман во однос на Македонија, без разлика дали се работи за рамката на претпристапните преговори или во несреќниот спор за името“, вели Алтман.


http://libertas.mk/алтман-за-дојче-веле-актуелната-конзе/

8)

Јуратовиќ: Не сум знаел дека Груевски од Македонија направил Кралство

НОВА објавено на: 07-03-2015

Интервју со Јосип Јуратовиќ, пратеник во Бундестагот и известувач за Западен Балкан од Социјалдемократската партија на Германија: Каде го гледа излезот од кризата во Македонија, неговиот став за странско медијаторство, за гаранциите на Груевски кон Заев дека ќе има фер и независно судење.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=16&vest=20738

9)

Политички концепт на економско самоуништување


09-03-2015

И додека полека но сигурно детонираат бомите на Заев, Груевски се обидува со стара реторика да ја реализира својата одбранбена стратегија. Тој и неговиот тим работеле 24/7, а граѓаните го препознале и во иднина ќе го препознаат сработеното. Груевски игра на картата дека ова е рецепт да се амортизира бомбашкиот напад од чии експлозии нормален човек не може да остане рамнодушен. Тоа што неговиот министер за финансии во излив на искреност и‘ признава на неговата „другарка полицајка “дека економската состојба е катастрофална и во услови кога немаме ни за леб купуваме чоколада, премиерот нешто многу не го засега.

Како градоначалник на Република Македонија тој продолжува да оди од село до село и да пушта канализациони мрежи и врши контрола на работите до каде е со изградбата на одводните шахти. Важно премиерот ги реализира проектите за граѓаните да бидат задоволни, впрочем, како што вели тој, граѓаните ги интересираат егзистенцијалните прашања. А партизираното судство, пригушените медиуми, партизираните и неефикасни државни институции, изборните манипулации, криминалот, корупцијата и одмаздничките афинитети кон партиските неистомисленици се теми кои според премиерската одбрамбена стратегија не е добро да бидат во фокусот на интерес, а тие што бараат разврска на овие прашања, нели се партиски обоени, а тоа според владеачката структура е „чума“ која треба да се сотре.

Но, очигледно, со ваквата одбранбена стратегија со која се прокламира работа по цел ден, Груевски како да заборави дека не е проблемот во тоа да се работи нон-стоп, туку што се работи, како се работи, по која цена се работи и, нормално, дали законски се работи. Не е проблемот во бројот на проектите, туку во нивната општествено-економска оправданост и ефикасноста во нивната изградба. Со овие критериуми се мери успешноста на моделот на развојот, а не само со бројот на проектите. А според досегашните резултати повеќе од јасно е дека досегашниот модел за развој е во криза. Па, според тоа, да се истрајува врз него е неразумно. Особено ако притоа е доведено во прашање и досегашното авторитарно управување со земјата, на што се потпираше елитата на власта. Имено, тоа се чувствуваше од порано, но по емитирањето на аудио снимките од прислушувањето на илјадници граѓани се покажа како неспорна и неодржлива практика на владеење.

Веќе е јасно дека протежирањето на концептот, работиме 24/7 и работиме на илјадници проекти ги потхрануваше авторитарните тенденции. Водачот требаше да биде во прв план и неприкосновен во донесувањето на одлуките. Имено, страста за авторитарна власт го произведе таквиот концепт, со цел да се задоволат потребите на водачот за се*е промовирање во спасител на државата. Во ваквиот концепт целосно се вклопува и потпирањето врз странските директни инвестиции насочени само на вработување, независно од цената која се плаќа за тоа. Пропагандата за нивниот прилив е мелем на рана на огромниот број на невработени, кои набрзо сфаќаат дека се „продадени“.

Оттука, очигледна е врската меѓу концептот за развој на земјата и авторитарната практика. Меѓутоа, практиката потврди дека меѓу нив нема синергија. Не само што резултатите од таквата врска се незадоволителни земјата да се извлече од сиромаштијата и да се приближи до европските вредности во начинот на работење и живеење, туку се и пречка за остварување на споменатите цели. Што треба да се случи за да се сфати дека нема одржлив развој без здраво и напредно домашно стопанство?

Во овој контекст, „фаќање за сламка“ е Груевски и понатаму да продолжи со погубната стратегија, а се‘ со цел да се оправда досегашното владеење и да се одржи на власт по секоја цена. Тоа значи само повеќе бегање од реалноста, но не и решавање на заострените општествено-економски и политички проблеми, бидејќи продолжувањето на ваквата практика само ќе ги влошува состојбите. На земјата и’ треба нова развојна стратегија која ќе биде услогласена со можностите за доследно остварување на принципите за демократски развој, затоа што со нарушување на уставноста и законитоста, партизирањето на државата, кршењето на човековите слободи и права, партиската контрола на судството и медиумите се повеќе заличуваме на диктатура отколу на деморкатија, а првиот човек се‘ повеќе ни се однесува како диктатор отколку како премиер избран на легални демократски избори.

Отпорот кој го пружа актуелната власт за морално- политичка разврска на кризата и инсистирањето на институционално правни решенија, во ситуација кога има потврда за партизирани институции, заедно со продолжување на концептот за работа на општествено економски неоправдани проекти повеќе од јасно укажува на премирската стратегија за одржување на статус кво позиција со цел избегнување на одговорноста за досегашното работење. Како и до кога и на премиерот не му е јасно, но очиглено се игра на картата, до кога се може.

Интензивното пропагандно убедување на јавноста во успешното работење на власта, е се‘ помалку ефикасно со само седум објавени бомби . И понатаму главни аргументи кои треба да бидат одговор на „бомбашките експлозии“ се „напорите“ за зголемување на вработеноста со очигледни популистички мерки, исплатата на заостанатите субвенции, пред време исплатениот кредит кон ММФ, како знак на стабилност на финансиската ситуација на земјата. Се исплати и долг од 25 милиони евра кон стопанството и тоа, иако е нормална обврска, се претстави како прилог на власта кон подобрување на состојбите во стопанството. По кој знае кој пат се истакнуваат вработувањата во технолошко развојните зони, па веќе не знае ниту колку се вработени, ниту колку се очекува во догледно време да се вработат. Важно е да се зборува за можностите, а да се сокријат незаконитостите. Веќе не се знае што е нормално однесување на власта, што е поддршка на бизнисот и на граѓаните, а што е популистичка мерка насочена кон билдање на рејтингот на водачот и на партијата. Во моментов, она што е сигурно е дека се спасува тоа што може да се спаси, ако веќе нешто може!

Д-р Крсте Шајноски

Колумната е објавена на порталот Фактор

http://libertas.mk/политички-концепт-на-економско-самоу/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyПет 22 Мај 2015, 2:44 am



1)
Македонија на седативи

Македонците годишно пијат по околу 145 килограми седативи, добиени со сини картони и со розов рецепт, а нивната потрошувачка расте. Тоа го покажува и податокот дека само во текот на првата половина на ланската година матичните лекари пропишале бели рецепти за 1.447.283 милиграми таблети за смирување, наспроти 992.031 милиграм такви таблети во истиот период во 2008 година

број 21909 сабота 13.2.2010

Нервозите и стресовите се помалку се решаваат со партија карти со пријателите, излет во природа, добар филм. Сé полесно станува со голтање на седатив да се влезе во царството на спокојот. Нашите граѓани проблемите одбираат да ги решаваат на полесниот начин, а и лекарите се повеќе препорачуваат лекови за смирување. Потрошувачката на овие лекови растела и во првата половина од минатата година, иако почна да се применува забраната да се продаваат без рецепт. Тие се користат за смирување, елиминирање страв, релаксација, против мускулна укоченост и против несоница.

Македонците, според статистиката на Бирото за лекови, годишно пијат по околу 145 килограми седативи, кои ги добиваат со сини картони и ги купуваат со розов рецепт, а потрошувачката на овие лекови расте. Тоа го покажува и податокот дека во текот на првата половина на ланската година матичните лекари пропишале бели рецепти за 1.447.283 милиграми таблети за смирување, наспроти 992.031 милиграм такви таблети во истиот период 2008 година.

Бирото за лекови лани ја затегна политиката околу набавка на лековите за смирување, па откако пациентите престанаа да ги добиваат без рецепт во аптеките почнаа да притискаат врз матичните лекари.

