ФОРУМОТ Е НАШ
Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПон 02 Дек 2013, 3:06 am

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд

Пастиријада

27-11-2013

Значи, драги мои, директорката на Академијата за судии е соблазнета што ЕУ се дрзнале и направиле „упад“ во нашето судство и кажале дека тоа дели селективна правда. За госпожата тоа била голема навреда.

Морам да кажам дека тоа навистина е навреда и дека е упатена на вистинското место. Личноста потоа ( единствена која го коментира негативно последниот ЕУ рапорт, до сега ) си дробеше ред други соблазности небидувајќи свесна што зборува.

Имено „директорица са слабим оценама“ од ЕУ , вели: .. „се направивме што бараа од нас, колку само закони донесовме, колку проекти реализиравме ( со ЕУ пари ) и како резултат на сето тоа – во последниот ЕУ Рапорт, кој е најлош до сега за судството – ни велат дека имаме „селективна правда“, политички притисок врз судиите…“. Ц, Ц, Ц, невоспитание едно!

Можеби е преамбициозно да се очекува дека персоната разбира што вели, кога констатира: дека земјата донела се што треба од законите и тренинзите на судии – а резултатите се полоши од претходните. Тоа значи дека земјата нема што повеќе да стори! Тоа значи дека и покрај целата операција на „прикривање“ со носење на законите и тренинзите, проектите и сл.. резултатот е полош! Тоа исто така значи дека моќта на политиката која влијае врз судството во делење „селективна правда‘‘ е толку силна што земјата нема никаква перспектива за напредок на тоа поле. Земја која, на пример, не ги донела потребните закони и не ги завршила потребните тренинзи на судии – можеби има шанси да се надева дека ќе се поправи ако тоа го стори. Но земја која сето тоа го сторила и сепак има, не ист, туку полош резултат – е БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ.

Но, драги мои, вакви кариери и трагедија има многу во нашата неслобода и бесчестие. Тие се отпадната иверка од стругот на авторитарниот популизам кој ги корне од почвата сите вредности, ги бламира луѓето (кои и сами учествуваат во се*ебламирањето ) и на глава ги превртува. Тој единствено прави „соба на ехо или соба на огледала‘‘ од независните институции (според Уставот) во кои се огледува ликот на пастирот. Тоа е земјата на фамилијата на пастирот, земјата ПАСТИРИЈАДА.

Инаку, драги мои, ЕУ Рапортот е благ за состојбата на измеќарство на нашето судство кон владеечката партија. Тој (објективно ) не може да направи анализа за квалитетот на пресудите кој е КАТАСТРОФАЛЕН ( или се донесени под протисок „селективна правда‘‘ или се НЕПИСМЕНИ и ПОЛУПИСМЕНИ – неквалитет на судиите ). Тој не ги споменува ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ што ова судство ги создаде, а кои ги наведува еден друг меѓународен Извештај (оној на Стејт Департментот). Рапортот не наведува доволно јасно како мерката притвор со опсегот и неселективноста во примена – се претвори во КАЗНА (без пресуда), тупаница на власта која преку судството шири страв и дисиплина за своето СТРАХОВЛАДЕНИЕ. Дека условите во ПРИТВОРОТ се случаи на ТОРТУРА ( а не обезбедување на обвинетиот за судење ). Рапортот не наведува дека за разлика од други земји каде судството е на врвот на доверие меѓу ѓраѓаните, кај нас е заслужено на самото дно, заедно со Парламентот.

Никој нема да го земе во заштита ниту да каже добар збор за македонското судство ( освен самото за се*е или власта која го искористува до балчак) бидејки тоа не „дели селективна правда‘‘ туку не дели НИКАКВА ПРАВДА.

Така што, драга госпожо-една, нашето судство е подготвено, не за УПАД во него, туку за целосно РАСПУШТАЊЕ, демисија и воведување МЕЃУНАРОДЕН СУДСКИ БОРД, ( како кај ПРОТЕКТОРАТИ ) – тоа и таму Вашата неспособност, страв и измеќарство не доведе! Тој Меѓународен Борд треба НАНОВО ДА ГО ОРГАНИЗИРА судството во Македонија согласно македонскиот Устав и меѓународните стандарди и тој треба да ја направи селекцијата на судиите, како и да ги МОНИТОРИРА до извесен период во иднина ( веројатно до нашиот влез во ЕУ). Сувереноста на македонската држава така ќе се засили и всушност воспостави – бидејки таа е сувереност на македонските граѓани и нивните права ( како вели и нашиот Устав ), а не сувереност на авторитарната режимска клика.

Инаку, драги мои, во регионот на западен Балкан има различни степени на развиен авторитарен популизам. Од Македонија, каде системот многу бргу за овие 7 години успеа да се заокружи, преку Србија каде системот е во траги низ судството, академиите, во Албанија во периодот на власта на Бериша, Црна Гора е еден давителски авторитаризам, помек, но исто така умртвувачки и сл.

Авторитарниот популизам има насекаде стапнато и затоа заедничка стратегија на ЕУ кон таа појава е НУЖНА и одржлива. Таа е единствен гарант на успехот на вистинско реформирање на овие земји ( и да не спаси од дрдорењето на вакви госпожи ).

Што е карактеристика на авторитарниот популизам на Балканот, кој работно би го нарекле – канибалски популизам?

Како и популизмот пошироко, авторитарниот популизам не е концепт на кохерентни политики. Тој е повеќе вреќа која собира ЗАМИСЛЕНИ политики. Во таа смисла е лепенка, асамблаж, но се карактеризира со специфичен лепак, поврзна политичка догма: имено тој ја користи тезата ДЕКА Е БЛИЗОК СО НАРОДОТ. Тоа е клучот и сврзивното ткиво на толку различни политики или замислени политики да можат да се изложат во една програма. Дека ЕЛИТИТЕ се закопани и корумпирани и не го СЛУШААТ гласот на народот.

Но внимателно, полукав е од историските примери, со тоа што е целосно ПРОЦЕДУРАЛЕН (тука и во тоа ја оневозмозува опозицијата да го нападне, посебно Социјалдемократијата која е процедурална во историјата на своето создавање). Тој развива НЕДЕМОКРАТСКИ ПРОЦЕДУРАЛИЗАМ ( авторитарен или празен процедурализам: Алаин Бадиу, С. Жижек, Џ. Агамбен и др). Се е во согласност со законот – а законот е во согласност со НИВ. Легализмот го спротиставува на легитимитетот на законите и посебно Уставот.

Оваа цел ја постигнува така што процедурите и законите ги прави со две комбинирани техники: продуцира голем број закони, непрегледна лагислатива, која е често преклопувачка и внатрешно контраверзна – но намерно е направена така, за да инструментот на примена и толкување на законите е во рацете на администрацијата и само неа. (Инаку казнената политика на авторитаризмот е посебна приказна, таа е садистичка и игра на картата дека народот е мазохистичка „жена‘‘ која го сака тоа, која сака „да и се покаже нејзиното место‘‘ и слчни мачо-порно-фантазми). Така, претпоставката на НЕВИНОСТ и чесност на граѓанинот исчезнува. СЕКОЈ Е ВИНОВЕН, бидејки ПОТЕНЦИЈАЛНО крши некој, некаде закон (не знае ниту може да знае кој и каде – кафкијанска ситуација), но не е сеуште процесиран и зависи од милоста на администрацијата кога ќе биде. Цената на невиноста е да биде мирен и послушен. Кога ќе се побара, и активен на страна на власта.

Втората техника е НЕЈАСНОСТ на клучните законски норми. Не е јасно и временски се менува што е легално, а што казниво. Повторно основен демијург на имплементацијата е власта и администрацијата.

Способноста на „лукавиот“ да повлече европски пари за легислативни проекти (ова со што се фали госпожава од академијава судска) и да остане ист или да ја засили авторитарната моќ – го прави ЦИНИК кон европските вредности и отворено повикува на легитимност на таа ИЗМАМА. Бара отворено разбирање од „својот народ“ дека е нормално да ја мами Европа и западот?!

Негова основна цел на напад се независните институции на конституционализмот (Уставот). Тука е убиствено доследен. Ги РАСТУРА независната позиција на институциите. Ги прави измеќари и се гордее со тоа.

Посе*ен девастирачки напад е направен (и довршен во МКД) врз судството. Тоа е целосно партиско и високо НЕКВАЛИФИКУВАНО. Уставниот суд исто така е посебна цел на разнебитување ( али „шта зна госпожа шта је триста кила“).

Сумарно, што би рекол Алаин Бадиоу, се работи за „dreadful misunderstanding of procedures and their meanings“, кои би требало да се владеење на правото.

Љубомир Д. Фрчкоски

http://libertas.mk/%D0%BF%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B0/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПон 02 Дек 2013, 4:37 am

А тоа дека предлогот на Фрчковкси е сосема во ред може да се набројат безброј докази :

1)
Извештај на Стејт Департментот на САД

Стејт департментот за Македонија
Владата селективно ги гони политичките противници и се меша во медиумите

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/vladata-selektivno-gi-goni-politichkite-protivnici-i-se-mesha-vo-mediumite

Македонија
Од неефикасно судството стана и непрофесионално и селективно

http://www.makdenes.org/content/article/25169822.html

Власта селективно се меша во судството

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1020131835521&id=13&setIzdanie=23007

2)
Суски случаи за кој Република Македонија била тужена во Стразбур од сопствените граѓани

Европски Суд за Човекови Права
Мирјана Најчевска: Притворот е една од најстарите болки во Македонија!(Видео)

„Според ЕСЧП секогаш мора да има фаворизирање на слободата наспроти притворот", истакна Најчевска, додавајќи дека во пресудите од ЕСЧП експлицитно стои дека притворот не смее да биде.казна, а истиот угврдил дека ПРИТВОРОТ во Македонија се користи како КАЗНА

969 случаи од Македонија имало минатата година пред Судот во Стразбур, а од нив 341 биле НОВИ односно поведени во 2012, рече Бојан Маричиќ, од Македонскиот центар за европско образование. Досега од 286 завршени предмети, само во 19 односно 6,6% се смета дека се исполнети сите обврски на државата со кои е ОБЕСШТЕТЕНА повредената страна.Токму ова е показател дека НЕ СЕ ИЗВРШУВААТ ПРЕСУДИТЕ од Стразбур.

За овие 6,6% извршени одлуки професорката Маргарита Цаца Николовска објасни дека најчесто станува збор за пријателско спогодување, запрашувајќи што станува со другите предмети кои не се извршени како и како кој би бил ефективниот правен лек на непостоењето на единствена судска пракса.

Костадин Богданов, владин агент и директор на бирото на засталување на РМ лред ЕСЧП, напомена за определените повреди кои ги имало во делот на кривична постапка, особено во нееднаквоста со присуството на јавниот обвинител во расправите на седниците во Апелација или Врховен суд каде што ОБВИНЕТИОТ НЕ БИЛ ПОВИКАН . Тој рече дека во НОВИОТ Закон за кривична постапка каде ќе има задолжително присуство на осомничениот пред расправите во Апелационен или Врховен суд како и дека ЌЕ СЕ ПРЕДВИДУВА доказно рочиште.

http://a1on.mk/

Абе реформи во судството ....граѓанинот на прво место ....ама не во Македонија .
Што повеќе реформи прават тоа повеќе не го бива .

3)
Школски пример за полициско –судска хајка и монтиран судски случај

а) Најстрого е забарането прислушкување и следење на адвокати на осомничени лица .Тоа е кривично дело за кое мрднатиот Сашо Мијалков треба веднаш да биде затворен .А ние имаме случај кога судот наместо за ваква работа веднаш да издаде налог да се затвори Сашо Мијалков тој таквите монтировки ги прифаќа како наводни докази со што самиот станува дел од тавкви монтирани судски случаи .

б) Во истиот случај имаме пример кога Четникот –Горан Трајковиќ (са Скопске Црне Горе ) алијас Горан Трајковски директор на Управа за Јавни Приходи неколку пати менува сума која наводно ја должела А1 телевизија .Прво 3 милијони евра па 13 милијони па кога се дозна дека на А1 и должат 30 милијони евра и тоа најмногу Владата на Груевски ондак Четникот си измислуваше милијони вера колку ќе му прднеше на паметот споулавен .

вака:

НЕЗАКОНСКА УПОТРЕБА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ
Полициските снимки пресија за адвокатите

Валентина Стојанчевска

Незаконските полициски снимки НА АДВОКАТСКИОТ ТИМ на Велија Рамковски, сопственикот на телевизија „А1“, и на управителите обвинети во случајот „Пајажина“ се алатка за директен ПРИТИСОК ВРЗ ОДБРАНАТА, сметаат познавачите. Тие предупредуваат дека нарушувањето на приватноста, преку употребата на посебните истражни мерки, како што се прислушувањето, тајното снимање и следење, освен што ја доведува во прашање ЗАКОНИТОСТА на тие материјали, за кои обвинителите тврдат дека се докази, го нарушува и едно од темелните уставни права - правото на приватност.
На снимките, кои завчера обвинителството ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ пред обвинетите во случајот „Пајажина“, покрај нив и нивните семејства, тајно бил сниман И АДВОКАТСКИОТ ТИМ . Адвокатот Мирослав Вујиќ се нашол во доказниот материјал додека пиел кафе во едно скопско кафуле со негова колешка. Снимките биле направени на 26 и на 27 ноември, веднаш по упадот во „А1“.
- Не е проблемот во тоа што не снимале, туку во кој контекст не претставуваат. Која е целта со тоа што на обвинетите ќе им презентираат материјали од кои се гледа како тие одат на тенис, на риболов или на лекар, или ако не снимаат нам како пиеме кафе. Мора да се направи селекција на материјалот, да се уништи делот каде што има снимки од приватниот живот, а да се презентира како доказ само тоа што може да се употреби за докажување на некое кривично дело - рече адвокатот Мирослав Вујиќ.
На незаконска употреба и злоупотреба на посебните истражни мерки предупредија и стручњаците од областа на кривичното право и безбедноста.
- За овој тип криминал вообичаено не се применуваат посебни истражни мерки. Во Законот за кривична постапка јасно стои дека најпрвин мора да се исцрпат сите нормални мерки, а прислушувањето, следењето и снимањето да се остават како крајно средство. Очигледно е дека надлежните ГИ ПРЕКРШИЛЕ законите и Уставот и дека УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ на истрагата пукале од сите оружја - истакна универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев.
И останатите стручњаци сметаат дека досега само се покажало оти овие мерки не вродиле со плод, туку само ја загрозиле приватноста на обвинетите, на нивните семејства и на бранителите.
итн
15.01.2011 весник Време



4)
Љубе Бошковски бил следен од мрднатиот Сашо Мијалков оти МОЖЕБИ ќе стори некакво кривично дело .Тоа е единственото објаснување кое го добивме до сега .
Абе ако е така нема НИТУ ЕДЕН граѓанин во Македонија кој нее ПОТЕНЦИЈАЛЕН (можеби ќе стори) сторител на некакво кривично дело .Некогаш негде .

Кој умноболен судија можел да му издаде налог на мрднатиот Сашо Мијалков за ваква работа .?
Или налогот бил отпосле ваден –фалсификуван .

5)
Новинарот Кежаровски пред судија овој му бара да му донесе весникот каде пишувал .Работата е дај ми доказ да те осудам да лежиш во Идризово оти ќе скапеш во изтражен затвор Шутка цело време ќе ти го продолжувам притворот.
Како бе осомничен да ти донесе доказ против се*е си ?
Хахахахаха
Абе ова судството ти било ненормалштија невидена .

Но тука е повторно битна друга работа .
Ова :
Како кежаровски воопшто стасал пред судија .?
Оти пред да се распределат судските предмети прво се рагледува дали тужабата против лицето има ОСНОВ да се поведе судска парница или нема .
По кој ОСНОВ (и кој бил имбицилот што прифатил) била прифатена тужбата против Кежаровски кога небил приложен ниту еден доказ .

Второ битно е ова :
Штом немало-не бил приложен никаков доказ тогаш новинарот Кежаровски воопшто немал статус на осомничено лице туку бил КИДНАПИРАН (киднапирано лице –противправно лишено од слобода ) или од терористите на мрдантиот Сашо Мијалков или од терористите на борделушата Јанкуловска .