- Осигурениците знаат да притискаат да добијат бел рецепт за седативи со сино картонче, меѓутоа не го пропишуваме толку лесно. Седативите се даваат со индикација. Не може тоа да биде лек за решавање на проблемите. Оние кои прават уцени, а се зависни, во отсуство на контраиндикации, добиваат розов рецепт за бензодијазепини и хипнотици - вели д-р Лидија Ристевска, матичен лекар.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21310104515&id=9&setIzdanie=21909

Македонија на „дијазепам“

Објавеново 05 ноември 2014

Што е тоа ако не чин на врвна неблагодарност кон власта, која буквално се отепа од 24/7 напори да го усреќи својот народ?
Фактите се страшни и доаѓаат од статистиката на Фондот за здравство - во 2013 година биле испиени 30 отсто повеќе антидепресиви во споредба со 2010 година. Лани биле издадени 1,6 милиони рецепти за „дијазепам„, „апаурин“, „лексилиум“, „хелекс“... Кој знае уште колку се купени без рецепт, на своја рака. Со строга контрола на потрошувачката на овие лекови, можеби ќе се поправи статистиката, но нема да се смени вистината дека оваа власт и буквално - го збудале народот! Кај нас веќе со години владее апатија, чувство не безизлез, несигурност и страв од она што го носи утрешниот ден.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/48/makedonija-na-dijazepam

2)

(ВИДЕО) СДСМ: Застрашувачки факти за младите во Македонија


12-08-2014

- Лошите, погрешни политики на оваа власт најсилно ги почувствуваа младите во Република Македонија.

58% од младите во Македонија се невработени. Затоа заминуваат во странство со билет во еден правец. Бројката млади кои заминуваат расте буквално секој ден.

Поразителен е фактот што нашата државата останува без млади луѓе, без својата иднина. Бројката од 250.000 иселени млади од Република Македонија го вклучува алармот за црвена тревога.

Средношколците се под притисок на екстерно тестирање. Власта, ментално и психички ги оптоварува младите со бесмислено тестирање кое не го валоризира ангажманот ниту на учениците ниту на професорите.

Кога ќе завршат со таа голгота, голем дел треба да помине низ уште една: Руинирани студентски домови во кои до соба се доаѓа само со партиска книшка, како “придобивка“ за младите од власта на ВМРО ДПМНЕ.

Имаме Високи партиципации за студирање за кои нашите родители и последниот денар од својот џеб го даваат, некои дури и се задолжуваат, со верба дека нивните деца ќе изградат сигурна и безбедна иднина во нашата земја.

Дури 75% од младите сакаат да заминат од Македонија.

Го прашуваме најповиканиот, Никола Груевски, чуму високите партиципации и задолжувањата кои мора да ги плаќаат нашите родители? За да не поздрават на аеродромите со авионска карта во рацете?

Држава без младина е држава без иднина. Младите луѓе се витален дел и движечка сила во општеството.

На светскиот ден на младите порачуваме: ние младите во Македонија сакаме добро образование, бараме шанса за пристојна работа без партиски уцени, бараме државата да почне да се грижи за нашата иднина, а не за нашето минато. Ние, младите од Македонија сакаме иднина дома, а не надвор – изјави Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

http://libertas.mk/сдсм-застрашувачки-факти-за-младите-в/

3)

Октоподот на ДПМНЕ

Ѓорѓи Спасов
06.12.2013,

Оваа власт за изградба на споменици на илинденците потрошила многу повеќе од сумата со која располагале Гоце и Даме за кревање на востанието

По промената на власта во Македонија, можеби, ќе бидеме сведоци еден ден, од полицискиот портпарол да го слушнеме следново соопштение: „Синоќа во акција на полицијата под кодно име ’Центар 2014‘ е приведена група поранешни истакнати функционери и министри под обвинение дека со злоупотреба на службената должност го оштетиле буџетот на Општина Центар и на Владата за неколку милиони евра. По сослушувањето во полициската станица „Бит-пазар“ на сите осомничени за овој криминал им е определена мерката притвор во траење од 30 дена. Според извори од полицијата, осомничените на лажни фактури исплаќале енормно повисоки цени за леење споменици и за авторски хонорари, по што дел од исплатените пари се враќале на нивни сметки на непознати дестинации. Во акцијата, која истовремено се спроведува во соработка со полициите на Италија и на Србија, приведени се 16 лица, а уште толкав број се наоѓаат во бегство и по нив е распишана меѓународна потерница. Оваа успешна акција на полицијата, како што известуваат од Обвинителството, се реализира врз основа на важни информации од заштитените сведоци од Македонија, Италија и Србија. Еден од обвинетите, кој се наоѓа одамна во притвор во Србија поради слични малверзации при леењето споменици за белградска ’Галеника‘, според обвинителството, ќе биде сослушан во белградскиот затвор“.

По емитувањето на ова соопштение, веројатно, медиумите ќе информираат за голема група луѓе кои протестираат пред Основниот суд Скопје 1, обвинувајќи ја власта за политички монтиран процес, неверувајќи во независното судство и кои бараат од судот да им се овозможи на обвинетите да се бранат од слобода. Истовремено, од адвокатите на обвинетите ќе биде соопштено дека понудиле кауција за нивното ослободување од притвор во висина од 2 милијарди евра, а од претседателот се бара аболиција за обвинетите.

Зошто една ваква вест не изгледа само како научно-фантастична приказна, туку како многу веројатно сценарио?

По ревизијата на проектот „Скопје 2014“ од страна на Општина Центар, во која експертите од поранешната државна антикорупциска комисија објавија дека, според нивните наоди, постои основано сомнение за злоупотреба на службена должност при склучувањето на договорите за леење споменици во Фиренца и исплаќањето високи авторски хонорари, при што буџетот е оштетен за милионски суми, единствената реакција од страна на ДПМНЕ беше дека „се' тресела гората, а се родил глушец“. Или со други зборови, имало обвинувања за проневерени милијарди евра, а испаднало дека се работи само за неколку милиони и тоа покриени со законска процедура, односно „легално украдени“, поради што ниту еден обвинител не би можел да поведе обвинение, ниту некого да осуди.

Но, не е лошо да се види уште еднаш за колкав глушец станува збор?

За да може да се измери големината на глушецот, можеби, треба да се земе предвид цената на споменикот на Скендербег, кој е речиси со иста големина како и спомениците на Гоце, на Даме на Никола Карев и на останатите леени во бронза. Споменикот на Скендербег чинел 80 илјади евра, а за спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев, само на леарницата „Маринели“ во Фиренца и' биле исплатени 850 илјади евра. За леење во бронза на споменикот „Прво заседание на АСНОМ“ биле платени над еден и пол милион евра, за „Основачите на ВМРО“ биле платени за леење во бронза над еден милион евра, за „Гемиџиите“ околу еден милион итн.

Со други зборови, се чини дека оваа власт за изградба на споменици на илинденците потрошила многу повеќе од сумата со која располагале Гоце и Даме за кревање и спроведување на востанието и гемиџиите за спроведување на нивните акции.

Но, срамот не е само во тоа. За леењето во бронза на секој споменик до крајот на 2010 година е плаќана редовно речиси двојно повисока цена од онаа на вториот понудувач, кој станал конк*рентен дури откако е воведено електронското наддавање. Мермерните споменици на Ченто, Јустинијан и цар Самуил, според извештајот на ревизорите, биле набавувани од италијанска фирма, која и не била регистрирана за правење споменици, туку само за трговија со скулптури и тоа по двојно повисоки цени од цената на вториот понудувач, која, исто така, била висока. Колку повисока од нормално била цената на вториот понудувач станало јасно кога била воведена електронската аукција на која леарницата „Јеремиќ“ од Србија првично понудената цена од 700 илјади евра, за споменикот на паднатите херои, ја симнала на 275 илјади евра. А истиот тој Јеремиќ во Србија е обвинет и се наоѓа во притвор под обвинение дека наплатувал со лажни фактури 20 пати повисоки цени за скулптурите кои ги изработувал за фармацевтската компанија „Галеника“ во Белград.

Според податоците од ревизијата, на една речиси непозната вајарка, која 25 пати патувала на сметка на Општина Центар во Фиренца, и' бил исплатен авторски хонорар за нејзината работа во висина од еден и пол милион евра. Кога во 2009 година, сопственикот на леарницата „Арте Бронзо“ од Италија изјави дека наместо за 8,5 милиони евра, кои му се платени на „Маринели“ тој истите споменици би ги излеал во бронза за само 2,7 милиони евра, се очекуваше дека некој во Македонија ќе се замисли. Но, не се случи тоа. Новинарката Милка Смилевска, која сега работи во Ал џезира, тогаш објави дека скулпторот Андреа Пизани бил шокиран од сумата што Општина Центар и' ја плаќа на леарницата „Фернандо Маринели“ и рекол: „Не знам како властите од Скопје ги платиле овие пари. Но, по вака голема заработка, оние од ’Маринели‘ можат слободно да ја затворат леарницата“.

Ете, за толкав глушец станува збор. И можеби тоа што е до сега откриено е вистина само глушец во однос на она што може да се дознае откако ќе станат достапни сите документи за проектот „Скопје 2014“.

Убедени во тоа дека овој „романтичен проект“ Владата го реализирала чесно, од ДПМНЕ ги поттикнуваат сите граѓани што се сомневаат во чесноста на реализаторите на овој проект, а особено градоначалникот Жерновски, да поднесат кривични пријави, по што нашето независно судство би им издало судска потврда дека сите се невини. Нивната храброст во овој случај се темели врз убеденоста дека секоја исплатена сума била покриена со легално овластување и дека е направена во рамките на законот и надлежностите. Тоа се истите портпароли на ДПМНЕ кои дојдоа на власт со обвинувањата за „криминалната приватизација“ во Македонија, која била еден вид легализиран криминал, од кој, како што е познато, најмногу се офајдија некои од сегашните нивни најсилни коалициски партнери и медиумски поддржувачи.

Откако се објавени двата извештаи за зделките во рамките на „Скопје 2014“, станува јасно зошто Андреј Жерновски мораше да се натпреварува за својата функција и да победува до „деветтиот круг“ на изборите. Зошто државната изборна комисија и Управниот суд срамно и упорно ги поништуваа изборите откако ќе се дознаеше дека Жерновски победува. Зошто беше потре*ен оној циркус и срам со гласачите од Пустец, со блокирањето на лифтовите и зошто претседателот на Советот на Центар, Мирослав Шиповиќ, е во притвор. МВР под контрола на ДПМНЕ не можеше да чека Шиповиќ да се качи на авионот во Виена и да се врати во Скопје, туку не штедеше пари и направи се' за да биде притворен во австрискиот главен град и да биде чуван во екстрадициски притвор кој ќе го платат македонските даночни обврзници. Тој, веројатно, ќе биде чуван во притвор за да биде блокиран Советот на Центар и работата на оваа општина која им задава главоболки на градителите на „Скопје 2014“.

А можеше се' да биде поинаку. По објавувањето на ревизијата за „Скопје 2014“, Груевски можеше да побара свикување вонредна седница на Собранието на Македонија и да им се обрати на избраните претставници на народот со следниве зборови: „Почитувани пратеници, денес станувам свесен дека проектот ’Скопје 2014‘, кој го почнав со голема љубов и амбиција да го разубавам нашиот главен град, се претворил во најголемиот октопод во земјата. Од објавените податоци, кои мене ми беа непознати ,бидејќи им верував на моите соработници, останува сомневањето дека се одлевале големи суми пари по илегални канали и завршувале во нечии приватни џебови. Барам од полицијата и од судските органи да го испитаат секој случај поединечно и сечија одговорност. Јас како Никола Груевски ви ветувам дека секој што ја злоупотребил својата функција во реализацијата на овој проект ќе одговора. Ниту ВМРО нити свети ВМРО нема да ги спаси од тоа“. Така ќе постапеше вистински државник, дури и по цена да ги изгуби следните избори. И да ја спаси барем својата чест и честа на оние што, можеби, не се офајдиле од мрсниот глушец.

(Авторот е универзитетски професор)


http://www.utrinski.mk/?ItemID=64C8B4E0FE5160419EFB0B9966DC9426

4)

Чекајќи го Армакедон

Објавеново 04 ноември 2014

Во новозаветната книга на Откровението се опишува завршната битка помеѓу доброто и злото, помеѓу Семоќниот Бог на чело на принципот на доброто и земните војски на злото предводени од „ѕверот“ – Ѓаволот лично. „Ѓаволските духови одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна (против) Бога Седржителот.“ (Свето писмо, Откровение, 16.14) „И се собраа на местото наречено по еврејски Армагедон.“ (16.16) „И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков и голем и силен потрес, како што не станал откако има луѓе на земјата.“ (16.18) Така Армагедон, само еднаш спомнат во Новиот завет, стана синоним на денот на пропаста на грешниот свет. Барајќи го географското одредиште на Армагедон, мнозинството стручњаци се слагаат дека се работи за Тел Магидо, локалитет покрај Галилејското Езеро, но фактот дека тој локалитет е рамнина, а Армагедон е грчко име за оригиналниот Хар Магидо, што значи „планина на собиралиштето“, предизвикува дискусија што уште не стивнува. Да не е решението на библискиот криптограм („планина“ наместо „рамнина“) во грешката при препишувањето на старите свети списи, која наместо буквата „г“ во грчкиот превод, всушност била „к“? Така Армагедон би бил, всушност, Армакедон, или брдото Македон, нашата родна библиска Македонија.
Но, тука престануваат сличностите со приказната за Армагедон од Откровението на светиот апостол Јован Богослов, зашто светата територија на денешното Царство на глупоста сѐ уште наречено Република Македонија, никогаш во својата историја не била боиште на епски битки помеѓу Ѓаволот и Бога. Од друга страна, ниту воочувањето на сличностите не може да се одбегне, не само поради јасното библиско референцирање на катастрофалните земјотреси, туку и поради очигледниот факт дека Македонија денес изгледа како навистина војските на Јехова и неговиот син да се судриле со Ѓаволот токму на оваа територија. Земјата е силувана, ограбена и обесчестена, а луѓето го евакуирале своето најскапоцено благо – својот подмладок - надвор од земјата, останувајќи апатично да го чекаат крајот на светот. Да, единствената работа од библиски пропорции денес во Македонија е моралната пустелија, владеењето на глупоста и провинциската општествено-политичка тиња во која се давиме под власта на ДПМНЕ.
Својата библиска судбина Македонија ја остварува чекајќи го својот Армагедон под ѓаволското водство на најалчната и најглупавата д(пмн)еспотија во својата историја. Овој режим го подготвува македонскиот суден ден реформирајќи ја целата некогаш демократска структура на државни институции во единствен опресивен апарат за ограбување и осиромашување на населението. Овој бездушен административен апарат делува според новосоздадените неуставни и нехумани закони или според акти и процедури што се спротивни и на важечките закони. А социјалниот мир го одржува со застрашување, глобење, судење и извршување, создавајќи атмосфера на безнадежност во којашто оштетениот и ограбениот граѓанин никогаш не може да ја достигне правдата во кафкијанските ходници на режимскиот замок. Тоа што овој грабеж го генерира вертикалното пропаѓање на општеството и веројатно иреверзибилното уништување на сите ресурси, станува невидливо во атмосферата на заглупавеност, политичка индиферентност и ментална кратковидост од епски пропорции. Од јасните знаци на доаѓањето на судниот ден на оваа неодржлива суперкорумпирана клептократија, режимот се брани со засилено градење на прескапи и перверзни градби во задожителниот барокштајн стил и со зајакнување на сатрапскиот даночен и казнен грабеж на населението со кое ја финансира изградбата и личното богатење на владејачката врхушка.
Ваквата колективна самодеструкција се случувала честопати во историјата при што исчезнале многу цивилизации, каде-каде поголеми од нашата кревка и плитка калливо-барска цивилна култура. Една од најстарите и најторжествени урбани цивилизации, сумерската цивилизација во рамниците на долниот тек на Тигар и Еуфрат, исчезна од историјата засилено трошејќи ги своите ресурси како што тоа го прави деновиве Македонија. Споредбата со нашава жабокречина е космички далечна по својот размер и детали, зашто токму во Сумер пред повеќе од 5.000 години се пронајдени лебот и интензивното земјоделство, практично сите дејности и институции на државата, првото писмо и, треба ли да нагласам, токму таму е ритуално испиено првото пиво од јачменов слад во вселената. Сепак, нивната пропаст наликува на нашата, зашто постојат записи дека тргнале надолу кога владејачката класа станала арогантна, а нејзината администрација огромна и прескапа. На сигналите за неодржливото трошење на основните ресурси таа алчна елита, како што пишува Рајт, одговорила со драстичното „крадење на иднината за да се плати сегашноста, со трошење на последните резерви на природниот капитал, со безобзирно расипништво и претерано богатство и со грандиозни градителски зафати во главниот град Ур“. По предолгиот карневал на овој лажен и перверзен сјај следела пропаст од која јужна Месопотамија никогаш не закрепнала, зашто јаловата солена пустина во која и ден-денес се наоѓаат прашните остатоци од некогаш величествениот Ур, е вечна последица на суетата, алчноста и самоуништувачката глупост на последните Сумери.
Овие забавни библиски аналогии и повеќе од депресивни историски римувања на пропаста на големите царства со неодржливото крадење, пустошење и уништување на македонската иднина од страната на режимот на Груевски, со манихејски сјај го осветлуваат решението на нашиот „случај“. Нашето пропаѓање не е последица на погрешни политики на една партија на власт, туку е резултат од насилната инвазија на ордите на глупоста раководени од Принцовите на алчноста и злото. Нивното совладување, поради тоа, не е можно со никакво коруптивно преговарање, ниту, пак, со корективно шминкање на работата на парламентот или на другите окупирани и малигнизирани институции, туку единствено со формирање широк фронт на силите на Доброто и бескомпромисно отфрлање на власта и нејзините инсталации. Зашто, денес во груевизираната Македонија грдото е новото убаво, а основното морално начело е дека е добро да бидеш лош. Оваа погрешна и зла морална инверзија е, всушност, новозаветниот грев што го заслужува својот Армагедон, во кој победата над силите на злото мора да резултира со нивниот пораз и изгон од библиската земја.