Сума сумарум :
Македонија одамна нема правосуден систем .
Тоа што едиси некоја партиска испостава на на ДПМНЕ умишља и изиграва некакво комитско бандитско револуционерно судство е обична забеганија .

Предлогот на Фрчковски и те како е оправдан.
Што побрзо биде реализиран тоа подобро .

И добро бе зарем и ваква работа треба да им се каже на глупенштаната од СДСМ .
Па кој друг треба прв да бара ова да се спроведе кога тие се најповикани сега и тука.
Не ги бива и нив сиротките .....мртва коњина на тркачка стаза се.
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyСаб 21 Дек 2013, 11:14 pm

Ова мора да се урами
Го најдов ............
Еве дека Кежаровски не бил уапсен и немал статус на Осомничено лице туку бил КИДНАПИРАН од терористите на борделушата Јанкуловска или мрднатиот Сашо Мијалков
Исто така се гледа дека таканаречените “македонски судови “ а всушност обични кринални приватно бандитски револуционерни групи самонаречени “судови” ......пази ваму .......не ги судат терористите – Киднаперите туку го осудуваат Киднапираните несреќни луѓе-жртви кој противправно незаконски биле лишени од слобода од терористите на борделушата Јанкуловска и мрднатиот Сашо Мијалков
Еве очевидците кој стаписани сведочат дека ....пази ваму ......судијата бара од Кежаросвки да му донесе докази за да го осуди .......(хахах абе нездрава работа )

(ова треба да се урами )

ЕВЕ :


број 22950 понеделник 12.8.2013
број 22950 | понеделник 12.8.2013
Кежаровски во сценарио на Кафка

Наметнување вина за случај базиран на сплет од околности што заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос. Тоа е процесот на Кежаровски.

Но да се вратиме во судницата. Не можев да поверувам кога слушнав дека адвокатите велат оти ниту виделе ниту знаат КОИ СЕ ДОКАЗИТЕ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО против нивните клиенти!? Љубомир Михајловски-Џанго, кој е поранешен министер за внатрешни работи, поранешен директор во царината, почитуван и од криминалот и од оние што го гонат, човек без дамка во кариерата, да си дозволи во судница да каже дека обвинителството или истражниот судија кријат докази. И дека ова е скандал без преседан!?

Адвокатот ова не го кажа за да стане славен и главен. Го кажа за да праша зошто обвинетите се во судница, а не ги знаат аргументите на обвинителството!? Со кои ДОКАЗИ се обвинети? Обвинетите може само да се чудат, но Судскиот совет не треба да се чуди и итно мора да праша КАДЕ СЕ ДОКАЗИТЕ во случајот. Тоа му е должност, тоа му е работа. Да беше само еден адвокат во прашање, можеби ќе помислевме дека, ете, тој веројатно не се ангажирал доволно и не бил упорен да ги види доказите. Но страшно е што истата констатација ја имаа и другите адвокати. НИКОЈ од нив НЕ ГИ ВИДЕЛ ДОКАЗИТЕ против својот клиент!?

Новинарот Кежаровски е во притвор поради тоа што наводно објавил идентитет на загрозен сведок во два текста во списанието „Репортер 92“ од ноември-декември 2008 година. Но никој досега во судот не ги видел текстовите од пред пет години!? Адвокатот Медарски извршил увид во предметот во истражната постапка, но таму ги немало текстовите!? По поднесувањето на обвинението на Медарски, како и на другите адвокати, не му бил дозволен УВИД во предметот. Но има ли воопшто таму докази, односно текстовите што ги пишувал Кежаровски, и врз која основа обвинителството му стокмило обвинение? Судиите ВО ТЕКОТ НА СУДЕЊЕТО ВЕЛЕА ДЕКА ГИ НЕМААТ ТЕКСТОВИТЕ , ПА ДУРИ ГО ПРАШАА И Кежаровски ДАЛИ ТОЈ ЧУВА НЕКОЈ ПРИМЕРОК од „Репортер 92“!? Што ќе беше ако Кежаровски одговореше дека дома има цела кутија весници! Ќе го пуштеа ли од притвор за да ја донесе кутијата, за да им обезбеди докази во процесот што се води против него?

Така ја разбравме болната вистина за целото наше судство. Работи повремено, по потреба, селективно и на моменти брзо. Но брзината не е доблест. Брзината не ги собра доказите, па сега обвинетите од „Ликвидација“ ќе се бранат, а не знаат од што? Само еден од нив знае дека треба да се одбрани од колешката што 20 години му седела во канцеларија и го кодошела. Одвај чека да ја види бидејќи ќе биде сведок што директно го посочува обвинителот како дел од криминална група и в лице да ѝ каже дека господовите патишта се чудни и дека на сторена неправда маваат таму каде што најмногу боли.

Повеќе од седум часа траеше првото рочиште. Зборуваа обвинетите, некои од нив видно растревожени.
Докажуваа и кажуваа аргументи, бараа ДА ГИ ВИДАТ ДОКАЗИТЕ, бараа да се суди по месна надлежност (Велес), за што сметаат дека е голем пропуст на обвинителството, бараа да им се каже што е со барањата за ослободување од притвор со приложени гаранции, за кои кривичниот совет на судот сѐ уште не се изјаснил.

Но обвинителката упорно си молчи. Паѓаат тешки обвинувања, а таа си игра со пенкалцето и молчи. Време е, ако аргументите се на нејзина страна, да прозбори и да ја прекине агонијата

Можеби судиите ќе се лутат и ќе речат дека судските постапки и пресуди не се коментираат, но како да се премолчи судење БЕЗ ВИДЕНИ ДОКАЗИ , судење без да и се овозможи НА ОДБРАНАТА УВИД ВО ДОКАЗИТЕ. Да беше некој неук џепарош во судница, па и да поминеше мазно и да се броеше како сработена норма. Никој ли немаше на ум дека ќе им се суди на судии и обвинител со над 20-годишно судиско искуство, кои законот и постапката ја знаат подобро од сите нас.

Автор: Кристина Мачкиќ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8121392423&id=13&setIzdanie=22950


Не ова стрварно МОРА да се урами .


Добро вели Фрчковски во Македонија секако одамна непостојат судови и се до влезот во ЕУ мора да се формира меѓународен судски борд .
Абе од гомно керпич не бива па и овие сегашниве топрв судии не бива .
Сето тоа се распушта да не прави повеќе штета и се формира ново судство под покровителство на меѓународа зеадница .
Нема тука ништо страшно Макеоднија и нејзините граѓани само добиваат .
Ако ништо друго барем не ќе може да бидат киднапирани од терористите на борделушата Јанкуловска и мрднатиот Сашо Мијалков и да бидат судени бидејќи се жртви – киднапирани а киднаперите да си шетаат на слобода (смрдлата Јанкуловска и умноболниот Сашо Мијалков )
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyСаб 24 Мај 2014, 12:38 am

(Видео) Шурман: Судовите делат правда селективно

Меѓународната заедница е загрижена од однесувањето на судските инстанци кое создава впечаток на селективна правда или применување на двојни стандарди, рече меѓу другото, холандската амбасадорка Мариет Шурман во гостувањето на 24 Анализа. Таа зборуваше и за други актуелни теми, а целото интервју можете да го проследите на следното видео.

http://libertas.mk/шурман-судовите-делат-правда-селекти/
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyСаб 14 Фед 2015, 3:20 am


1)
Велија Рамковски не сам што бил прислушкуван туку биле прислушкувани и негови адвокати што е најстрого забрането и со тоа целото судење било нефер нечесно и монтирано .Едноставно немал никакви шанси за одбрана .
Кој го прислушкувал Велија дали Заев странските служби или Мијаков кој таквите НЕЗАКОНСКИ прислушкувања ги приложил како доказ на судењето а судот наместо да го прекине судењето и да ги пушти на слобода ги прифатил ваквите незконски прислушкувања на Велија и АДВОКАТИТЕ со што нема сомнеж дека и самиот суд најдиректно е вклучен во ваквите монтирани „судења „

А сега Груевски и Мијалков во Стразбур нуди спогодба со Велија
Ама Велија не им ја прифаќа спогодбата за монтираниот судски процес
ЕВЕ :

Владата понудила спогодба - Рамковски ја одбил, ќе го чека Стразбур

19 ноември 2014

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ЈА ПРИФАТИЛ апликацијата на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковски, кои се жалеа на должината на притворот, на НЕОБРАЗЛОЖЕНИТЕ решенија и нарушената пресумпција на невисност, по што Владата му понудила спогодба, но тој ја одбил, дознава БИРН.

Според информациите на БИРН, адвокат овластен од Рамковски и неговата ќерка Емел, поднел апликација во судот во Стразбур, заведена под број 33566/11. Во неа се бара судот да констатира дека им се повредени правата на таткото и ќерката Рамковски уапсени и притворени во акцијата „Пајажина“.

Аргументите на Рамковски се дека биле држени во притвор БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИ ПРИЧИНИ во решенијата, а Кривичниот совет на СКОПСКИОТ СУД , продолжувајќи го притворот СУГЕРИРАЛ и вина, со што ја прекршил пресумпцијата на невиност.

Затоа, тие бараат Европскиот суд да констатира повреди според два члена од Конвенцијата: член 5 (право на слобода, непостоење на причините за притвор) и член 6 ПРАВО НА ФЕР СУДЕЊЕ, судот, разгледувајќи ја апликацијата, ја дозволил нејзината допуштеност и побарал Владата да се изјасни за случајот.

Како што дознава БИРН, Судот во Стразбур, на 3 јули 2014 испратил писмо до македонската Влада, во кое бара одговори на властите за (не)законското постапување на судовите во случаите на: Бајруш Сејдију, Велија и Емел Рамковски и за уште неколку лица од случајот „Фаланга“

- Јас бев во затвор, се видов со Велија Рамковски, му ја пренесов пораката од државата за спогодба, НО ТОЈ ЈА ОДБИ . Решен е да чека повредите во неговиот случај да ги констатира судот во Стразбур со пресуда - потврди за БИРН, член на адвокатскиот тим на Рамковски ангажиран да го застапува пред домашните судови.

Државата исто така потврди дека била контактирана од судот во Стразбур, потврдувајќи ја ВЕРОДОСТОЈНОСТА на документите со кои располага БИРН.

http://www.plusinfo.mk/vest/4746/-vladata-ponudila-spogodba--ramkovski-ja-odbil-kje-go-ceka-strazbur


2)
Или што да кажеме да случајот Љубе Бошковски .
Чист школски пример на политички монтиран судски случај .
Љубе Бошковски за цело време од ИЗБОРНАТА КАМПАЊА бил прислушкуван од Мијаков и Гуевски (а со тоа и целата опозиција како сега гледаме иако и тогаш тој заклучок логично се наметнуваше ) .
И тоа под образложение дека МОЖЕБИ ќе стори кривично дело .
Абе ако се оди по тој принцип тогаш сите жители на планетата Земја се сомнителни и треба да се прислушкуваат оти МОЖЕБИ ќе сторат некакво кривично дело .
Пажња :
Образложението на Мијалоков Груевски Јанкуловска Ставревски и остали од злосторничко здружение беше не дека го следеле за некој сомнителни активности што немаат врска со политиката , дека прави кривично дело итн туку цело време го прислушкувале и денес ЗАТОА И Е ВО ЗАТВОР дека МОЖЕБИ ќе стори некое кривично дело во текот на изборната кампања .
Уствари не само Бошковски туку ја прислушкувале и цела опозиција а со тоа .......

Дефиниција :
А со тоа е јасно дека СИТЕ ИЗБОРИ после 2006 кој биле организирани од ДПМНЕ биле нерегуларни бидејќи ДПМНЕ на незаконит противуставен начин со прислушкување и следење стекнувал предност пред другите конк*рентски партии кој биле ставени во нерамноправна положба .

Така што (барем за мене кој итогаш пишував за овој случај ) воопшто нее никакво изненадување дека на некој му пукнал филмот па таквите гнасотилаци на Мијалков Груевскии остала багра решил да му ги достави на Заев. Случајот ПУЧ баш и нее некое изненадување .

Се подразбира дека и случајот на Бошковски заврши пред судот во Стразбур ..

„Кампања“ на Бошкоски пред судот во Стразбур
11/11/2013

http://a1on.mk/wordpress/archives/235623#.UoDxAaDUlzc.facebook


3)
И не само овие случаи туку имаме масовни спектакуларни апсења за кој постоа следува ......“извините шалили смо се „

КОИ СУДИИ ЌЕ ЈА ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТА ЗА НЕЗАКОНСКИОТ
ПРИТВОР?

Ништо не научивме од Стразбурските „шамари“

Откако Судот за човекови права во Стразбур пред три години им укажа на судиите дека премногу лесно посегнуваат по мерката притвор, прогласувајќи го за НЕЗАКОНСКИ ПРИТВАРАЊЕТО на 38-те обвинети во случајот „Змиско око“, сега уште еднаш го повтори својот став. Пресече дека неосновано биле резервирани ќелиите во истражниот затвор „Скопје“ и за браќата Миладинови, обвинети во „Изгрев“, кои поминаа неверојатни 21 месец во притвор. Но, наместо да се делат дисциплински казни и да се бара одговорност, кај нас со забрзано темпо се штанцаат нови притворски решенија!
Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА
Целиот текст може да го прочитате во
најновиот број од неделникот “Фокус”
Фокус 1 мај 2014,

http://fokus.mk/fokus-express/koi-sudii-k-e-ja-ponesat-odgovornosta-za-nezakonskiot-pritvor/

4)

Што па да се каже за лажните заштитени сведоци кој Мијалков ги принудува лажно да сведочат

Признанието на „Бреза“ дека лажно сведочел по налог на ДБК откри како власта креира „заштитени сведоци“!
Заштитениот сведок од „Ореше” ги демаскираше владините „успеси”
Фокус 16 јан 2015

Текстот е објавен на 15-ти февруари 2013-та година во недeлникот „Фокус“ во бројот 920
Златко Арсовски, алијас „Бреза”,од велешкото село Ореше, јасно и гласно кажа дека цело време додека бил заштитен сведок лажел по налог на инспектори од ДБК. Морал да прифати бидејќи неколку месеци го малтретирала полицијата во затворот во „Шуто Оризари” и му напишала што да каже. Скандалот со овој заштитен сведок ги доведува под сомневање сите пресуди, за кои се тврдеше дека се монтирани со учество на заштитени сведоци. Ако има доблест, јавниот обвинител на Македонија треба да побара Врховниот суд да ги поништи сите одлуки каде што имало заштитен сведок. Сѐ друго ќе биде скандал од невидени размери!

Пишувал
Саше ДИМОВСКИ
Македонскиот судски систем е пред слободен пад кон дното, откако еден од заштитените сведоци, толку користената (или злоупотребувана) алатка во, по слободна проценка, над триесетина случаи, реши да ја симне маската и да признае дека за цело време додека бил заштитен сведок, лажел! Наместо заштитен сведок, како што вели досегашниот „Бреза”, станал жртва на системот.
Го принудиле да лаже, му напишале изјава што тој морал да ја научи и да ја кажува на суд овие неколку години, но тие, по чиј налог лажно сведочат за да решат еден предмет, не исполниле ништо од привилегиите кои му ги ветувале: вработување и пристојна живеачка. И затоа сведокот, сега со цело име и презиме, Златко Арсовски, решил да ја смени својата изјава за убиството во Ореше.
Итн
итн
http://fokus.mk/priznanieto-na-breza-deka-lazhno-svedochel-po-nalog-na-dbk-otkri-kako-vlasta-kreira-zashtiteni-svedotsi/

5)
Но после објавувањето на првите снимки од Заев некој Јавни обвинители најавиле оставки а Грујо се сомнева дека некој може и да му откажат послушност и да го повикаат на распит или да му одредат притвор засекој случај деновиве си донесе Закон за политичка контрола на Судиите .

Што си е сигурно сигурно си е . Да је греши случајно некој судија ..

СДСМ:По скратена постапка, власта воведе неуставен орган за одговорност на судии

Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни, реагира
опозициската партија СДСМ.