Објавено во „Слободен печат“

http://www.plusinfo.mk/mislenje/47/cekajkji-go-armakedon


Мислења

Стануваме ли држава без иднина?
28.11.2013,


Тодор Пендаров

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=87AB5F69FB60ED4FA7871F72E1903439

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyСре 27 Мај 2015, 4:09 pm

Е сега дали СДСМ нуди нешто подобро ?
Или дали СДСМ кога би дошол на власт не би го правел истото .
Нема таква гаранција дека би било подобро или дека нема да има криминал .
А од друга страна кој вели па дека на некој предвремени избори би победил СДСМ .Не за друго туку и помалите партии се во право кога се лутат и бараат цела Македонија да биде една изборна единица .

Пред некој ден гости на емисија 360 степени на АлсатМбеше Фуере кој предлага не само сега да се формира како рече Влада за Национален спас туку и во нареден период после предвремени избори без разлика на резултат повторно да биде формирана таква влада (разликата би била воброј на министерски места )и кажа дека таков пример може да се најде оти така било во Германија .

Па држи ваквиот предлог на Фуере .
Не за друго туку со таква влада би се направила департизација на институции , нема да се бега од одговорност , би се дознала вистинска ширина на уништувањето на Македонија под власт на Мијалковци Груевци оти сега сее државна тајна дури и колку е задолжена Макеоднија и надвор кон странски доверители но и внатрешните задолжувања се тајна ( што дури ниту во социјализмот не беа тајна )

Ќе треба извесен временски период да се дефинираат некој работи а најбитната е досегашната пракса дали во политика треба да се оди за да се збогатиш со крадење и како тоа понатаму да се спречи.

Инаку во моментв има една теза меѓу народот дека подобро е да се остави Груевски Мијалков и други ајдучишта оти ..... “ тие се изнакрадоа ептен многу па ОТСЕГА ќе направеле нешто добро за Македонија а ако дојде СДСМ и / или некој друг гладен ќе сака да краде да се збогати –да се најаде .”

Станува збор за опасна заблуда .

1)
Од некој што се научил да краде и видел дека криминалот и те како се исплати неможе да очекуваш да се смени да стане чесен да направи нешто добро за те*е .Лудост е тоа .
Па Груевски крадел како министер во влада на Љубчо Георгиевски и потоа не беше казнет за тоа па си продолжил да краде во време на СДСМ (2002 -2006 ) и цело време си останал неказнет а од 2006 како премер гледаме –слушаме од “бомбите” какви пљачки правел .
Тука веќе си имаме работа со клептоман.Топрв отсега па надаље ќе станвал чесен ќе направел нешто добро за Македонија .Глупости невидени се тоа .
Неможе ти да бараш совест –автокритичност од некој што видел дека криминалот се исплаќа .Дека е добро да си нечесен да крадеш да пљачкаш .Криминалецот нема совест тој уште во моментот кога свесно се одлучил за крадење го избришал зборот совест од својот речник. Дали сега Груевски прeстанал да краде ?Ма јок .Ете сеуште нарачува споменици и префрла буџетски пари на Сител и други арамиски компањони .Зарем Ѕинго е гладен па ете и тој се впуштил во пљачка на државниот буџет ? Абе луѓе болест е тоа .Тоа не се лечи а уште помалку дека поминува само од се*е ..дека Груевски другите криминалци утре ќе се раzбудат и ќе речат “е ај од денес ќе бидам-ме чесен-ни” . Никогаш не било никогаш нема да биде .Па нели Заев му понуди на груевски заедно-двајцата да поднесат оставки од сите фукции и а станат обични граѓани но и на Груевски даму се одземе пасошот .Зошто чесниот Груевски одби ?


2)
Па Мијалков не бил сиромашен и кога дошол во Македонија .Нели имал градежна фирма и одлично му одело во Прага – Чешка .А денес се препоствува дека пола фирми во Макеоднија се негови .Со прислушкување со пиштол на чело ќе му препишеш фирмата .Најтазе бешепримерот со Механџиски од Зегин кога јавно се правдаше дека фирмата им ја препишал на зетовците и ќерките ама ги шкартирал во Германија од таму да управуваат со Зегин .цццц Се знаез зошто е тоа .

Еве примери :

А)
Цело ДПМНЕ се бламираше

ВМРО-ДПМНЕ: СГС не е во сопственост на Сашо Мијалков


05-02-2014

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски:

СДСМ продолжува да пласира груби лаги и измислици со цел да постави знак за еднаквост помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. А тоа не е така. Со оваа прес конференција, СДСМ се обидува да ги оправда скандалите за нивните водачи Радмила Шекеринска и Зоран Заев за кои постојат документи и факти и еклатантни докази дека се замешани во сомнително работење и прибирање на неоснован приход.

Потенцираме дека фирмата за која говореше Дамјан Манчевски во својата прес конференција, не е фирма во сопственост на Сашо Мијалков. Прес конференцијата на Манчевски е само една обична измислица.

СДСМ треба да престане да сее магла во јавноста и да пласира шпекулации во прашална форма, за кои и самите знаат дека не се вистина. Впрочем да си веруваа во тоа што го говорат, немаше да го пратат Дамјан Манчевски како жртвено јагне да поставува прашања, туку ќе излезеше Радмила Шекеринска и сама ќе тврдеше дека се вистина овие измислици.

Ги замолуваме СДСМ уште еднаш, во иднина, наместо да се обидуваат да сеат магла и невистини во јавноста, да се позанимаваат со сомнителните зделки во своите редови и да ги објаснат скандалите за нивното раководство на чело со Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

http://libertas.mk/вмро-дпмне-сгс-не-е-во-сопственост-на-с/


(ВИДЕО) Манчевски: Дали Мијалков издејствувал милион евра за СГС?


05-02-2014

Власта нема само омилени бизнис – уредници и омилени медиуми, кои добиваат милионски тендери. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има и омилени фирми кои добиваат милионски бизниси.

Според официјални податоци на Бирото за јавни набавки, фирмата за обезбедување „Секјурити груп сервисис, ДООЕЛ Скопје“, во 2012 и 2013 година добила бизниси од различни субјекти со вредност од неколку милиони евра.

За една новоформирана и дотогаш анонимна фирма сомнително многу.

Оваа фирма, СГС, основана во декември 2010 година, за само година и половина, од мај 2012 до ноември 2013 година склучила најмалку 28 договори со институции под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

Од добиените 28 тендери, од државни институции, дури 20 пати СГС била ЕДИНСТВЕН учесник!

Дали е точно дека зад оваа фирма стои братучедот на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков?

И дали тоа е причината што министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, каде што раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, токму во овој период, имале потреба токму од оваа фирма?

Еве само неколку примери:

Јавното претпријатие за државни патишта, склучила најмалку два договори со СГС во вредност од околу 430 илјади евра, и тоа за обезбедување на наплатни станици.

Број на добиени понуди една! И за двата договори.

И Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски делел тендери на оваа фирма. Град Скопје, исто така склучил два договори со СГС во вкупна вредност од околу 420 илјади евра.

Идентично, број на добиени понуди една! Идентично, и за двата договори.

Како овие 420 илјади евра да не биле доволни, па дополнително, уште 5 средни училишта, под надлежност на Град Скопје, склучиле договори со СГС во вредност од околу 11 илјади евра.

И министерката за култура од ВМРО-ДПМНЕ, Канческа Милевска, исто така делела бизниси на оваа фирма.

За обезбедување, мониторинг на локален видео надзор и ПП заштита за објектот „Порта Македонија“ Министерството за култура склучила договор со СГС вреден околу 33 илјади евра.

Дополнително, Музејот на ВМРО, институција под надлежност на Министерството за култура, исто така склучило два договори со СГС, со вкупна вредност од речиси 57 илјади евра.

Исто така, и Јавната установа „Национален парк Маврово“ склучила договор со оваа фирма за обезбедување на објекти во вредност од 48 илјади евра.

Број на добиени понуди: една!

Се поставува прашањето дали и на овој начин, преку сопствената бизнис елитата на ВМРО-ДПМНЕ, се испумпуваат милионски суми народни пари?

http://libertas.mk/видео-манчевски-дали-мијалков-издејс/



б)
(ВИДЕО) Бомба бр.28 – СДСМ: Слушнете докази – Мијалков стои зад СГС и милионите! Градоначалникот Панов поднел оставка!


30-04-2015

http://libertas.mk/видео-бомба-бр-28-сдсм-слушнете-докази/


https://www.youtube.com/watch?v=_1g2wh3msRU

ВИДЕО Ѓорѓиев: Сашо Мијалков стои зад фирмата СГС, која добива милионски тендери

http://www.plusinfo.mk/vest/24133/video-gjorgjiev-sasho-mijalkov-stoi-zad-firmata-sgs-koja-dobiva-milionski-tenderi-


https://www.youtube.com/watch?v=AYhkgLchCvc

Која е СГС, фирмата што ги обезбедува клучните објекти во земјава?

Сопственик на НВСП (односно, основачот на СГС), е Владислав Стајковиќ, кој освен што е сопственик на фирмата, е и познат ватерполист. И не само тоа. Тој е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде газда е токму Жарко Луковски, главен извршен директор на Те-Мобајл

Фокус 2 мај 2015,

Текстот е објавен во „Фокус“ број 869, од 24 февруари 2012 година

Ако се обидете да ја склопите шемата на инволвираност, таа почнува од обезбедување, до мобилна телефонија, па преку фирма за консалтинг, до Ватерполо федерација, па дури и до Националната платежна картичка. Ликовите се исти, бизнисите различни. No, сите водат до една личност, до највисоката структура во МВР, кога е во прашање контраразузнавањето!

Пишувала Мери ЈОРДАНОВСКА

Додека обезбедувачите на агенцијата за обезбедување „Секјурити Груп Сервисис“ (СГС) верно ја чуваат Триумфалната порта и останатите стратешки објекти во државата, на виделина излегува чуден сплет од личности кои директно или индиректно се поврзани со оваа нова агенција која успеа да му земе дел од бизнисот на Дејан Митревски – Урко („Лупус“) и на Бранко Бојчевски („Оса“). Ако се обидете да ја склопите шемата на инволвираност, таа почнува од обезбедување, до мобилна телефонија, па, преку фирма за консалтинг, до Ватерполо федерација, па дури и до Националната платежна картичка. Ликовите се исти, бизнисите различни. No, сите водат до една личност, до највисоката структура во МВР, кога е во прашање контраразузнувањето.

СЛУЧАЕН СПЛЕТ ОД ЛИКОВИ?

За почеток, да повториме неколку детали. Доколку прошетате низ трговскиот центар „Рамстор“, плоштадот Македонија, Музејот на холокаустот, Музејскиот комплекс на ВМРО, ќе забележите лица со црни униформи на кои пишува СГС и со амблем кој потсетува на шлемот од македонската фаланга. Станува збор за новите обезбедувачи, агенција која е отворена лани, а се наоѓа во центарот на Скопје, спроти зградата на „Кјуби“, на улицата 11 Октомври. Таму се паркирани и нивните возила, петнаесетина бели „голф 6“.

Нашите извори велат дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, неколкупати бил виден како влегува во седиштето на агенцијата. Отворена е некаде кон крајот на 2010 година, а во последнава година успева да склучи договори за обезбедување со голем број клучни објекти, но и да им ги земе од надлежност објектите кои до сега ги обезбедуваа „Лупус“, „Оса“ и останатите агенции.

Овие информации ни отворија работа да провериме, кој, всушност, се крие зад оваа агенција, која со влог од само 5.000 евра успеа да се инфилтрира на пазарот и да земе дел од бизнисот на Урко, инаку досега најверниот играч на Мијалков.

Управител на СГС е Мирољуб Давидов, но, многу поинтересно е она што следува понатаму. Така, основач на Агенцијата за обезбедување СГС, според податоците од Централниот регистар, е друштвото за консалтинг и посредување НВСП дооел – Скопје. Оваа фирма е основана во 2006 година, основна дејност на компанијата е посредување и консалтинг, а секундарна дејност е дистрибуција и продажба на разни видови производи. Од 2009 година НВСП е официјален дистрибутер за мобилните телефони на „Алкател“, и тоа за мобилните оператори Те-Мобајл Македонија и за ВИП.

И тука доаѓаме до одредени личности, кои едноставно е невозможно да не ви паднат в очи. Сопственик на НВСП (односно, основачот на СГС), е Владислав Стајковиќ, кој освен што е сопственик на фирмата, е и познат ватерполист. И не само тоа. Тој е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде газда е токму Жарко Луковски, главен извршен директор на Те-Мобајл и поранешен претседател на одборот на директори на „Македонски телеком“.

Што следува понатаму? Брат на Владислав Стајковиќ е Небојша Стајковиќ. Ако ги пребарате на интернет, за нив ќе ви излезе само податокот дека и двајцата биле дел од ватерполо клубот „Орки“, каде Небојша Станковиќ бил претседател, а Владислав член на управниот одбор. Но, според нашите информации, и двајцата се верни играчи на Луковски, кој, патем, како што веќе пишуваше „Фокус“, е старосват на Орце Камчев, на чија свадба, пак, кум бил никој друг, туку Сашо Мијалков, директор на УБК и прв братучед на премиерот Никола Груевски.

Да се вратиме на браќата Стајковиќ. На веб-страницата на Те-Мобајл, односно во годишниот извештај за 2010 година за „Македонски Телеком“ АД Скопје и Те-Мобајл Македонија, ќе го видите и името на Небојша Стајковиќ, како неизвршен член на одборот на директори. Таму се наведува дека тој бил советник на министерот за информатички технологии, член на Меѓународната организација на ватерполо судии и претседател на Ватерполо федерацијата на Македонија. Нашите информации, дека има работено и во шестата управа на МВР, сѐ уште остануваат непотврдени. И така, стигнуваме до одредена поврзаност која води од СГС кон НВСП, па потоа кон Мобико, Те-Мобајл и до МВР. Но, ова не е сѐ. Во игра се уште многу други фирми, за кои „Фокус“ пишуваше минатата година.

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

Според она што лани го истражуваа колегите од „Фокус“, Владата пред речиси три години набавила 55.000 компјутери од фирмата „Ком трејд“ на српскиот Бил Гејтс, Веселин Јевросимовиќ. Овој бизнисмен често бил гледан во друштво со српскиот вицепремиер Ѓелиќ, човекот кој учеше како се воведува ДДВ токму од нашиот премиер Груевски. Она што е интересно е дека под називот „Ком трејд“, пред цела една деценија се јавува и името на Жарко Луковски, а и на Небојша Стајковиќ.

„Имено, на сајтот на фирмата ’Логин системи’, сѐ уште стои записник од средба на компјутерските фирми во Македонија, која се одржала во 2000 година, а собирот бил всушност иницијатива за формирање на ИТ-здружение. Еден од присутните на таа средба е

Жарко Луковски, кој во записникот е напишан како претставник на ’Ком трејд’, но никаде не пишува за која фирма точно станува збор. Упатените добро знаат дека човек со исто име и презиме во моментов е главен и извршен директор на Те-Мобајл Македонија!“, пишуваше „Фокус“.

Пребарувајќи ја оваа фирма, се потврди дека човекот за контакт на оваа компанија е Небојша Стајковиќ и дека седиштето на фирмата е на булеварот Партизански одреди 101, истата адреса на која се наоѓа фирмата „Мобико“ на Луковски.

„Пред да донесуваме какви било заклучоци, наше е да споменеме уште неколку интересни информации. Значи, Стајковиќ, кој се јавува како контакт-лице на старата ’Ком трејд’ е, всушност, еден од двајцата ватерполо судии од Македонија кои ги има на сајтот на Европската пливачка федерација ЛЕН, а ние без да алудираме на некакви врски, ќе спомнеме дека со пливање се занимаваат и бизнисмените кои се вртат околу ’Виста груп’, кои ние ги пишувавме како дел од пајажината на Националната платежна картичка! Дополнително, ако се суди според сајтот на Телекомот, каде, нели, еден од директорите е Луковски, може да се види дека овој телекомуникациски гигант соработува со денешната ’Ком трејд’, која е претставник на фирмата на Јевросимовиќ. Имено, ако на сајтот на Телеком разгледувате некој лаптоп, ќе видите дека овластен сервис на овие апарати е фирмата ’Ком трејд’!“, пишуваше „Фокус“.