- Еден од последните негови чекори е вчера донесениот закон со којшто е воведен
неуставен орган Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност н
судии. Според Уставот на Република Македонија, единствено надлежен за избор и
разрешување на судиите е Судскиот совет. Ова тело веќе подолго време функционира во
спрега со извршната власт и незаконски, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат, сега граѓаните на Македонија ќе плаќаат паралелно тело со слични
ингеренции како Судскиот совет.
- Прашањето е зошто? Дали за поставување луѓе од поголема доверба на Груевски?,
прашува СДСМ.
Најголемата опозициска партија забележува дека Законот за „новиот неуставен орган,
Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии“, без
причина е поставен и изгласан по скратена постапка во Парламентот.
- Ова се случува во период кога судовите и судиите ќе бидат пред најголемиот предизвик
досега откако ќе биде обелоденето незаконското и криминално владеење на Никола
Груевски и неколкумина поединци околу него, се вели понатаму во соопштението на
Социјалдемократскиот сојуз.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20211

6)
Заев наговестува дека на снимките што ги има има докази токму за монтираните судски случаи кој правеле Мијаков Груевски и остали од злосторничко здружение .

Заев: Многу луѓе се во затвор поради личен каприц или суета на власта
Но потврди дека има докази ЗА ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ, поради личен каприц или суета на власта.
-Ќе објавуваме чекор по чекор и сами ќе се уверите во тоа што правеле. Ќе се уверите дека злонамерноста отишла до бесвест, болест…Се што имаме ќе објавиме но неможам да бидам правник ниту истражен орган. Како ќе објавиме, многу работи ќе станат појасни -рече Заев.
http://brif.mk/?p=177628

7)
И добро ете и пријавата на Заев против Сашо Мијалков директор на УБК, против Горан Груевски, началникот на Петта управа, како и проитв НН лица е веќе предадена во обвинителство

Пријавата на Заев против Мијалков предадена во обвинителството

11 февруари 2015

Доцна попладнево кривичната пријава на СДСМ е предадена во Јавното обвинителство,. Иако таа беше подготвена уште пред објавата на првиот дел од прислушуваните материјали, сепак партијата избра денеска да ја достави.
Заедно со пријавата се предадени и снимени материјали на ЦД-а на кои се снимени прислушуваните разговори, пред се тие на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ како зборува со новинари, соработници од општина Струмица и партиски колеги.
Пријавата е против Сашо Мијалков, директор на УБК, за кого СДСМ изрази сомнеж дека ги издавал усните налози за следење на илајдници граѓани, против Горан Груевски, началникот на Петта управа, како и проитв НН лица. Сите се посочени дека неовластено следеле комуникации.
http://www.plusinfo.mk/vest/14656/prijavata-na-zaev-protiv-mijalkov-predadena-vo-obvinitelstvoto

8)
А со пријавата на Заев ..........
За последен пат ќе се види дека таа Уставна институција наречена македонско судство е одамна мртва - нефункционална обична партиска испостава на ДПМНЕ .

Жарко Јорданоски: Ако МВР и Обвинителство не „мрднат“, ќе направат злоупотреба на службената положба

Ако после изнесените материјали од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, МВР и Јавното обвинителство не се активираат и не отворат случај, ќе направат опструкција на правосудниот систем и злоупотреба на службената положба и овластување, порачува на својот Фејсбук-профил Жарко Јорданоски, заменик на главниот и одговорен уредник на „Слободен печат“.
„Од оваа прес-конференција станува јасно дека е извршено кривично дело од огромни размери. Апсолутно е јасно дека МВР и јавното обвинителство мора да се активираат и да отворат случај, зашто спротивното е опструкција на правосудниот систем, и злоупотреба на службената положба и овластување, дело што повлекува конкретен број години зад решетки! Треба да размислат за тоа, без оглед што сега им се чини дека правдата е далеку и дека единствено треба да и угодат на врхушката“, порачува тој.
Јорданоски порачува и дека акцијата „Пуч“ беше климав обид да се осуетат „бомбите“.
„Исто така станува јасно дека акцијата Пуч е полициска монтажа со цел да се осуети објавувањето на овој скандал. Нема ниедна назнака дека странски служби се инволвирани во целата работа, а приказните за аудио монтажа на снимките се распукаа како меур од сапуница - Латас тврдеше ќе му намонтирал снимки на Заев за едно претпладне, но за ваква операција малку му се 20.000 претпладниња!
Да резимираме по првата „бомбица“ - Станува збор за тешка злоупотреба, прво на тајната полиција, (масовно неовластенио прислушување), потоа на полициските и судски органи (акција Пуч, конструирана и политички мотивирана), потоа на обвинителството („забрана за објавување“ и молк по објавувњето на лентите) и на крајот на голем дел од медиумите (информативна блокада). Не е малку како за прва детонација!“, пишува Јорданоски.
Уредникот и познат новинар не се чуди и како јавниот радиодифузен сервис не се потруди да организира директен пренос на прес-конференцијата, за да овозможи целата јавност изворно да ги проследи обвинувањата и материјалите. Но тоа не би смеело да остане неказнето, вели Јорданоски.
„Сосема е недопустливо јавниот радиодифузен сервис целосно да ја игнорира и минимизира. Тоа говори дека јавниот сервис не ја врши основната функција заради која постои и заради која е финансиран од народни пари. И комерцијалните и јавните медиум и докажаа дека се раководат од сосема други интереси, а не од интересот на јавноста и за тоа би морале еден ден да бидат земени на одговорност. И според Уставот и според законите, јавноста има право да знае, а овие медиуми прават се тоа право да го осуетат. Етерот е заедничка сопственост и не им го дала мајка им! Во најмала рака, еден ден сите овие би требало да останат без своите дозволи за емитување. За професионалниот интегритет и чест да не правиме муабет“, пишува тој.
http://www.plusinfo.mk/vest/14483/zarko-jordanoski-ako-mvr-i-obvinitelstvo-ne-mrdnat-kje-napravat-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba

9)
Иако уште сега е јасно дека Обвинителството и МВР не работат според никакви закони туку издаваат некакви партиски соопштенија на ДПМНЕ .

Адвокатот на Верушевски збунет од соопштението на Обвинителството
04 февруари
Правниот застапник на Верушевски, Ангеле Илиевски и адвокатот Мики Вујиќ се збунети од содржината на последното соопштение на Јавното обвинителство. Не им е јасно, ПО КОЈ ОСНОВ од канцеларијата на Марко Зврлевски велат дека објавувањето на „материјали коишто може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.“ Илиевски вели дека во соопштението мора да има ЦИТИРАНИ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ според кои јавното обвинтелство препорачува дека треба да се постапува.

„За да обичниот граѓанин знае или новинарот да знае дали смее или не треба да објави, сепак треба едно пошироко објаснување што може, што не може, се разбира со поткрепа на одредбите на кои се повикуваат. Јас од досегашната пракса можам да кажам дека не може да се објавуваат класифицирани информации и она што ќе го нареди Јавниот обвинтел во текот на истрагата ... меѓутоа во случајот ТРЕБА ДА ИМА НАРЕДБА , таа наредба се запишува во записник итн.“, вели Ангеле Илиевски- адвокат на Зоран Верушевски.

Мирсослав Вујиќ е помалку резервиран по прашањато. Ставот го темели не само на долгогодишно искуство, но и на фактот дека од 2010 е официјално назначен од ОБСЕ како обучувач токму за примената на новиот Закон за кривична постапка.

„Ако мене со такво искуство и со такво познавање на овој Закон не ми е јасно ова соопштение, јас не знам што останува за обичниот народ... Она што е врзано со предмет и со истрагата тоа е како службена тајна и тоа е врзано со судот. Од каде они ценат што може да стане предмет на кривично дело ... и најсериозно, да пуштат предупредувањњ да запре објавувањето а притоа не кажуваат НИТУ СОГЛАСНО КОЈ ЗАКОН ниту согласно кој член е тоа забрането. Тоа би било како јас да ви кажам- еј можеш да одговораш. Дали е то предвидено по Закон или не тоа никој не го интересира“ , изјави Мирослав Вуиќ- адвокат.

За Вујиќ, кој досега во неколку судски случаи го бранеше Зоран Заев, но засега не е дел од тимот во случајот „Пуч“, спорен е и ставот на Јавното обвинтелство за објавените тајни снимки од кабинетот на Премиерот. Како недоволна ја цени инфромацијата од соопштението која вели „Јавното обвинителство ... ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу ... Никола Груевски и ... Зоран Заев, дошле до медиумите“.

„Две прашања се спорни. Дали е тоа нивен материјал или тоа не е нивен материјал. Ако е нивен материјал НЕМА ШТО ДА СЕ ПРОВЕРУВА . Треба веднаш против некого да се превземат одредени мерки. Ако не е нивен материјал тие НЕМА ШТО ДА СЕ МЕШААТ . Тие отишле и завршена прича“, додава Вуиќ.
http://alsat.mk/News/3998/advokatot-na-verushevski-zbunet-od-soopshtenieto-na-obvinitelstvoto

10)
Без разлика на се и тоа што Груевски веќе поставува суд над судот да не случајно му откажат послушност судиите, и тоа што мвр и обвинтелство објавуваат политички памфлети и партиски сооштенија на ДПМНЕ и тоа што Грујо јавно објави дека е веќе монтиран процес со тоа што му закажа „фер судење „ на Заев ( видовме како си поминаа сите на тие „фер судења“)ДОБРО е што Заев поднесе кривична пријава против Мијаков и другите вработени одтајните служби .
Ако ништо друго барем за последен пат ќе се констатира дека Македнско судство како што кажува и Фрчковски одамна не постои туку некаква Криминално – ДПМНЕ-ОВСКА-Политичка ИНКВИЗИЦИЈА која лажно се претставува како Македонско судство .
И досега не ми беше јасно зошто СДСМ ицела друга опозиција не му дадоа поддршка на ваквиот предлог на Фрчковски да се распушти куклениот театар македоснко судство и да се формира меѓународен судски борд .
Туку што после ?
Ќе треба да се формираат народни судови како 1945 година додека не биле формирани редовни професионални судови .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПон 09 Мар 2015, 1:32 am

1)

Сител објави ново видео од средбата Груевски - Заев, ќе се огласи ли обвинителот?
07 март 2015

Телевизијата Сител вечерва објави нов видео материјал од средбите помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Станува збор за средби за кои Груевски јавно призна дека се снимани на негово барање, со одлука за воведување посебни истражни мерки. Овие материјали се дел од предметот „Пуч“.

Објавувањето на новото видео е со очигледна цел да се покаже дека Заев на Груевски му признал дека ВМРО-ДПМНЕ би го добила послените избори, дури и да биле чесни. Се разбира, спинерите на владејачката партија го занемаруваат фактот дека нечесните избори по правило се делегитимираат, а победата не се признава. Тоа и се случи. СДСМ не го призна изборниот резултат и пратениците од опозицијата го бојкотираат парламентот.

Интересно е дека Обвинителството во петокот уште еднаш нагласи дека објавувањето на снимките и другите материјали од истрагата за „Пуч“ Е НЕЗАКОНСКО и дека се бараат информации како тие материјали протекле во медиумите. Дали после протекувањето на последното видео Обвинителството ЌЕ РЕАГИРА ПРОТИВ телевизија Сител?

http://www.plusinfo.mk/vest/17495/sitel-objavi-novo-video-od-sredbata-gruevski--zaev-kje-se-oglasi-li-obvinitelot

2)

ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган

Писмена реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Љупчо Николовски


Почитувани,

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се најде ПОВИКАНА да реагира за поднесување на кривични пријави кои се во сферата на правото и правосудството.

Скандалозно е тоа што Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или неосновани.

СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае СОДРЖИНАТА НА ПРИЈАВИТЕ ВЕДНАШ ПО ПОДНЕСУВАЊЕТО ?

ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира КАКО ЕДЕН орган.

Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е ДИРЕКТНО поврзано СО СПРЕГА на релација власт - судство.

Целата јавност во Македонија се увери како Груевски и Мијалков, со неколкумина соработници местат судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ сето тоа го потврди со нивното соопштение.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, 03.03.2015 год.

вторник, 03 март 2015

http://sdsm.org.mk/default.aspx?articleId=11771&mId=55&agId=2

3)

(АУДИО) Вујиќ: Новите снимки – ДОКАЗ ДЕКА НЕМАМЕ ОБВИНИТЕЛСТВО, за ова се оди
во затвор!

март 7, 2015

Во врска со новите снимки од ПИ мерки кои вечерва протекоа на youtube, а ги емитуваа неколку телевизии со национална концесија и провладини интернет портали, адвокатот Мирослав Вујиќ, за Бриф, вели дека ова не смее да се случува и ваквите докази СЕ ВЕЌЕ НЕУПОТРЕБЛИВИ
ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА .

– Ова е доказ дека ние немаме обвинителство, НЕМАМЕ ПРАВОСУДНИ ИНСТИТУЦИИ кои што би ги штителе граѓаните – изјави Вујиќ.
Согласно одредбите од новиот ЗКП, член 289, сите овие мерки кои што се во постапката се СЛУЖБЕНА ТАЈНА .

– За ова некој до сега би требало да одговара. Со ова јасно се става до знаење дека Заев бил сосема во право што ваквите документи ги споделува со јавноста А НЕ СО ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ на Република Македонија – рече адвокатот Мирослав Вујиќ за Бриф.

http://brif.mk/?p=179047

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyВто 10 Мар 2015, 1:18 pm


08.03.2015

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО АГОНИЈА

Гордана Дувњак



Опозицијата не верува во Обвинителството, бидејќи смета дека е дискредитирано. Партијата ДОМ, на Лилјана Поповска, бара разрешување на јавниот обвинител и избор на нов со консезус. Продолжува објавувањето на „бомби“ и со секој нов снимен материјал излегуваат на виделина нови докази за наводната злоупотреба на моќта на владејачката гарнитура во сите сегменти од државата. Згора на се', ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ не престануваат со објавувањето на видеоматеријали, кои очигледно се добиени со помош на користење на посебни истражни мерки.

Сето тоа ја прави уште поделикатна и посложена состојбата на првиот човек на Обвинителството, Марко Зврлевски, кој, се чини, тешко се снаоѓа во целиот овој политички галиматијас. Аналитичарите сериозно предупредуваат дека Обвинителството се' повеќе ги губи конците од раце и го препушта теренот на други актери. И наместо Обвинителството да го има главниот збор во водењето на истрагата и на расчистувањето на состојбите предизвикани со најновите афери, ИЗВРШНАТА ВЛАСТ се' повеќе го поклопува дејствувањето на органите на прогонот, сведувајќи го на обичен спектатор.

На прозивките што од сите страни се упатуваат на негова адреса, јавниот обвинител Марко Зврлевски се обидува да возврати со навидум смирен тон и со уверување дека се' уште ја контролира состојбата.

„Јас не гледам причина за недоверба и сомневање во работата на државниот јавен обвинител. Досега со моето професионално постапување во рамките на моите надлежности, јас не сум сторил ништо со што би се нарушила или изгубила довербата во јавното обвинителство“, изјави Марко Зврлевски за „Дојче веле“.

Партијата на зелените, ДОМ, која е дел од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение викендов побара заминување на јавниот обвинител и избор на нов со консензус.

„ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за да се реши во институциите и да не се направи уште поголема штета за Македонија. За ова е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата и договор за редоследот на потези“, оценија од ДОМ.

Во ДОМ сметаат дека разврската треба да почне со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во парламентот и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии во парламентот. Потоа да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку анкетна комисија.

„Инсистираме да се започне со јавниот обвинител, зашто тој треба да биде главна фигура во судската разврска, човек со интегритет и стручност, во кој ќе имаат доверба сите политички субјекти и најшироката јавност“, соопштија од ДОМ.

По точно еден месец од објавувањето на првата „бомба“ на опозицијата (во петокот беше седмата посветена на изборните нерегуларности, а за утре се најавува продолжение во „Универзална сала“ во присуство на дипломатите), Обвинителството главно молчи. Или, пак, дава немушти одговори во јавноста, од кои треба да се добие впечаток дека навистина „работат посветено на случајот“.

Од една страна, Јавното обвинителство излезе со став дека ги проверува материјалите што се појавија изминатиов период во медиумите, а се однесуваат на истрагата за случајот „Пуч“, а кои се прибавени со посебни истражни мерки. Речиси идентичен одговор имаше и на јавно поставените прашања како се случи на „Јутјуб“ да се појават и серија видеоснимки употре*ени за ДИСКРЕДИТАЦИЈА на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кои очигледно се дел од користените ПИМ-мерки употре*ени против него.

Обвинителот Зврлевски во изјава за нашиот весник рече дека ако навистина се утврди дека станува збор за материјали од ПИМ-мерки, станува збор за КАЗНИВО ДЕЛО , бидејќи тоа значело откривање на СЛУЖБЕНА ТАЈНА .

Агонијата во која влегува Обвинителството од ден на ден станува се' поголема и се стега обрачот околу него, уште повеќе затоа што во овој момент истрагата што се води се' повеќе наликува на швајцарско сирење. Обвинителството, засега, нема валиден одговор ниту како е можно да истекуваат во јавноста цели делови ОД ИСТРАГАТА кои се користат ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ . Но и зошто НИШТО НЕ ПРЕВЗЕМА околу утврдување на автентичноста на снимките, во кои има јасни индиции кои упатуваат на злоупотреба на службена должност, притисоци, закани и примери на несовесно работење.

Зврлевски е притиснат до ѕид и има само две можности: да признае дека целата оваа ситуација не умее да ја контролира и да си даде оставка или пак конечно да ги земе уздите во свои раце и да работи онака како што налагаат законите, но и неговите надлежности.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C1B3E4C2DE44CE40800236571FA7BDF8

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПет 20 Мар 2015, 1:22 pm

Интегрално АУДИО и ТРАНСКРИПТИ: Бомба 12 за судството

од НОВА објавено на: 19-03-2015

------ ПАПКА 1 ------

1. Разговор помеѓу Филимена Маневска и Влатко Мијалков

ФМ: Да?
ВМ: Добар ден, Филимена.
ФМ: Добар ден.
ВМ: Сакам нешто да Ве прашам.
ФМ: Кажи.
ВМ: Дали ја познавате Тереза Блажевска, одговорна во Апелација е?
ФМ: Да бе, ја знам, на кривично доле.
ВМ: Дали нешто со неа ќе можеме да поразговараме? Сега не би сакал по телефон.
ФМ: Мх.
ВМ: Имаме ли простор, да се поразговара нешто со неа? Може и да се видиме кога ќе бидете подобри.
ФМ: Аха. А чекај, за некој предмет сакаш?
ВМ: Да, да.
ФМ: Слушај, оди кај Љупка, претседателката.
ВМ: А која беше Љупка?
ФМ: Љупка Арсениевска, претседателка на Апелација. Таа ептен наша е.
ВМ: Аха.
ФМ: Па не се сеќаваш, преку неа го завршивме за, за ова, за Каранаков?
ВМ: Ееее, да, да, да, да да, да да.
ФМ: Па преку неа, нели?
ВМ: Да, да, да.
ФМ: Ти слободно иди. Кажи Филимена ме испрати, ич без проблем.
ВМ: Така, така, така.
ФМ: А она со Тереза ќе си среде.
ВМ: Така, така, така. Добро. Фала за советот. Иначе...
ФМ: Да де тоа. Обавезно иди, претстави и се и кажи дека јас сум те испратила. Љупка...
ВМ: Иначе, вчера Ве гледам, во одлична кондиција сте. Ти и Михајло.
ФМ: А бе, се држиме, работиме, што да правиме.
ВМ: Е па така треба.

2. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер

ГЈ: Да
МП: Ало.
ГЈ: М, кажи?
МП: Горде?
ГЈ: Кажи?
МП: А бе, се сеќаваш за овој другар ми, Диме?
ГЈ: Добро?
МП: За жена му шо овакво, и сега кривична и стегнале. Што направила сообраќајка.
ГЈ: Ај пушти ми податоци, да видам со обвинителот.
МП: Да, да, да, ќе ти пуштам.
ГЈ: Ама не, океј е ако и пуштиле кривична, ама да падне треба кривичната.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Нели така се договоривме?
МП: Така, така, така.
ГЈ: Си забораил? Пушти ми податоци.
МП: Не бе, така, така.
ГЈ: Ееее, глеаш. Хаха. Ајде, пушти ми податоци.
МП: Чао, чао.
ГЈ: Ајде, чао.


3. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Втората работа е, една молба до те*е имам.
СМ: Аха.
ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер...
СМ: Добро.
ГЈ: ...повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби...
СМ: Аха.
ГЈ:...сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе се беше завршено.
СМ: Добро.
ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за оштета. Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги...им отцепува...
СМ: Што треба да правиме ние?
ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.
СМ: Добро. Прати ми број и готово.
ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и....
СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите...
МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви...
СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
СМ: Важи, ајде.
ГЈ: Ајде, поздрав.
СМ: Чао.
------ ПАПКА 2 ------

4. Разговор помеѓу Александра Зафировска и Ленче Самарџиевска

АЗ: Ало?
ЛС: Ало, добар ден.
АЗ: Добар ден.
ЛС: Александра, Ленче е. Сте ме барале, ми кажаа колешките.
АЗ: Да моменат само. (Значи, почекајте ме надвор, сега ќе ве викнам) Вака...
ЛС: Е, да.
АЗ: Се договоривме на минатиот состанок, да го известам Премиерот, кога ќе...ова...распишам оглас, значи, пред да распишам оглас за судии.
ЛС: Добро.
АЗ: Значи, да го известите дека ќе распишам оглас за двајца судии на Апелација Скопје...
ЛС: Добро.
АЗ: За претседател на Основен суд Скопје I, и за претседател на Основен суд Кратово.
ЛС: ....Скопје I и за претседател на
АЗ: ....Основен суд Кратово.
ЛС: Во ред.
АЗ: Значи, ќе следи оглас за овие места.
ЛС: Добро, во ред, ќе го известам.
АЗ: Е така.
ЛС: Добро, благодарам, пријатно.
АЗ: Ајде, пријатно.


5. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Горде?
ГЈ: Е? Кажи?
СМ: Само да проверам една работа со те*е. Дали е тоа тачно?
ГЈ: Ајде?
СМ: Вечерва расправаме за судство, за 1-ца, 2-ка, Врховен и Крушево, така?
ГЈ: Да.
СМ: Ништо друго?
ГЈ: Па јас немам ништо друго, другите поминаа, нели.
СМ: Добро. Океј, значи тоа е тоа...
ГЈ: Тие четири, нели...
СМ: Викам нешто да не промашам.
ГЈ: Имаш материјали, така?
СМ: Имам, имам.
ГЈ: Добро. Океј, тие се тие.
СМ: Викам, да не промашам нешто.
ГЈ: Не, не. У меѓувреме ја неам добиено ново плико. Хаха.
СМ: Океј, ајде.
ГЈ: Океј, ајде чао.

6. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Горде!
ГЈ: Еј, кажи Сашо?
СМ: Блерим ме бара, сака да бираме тројца обвинители на основен суд...на Основно јавно обвинителство.
ГЈ: Е па јас му реков. Он се јавуваше кај мене, и вика: тројцата, ова-она. Викам: неам насока Блерим за таа работа, нели пошто вие целиот пакет го договаравте, викам немам, викам. Ако ти е за брзо, слушни се со Сашо директно.
СМ: Ја, мислам, пошто и онака треба да ги известиме, дај да им ги избереме, пошто у понеделник сакаме да правиме Судски совет, да бираме судии.
ГЈ: Е ако де. Па јас затоа и сакав координација со те*е. Инаку реално таму Сашо немам гимнаситики многу, мора да се од Академија.
СМ: Да де да. Тие што се од Академија и готово...
ГЈ: Така да, кого и да изберат-изберат.
СМ: Само на овој што е од Судскиот совет сеа ќе му јавиме и готово.
ГЈ: Да де да. Кого изберат изберат.
СМ: И нека тераат работа. Океј.
ГЈ: Тоа е, знаеш нема она претходно што сме праеле, веќе не проаѓа.
СМ: Да, да. Добро.
ГЈ: Океј, важи. Ти ќе му јавиш, така? Оти со него ти...
СМ: Ја ќе му јавам.
ГЈ: Важи, поздрав.
СМ: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.


7. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Него да те прашам една работа. Ние кога биравме судии у 1-ца...
ГЈ: Аха
СМ: Имам овдека забележано 72-ка Лидија Петровска. Кој ја предложи неа?
ГЈ: Чекај да видам у тефтерчево...
СМ: Ај види
ГЈ: Сега не ми текнува по името...само да..тука ми е баш на маса, секунда, извини...За 1-ца беше?
СМ: Да, за 1-ца и таму ја избравме. Ја ја видов, мене ми фати око, беше добра. Многу ме интересира кој ми ја предложи.
ГЈ: Сега, сега, јас вртам дур збориме со те*е...
СМ: Да.
ГЈ: По списоциве...2-ка, 2-ка, Апелација...Марфиев закон...1-ца сигурно ми е на крај...еве стасав до 1-ца, само да видам...овде не ми се испозаокружени, а еве уште еден...Лидија Петровска, Сашка ја предложила, 72 број.
СМ: Аха. Сашка?
ГЈ: Еве. Да.
СМ: Добро.
ГЈ: И има и на рака напишано горе самото...нели она ни ги праќа материјалите...
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Она има напишано на рака и плус, после тоа кога сме разговарале, значи сме ја штиклирале и уште еден плус и имам стаено, претпоставувам тоа врз основа на дискусијава што сме ја имале меѓу нас. Меѓутоа е од Сашка предложена, и горе на списокот, ти ти го имаш истиот, 72 на рака пишува Лидија Петровска.
СМ: 73 пишува. 72 пишува, а 73 пишува нешто друго.
ГЈ: 72 и 73 нешто друго, не можам да го разберам. А-на ра-до-...нешто
СМ: Ана Рајкова.
ГЈ: Е па ја не го дочитувам тоа Рајкова. Иначе ова е од Сашка.
СМ: Океј, добро.
ГЈ: Тоа е.


8. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Александра Зафировска

АЗ: Ало?
ГЈ: Ало, добро вечер. Здраво.
АЗ: Добра вечер. Здраво.
ГЈ: Ја малку покасно, ама така бев со некои луѓе...
АЗ: Нема проблем.
ГЈ:...што нејќам да ме слушаат со кого зборам и така...
АЗ: Да, да...
ГЈ: Сега вака по на раат ќе се јавам,
АЗ: Да, да. Е вака сега. Денес ми се јави Сашо
ГЈ: Мхм.
АЗ: И ме прашуваше во врска со списоците за изборот на стручни.
ГЈ: Аха.
АЗ: И, ми вика: од кај ти се списоците. Па викам: од таму од каде што беше договорено.
ГЈ: Од партија, да, да, да.
АЗ: Иии, не, вика. Вика: зачекај. Вика: да видам јас. Ама викам: ја она што беше надвор, за Штип, за Битола, тоа си поделив,
ГЈ: Да де да.
АЗ: И му кажав, он ми...дел од нив више даваат решенија, дел постапката ја привршуваат, знаат што-како. Е сега остана проблемот за Скопје, за 1 и 2.
ГЈ: Така.
АЗ: И за Апелација, и за...ваљда Лидија се побунила нешто.
ГЈ: Па најверојатно она, мислам со него има добра релација, ама не е страшно нека ги види, па можда и негде држи тоа што се побунила.
АЗ: Не, не, добро е. Не викам ништо.
ГЈ: Да де да. Со арно што се вика работава да ја тераме.
АЗ: Да, него ова, таму се списоците кај нив и ја треба да идам кај него во понеделник, така да она сега што ќе каже, тоа ќе биде.

------ ПАПКА 3 ------

9. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски

ГЈ: Ало.
ЉШ: Еј, Гоцо здраво.
ГЈ: Здраво Љупчо.
ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмарај
ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?
ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење...
ГЈ: Аха.
ЉШ: Али добро е, сега е океј.
ГЈ: Е па, добро сега, мора и ние сме луѓе...
ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.
ГЈ: Да, да.
ЉШ: Гоцо, вака сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја и ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш неќни.
ГЈ: А она за каде тоа?
ЉШ: За во скопсково...
ГЈ: Е па ај...
ЉШ: ...едно место е и ветив на претседателката за синот нејзин...
ГЈ: ај тогаш вака да направиме....
ЉШ: знаеш, женава...барем него да го протуркаме
ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам...
ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш...
ГЈ: ...да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е
ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е...
ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.
ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Јас повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава...
ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен и ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молиме те за неа вика...
ГЈ: Да де да, ама добор сега работиме со неа. Знаеш како...
ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.
ГЈ:...мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим
ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.
ГЈ: Тоа е во скопското, така?
ЉШ: Во скопското да.
ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.
ЉШ: Ете така кажи му.
ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам...
ЉШ: Во 12 имаме, да...
ГЈ: ...пред да почнете, се гледате...
ЉШ: Аха.
ГЈ:...мислам, онака на координација...
ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.
ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.
ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.
ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.
ЉШ: Важи Гоцо. Поздрав.
ГЈ: Поздрав.
ЉШ: Чао, Гоцо, чао.


10. Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери

МЏ: Ало
ББ: Муса како си?
МЏ: Добар Блерим.
ББ: Како иде?
МЏ: Добро, еве излезен, еден разговор имам...пред да идам накај дома. Ти?
ББ: Добро бе, еве бев накај канцеларија да работам малку... утре е изборот на обвинители, и ми се јави Гордана, едно место кое е наше, ме замоли дали може да им го оставиме ним.
МЏ: Каде ?
ББ: Во обвинителството во Скопје, бидејќи кандидат бил синот на Претседателот на Апелациониот суд. рече знам дека е ваше место, ама дека е важно место...
МЏ: Да ама, треба да ни дадат на друго место...бидејќи ние станавме веќе... ајде размисли ти што можат да ни дадат..
ББ: Вака стои работата...и последниот пат кога имало избор на обвинители, едно место му го дадов едно наше место на Михајло Маневски...
МЏ: Е и овој сега...две места...
ББ: И уште едно место му дадов на овој пријателот, негов човек беше...тој пријателот, другиот, што не е во влада...
МЏ: Знам, знам... и овој сега...
ББ: Држи логиката на Гордана...вистина е , и ним им треба, но и нам ни треба...
МЏ: Ајде размисли го...стана многу ова...нека ни дадат тие нешто...размисли ти...
ББ: Ок. Ок
МЏ. Ама што можат да ни дадат?
ББ: Ама слушај, утре ќе се отвори одма и онаа друга одлука...за оние средства за 7 други места.
МЏ: Остај ти кога ќе се отворат места...туку за овие три наши што ги даваме....мораш да најдеш некој баланс
ББ: Ок. Ќе најдам...
МЏ: Барај нешто конткретно...бидејќи овие нема утре да се секираат за тоа...
ББ: Ок, ок...уште нешто, дали со те*е или со шефот да зборам, има едно место...во високото јавно обвинителство, на местото на Сузана (Сузана Салиу)...
МЏ: Добро?
ББ: Во вашиот претходен мандат бил претседател на Апеалационит суд Скопје...и кога ни беше тесно работата со тој Беќир Исени од ДПА, како член на Републичкиот судски совет ми помогна, кога ни беше тесно со бадинтер...
МЏ: А наш ли е овој?
ББ: Турчин е
МЏ: Е ако неможе он кого би можел да ставиш?
ББ: Без врска беа некои други...небитни
МЏ: Незнам бе...да размислам...да разговараме покасно уште еднаш...
ББ: Ок, бидејќи утре во 12 ....да не го малтертирам шефот со овие работи...
МЏ: Ајде да ја видам ова последна работа...сега несум концетриран...ама тоа што тие го бараат и не ги комензираат, не ми се допаѓа...ние сме малку повеќе...
ББ: Широкоградни...
МЏ: Ок
ББ: Ок. Ајде..


11. Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери

МЏ: Кажи Блерим?
ББ: Еј те изнамачив, ама и таму ме бараат...треба да им дадам пас...
МЏ: Се спремам уште...ама за тој случајот што треба да им го дадеме на овие...јави му се на претседателот ти..
ББ: Ја зборев со претседателот, за друга работа...и го прашав, он рече види со Муса..
МЏ: Види Блерим, нема ништо против да имаме соработка...ама тоа место не е мало место...за колку време можеме да го компензираме?
ББ: Брзо ќе го компензираме...во други места.
МЏ: Ама во другите места, на исто ниво?
ББ: Да, да. Ќе ги компензираме...во принцип, послушај ме секунда...
МЏ: Да
ББ: Од време на време ние ќе треба да направиме многу работи за нашите луѓе...
МЏ: Да
ББ:...бидејќи станува збор за првиот човек ( се мисли на претседателот на Апелација) мислам дека и овој пат треба да им го дадеме
МЏ: Зошто? Зошто мислиш така?
ББ: А бе зошто...ќе ми се јавиш ти...а со овие луѓе ќе треба да ги правам тие работи...вреди..
МЏ: А ако биде наш неможеш да ги направиш?
ББ: Гледај, се работи за синот на претседателот на Апелациониот суд во Скопје..
МЏ: Аха. И он сака да биде обвинител?
ББ: Да. да
МЏ: Гледај, ако ти сметаш од аспект на...ја познаваш внатре структурата која ти треба јас немам професионални и политички аргументи, дали вреди или не вреди...ме разбираш?
ББ: Не, не носи во рај уште еден плус...бидејќи е вака..
МЏ: Ама во иднина ќе има вакви места...
ББ: Денес, денес ќе има оглас за нови тројца во Скопје...обвнители, сите тројца ќе бидат наши.
МЏ: Ок.
ББ: За овој другиот...што да правам...за овој Турчинот? На местото на Сузана...татко и е во Советот на обвнители, и кога беше Беќир Исени, мене ми помогнаа...кога ги блокирав да не го земаат судот во Тетово.
МЏ: Како се вика овој?
ББ: Овој во вашиот првиот мандат беше претседател на суд...вели ведат.
МЏ: Аха. Не знам дали мењавал страни сега...што мислиш ти?
ББ: Јас го познавам лично него...и го познава и татко ми...имам колегијални односи...што мислиш? Ја чуствувам дека имам долг кон него...ме поддржал два пати...кога сме блокирале...кога било критично.
МЏ: Кај сака да оди он?
ББ: Кај што е Касам, во високото обвинителство...и никад да не биде, тој Касам...бидејќи денеска сакам да го разрешам...
МЏ: Ајде
ББ: Ама нема да биде шеф...за шеф сум нашол еден од гостивар, бидејќи не ги исполнува условите...
МЏ: Значи ќе биде висок обвинител, ама не шеф на обвинителите..
ББ: Да , да на местото на Сузана...каде била Сузана Салиу..
МЏ: Ок
ББ: Се разбира, ако и овие пријателите ако немаат нешто...
МЏ: Ајде тогаш види прво со тие пријателите...
ББ. Ок. Ок.


12. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

ГЈ: Ало?
НТ: Горде, Нино е, што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино. Еве, сурфам малку...
НТ: Сурфаш?
ГЈ: ...да видам комуњариве што прават.
НТ: Што прават? Хаха. Ништо, што прават. Зулум. Зулум.
ГЈ: Сеир читам.
НТ: Зулум.
ГЈ: Ти што правиш?
НТ: Горде, знаеш зошто те барам? Овој Димитар Трајанов што ни е, таму у Комисија за ИТ, е сега го ставивме декан на новиот факултет..
ГЈ: Аха.
НТ: ФИНКИ што го направивме, тој на спотот што беше. Не знам дали го знаеш...
ГЈ: Не ми текнува, ама не е битно.
НТ: Е сега, неколку пути ме замолува, жена му конк*рира сега таму за судија. Не знам како идат тие работи, он мене ме замолува за судија во тој Управен суд, сега ми пушта дека ќе се одлучувало во среда нешто. Па јас си земав обврска, неколку пати му викав: не се занимавам јас со тоа...
ГЈ: А бе види...
НТ:...не можам да ти завршам работа...
ГЈ:...ја да ти кажам..
НТ: ...и он сега ме моли, ме моли. Ми вика те молам само кажи и наша е ептен...
ГЈ: Ај пушти ми го името...
НТ: Вика...пошто е наша, тој е де факто наш, пошто човек у Комисија за ИТ ни е...потпретседател ли што е...
ГЈ: Да де да.
НТ: Е сега, види, ако имате нешто, не знам како да ти кажам...
ГЈ: Знаеш што е работата...
НТ: Чисто партиски ти кажувам...
ГЈ: Реално за овој конк*рс многу тешко, пошто више договорени се, поделени се со ДУИ, вака-така, на два дена пред избор е.
НТ: Да де, јасно.
ГЈ: Ама за некој нареден, пушти ми ја да ја знаеме. Знаеш, оти некогаш едноставно ќе се склопат коцките и што се вика некој имал среќа, ама треба да имаш информација во тој момент.
НТ: Да. Ќе му кажам...
ГЈ: Така да, ти во секој случај пушти ми го името.
НТ: Да, ја ќе му кажам. Ја ќе ти го пуштам името...
ГЈ: Ти кажи му, спомав, вака-така.
НТ: Ќе ти ја препратам од него пораката, оваа сега што ми ја пуштил...
ГЈ: Мислам, ја те*е ти кажувам реално како е, за да знаеш, мислам и кога збориш, да имаш осет со каков тон да збориш.
НТ: Да, океј.
ГЈ: Океј Нино. Ајде, поздрав.
НТ: Важи, фала ти Горде. Ајде чао.
ГЈ: Ајде, чао, чао.


13. Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Е кажи?
ЗС: Можеш да збориш?
ГЈ: Можам, само еве. Водам комисија да искочам, извини, секунда.
ЗС: А добро, бе добро, заборавив, не е итно.
ГЈ: Не бе кажи, искочив.
ЗС: Еј...
ГЈ: Кажи бе кажи.
ЗС: Види, овој копиљов од кај мене што ти кажував у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Значи не го повлекува од кај мене барањето, игра на картата за да изминат 30 дена пошто по автоматизам нели му следува решение...
ГЈ: Да де да.
ЗС: ...од понеделник немало да оди на работа и ме изнервира право да ти кажам, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ли ти, по некоја партиска линија тоа да го направите? За да не бидам јас директно, да не дигам слушалка, него Стојче, или кој ти е таму да се јави таму и да рече: не може ова да се вработи, по партиски треба да биде вработувањето, и не ни е партиски...
ГЈ: Види, знаеш што може. Он сега фактички, Апелационен суд...мислам, може ова, да ти одговорам директно, ќе се јави денес. А, Апелационен суд ќе треба да бара обнова на согласност од те*е сега.
ЗС: Да де да, ја ќе им дадам за еден.
ГЈ: Не ти ќе им дадеш, таму 10 се, ти за 9 ќе им дадеш. И они ќе треба да се јават: кој? Ќе кажеме: тие и тие се океј, овој не е. Сфаќаш?
ЗС: Да. Тоа исто можам, пошто 2012 немаат они согласност, ќе треба да ја обноват од 2011.
ГЈ: Да де да, и не може да ги пријават. И ти кога ќе им дадеш 9 место 10 за пријавување...
ЗС: Ама да проверам јас, да не побарале и да не сум потпишал, да не сум превидел па
ГЈ: А добро, океј. Иначе ја секако ќе се јавам, ама пак да не не зезнат негде знаеш. А ја ќе се јавам и у Агенција да водат сметка за овој.
ЗС: А не, ја у Агенција можам или од кај те*е овој?
ГЈ: Не, сеедно. Мислам ќе се јавам и јас, и ти јави се за да направиме систем на контрола.
ЗС: Добро, важи.
ГЈ: Нешто да се зезне работава, да се искомплицира.
ЗС: Да, пошто тера по свое.
ГЈ: Да де да, многу дрско.
ЗС: Не се покорува, дрско. А ја немам обичај на луѓето да им пречам во животот, ама овој пошто дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата.
ГЈ: А бе и дури некој да е што е океј човек, еве згрешил, па да рече извинете, вака-така, битно ми е, шанса ми е, ради кариера, да разбереш така?
ЗС: Он пиша една порака така, извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена, него си кажа дека, така се нашол он у целава ситуација у средина. Пази молим те, бистро дете е, не е глуп.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Со положен правосуден е. И океј, добар работник ми е. Не е лош работник, уопште.
ГЈ: Па не, и таму он ептен високо рангиран е.
ЗС: И чесен човек е, и тоа исто. Ми е криво за целава ситуација вака што настана, ама штом сака сила да покажува, ќе добие удар со чекан, па да види на кого покажува сила.
ГЈ: Како му беше точно на него името.
ЗС: Кирил Доневски.
ГЈ: Да, оти ти ми го кажа тогаш...
ЗС: Од Велес е. Кире Доневски.
ГЈ: Да, да океј е. Ти ми го кажа тогаш, ама го немам кај се*е.
ЗС: Добро.
ГЈ: Важи, ќе ....Океј, ајде
ЗС: Ајде чао.

------ ПАПКА 4 ------


14. Разговор помеѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков

СМ: Што праиш?
СЛ: Ништо еве во Охрид сум.
СМ: Има снег?
СЛ: М?
СМ: Има снег?
СЛ: Многу.
СМ: Многу!?
СЛ: Многу, да.
СМ: Е па тоа е добро. Ќе памтиме дека со првиот снег некои работи се завршиле.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Да, ајде, со среќа нека ти е.
СЛ: За кога?
СМ: Понеделник.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Не те зезам, бе. Само не збори на никој, ништо.
СЛ: Не, не, не.
СМ: На никој. Само за се*е држи си го ова.
СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
СМ: А?
СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.
СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
СЛ: Па на Тунапчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.
СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега...сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
СЛ: И добро, друг?
СМ: Толку е што.
СЛ: Е па три места има.
СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
СЛ: Што збориш бе?
СМ: Каква е таа, кажи ми?
СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи...
СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.
СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?
СМ: Што?
СЛ: За Вики, на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?
СМ: Не...
СЛ: Зошто?
СМ: Ама може да и завршиме.
СЛ: Дај бе завршете.
СМ: Она за каде е?
СЛ: Или за кај нас, или за некаде друго ставете ја жената. 53 години има, 62 годиште е.
СМ: А сега каде е?
СЛ: Самостоен советник е у Судски совет кај Александра.
СМ: Не е судија?
СЛ: Вики Арнаудова. Не.
СМ: Е па ја не знам по име, затоа.
СЛ: Таа е таа што збореа...
СМ: Добро де, има време до понеделник.
СЛ: Е така.
СМ: Има време до понеделник.
СЛ: Добро. Друго?
СМ: Нема ништо. Еве сакав да ти кажам, како што ти реков вчера.
СЛ: Одлично.
СМ: Така и денеска се заврши.
СЛ: Добро, е па сега живели ќе направам.
СМ: Па кога ќе се заврши работата ќе се частиме, ајде.
СЛ: Важи, договорено.
СМ: Ајде, чао.


15. Разговор помеѓу Светлана Костовска и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
СК: Ало.
СМ: Светле, што праиш?
СК: Еве се спремам директоре.
СМ: Се спремаш а?
СК: Да.
СМ: Е па, сакав да ти кажам една работа сега. Ќе те бираме за судија или не те бираме?
СК: Како нема да ме бирате?
СМ: А?
СК: Јас би сакала да ме бирате.
СМ: Е па добро, јас средив работа да бидеш избрана.
СК: Да?
СМ: Да. Што значи ќе треба да ме частиш.
СК: Ееее, цел живот ќе Ви бидам должна.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21055

2)

ИНТЕГРАЛНО ВИДЕО од прес-конференцијата на Зоран Заев за Бомба 12

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21060

3)
НОВА открива: Кои се судијките од последната бомба?

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21059

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПет 20 Мар 2015, 9:53 pm



ВИДЕО: Саше Димовски и Суад Мисини за „бомбата“ за судството на Алсат-М

http://libertas.mk/видео-саше-димовски-и-суад-мисини-за/


http://alsat.mk/episode/12528/politizacija-na-sudstvoto

19.03.2015

Политизација на судството

Politizimi i gjyqësorit


https://www.youtube.com/watch?v=mnkDcr1TOpw


Многу добра емисија што не смее да се пропушти

Според мене би издвоил два момента како најбитни за сегашната ситуација :

1)
Суад Мисини јасно ја дефинираше сегашната власт

Не како Авторитарна што некој забегани сакаат да ја претстават

Не како Диктатура што некој други забегани сакаат да ја претстават

Туку најреална дијагноза што може да биде :

Дефиниција :
Сегашна власт и општо власта на Груевски е МАФИОКРИТЕТСКА

2)

Саше Димовски многу добро објасни дека потполно истиот случај на прислушкување бил и 2001 година и не друго туку Зврлевски бил судија во тој случај кога експресно нардил да се открие кој прислушкувал .Па експресно се направила истрага во Телеком и се утврдило дека нема сомнеж дека тоа е ДБК .
И денес истиот овој Зврлевски „ ја заборавил „ процедурата од 2001 година и не му текнуе да нареди да се направи истрага кој прислушкувал .

А со тоа совршено е јасно и нема веќе никаков сомнеж (ако воопшто имал некој сомнеж ) дека :

Прислушкувачите се ДБК по наредба на Мијалков и Груевски .

Нема никакви странски служби туку тоа се лудаците Груевски и Мијалков и остала забегана гнасотија .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyСаб 21 Мар 2015, 4:54 am


Шврговски ГИ ПОТВРДИ снимките, но за него обвинителството не било независно

од НОВА објавено на: 20-03-2015

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски за „Дојче Веле„ ги потрвдува телефонските разговори коишто вчера ги презентираше опозицијата, а во кои тој и министерката за внатрешни работи заговараат синот на претседателката на Апелацискиот суд да стане обвинител. Но, за Шврговски сето ова било ЛЕГИТИМНО, оти обвинителството според закон не било независно.

„Во јавноста постои непознавање на уставната позиција на Обвинителството. Јавното обвинителство е самостоен и единствен орган, но не е независен. Владата го дава предлогот за избор на државен јавен обвинител, а го именува и го разрешува Собранието. Ние сме истурен дел НА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ . Од тој аспект, соработката на обвинителството со извршната власт е легитимна. Уставната позиција ни го дава тој, условно речено, 'ексклузивитет'. Во судството, пак, тоа е невозможно, бидејќи судството е независна, трета власт. Обвинителството не е. Во тоа е разликата“, вели Шврговски.

Целата анализа на „Дојче Веле“ во која изјави даваат и други инволвирани во снимките прочитајте ја на овој линк.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21068

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyЧет 14 Мај 2015, 12:01 am

1)
Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор

„Фокус“ открива

Фокус 30 ное 2014,
Точно единаесет години му беа потребни на кочанецот Панчо Велинов да докаже дека еден ден и една ноќ, по грешка поминал во затвор. Толку години институционална борба, само за да докаже дека не го заслужил ниту тој, еден ден, зад решетки.

Грешката се случила на 28 октомври 2002 година, а правната сатисфакција ја добил дури на 27 август 2013, од Судот за човекови права во Стразбур.

Додека земјите од регионот, како Србија и Црна Гора, јавно ги објавуваат податоците за неоснованиот притвор, и оштетите со кои ги поправаат ваквите грешки, Македонија се уште се обидува овие податоци да ги сокрие под тепих.

Сепак, откривме дека годишно околу 60 македонски граѓани, ниту криви ниту должни, завршуваат зад решетки. Дел од нив таму поминале само неколку дена, но има и такви кои тука изгубиле неколку месеци, па и години, од животот

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”

http://fokus.mk/fokus-express/duri-60-gragani-godishno-po-greshka-lezhat-vo-pritvor/




2 )

Како судски печати дошле во рацете на ВМРО-вски јавни претпријатија
Кој гарантира дека судски печати нема и Протуѓер и општо во штабот –седиштето на ДПМНЕ па самите да пишуваат обвиненија а?
Нема таква гаранција а имајќи предвид какви смешни обвиненија се покренати има сомнеж за такво нешто.

А)

Еве зошто не застаруваат сметките - фирмите си имале судски печати и ставале дата по свое

02.04.2015

Извор: Mkd-news

Во Македонија, како ретко во која земја во светот, во пракса, сметките за струја, за вода, за парно греење, никогаш не застаруваат, реагираат извршителите.
Тие посочуваат дека иако реално има рокови, со тоа што роковите престануваат да течат кога тужбената постапка се поведува, сега во пракса се соочуваат да мора да извршуваат тужби за неплатени сметки кои се поведени уште пред 20 години!, пишува Слободен Печат.

- Порано, комуналните претпријатија, со некаква регулатива добиле судски печати кои се удираат на тужбите, односно на платниот налог. Ова се провлекуваше уште од поранешна Југославија. Со тоа што кога ќе се удреше печат на платен налог, практично почнуваше тужбената постапка. Но, она што загрижува, е како е можно во цел период од 10, 15 или 20 години, да нема ниту една постапка од извршен орган. Од друга страна, кога веќе комуналните претпријатија ги имале печатите, кој може да гарантира дека тие не удирале печати и не ставале стари датуми непосредно пред да се предадат овие предмети кај нотарите и извршителите? – прашува извршителот Гордан Станковиќ.

Според поранешен извршен судија пак, судските печати во поранешна Југославија, комуналните претпријатија ги добиле без регулатива. Тоа било „службена тајна“, а компаниите имале дури и факсимил на извршен судија, но чисто да ја извршат техничката работа.

Проблемот со печатите влегол и во записникот на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата што се одржала на 22 април 2009-тата година, кога се разгледувал предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

„Голем проблем претставува фактот дека ЕВН (дел од поранешното ЕСМ), но и другите комунални претпријатија биле препуштени самите на се*е да ја спроведуваат извршната постапка 20 години наназад. Ако порано оправданието било барано во тоа дека станувало збор за јавни претпријатија, факт е дека комуналните претпријатија веќе преминаа во приватна сопственост – некои од нив и на странски лица, што го прави недозволиво натамошното делегирање на судската надлежност кај истите“, пишува во записникот.

http://tocka.com.mk/1/155347/eve-zosto-ne-zastaruvaat-smetkite-firmite-si-imale-sudski-pecati-i-stavale-data-po-svoe


б)

Комуналните претпријатија имале судски печати и си удирале тужби кога сакаат!?

01.04.2015

Во Македонија, како ретко во која земја во светот, во пракса, сметките за струја, за вода, за парно греење, никогаш не застаруваат, реагираат извршителите. Тие посочуваат дека иако реално има рокови, со тоа што роковите престануваат да течат кога тужбената постапката се поведува, сега во пракса се соочуваат да мора да извршуваат тужби за неплатени сметки кои се поведени уште пред 20 години! Извршителите, но и поранешни извршни судии, велат дека на овој начин граѓаните се жртвуваат, им се земаат огромни пари за камати, иако голем дел од овие тужби, во изминатите години, никогаш и не стигнале до тужените, затоа што судовите немале таков капацитет за да ги процесираат.

Од 2012 година наплатата на тужените сметки преминува кај извршителите. Кај нив преминаа околу 600.000 предмети, а и покрај укажувањата на извршителите дека „нешто смрди“ во целата оваа работа, тие секојдневно извршуваат стари долгови.

-Порано, комуналните претпријатија, со некаква регулатива добиле судски печати кои се удираат на тужбите, односно на платниот налог. Ова се провлекуваше уште од поранешна Југославија. Со тоа што ќе се удреше печат на платен налог, практично почнуваше тужбената постапка. Но, она што загрижува, е како е можно во цел период од 10, 15 или 20 години, да нема ниту една постапка од извршен орган. Од друга страна, кога веќе комуналните претпријатија ги имале печатите, кој може да гарантира дека тие не удирале печати и не ставале стари датуми непосредно пред да се предадат овие предмети кај нотарите и извршителите? - прашува извршителот Гордан Станковиќ.

Од ЕВН велат дека до сега, како правен наследник на правата (и тужбите) на старото ЕСМ, немаат примено ниту еден приговор од страна на странките или од извршителите на законски спроведената постапка за присилна наплата која се имплементирала пред надлежните приватни извршители.

-Секој предмет кој се извршува од надлежен Извршител мора да содржи печат од надлежниот суд, како и потпис од одговорниот судија (од основниот суд Скопје 2), како потврда на правосилноста и извршноста на пресудата, а кое го проверува и утврдува самиот Извршител како негова законска должност - велат од ЕВН.

Според поранешен извршен судија пак, судските печати во бивша Југославија, комуналните претпријатија ги добиле без регулатива. Тоа било „службена тајна“, а компаниите имале дури и факсимил на извршен судија, но чисто да ја извршат техничката работа.

-Печатот не значеше дека наплатата е автоматска. Требаше да се направи уредна достава, граѓаните си имаат право на жалба, а ако не го направат тоа предметите требаше да одат на извршување кај судиите. Но, кога комуналните сметки од судовите се предадоа во надлежност на нотарите и извршителите на површина излегоа стотици илјади предмети на кои имаше печати со стари датуми, а тие печати значеа дека постапката е почната, односно дека предметите не се застарени. Имаше многу мали износи, од по 40-50 денари, а тие со камати стануваaт и по стотина евра - вели поранешниот извршен судија.

Проблемот со печатите влегол и во записникот на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата што се одржала на 22 април 2009 година, кога се разгледувал предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

„Голем проблем претставува фактот дека ЕВН (дел од поранешното ЕСМ), но и другите комунални претпријатија биле препуштени самите на се*е да ја спроведуваат извршната постапка 20 години наназад. Ако порано оправданието било барано во тоа дека станувало збор за јавни претпријатија, факт е дека комуналните претпријатија веќе преминаа во приватна сопственост – некои од нив и на странски лица, што го прави недозволиво натамошното делегирање на судската надлежност кај истите“, пишува во записникот.

Кои се роковите на застарување?

Според Законот за облигациони односи постојат два рока - едниот е за тужба и другиот е рокот во кој може да се изврши присилната наплата. За месечните сметки, рокот за покренување тужба е една година.

-Ова значи дека ЕВН или Водовод не може да ве тужи во јануари 2014 година за неплатена сметка во февруари 2013 година - објаснува извршителот Гордан Станковиќ.

Рокот во кој може да се изврши присилната наплата е 10 години од правосилноста на судската пресуда.

-Она што обично се поставува како прашање во јавноста е како тогаш може да стигнуваат за наплата сметки стари и по 10 или 20 години? Тоа е затоа што во оној момент кога ќе се поведе постапката има прекин, односно рокот не тече - објаснува Станковиќ.

Извор: Слободен печат

http://okno.mk/node/45908

3 )
ИВАНОВСКИ: САМО СУДОТ НЕ ЗНАЕ ДЕКА „СКОПЈЕ 2014“ Е ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ?

21.02.2014

-Речсиси сите РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАИ утврдија НЕПРАВИЛНОСТИ во „Скопје 2014“, а цела Македонија нема дилема дека проектот е најголема пералница на пари, освен судот кој бега од вистината и ги штити владините функционери.

Вака Игор Ивановски ја оценува пресудата на Основниот суд Скопје два во која е прифатена тужбата од министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска за клевета и навреда, а Ивановски е казнет со 300.000 денари. На прес - конфенрециите од пред три години кои се предмет на тужбата, според Иванвски, ја обелоденил аферата „Патриотска метла“ во која се открива дека е уништен дел од тендерската документација за проектите на Министерството за култура.

- Тоа што јас го кажав го потврдија и од МВР кои поднесоа пријава против три лица, а потоа и Обвинителството кои рекоа, цитирам, МВР утврди дека недостасува дел од документацијата за одредени понуди на тендерот, рече Ивановски.

Единствено судот и министерката за култура, според Ивановски не го прифаќаат фактот дека дел од документацијата навистина е уништена.

- Најсмешно е тоа што сум ја навредил министерката со тоа што сум кажал дека проектот е пералница на пари, е па, еве ви ги анкетите и на рејтинг и на прима галуп каде јасно стои дека 60 отсто од граѓаните не го прифаќаат проектот. Се надевам министерката неам да тужи 1.200.000 илјади граѓани, а судот ќе ги осуди со по 5000 евра заради нивното мислење, рече Ивановски.



Од ВМРО – ДПМНЕ пак реагираа дека Ивановски наместо да ја коменитра пресудата треба да ја прифати одговорноста за лагите што ги искажал. Проектот „Скопје 2014“ беше воден крајно транспарентно и согласно законот. Доколку СДСМ продолжи со лаги и невистини уште многу пати ќе биде осуден и тоа од судот на граѓаните на секои наредни избори, пишува во соопштението од владејачката партија.

Ивановски пак најави дека одлуката на судот ќе ја обжали пред Апелациониот суд и ќе се жали пред судот во Стразбур, а пресудата, како што рече, нема да го заплаши и ќе продолжи да говори за незаконското работење на власта.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=35159

4)

А)

Суски случаи за кој Република Македонија била тужена во Стразбур од СОПСТВЕНИТЕ ГРАЃАНИ



Европски Суд за Човекови Права



969 случаи од Македонија имало минатата година пред Судот во Стразбур, а од нив 341 биле НОВИ односно поведени во 2012, рече Бојан Маричиќ, од Македонскиот центар за европско образование. Досега од 286 завршени предмети, само во 19 односно 6,6% се смета дека се исполнети сите обврски на државата со кои е ОБЕСШТЕТЕНА повредената страна.Токму ова е показател дека НЕ СЕ ИЗВРШУВААТ ПРЕСУДИТЕ од Стразбур.



За овие 6,6% извршени одлуки професорката Маргарита Цаца Николовска објасни дека најчесто станува збор за пријателско спогодување, запрашувајќи што станува со другите предмети кои не се извршени како и како кој би бил ефективниот правен лек на непостоењето на единствена судска пракса.



Костадин Богданов, владин агент и директор на бирото на засталување на РМ лред ЕСЧП, напомена за определените повреди кои ги имало во делот на кривична постапка, особено во нееднаквоста со присуството на јавниот обвинител во расправите на седниците во Апелација или Врховен суд каде што ОБВИНЕТИОТ НЕ БИЛ ПОВИКАН . Тој рече дека во НОВИОТ Закон за кривична постапка каде ќе има задолжително присуство на осомничениот пред расправите во Апелационен или Врховен суд како и дека ЌЕ СЕ ПРЕДВИДУВА доказно рочиште.



http://a1on.mk/

Б)
Судијата Јордан Митриновски го доби спорот против Македонија во Стразбур

од НОВА објавено на: 30-04-2015

Судот за човекови права во Стразбур денеска објави дека донел пресуда против Република Македонија со која едногласно ја прогласил жалбата на Јордан Митриновски, екс претседател на скопскиот Апелационен суд за допуштена и констатирал дека Судскиот совет не бил независен и непристрасен трибунал пред кој Митриновски немал фер судење“.

Пресудата била донесена на 7 април оваа година, а јавно беше објавена денеска.

Судот утврдил дека Јордан Митриновски бил разрешен во процедура која не обезбедила фер постапка, со што била сторена повреда на член 6 од Конвенцијата и му досудил 4 илјади евра нематеријална штета и 1.230 евра трошоци во постапката.

-Задоволен сум од пресудата, од тоа што правдата излезе на виделина и очекувам судот во Стразбур на ист начин да ги реши предметите и на другите судии кои беа разрешени на ист начин како мене- кратко изјави Јордан Митриновски.

Јордан Митриноски беше разрешен затоа што како претседател на Кривичен совет во Апелациониот суд во Скопје, со судиите Исмаил Лимани и Милка Стефкова донел одлука со која ја прифатиле жалбата на Бајруш Сејдии и му го замениле притворот со куќен притвор и со гаранција.

По барање на Јавниот обвинител, Врховниот суд во совет со кој претседавал Јово Вангеловски, го укинал решението за преиначување на мерката притвор и побарал разрешување на Јордан Митриновски.

Јово Вангеловски, во тоа време бил и член на Судскиот совет и гласал за неговото разрешување.
Судот во Стразбур, токму тука ја лоцирал повредата, бидејќи на овој начин не не било обезбедено фер и правично судење.

Во Стразбур, на одлучување чекаат и апликациите на судиите Виолета Дума, Мирослав Трифуновски, Иво Поповски, Гоце Јакшоски и Снежана Геровска Попчевска.

Судот во Стразбур не ги прифатил аргументите на македонската Влада дека судскиот совет е непристрасно и независно тело.

Македонската судијка во Стразбур Мирјана Лазарова Трајковска побарала изземање од овие предмети и на нејзино место била назначена судијката Ксенија Турковиќ.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21993

5)

Истражување: Неправедно осудени – ограничената слобода во Македонија е евтина, а правдата бавна

16-12-2014

Истражувањето го спроведе Саше Димовски

Во Македонија секоја година се исплатуваат речиси милион евра поради грешки на судскиот систем, полицијата и обвинителството, за неосновано притворени или судени македонски граѓани, за судски, адвокатски и трошоци за извршители.

Грешките се чести, а правдата бавна. Во земјава, во просек од 2.500 до 3.000 луѓе од 12.000 колку што се кривично пријавени годишно завршуваат со ослободителни пресуди. Тие ја тужат државата и добиваат штета. Министерствата за финансии и за правда информациите за тоа колку пари исплатуваат за неправедно осудени ги прогласуваат за „државна тајна“

Неправедно осудените мора да поминат долг и макотрпен пат во граѓанските постапки во кои со психијатриски вештачења докажуваат дека затворот им создал проблеми па имаат право на компензацијата од државата. Државниот правобранител во секој случај ги оспорува барањата, а кога ќе добијат правосилна пресуда, државата не ја исплатува штетата доброволно, туку присилно, преку извршители.

Македонскиот затворски систем постојано е критикуван поради лошите услови за сместување на затворениците, кои често се под нивото на човечко достоинство.

Игор и Анте се двајца млади жители на Кичево, кои речиси 10 години се наоѓаат во затворот Идризово, крај Скопје, осудени на доживотна казна затвор за две убиства. Според пресудата, убиствата ги извршиле пред една деценија, во малиот град на западот на земјава. Толку време трае и нивното барање да им се повтори судењето, затоа што државата дошла до докази кои укажуваат на тоа дека тие не го сториле едното убиство за кое се осудени. Но, засега и натаму е неизвесно е дали ќе успеаат да докажат дека не се виновни, дека се неправедно се осудени за второто убиство и се во затвор.

Има ли начин и пари, на Анте и на Игор кои тврдат дека не се виновни и на десетици други граѓани кои биле неправдано притворени или осудени, а подоцна ослободени, да им се компензира страдањето шти го претрпеле во затворот?

Ова истражување, во кое се разгледуваа речиси 150 пресуди донесени од сите судови во Македонија, покажа дека грешките се секојдневие: се притвораат луѓе против кои не се подигнува обвинение понатаму, или се подигнува обвинение, а обвинителот се откажува од гонење пред крајот на судењето или пак, судот ги ослободува во прв степен, по жалби во втор степен или по вонредни правни лекови носи ослободителни пресуди.

Патот што го поминале неосновано притворените или осудени да докажат дека не се виновни во кривичните постапки, е уште потежок и помакотрпен кога треба во граѓанската постапка да докажат дека имаат право на надомест на штета, како правична компензација за ограничената слобода, за нарушената чест и углед, за нанесениот личен или семеен срам, како и за нарушување на здравјето.

ТРАУМИТЕ ОД ЖИВОТОТ ЗАД РЕШЕТКИ СЕ ДОКАЖУВААТ СО ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ

Секој човек кој бил притворен или неосновано осуден па ослободен, треба да оди на задолжителен психијатрински преглед, по кој се изготвува вештачење што треба да го утврди степенот на болка и траума кој се јавил кај притворените со постапките на државата, преку ограничување на слободата и колку време трае интензитетот на болката.

„Поради неоснованото лишување од слобода на тужителот и неоснованата осуденост кај него се јавила депресивно стравувачка нервоза како последица на притворот , неоснованото обивнение и продолженото судење. Стресната подолготрајна ситуација предизвикала страв заради неизвесноста и сознанието дека пресудата од 5 години затвор може да остане дефинитивна. Притворот го одвоил од неговата средина , луѓето, куќата, имотот, останал без комуникација со својата средина , без било каква информација , без можност да зборува со своите роднини, пријатели. Продолжил да живее незадоволен , без волја, без редост, застрамен, осамен , заплашен и несреќен.„- напишал невропсихијатар во стручно мислење за состојбата на граѓанин од Битола, кој ја тужел државата затоа што бил неосновано притворен, осуден на 5 години затвор, а потоа правосилно ослободен од повисокиот суд.

Македонија како земја предвидела компензација за неправедно осудените во Уставот, во кривичните и граѓанските закони, но патот за да се стигне до штетата е долг, правдата бавна, а компензацијата која што се добива е повеќе од симболична, бидејќи судовите имаат став, дека досудената компензација не служи да ги покрие потребите и загубите кои реално настанале со ограничување на слободата, туку дека досудената компензација е „морална сатисфакција за неправедно осудениот“.

ПРАВДАТА БАВНА, КОМПЕНЗАЦИЈАТА МАЛА ЗА НЕОСНОВАН ПРИТВОР

Судската пракса е различна, но во принцип, сумата која ја исплатувале судовите се движи од 30 до 60 евра за еден ден поминат во притвор. Доколку станува збор за функционери, во тие случаи компензацијата се движела околу 100 евра за ден поминат зад решетки, а мал е бројот на судски пресуди каде што компензацијата била од 150 до 180 евра за ден притвор.

Но, за да можат да ја поднесат тужбата, задолжително мора да се обратат до Министерството за правда кое е надлежно да склучи спогодби со луѓето кои незаконски завршиле во притвор или биле судени, а доколку не се постигне спогодбата, тогаш се поднесува тужба во судот.

Истражувањето покажа дека Министерството за правда во последниве 5 години не склучило ниту 5 спогодби. Загрижува податокот наведен во сите пресуди од каде што се гледа дека Министерството за правда не само што не склучувало спогодби, туку воопшто и не им одговарало на барањата на граѓаните за понудената компензација.

-Во Република Македонија не постојат ниту законски, ниту материјално правни услови државата да исплатува надоместок на штета на лица поради неоправдано водење на кривична постапка, кои во редовна постапка се осудени, но по повод жалба со одлука на второстепениот суд се ослободени од обвинение. Надоместот на штетата се однесува само за неоправдено осудени или неосновано лишени од слобода. Ако во текот на постапката не дошло до лишување од слобода, ниту е определен притвор, ниту е донесена правосилна осудителна пресуда, на овие лица не им се надоместува штетата, иако од неоправдано водената кривична постапка обвинетиот претрпел штета, тој нема право на надомест на таа штета-констатира Врховната судијка Милка Ристова, анализирајќи ги законските решенија за надомест на неправедно осудени

Во случајот на К.М. од селото Бач -битолско, судот утврдил дека тој бил два пати неосновано лишен од слобода и тоа првиот пат во траење од 6 дена, а вториот пат во траење од 138 дена, или бил неосновано лишен од слобода , односно во притвор 144 дена.

„За овој период тој како земјоделец претрпел загуба на земјоделско производство за една година и заради тоа судот го уважи во овој дел барањето во целост во износ од 33.464 денари колку што се произнесе вештото лице, агроном . При тоа судот поклони целосна верба и на исказот на тужителот распрашан како странка дека тој егзистира од земјоделска дејност, и дека има сопствена недвижност заедно со неговиот брат“- пишува во пресудата што ја донел судијата Стефан Караманди од Битола.

Министерот за правда Аднан Јашари, го одби нашето барање за пристап до информации од јавен карактер за тоа колку пари на годишно ниво исплатува министерството за правда за неправедно осудени или притворени, наведувајќи дека „не водат таква статистика“.

Но, неговиот партиски колега, Насер Ајдари, кој го раководи Државното правобранителство, ни достави податоци од кои се гледа колку пари исплатило Министерството за правда по овој основ.

„Од податоците со кои располагаме, еден предмет е исплатен доброволно во 2012 година и тоа, исплатен е вкупен износ од 1.040.505 денари (16.918 евра) од Министерството за правда. Во 2011 доброволно се исплатени 310.670 денари од Министерството за правда, (5.051 евро) а во 2013 година преку изврштел се наплатени 522.213 денари (8.491 евро)“ – одговори Дражвниот правобранител на нашето барање.

Доколку Министерството, како што предвидува законот, направи спогодба, во најмала рака нема да се прават дополнителни судски трошоци, кои за адвокати и вештачења достигнуваат и до 10 илјади евра во еден предмет.

Само на овој начин, државата губи дополнителни 500 илјади евра секоја година, па според нашите истражувања, годишно од Буџетот на Република Македонија се одлеваат над милион евра само по основ на неоправдано притворени или осудени граѓани, за судски и адвокатски трошоци направени и во кривичната и во граѓанската постапка.

Од буџетот се исплатуваат пари и за трошоци на извршители, затоа што ретки биле случаите кога државата и нејзините органи доброволно ја исплатувале штетата по правосилни судски одлуки.

МИЛИОН ЕВРА СЕКОЈА ГОДИНА САМО ЗА ШТЕТА ПОРАДИ НЕОСНОВАН ПРИТВОР

Во бројката од еден милион евра не се пресметани ниту парите кои им се исплатуваат на граѓаните поради долго траење на судските постапки од Судскиот буџет или парите кои се исплатуваат по пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур. Со нив, се доаѓа до сума од 2 милиони евра кои секоја година се одвојуваат за плаќање на грешките на македонскиот правосуден систем.

Меѓу низата случаи кои заслужуваат посебно внимание, поради последиците што може да ги има граѓанинот од неоснованото притворање и судење е и случајот на Л.Н. од Светиниколско, кој бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија и постојано посетува психијатар, бидејќи средината целосно го отфрлила кога се дознало дека е обвинет за полов напад врз дете на возраст од 12 до 13 години

Л.Н. бил осуден од првостепениот суд во декември 2008, пресудата ја потврдил Апелациониот суд во Штип во јуни 2009, по што, тој бил испратен во затвор во октомври 2009 година. Но, Врховниот суд, одлучувајќи по негово барање ги укинал пресудите, а на повтореното судење бил одлободен со пресуда на Апелациониот суд во Штип. Тој бил во затвор вкупно 86 дена. Граѓанинот има 50 години, не е женет, не е вработен, а претходно работел сточарство и земјоделие.

Тужејќи ја државата за деновите поминати во затвор и за годините поминати низ судовите додека траело судењето, на Л.Н. првостепениот суд му досудил штета во висина од 600.000 денари (околу 10 илјади евра) како компензација за „нематеријалана штета поради повреда на лични права заради неоправдана осуда и неосновано лишување од слобода“. На ваквата судска пресуда жалба поднел Државниот правобранител, по што Апелациониот суд во Штип, го преполовил досудениот износ од 10 на 5 илјади евра. И на вака донесената пресуда за надомест на штета, Државниот правобранител поднел барање за ревизија пред Врховниот суд, кој одлучил конечно дека досудените 5 илјади евра се правична компензација.

Државниот завод за статистика секоја година дава преглед за вкупниот број на пријавени, обвинети и ослободени граѓани. Во овој случај, ќе направиме споредба на статистичките податоци од 2006 и 2013 година.

Во 2006 година биле обвинети 11.317 граѓани за кривични дела од кои, на крајот на постапката биле осудени 9.280 граѓани. Судовите од 11.317 граѓани кои седнале на обвинителна клупа во 2006, не прогласиле за виновни само 1.990 лица. Од нив, за 968 била запрена постапката, 499 биле ослободени од обвинение, а за 523 било одбиено обвинението.

Во 2013 година, на обвинителна клупа седнале 12.297 граѓани. Судот осудил 9.539 граѓани, а за 2.699 не била утврдена вина. За 1.674 од нив била запрена постапката, 423 биле ослободени од обвинение, а за 602 лица обвинението било одбиено.

Во 2013 година, според достапната статистика која беше предмет на наша анализа, најмногу ослободени од вина има во судовите во Охрид и Штип, гледано според бројот на обвинети и по големината на судот. Охридскиот суд во 2013 година ослободил 200 граѓани, судот во Штип 225, во судот во Кочани биле ослободени 144 граѓани, во судот во Тетово 136, по што следуваат: судовите во Струмица со 63 ослободени граѓани, Делчево 66, Берово 52, Велес 52, Струга 50, Дебар 18, Куманово 28, по 1 ослободен граѓанин во Гостивар и Крива Паланка. Судовите во Битола и во Ресен во 2013 година не ослободиле од вина ниту еден од граѓаните кои биле обвинети.

Најголемиот суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, во одделот за организиран криминал во текот на 2013 година не изрекол казни за 16 граѓани, а во останатиот кривичен оддел 1628 граѓани биле ослободени од вина.

120 ТУЖБИ САМО НА ПОДРАЧЈЕТО НА СКОПЈЕ

На подрачјето на град Скопје, по кое постапувало Државното правобранителство биле поднесени 120 тужби од граѓани кои барале надомест на штета по основ на неправедно притворени или осудени.

Судот во Штип ја задолжил Република Македонија да му исплати на Г.Т. од Пробиштип надомест за нематеријална штета, сума од 187.500 денари за претрпени душевни болки поради неосновано лишување од слобода за период од 75 дена и да му плати трошоците направени во постапката во износ од 36.715 денари (596 евра). Тужителот барал сума од 450 илјади денари, но судот го одбил повисокото барање и досудил околу 40 проценти од бараниот износ.

Со решение на истражен судија од Штип Г.Т. бил притворен во 2009 година и бил осомничен за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Бил однесен во затворот во Прилеп каде што ја издржувал мерката притвор.

Подоцна, притворот со решение на судијата и на Кривичниот совет бил продолжен со нови 30 дена. Но, на судењето, Основниот суд во Штип го ослободил Г.Т. бидејки не се докажало дека го сторил кривичното дело што му се ставало на товар, и на истиот ден, на 5.10.2009 година му била укината мерката притвор и бил пуштен на слобода.

Судот, досудувајќи му ја компензацијата, констатира: „за време на траењето на целата постапка, по 75 дена поминати во притвор бил изложен на голем срам од околината, живеел во страв и неизвесност да не му се случи нешто него и на неговата ќерка. Стравувал дека можело било што да му направат додека се наоѓал во притвор во Прилеп. Присуството на сите судења со носење на лисици на рацето пред толпа луѓе што биле пред судот за него биле измачувачки, а илјадници негативни мисли му поминувале низ главата“.

Понатаму, судот објаснува дека кај човекот од Пробиштип, душевната болка била од типот на внатрешен немир, напнатост, пропратена со изолирање, срам од непосредната околина и депресивно расположение. Тужителот мерката притвор ја издржувал во затвор Прилеп и за целиот тој временски период додека траела истрагата биле вршени психолошко-прихијатриски набљудувања врз него, се додека не била донесена пресуда со која бил ослободен од обвинение. По добивањето на ослободителната пресуда сеуште постоело анксизно депресивно расположение, поради срам во околината, напуштање од друштвото и тешко вклопување во средината бидејќи бил бележан како лице кое се бавело со нечесни работи, и луѓето сеуште го гледале со други очи.

Бидејќи станува збор за мал град, во кој се познавале сите меѓу се*е, веќе немале доверба во него, а сето тоа кај него предизвикувало внатрешна напнатост проследена со депресивно расположение. Во Пробиштип сите го гледале со несигурност , со презир и со недоверба

СЕ ИССЕЛИЛ ВО СЛОВЕНИЈА ПОРАДИ СРАМ ОД ОКОЛИНАТА

Во време кога се водела истрага, кога му бил определен притвор и траело судењето, тој имал 34 години. Во една таква ситуација во која се нашол и кога и најблиските го избегнувале решил да се иссели од средината и заминал во Словенија каде што престојувал речиси една година, а неговата ќерка ја оставил на чување кај неговите родители кои се грижеле за неа и се придржувале кон упатствата од Центарот за социјални грижи.

„Имајки го во вид сето тоа, кај тужителот, душевната болка која што му била нанесена поради живеење во мало место, мал град каде што сите меѓусе*е се познавале била појака и подолготрајна и поради тоа што угледот, односно авторитетот на тужителот бил нарушен па во средината додека се наоѓа е појака и покрај одалечувањето, при секое повторно вракање во таа средина болката се повторувала“- забележал граѓанскиот суд во Штип, досудувајќи му ја споменатат сума како надомест за ограничената слобода.

Меѓу одлуките пак кои се однесуваат и на личности кои биле на високи политички позиции е и предметот за поранешниот пратеник од Тетово и директор на Медицинска пластика, Борче Сибиноски. Тој бил осомничен, притворен и на крај ослободен.

-Судот смета дека надоместот кој се досудува не претставува компензација на повреденото добро бидејќи компензација на претрпените душевни болки со пари не е можна ниту пак целта на Законот е да се добие таква компензација. Надоместот на штета пред се е морална сатисфакција на тужителот. Судот смета дека досудениот износ од 250.000,00 денари претствува токму тоа, една морална сатисфакција, при што судот секако дека ги имаше во предвид фактите дека тужителот бил пратеник во Собранието на РМ, лице на определени раководни позиции во стопанството, но судот пред се треба и мора да ја има во предвид човечката димензија, а тоа е личноста на секој човек бидејќи секоја личност на која и е причинета штета заслужува правичен надомест- навел во пресудата скопскиот суд досудувајќи му штета.

http://libertas.mk/истражување-неправедно-осудени-огра/

6 )

Фамилијата извршила разорен пуч во судството

Објавеново 22 март 2015

Врхушката на власта ги јавнала и судовите и обвинителството и во такви услови, не почитувајќи норми и прописи, партиски моќници назначувале судии и обвинители како ќе им ќефне. Вакви коментари доминираат во јавноста, откако СДСМ на прес-конференција во четвртокот објави прислушувани телефонски разговори, од кои можеше да се чуе како највисоките владини функционери договараат кој да стане судија и обвинител и какви пресуди да се донесат.

- Ова што се случува е лудило, изгубени се сите мерки, нарушени се сите норми, дотерани сме на најниско ниво. Веќе не може да стане збор само за состојбите во судството, бидејќи украдена е правдата и заробена е државата. Не функционира поделбата на власта, нема владеење на правото и во такви услови врхушката на власта си допушта да гази преку човечкото достоинство и да командува со институциите - не како што предвидуваат Уставот и законите, туку како што им текнува и како им се ќефнува во даден политички момент, така како што одговара за нивните лични, ниски интереси – вели Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд.

Од системот направија карикатура - нагласува тој - во која си местат судии, си местат обвинители, си договараат пресуди.

- Не се почитува никаков ред, ниту поредок. Судиите и обвинителите наместо да се избираат и да напредуваат според пропишаните процедури, за тоа решаваат моќниците во партијата, си ги местат своите пријатели и роднини, а со тоа ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и на фелата – истакнува Ивановски.

Тој објаснува дека во земјата, до нејзиното осамостојување постоел некаков систем во кој функционирал и правниот, иако тогаш немало поделба на власта како сега.

- Во последните осум-девет години веќе сè е нарушено. Направен е атак на уставниот поредок во земјава. Јас тоа го кажав уште во 2006 година, кога ме разрешија од функцијата претседател на Уставниот суд, но, за жал, сега тоа излегува на виделина и се потврдува - вели Ивановски.

И тој верува дека ќе дојде моментот кога ќе се направат длабоки резови и кога ќе се расчисти со целиот криминал, ќе се издејствуваат оставки и ќе се понесе одговорност.

Според адвокатот Звонко Давидовиќ, многу е тешко во овие услови да се истера правдата на виделина, но смета дека тоа е можно, зашто сè уште има судии што совесно си ја вршат својата професија.

- Треба да се направи комплетна реформа и секој индивидуално да одговара за тоа што го направил, зашто поради пресудите што се договараат по телефон, некој лежи во затвор. Затоа е потребна и ревизија на судски проблематичните случаи – вели Давидовиќ.
Во Хелсиншкиот комитет за човекови права не се изненадени од тоа што го слушнале на снимките, бидејќи во сите нивни извештаи пишуваат за селективниот пристап, за непостоење независно и објективно судство.

- Оваа состојба ја констатираме во последниве години. Ако судот досега имаше проблематичен кредибилитет, сега воопшто нема никаков кредибилитет, довербата во правосудниот систем е целосно изгубена. Граѓаните не веруваат дека постапките што се водат, имаат правична завршница. Излезот се гледа во оставка на владата и во градење на институциите од почеток. Сè додека овие луѓе ја водат државата, нема да може да зборуваме за ефикасна правда и владеење на правото - смета Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Врховниот суд и Судскиот совет одбиваа да ги коментираат информациите што беа објавени на прес-конференцијата на СДСМ. Од Врховниот суд стигна известување дека претседателката Лидија Неделкова била на службен пат, па не можела да коментира дали се точни информациите дека судиите ги местат по партиски и по пријателски клуч. Од Судскиот совет добивме објаснување дека портпаролката Вера Адрејчин е на полагање, па не е во можност да одговори на прашањата. Со изјава вчера излезе само судијката Софија Лаличиќ, која рече дека сите заинтересирани може да прашаат во судот врз основа на кои параметри и достигнувања таа станала судијка на 28 години.

„Не коментирам и не знам дали јас можам да коментирам, бидејќи судот има официјален портпарол. Моите професионални параметри и резултати се мерливи и за нив секој може да се информира во судот“, вели Лаличиќ за Дојче веле.

Од Кривичниот суд, како и од Судскиот совет, кој е клучна институција за избор на судии, не одговорија како Лаличиќ станала судијка.

(Објавено во „Слободен печат“)

http://plusinfo.mk/vest/19385/familijata-izvrshila-razoren-puc-vo-sudstvoto-

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПет 15 Мај 2015, 3:37 pm

Прв бисер .......Кежаровски ..донеси ми доказ да те осудам
Еве Втор бисер ....осудени за непостоечко –непропишано кривично дело

1)

a)

Случај „АГЕНТ“: ДС прашува кој и зошто штител интереси на странска оф-шор компанија?

Демократскиот сојуз предупредува дека со вакви и слични пресуди се нарушува кредибилитетот на државата и може да настанат огромни штети, кои треба да ги плати Република Македонија.

Фокус 12 дек 2014,

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов смета случајот „Агент“ треба да биде предмет на анализа на институциите, а тоа го поткрепува со повеќе тврдеа.

„Постојат низа на елементи кои отвораат сомнеж во објективноста при иницијативата и водењето на КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА против Слободан Богоевски, поранешен потсекретар на Службата за државна безбедност и адвокатите Васко Томановиќ и Владо Пешликовски КОИ СЕ ОСУДЕНИ во случајот „Агент“. Договорни-облигациони односи помеѓу повеќе субјекти, засновани согласно позитивните законски прописи,НЕ МОЖАТ ex officio да бидат трансформирани ВО КРИВИЧНО – ПРАВЕН ПРОЦЕС , притоа КРШЕЈЌИ МНОГУ ЗАКОНИ

Судски ОДЛУКИ КОЈ НЕ СЕ ПОТКРЕПЕНИ СО МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ (без вештачење) и без постоење НА ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА КОЈ СЕ ОСУДЕНИ , на пример, во овој случај недостасува КОЈ Е ОШТЕТЕН , како и ретроактивната примена на закони, се доволни елементи за сомнеж дека не е целта да се казнат сторители на кривични дела, туку преку овој процес, на незаконит начин, да се создаваат предуслови за да се заштитат НЕОСНОВАНИ ИНТЕРЕСИ на странска оф-шор компанија“, се вели во денешното соопштение на Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз предупредува дека со вакви и слични пресуди се нарушува кредибилитетот на државата и може да настанат огромни штети, кои треба да ги плати Република Македонија.

„Сметаме дека случајот „Агент“ треба да биде предмет на анализа пред Републичкиот Судски Совет, Анкетната комисија на Парламентот, како и други надлежни институции. Поаѓајќи од независноста на судскиот систем, очекувамe Врховниот суд на Република Македонија, темелно да го проучи овој случај и да донесе одлуки согласно принципите на владеење на правото и правна држава“, се наведува во реакцијата.

Инаку, во ексклузивно интервју за неделникот Фокус, Богоевски обвини дека фамилијата сака преку овој случај да приграби 30 милиони евра од буџетот.

Минатата недела Апелацискиот суд ја потврди пресудата со која Слободан Богоески, поранешен шеф на Државната безбедност (1991-1997) е осуден на 2 години затвор поради наводна злоупотреба на службената положба и перење пари во случајот со трансакциите околу земјиштето кај базенот Карпош за изградба на деловно-трговски комплекс.

http://fokus.mk/sluchaj-agent-ds-prashuva-koj-i-zoshto-shtitel-interesi-na-stranska-of-shor-kompanija/

б)

Фокус: Фамилијата се крие зад Кондоминас за да зграпчи милиони


11-12-2014

Во ексклузивниот разговор за „Фокус“ поранешниот шеф на Државната безбедност, Слободан Богоески кој е осуден на 2 години затвор, открива кој и што се крие зад аферата „Агент“, во која Фамилијата наводно ги штити интересите на грчкиот бизнисмен Кондоминас, а всушност сака да ограби 30 милиони евра од буџетот на РМ.

http://libertas.mk/фокус-фамилијата-се-крие-зад-кондомин/

в)

Осудените во „Агент“: Власта го конструираше случајот поради 30 милиони евра

12-12-2014

Осудените во случајот „Агент“ со писмо до јавноста велат дека парите се причина за нивното осудување. Нивното писмо ви го пренесуваме во продолжение:

Со пресуда на Апелациониот суд – Скопје, деновиве потврдена е првостепената пресуда на Основниот суд Скопје I – Скопје, со која се прогласени за виновни и осудени на различни казни петмина од случајот кој власта го нарече „Агент“. Оваа пресуда, која ќе влезе во аналите на судството во Македонија, е еклатантен пример на суспензија на законите и груба повреда на Уставот на Република Македонија од страна на Јавниот обвинител за гонење на организиран криминал – Скопје, Јован Илиевски и судечките судии во Основниот и Апелациониот суд во Скопје.

Имено, по налог на „фамилијата“ која владее со извршната, законодавната и судската власт во Македонија, Јован Илиевски започна постапка за гонење на организиран криминал кој, наводно, сме го сториле ние, иако знаел дека не постои НИЕДЕН ФАКТ И ДОКАЗ за тоа. Противправно бевме ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА и притворени цели 8 месеци, без основ и БЕЗ БИЛО КАКВИ ПРИЧИНИ кои го оправдуваат тоа, со голо наведување дека има право Обвинителот да побара, а Истражниот судија да определи притвор, согласно одредбите на Законот за кривична постапка.

Нажалост, кривичниот совет во Основниот суд Скопје I – Скопје, буквално ПРЕПИШУВАЈЌИ го Обвинителниот акт,ГИ ПРОГЛАСИ ЗА ВИНОВНИ И ОСУДИ сите лица кои беа обвинети. Апелациониот суд само го потврди препишаното. Овој криминално – политички мотивиран и конструиран случај, изведен е со груби прекршувања на Законот и суспензија на со Устав загарантираните човекови права и слободи на граѓаните. Постапката ја поведе Обвинителот Јован Илиевски, познат како „баџанакот“ во фамилијата, кој е СТВАРНО НЕНАДЛЕЖЕН да постапува во делата за кои побара истрага и подигна Обвинителен акт според чл. 31 од Законот за јавно обвинителство, иако знаеше дека нема факти, ниту докази за сторено кое било друго казниво дело.

Истражниот судија, Владимир Туфекџиќ, препишувајќи го барањето на Обвинителот, определи притвор за тројца од „осомничените“, грубо кршејќи го Законот за кривична постапка и Кривичниот законик на Република Македонија. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I, иако знаеше дека не постојат основани сомневања за какво било сторено казниво дело, дека ниту обвинителот, ниту судот биле стварно надлежни да постапуваат, според НЕПОСТОЕЧКО КАЗНИВО ДЕЛОод Кривичниот законик на Р. Македонија, како и со груба, ретроактивна примена на одредбите од Кривичниот законик за проширена конфискација, ги прогласи за „виновни“ обвинетите и донесе осудителна пресуда.

Апелациониот суд експресно го аминуваше тоа, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Но, зошто сето ова го конструираше и изведе „фамилијата“ која владее со Македонија и која, меѓу другите злодела, ја суспендира независноста на судската власт? Одговорот лежи во ПАРИТЕ. За да се дограбат до 30 милиони евра од буџетот на Република Македонија, во име на анонимна, оф – шор фирма од Кипар, сопственост на бизнис партнерот на фамилијата, Димитрис Кондоминас, власта го конструираше овој случај.

Скопје, 12.12.2014г.
Слободан Богоески
Владо Пешликоски
Васко Томановиќ

http://libertas.mk/осудените-во-агент-власта-го-конст/
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПон 18 Мај 2015, 7:39 pm

еве уште еден бисер на Груевсово ДПМНЕ-овско “судство”

Ги обвинуваат за шпионажа, ама не знаат за кого шпионирале?!

Обвинението за „Пуч“ препишано од пресовите на Груевски

Фокус 9 мај 2015,

По експресно завршената истрага за случајот „Пуч“, обвинителството го скоцка и обвинителниот акт.

Од брзање или од некоја друга причина, во него недостасуваат суштествени докази и елементи, што на прва и кај обичните лаици, оддава впечаток на несериозност. „Фокус“ открива дел од правните нелогичности, на кои е засновано обвинението против лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште четворица обвинети.

Доволно е да се каже дека обвинителството не се намачило многу, бидејќи во обвинението ги цитира тезите кои досега во јавноста ги изнесе премиерот Никола Груевски.

Обвинителите не отишле ниту чекор подалеку!

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”

http://fokus.mk/fokus-express/gi-obvinuvaat-za-shpionazha-ama-ne-znaat-za-kogo-shpionirale/


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд EmptyПет 26 Јун 2015, 1:23 am


1)

(ВИДЕО) 24 Анализа: Зврлевски е партиски послушник, а Јанкуловска не е жртва на СДСМ

29-04-2015

Поранешниот јавен обвинител, Јован Трпеновски, вечерва на емисијата 24Анализа зборуваше за аферата Прислушување, случајот „Пуч“, Марко Зврлески јавен обвинител или партиски послушник, независно судство или судии од партиско тефтерче.

http://libertas.mk/видео-24-анализа-зврлевски-е-партиски-п/


https://www.youtube.com/watch?v=J8cA-bzyI7w.

2)

Институционалниот криминал ја дестабилизира државата

29-04-2015

Република Македонија не се соочува со класична политичка криза, туку со државна криза, која е последица на државниот, односно на институционалниот криминал, кој власта го вршела во изминатите години, а за кој ние граѓаните дознаваме благодарение на Зоран Заев, лидерот на опозицијата.

Од досега објавените снимки, станува очигледно дека криминалот е сторен со злоупотреби на државните функции од невидени размери од страна на премиерот, министрите и други владини функционери, а во спрега со личности од мнозинството во законодавната власт, структури во Обвинителството и во судот. Криминалот сторен во изминатите години ја доведува државата во опасност.
Излезот од оваа состојба не е во менување на политичкиот систем што со Уставот е дефиниран како парламентарна демократија со примеси на претседателски систем. Кризата во која е доведена државата денеска не е поради поставеноста на политичкиот систем, туку поради непочитување на воспоставениот правен поредок согласно со Уставот.
Промена на политичкиот систем во која било насока не гарантира дека во иднина нема повторно да се случат злоупотреби на државните функции.

Правното санкционирање на институционалниот криминал е клучна работа за да се воспостави на здрави основи функционална демократијата, почитување на правата и слободите на граѓаните, контрола на Владата од страна на законодавната власт, независност на судството…

Не смееме да допуштиме решението на кризата да го бараме единствено во менување на политичкиот систем и тоа да биде гаранција да не се повтори ваква злоупотреба на државата за лични интереси како изминатите осум години. Во тој случај свесно или несвесно, одговорноста ќе ја лоцираме на политичкиот систем дефиниран со Уставот, а не на луѓето, со име и презиме, сторители на криминални постапки, а кои се обврзале дека ќе го почитуваат Уставот и законите со заклетва кога стапиле на државните функции.
Лоцирањето на проблемот во политичкиот систем, односно ваквиот пристап крие опасност да не бидат правно санкционирани главните носители на државниот криминал и да изостане и санацијата на последиците преку враќање на украденото.
Токму затоа, наместо да се фокусираме на менување на политичкиот систем, потребно е да се насочиме кон јакнење на институциите. А тие можат да се зајакнат само ако бидат ослободени од криминалот/криминалното управување од власта на Груевски, која ги окупира и ги стави во функција за лични богатења, што ќе се воспостави практика за која било идна власт да ја злоупотребува моќта.
Решението треба да го бараме во декриминализација на државните институции преку правно санкционирање на институционалниот криминал низ правосудниот систем. Кредибилитетот и објективноста на правосудниот систем, секако, е главен проблем.
Првиот чекор за враќање на довербата во судството е заминување на Груевски и неговите соработници од власт, формирање преодна влада, која, покрај другото, треба да се фокусира на создавање услови за реформирање на третата власт за да ја врши законски и кредибилно својата уставна надлежност, што подразбира и правно санкционирање на криминалот. За постигнување на оваа цел, преодната влада треба да побара и помош од ЕУ.
Воедно, Унијата ако треба, а веројатно така ќе биде, да ја преземе и улогата на гарант за постигнатото ниво на објективност и капацитетност на правосудниот систем. Клучен чекор во таа насока е ревизија на работата на обвинителите и судиите, кои постапувале во изминатите години во случаите за кои постојат сериозни и основани индиции дека се политички иницирани, притоа ако низ целосно објективен процес се констатира дека обвинителите и судиите постапувале и суделе спротивно на законите, тогаш и против нив треба да се поведат правни постапки.

Сите сме еднакви пред Уставот и законите. Ставањето на обвинителна клупа на обвинители и судии поради незаконско постапување, ќе биде најважната реформа за зајакнување на капацитетот на правосудниот систем и враќање на довербата кај граѓаните во него. Во таков случај, тешко дека во иднина некој обвинител или судија ќе се осмели да ги крши законите поради што лежат невини луѓе во затвор. Снимките што ги објави Заев досега содржат бројни индикации за основани сомневање дека одредени судии делеле правда по нарачка на највисоките функционери во извршната власт.

Враќањето на довербата во правосудниот систем е клучен чекор за да ја стабилизираме државата, затоа што само така ќе може да биде санкциониран државниот криминал а кој е огромен-станува збор за милијарди евра, пари кои се криминално стекнати. Токму овие криминални пари ја доведуваат државата во опасност за нејзино уништување. Треба да ни биде јасно дека државата нема да биде стабилна додека како држава не се справиме со овој институционален криминал, кој е почнат од осамостојувањето на државата, а кој добива драматични димензии во изминатите девет години со доаѓањето на власт на Груевски, кој ја доведе Република Македонија во државна криза. Токму овој криминал кој тежи милијарди и милијарди евра, е извор, и ќе биде извор, ако правно не се санкционира, за дестабилизација на државата. Неговите носители/криминалци во кравати кои се државни функционери, финансираат и криминализираат структури за на тој начин да предизвикуваат дестабилизација на државата, за да ги држат граѓаните во страв, а со цел да се спасат од кривичен прогон и да го задржат криминално стекнатите пари и имот. Институционалниот криминал е тежок камен околу вратот на Република Македонија денеска, тој е пречка за решавање на проблемите и за развој и напредок. Ниедна држава не може да напредува со вакво ниво на институционален криминал а чии носители или ментори се личности кои се на највисоките државни функции, како што е случај денеска во Република Македонија.

Многу држави се соочуваат со тешки форми на криминал, како трговија со дрога, проституција и слично, кои ја загрозуваат безбедноста и сигурноста на граѓаните, но овие форми на криминал не го загрозуваат постоењето на државата, како институционалниот криминал, со каков што денеска нашата држава се соочува, кој е закана да ни ја уништи државата. Токму затоа треба да му застанеме на патот – за да си ја спасиме државата. Институционалниот криминал ги уништува перспективите на младите генерации кои не можат да ја градат својата иднина во Татковината и затоа се иселуваат, а заминуваат токму најспособните, тоа пак