Уште поинтересно е дека за телефоните купени од Телекомот, овластен сервисер, меѓу другите, е и фирмата „Мобико“ на Луковски.

ПЛИВАЧИ, ОБЕЗБЕДУВАЧИ… И ВМРО-ДПМНЕ!

Кога веќе ги зачнавме пливачите, редно е да се напомене уште една информација за која веќе пишуваше „Фокус“, за нивната поврзаност со аферата Национална платежна картичка поврзана со премиерот Груевски. Имено, станува збор за фирмата „Виста процесинг“, регистрирана во 2001 година, во сопственост на синот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ и на Стефан Пулејковски, инаку поранешен претседател, а актуелен генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија. Чисто информативно, да споменеме дека ватерполо клубот „Орки“ на Небојша Стајковиќ, кој сега постои само на хартија, е член на оваа федерација.

Како што пишуваше „Фокус“, фирмата „Виста процесинг“ во 2002 година добила бизнис од три милиони евра од Министерството за финансии, кога министер беше токму Груевски, а парите биле добиени за потребите на НПК, каде што директор беше Владимир Мијалков, првиот братучед на Груевски. Фирмата отишла во стечај само една година откако го добила бизнисот тежок три милиони евра.

Во целата оваа приказна измешани се навистина многу ликови, директно и индиректно, случајно или неслучајно. Се почна од новата агенција за обезбедување СГС и информациите дека зад неа стојат високи структури во МВР, поради наводно заострените односи меѓу Мијалков и Урко. Но, ако се прочепка подлабоко, во оваа приказна навистина се се врти околу ВМРО-ДПМНЕ, пливачите, обезбедувачите и контраразузнавачите!

Кој е основачот на СГС

ШТО И ДА ВИ ТРЕБА, ОБРАТЕТЕ СЕ ВО НВСП!

Кога ќе ја отворите веб-страницата на фирмата НВСП, инаку основач на агенцијата за обезбедување СГС, има неколку работи кои ви паѓаат вo очи. Така, на листата на клиенти е наведена фирмата „Ком трејд ИТ“, токму онаа во која споменавме дека уште пред цела една деценија се јавува и името на Жарко Луковски, а и на Небојша Стајковиќ. Освен тоа, оваа компанија е диструбутер за телефоните „Алкател“, токму за Те-мобајл, каде Луковски е директор.

А, кога ќе разгледате на кои се полиња работи НВСП, не е ни чудно што токму оваа фирма за консалтинг се јавува како основач на новата агенција за обезбедување која го зазеде приматот во државата. Нивниот спектар на услуги ви ги пренесуваме токму онака како што стои на веб-страницата:

- консалтинг услуги, советувања, медијација и адвокатски услуги;
- архитектски дизајн и конструкциски проекти за безбедни градби;
- услуги на полето на проценка на ризик и закана и програми за заштита на ВИП, проценка на ризикот и типот на потенцијалната опасност;
- обезбедување на резиденции и простории, надзор и контра-надзор;
- приватни известувања и безбедносни анализи, проценки и извештаи;
- планирање, организација и преземање мерки преку IT системи, мрежно надгледување и протокол;
- бизнис менаџмент, нарачување и продажба на специјална опрема, итн.

Со што, всушност, нe се занимава оваа компанија?!

http://fokus.mk/koja-e-sgs-firmata-shto-gi-obezbeduva-kluchnite-objekti-vo-zemjava/

(ВИДЕО) СДСМ: Мијалков го обвинува Урко што се расчуло чија е агенцијата СГС

Разговор помеѓу Дејан Митревски Урко и Сашо Мијалков

ДМ: Да, шеф?
СМ: Што праиш Урко?
ДМ: Еве сега се облакам дома, па ќе идам накај…
СМ: А бе, вчера немав време да ти се јавам. Тоа во Фокус, виде ли таму што пишуе бе…
ДМ: Ајде бе, не ни читам.
СМ: Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега?
ДМ: Е што направив бе шеф?
СМ: Е, што направи. Како што направи? Напраи затоа што таму у почеток збореше. Вака ќе правам, така ќе правам, по луѓе збориш. Доаѓа до ушите на СДС.
ДМ: А, што сум зборел, вака ќе праам, така ќе праам?
СМ: Ги напаѓам тие СГС, ќе видат, ќе ова, ќе она…Е од таму се тие муабети, да знаеш.
ДМ: Нема врска, не држи вода. Некој ти го кажал ова. Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра те*е ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче. Што е ова.
СМ: Ова е срамота бе.
ДМ: Срам е да. Ама, ќе дојде време кога ќе им виси на главите и на Рамче и на Верче. Од нив е ова се, нема од кој. Јас не сум те спомнал нити те*е, нити Агенцијата, баш те подржавав.
СМ: Не, ова е од СДС. Како доаѓа до СДС, тоа е друга работа.
ДМ: Јас за те*е ќе зборам? А бе ти, шо сакаш дослушај, у куќа да ми отвориш мене канцеларија некоја, ќе ја поддржам од те*е дека. Зошто не ми веруваш ти мене? Јас ќе зборам за СГС. Јас не сум политичар, ти си тој. Твоја проценка. Ти што ќе процениш јас тоа ќе поддржам. Кога јас сум се контрал со те*е.
СМ: Добро.

http://a1on.mk/wordpress/archives/484537


в)

Да си ги заштити пљачките мијаков има формирано паравоена формација која како слушаме од “бомбите” e помоќна и од полицијата

СГС обезбедувањето ЛЕГИТИМИРА новинари што сакаат да ја следат прес-конференцијата на Студентски пленум?


25-12-2014

Агенцијата за обезбедување СГС ги легитимира новинарите на платото пред УКИМ, објави А1 он, известувајќи дека обезбедувањето инсистирало новинарите и снимателите кои не ги понеле со се*е легитимациите ништо да не снимаат од прес-конференцијата што ја одржа Студентскиот пленум.

http://libertas.mk/сгс-обезбедувањето-легитимира-новин/


Не само што цело време превел зло туку и се спремал да прави уште поголеми зла врз народот .
И ти да очекуваш дека ваков човек ќе се смени ќе стане чесен .
Ни било ни ќе биде .


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyСре 27 Мај 2015, 8:27 pm

Македонски државјани испрале 5,2 милијарди долари преку швајцарски банки

Објавеново 26 мај 2015

За период од 9 години, преку нелегални канали од земјава се изнесени 5,2 милијарди долари, покажува истражувањето на „Глобал Фајненшал интегрити“.

Според податоците презентирани во истражувањето, во просек годишно се изнесувани по 521 милион долари. Во истражуваниот период, од 2003 до 2012 годинаи, од земјава најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.

Македонија, според рангирањето во истражувањето, е на 79. место по износот на изнесени нелегални средства во странство.

Од регионот, Хрватска е на 49. место со 1,4 милијарди долари, Албанија е на 115. место со 128 милиони долари.

Овие информации излегоа на виделина откако Европската унија побара од швајцарската Влада да ги објави имињата на странски државјани кои имаат отворени сметки во швајцарски банки а кои се сомничат за затајување данок.

Швајцарија неодамна донесе посебни мерки за тоа, а деновиве почна да ги објавува имињата на германски и на други странски државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки.

Европскиот парламент на 21-ви овој месец донесе и директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки.

Засега не е познато дали на листата има и македонски државјани, но дел од познавачите во оваа област велат дека очекуваат дека на списокот има и лица од Македонија, кои според експертите, закононски треба да одговараат и во матичната земја и во Швајцарија.

http://www.plusinfo.mk/vest/27140/makedonski-drzavjani-isprale-52-milijardi-dolari-preku-shvajcarski-banki-




ВИДЕО: Сите „бомби“ на Заев

http://libertas.mk/видео-сите-бомби-на-заев/



За 6 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 3,7 милијарди долари!

мај 26, 2015

За десет години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, што ја позиционира Македонија на 79-то место по сумата на изнесени нелегални средства. Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежните институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари. Дел од експертите од оваа област велат дека системот што треба да ги следи финансиските трансакции е слаб. Укажуваат дека загрижува тоа што според новиот Закон за спречување на перење паи и финансирање тероризам, функционерите се изземени од регулативата односно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции.

-Загрижува фактот, што со новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се извадени од законот “политички експонираните личности”, тоа се сите јавни функционери, а за тоа постои посебна директива во Европската унија, дека тие лица се посе*ен ризик и треба да се следат со внимание. А кај нас со законот од 2014-та година тие се извадени од регулативата или поточно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции, значи на некој начин како да се прави подготовка за полесно пренесување на средствата надвор од земјава, затоа мислам дека сеуште нашиот систем е многу слаб, но тука многу ќе помогнат другите системи надвор од Македонија.Кај нас системот кој што треба да ги следи финансиските трансакции и перењето пари е многу слаб, пред неколку години беше многу подобро воспоставен тој систем. Сите механизми кои што беа воспоставени се ослабнати, вклучително и контролата што ја вршат банките но и контролата над банките во однос на исполнување на нивните обврски од овој тип, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Македонија.

Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“ во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин биле изнесени 5,2 милијарди долари. Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 10 години изнесува 5,212 милијарди.

Швајцарската Влада почна да ги објавува странските затајувачи на данок

Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на странските државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки. Како причина за овој потег, Швајцарската даночна управа ги наведува барањата на надлежните институции од дургите земји за помош во истрагите против депонентите во швајцарските банки. Овој потег доаѓа барање на Европската унија. На 21-ви овој месец, Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки. Дали на листата има и македонски државјани?Дел од експертите очекуваат дека на списокот ќе се појават имиња и фирми на лица од Македонија.

-Не е исклучено наши функционери да имаат сметки во Швајцарија. Досега без исклучок се покажа дека од сите држави кои што имаат правни системи кои имаат голем проблем со корупцијата, функционерите ги изнесуваат средставата и ги стваат во швајцарските банки.

Очекувам дека на тој список ќе има и имиња на лица од Македонија и компании, затоа што постојат многу информации, а и не е ниту тајна дека наши луѓе имаат основано компании во други држави, а овој пат ќе се знаат вистинските сопственци. Многу често се случува тие компании да се основаат под други имиња, тешко може да се стигне до вистинскиот сопстевник на компанијата или за тоа кој интерес го застапува таа компанија. Доколку на тие списоци се појават имиња на наши државјани, тие имиња ќе можеме да ги видиме, оти тоа ќе биде јавно и ќе може да се види кои се тие лица, и тие нема да ги селектираат по држави, туку ќе ги објавуваат сите, па доколку имаме интерес ние и доколку има лица од Македонија, тоа ќе може да се види. Овој потег на Швајцарија произлезе после настаните пред неколку години кога се обелоденија имињата на лица и компании кои имаат жиро сметки во Швајцарија, за да ги избегнат даночноите обврски во другите држави од ЕУ, и сега норамлано ЕУ побара од Швајцарија да ги објавува имињата. На овој начин ќе се има поголем увид во тоа кои се лицата кои избегнуваат плаќање на данок, вели Тасева.

Според дел од експертите доколку на листата се најдат и државјани на Македонија, тогаш тие ќе мора да одговараат пред надлежните институции во земјава, но доколку се утврди корупција и перење пари ќе одговараат и пред швајцарските надлежни институции.

http://faktor.mk/2015/05/26/za-6-godini-od-zemjava-nelegalno-se-izneseni-fantastichni-3-7-milioni-dolari/


Хммммм

која чудна коинциденција

пред два дена авин на Груевски се “расипува” баш во Цирих во Швицарска

или може нее коинциденција и воопшто нее чудна
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyНед 31 Мај 2015, 1:46 am

Да не останам должен еве го интервјуто со Фуере каде кажува дека додека е Грујо и оваа Влада НЕМА веќе да има ниту препорака за преговори а камоли некакво членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Гостува: Ерван Фуере

http://alsat.mk/episode/196688/gostuva-ervan-fuere


360 25 05 2015

https://www.youtube.com/watch?v=MG5XKOkgit0


Топ тема: Преодна Влада, но не во кој било формат

Гости Мерсел Билали и Јове Кекеновски

http://www.telma.com.mk/content/top-tema-preodna-vlada-no-ne-vo-koj-bilo-format


Топ тема 27 мај 2015

https://www.youtube.com/watch?v=OJnXvaTEiN4

ДОбро вели Мерсел Билали ако Груевски и оваа Влада не бидат сменети до 15 јули потоа фаќаат одмори и најверојатно ќе има ново сценарио за поголема војна режирана од ДПМНЕ и ДУИ и нема да остане само на инцидент како во Куманово


И еве каде се кажува дека Заев му предложил на Груевски двајцата да си поднесат оставки на сите јавни функции ама ете Грујо ајдук војвода по навика се усрал.

Последните политички настани во Република Македонија
22.05.2015
Гости во емисијата се: Петар Гошев, Катерина Блажевска и Горан Митевски.

http://alsat.mk/episode/195875/poslednite-politichki-nastani-vo-republika-makedonija


Zhvillimet e fundit politike në vend


https://www.youtube.com/watch?v=ZwhDuybVcTE

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност EmptyПет 19 Јун 2015, 4:06 am

1)
Каде отидоа трите милијарди евра од буџетот?

На почетокот, лопатарската политика на Груевци даваше резултати кај неукиот дел од народот. За разлика од Бранковци, овие се шинуваа од лопати фрлање. Но, денес, после пет години, и слепците прогледаа, па поставуваат логично прашање: Што всушност изградија и колку тоа не чини?

Фокус 3 мар 2014,

Текстот е објавен во неделникот „Фокус“ на 1 април 2012 година.

Пишувал
Никола Младенов

После секое излегување од продавница, разумниот граѓанин се прашува, дали во кесето има соодветна замена за парите што веќе ги нема во неговото портмоне? Дали купеното е скапо, евтино или е баш тамам за дадените пари? Слична е ситуацијата и пред политичкиот избор. После завршениот мандат, граѓанинот се прашува, дали актуелната влада ни пружила соодветни услуги за парите што ни ги земала? И, како што при пазарењето споредуваме со другите продавници, така и во овој случај, правиме споредба со претходните влади. Само така може да разбереме, дали актуелната власт била подобра или полоша од претходната?

Значи, после пет години Преродба, на петти јуни ќе треба да подвлечеме црта и да одлучиме, дали Груевци не чинеа скапо или ефтино, дали повторно да им ги дадеме нашите пари на располагање или да ги отераме во три фини мајчини? Бројките се неумоливи, цехот е ненормален. За разлика од претходната влада на СДСМ, портокаловиве не чинат дури три милијарди евра поскапо. За толку е УГОЕН ДРЖАВНОТ БУЏЕТ во нивнава петолетка, кој, фала на прашање, се полни од нас, народот на Македонија. По разни основи, од ДДВ за секој купен производ, преку давачки за бензин, до сите можни намети по разноразни основи, заклучно со астрономските казни за пцуење на Пастирот. И, што добивме повеќе за ТРИТЕ ЕКСТРА МИЛИЈАРДИ ЕВРА , кои недостасуваат во нашите џебови – цирка 1.500 евра по човек?

Притоа, воопшто не ги есапам крпењата на дупките по локалните патчиња или оправките на селските водоводи ем канализации. Такви ,зафати, правеше и владата на СДСМ. Во моментов не интересира она што Бранковци не го направиле, а, ете, Груевци ни го овозможиле. Што би рекле тие, лажливите на мајка, како ,Донација од Владата, за народот на Републиката!

Денес, благодарејќи на мудрото водство на Никола Пастир Груевски и вредната му Фамилија, Македонија е на најниските гранки во професионалниот фудбал, кошарка, ракомет, одбојка… но, затоа, Скопје ќе има фудбалски стадион за 35.000 гледачи, а целата држава располага со едно чудо изградени или планирани за градба спортски сали, базени, тениски терени, плус карпа за планинарење. За се да биде баш о-кеј, неодамна ни изградија и терен за хокеј. За сето тоа не избричиле со безмалку 180 милиони евра. Машала!

Очекувано, Преродбата не водеше сметка само за спортот, туку целосно се посвети и на едукацијата на младината. За таа цел, фркнаа 50 милиони евра за компјутерите што збираат прашина пред секој ученик. Како резултат на тие натчовечки напори, само 48 отсто средношколци планираат да збришат од државава во следните 10 години. Не беше баш ефтино, ама, очигледно, компјутеризацијата си ја заврши работата. Без неа, гарант ќе избегаа веднаш!

Тука е, секако, и Скопје 2014, кој не е по ќеифот на само шест-седумдесеттина проценти од населението, главно заведено од опозициските предавнички сили. Тој проект ќе не чини едвај 80 милиони евра, и тоа на 8 годишни рати до 2014-та. До сега, значи, на него не отишле ни 50 милиони, а веќе имаме споменици што вредат 60 милиони евра. Звучи шашаво, ама, гледате, штом се сакало – се се можело. Ем вредно, ем ефтино, ем функционално. Многу државни службеници ќе добијат и свој покрив над главата со Скопје 2014. Само по основ на заштедата за кириите, кои до сега ги плаќале, градежниов зафат ќе се исплати за неполни 214 години. А може и порано, доколку благовремено се изгласа на референдум и влезе во Програмата во 1.000 чекори!

Но, Преродбата не го зафати само главниот град. Од неа не к*ртули ни Охрид. Владата фрли тони пари за промоција на туризмот по белосветските медиуми. Зарем наколната населба ќе ја чуваме само за се*е?! Никако. Тоа чудо од колци и слама за некои безначајни 3-4 милиони евра беше нашиот адут среде острата туристичка конк*ренција. Благодарејќи на сето тоа, бројот на странските туристи е се помал од година во година, само поради светската криза. Што не значи дека нема да го задржиме тој надежен тренд и после нејзиното завршување. Цврста гаранција за такво нешто е владиното ветување, дека веќе ги удвојува напорите на овој план. Кај ќе ни беше крајот, ако и од Бугарија ни праќаа туристи, оспособени за бродски расходки!

Разбира се, преродбеничкиот дух не ќе беше целосен, доколку не ја обземеше сета Македонија. Тоа задоволство се распореди рамномерно, од Шара до Осоговијата, и од Табановце до Богородица, благодарејќи на волшебните владини реклами. Некој ќе рече, 70 милиони евра се многу пари. Меѓутоа, зарем луѓето во малешевско или полошко не заслужуваат да видат, колку им е убава живеачката? Зошто тие да не знаат, дека земјоделскава ни влада го субвенционираше земјоделството со 150 милиони евра?Тоа што тиеможеби не виделе жив ем субвенциониран земјоделец, воопшто не значи дека такви нема. Не можат они да одат низ цела Македонија и да истражуваат, кој добил, а кој не добил субвенција. Ако времето го трошат на тоа, тогаш кога ќе можат самите да се бунат за неисплатените им субвенции!? Затоа, нема штедење на рекламите. Не случајно, уште од Ге*елс е кажано: Бонус рекламус – Пакс ин домус!

Верувале или не, сево ова не чини едвај 500 милиони евра. А, каде се тука современите апарати за јавното здравство, украинските автобуси, па кинеските на кат, па џабе пензионери на главни седишта, сосе интернет во нив и топол оброк ем бесплатно бањање за сите, доколку обврската да гласаат за Преродбата ја пренесат и на нивните внуци?! Добро прашање, но, очигледно, една петолетка е премалку за сите портокалови ветувања. Ама, затоа, петте години се сосема доволни, за да се види дека Груевци не можат да оправдаат ниту една од трите милијарди евра. Значи, Преродбава е изгор скапа. Цената и е барем три пати повисока од пазарната. Како може човек да се чувствува во таква ситуација? Веројатно како секој од нас, кога на бензинска би му дрпнале 210 за дизелот кој чини 70 денари!!!

Дали можеше да биде и полошо од ова? Ве молам, зар не гледате дека и тоа е остварено. Во случајов, не само што ни свирнале бензин по три пати повисока цена, туку на мнозина од нас им наплатиле за гориво, иако тие немаат ни тротинет. Плус, без право на препродажба. Бездруго така се чувствуваат третината сиромашни во земјава, кои плаќале за едно чудо работи, кои воопшто не им се потребни. Храната е приоритет за гладниот, а не лизгалиштето за хокеј. Додуша, Ставревски не мисли така, но, тој е феномен. Тој ептен има врска со економија. Кумот е меѓу ретките, кои погодија дека светскава криза е добродојдена за Македонија. Да не беше таа, со што ќе ги правдаше глупостите кои секојдневно ги прават и зборуваат низ државава!?

Секоја буџетска пара е добра за нашата економија?! Точно, меѓутоа, прашањето е, што се можеше да се направи со трите милијарди евра, кои оваа влада дополнително ги извлече од народот? Кој денар ќе беше подобар за Македонија: Вложениот во изградба на нови патишта, железница, хидроцентрали, бескаматни кредити за нови работни места… или за ТВ спотови, наколни населби, панорамски тркала, карпи за планинарење и слични будалаштини? По ѓаволите, ним не им е доволно тоа што на најдолен начин не крадат, туку и за будали не сметаат!!!

Затоа, на оваа влада не би и дал ни три кучиња на мочање да одведе, а не, пак, три милијарди евра за уште еден мандат. Да простат КУЧИЊАТА , разбира се, на ДРУШТВОТО во кое ги ставив!

http://fokus.mk/kade-otidoa-trite-milijardi-evra-od-budhetot/

2)

Епа Никола нека ти е вечна слава ама ГИ НАЈДОВМЕ ПАРИТЕ .

Грујо ајдук војвода и неговата верна злосторничка дружина ги УКРАЛЕ .
И повеќе од тоа украле .
Уствари освен што краделе , убивале , уништувале ништо други и не правеле и неправат.

Еве :
За 6 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 3,7 милијарди долари!

мај 26, 2015

За десет години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, што ја позиционира Македонија на 79-то место по сумата на изнесени нелегални средства. Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежните институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари. Дел од експертите од оваа област велат дека системот што треба да ги следи финансиските трансакции е слаб. Укажуваат дека загрижува тоа што според новиот Закон за спречување на перење паи и финансирање тероризам, функционерите се изземени од регулативата односно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции.

-Загрижува фактот, што со новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се извадени од законот “политички експонираните личности”, тоа се сите јавни функционери, а за тоа постои посебна директива во Европската унија, дека тие лица се посе*ен ризик и треба да се следат со внимание. А кај нас со законот од 2014-та година тие се извадени од регулативата или поточно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции, значи на некој начин како да се прави подготовка за полесно пренесување на средствата надвор од земјава, затоа мислам дека сеуште нашиот систем е многу слаб, но тука многу ќе помогнат другите системи надвор од Македонија.Кај нас системот кој што треба да ги следи финансиските трансакции и перењето пари е многу слаб, пред неколку години беше многу подобро воспоставен тој систем. Сите механизми кои што беа воспоставени се ослабнати, вклучително и контролата што ја вршат банките но и контролата над банките во однос на исполнување на нивните обврски од овој тип, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Македонија.

Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“ во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин биле изнесени 5,2 милијарди долари. Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 10 години изнесува 5,212 милијарди.

Првата графа е година 2003, следуваат следните години, претпоследната графа е вкупниот износ на изнесени пари за сите години, а последната графа е годишниот просек на изнесени пари.


Швајцарската Влада почна да ги објавува странските затајувачи на данок

Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на странските државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки. Како причина за овој потег, Швајцарската даночна управа ги наведува барањата на надлежните институции од дургите земји за помош во истрагите против депонентите во швајцарските банки. Овој потег доаѓа барање на Европската унија. На 21-ви овој месец, Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки. Дали на листата има и македонски државјани?Дел од експертите очекуваат дека на списокот ќе се појават имиња и фирми на лица од Македонија.

-Не е исклучено наши функционери да имаат сметки во Швајцарија. Досега без исклучок се покажа дека од сите држави кои што имаат правни системи кои имаат голем проблем со корупцијата, функционерите ги изнесуваат средставата и ги стваат во швајцарските банки.

Очекувам дека на тој список ќе има и имиња на лица од Македонија и компании, затоа што постојат многу информации, а и не е ниту тајна дека наши луѓе имаат основано компании во други држави, а овој пат ќе се знаат вистинските сопственци. Многу често се случува тие компании да се основаат под други имиња, тешко може да се стигне до вистинскиот сопстевник на компанијата или за тоа кој интерес го застапува таа компанија. Доколку на тие списоци се појават имиња на наши државјани, тие имиња ќе можеме да ги видиме, оти тоа ќе биде јавно и ќе може да се види кои се тие лица, и тие нема да ги селектираат по држави, туку ќе ги објавуваат сите, па доколку имаме интерес ние и доколку има лица од Македонија, тоа ќе може да се види. Овој потег на Швајцарија произлезе после настаните пред неколку години кога се обелоденија имињата на лица и компании кои имаат жиро сметки во Швајцарија, за да ги избегнат даночноите обврски во другите држави од ЕУ, и сега норамлано ЕУ побара од Швајцарија да ги објавува имињата. На овој начин ќе се има поголем увид во тоа кои се лицата кои избегнуваат плаќање на данок, вели Тасева.

Според дел од експертите доколку на листата се најдат и државјани на Македонија, тогаш тие ќе мора да одговараат пред надлежните институции во земјава, но доколку се утврди корупција и перење пари ќе одговараат и пред швајцарските надлежни институции.

http://faktor.mk/2015/05/26/za-6-godini-od-zemjava-nelegalno-se-izneseni-fantastichni-3-7-milioni-dolari/

Вистината е како шило ...вти вти ..и Грујо ајдук војвода ќе се извти гадот умноболен.

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Грујовата посветеност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовата посветеност   Грујовата посветеност Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Грујовата посветеност
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: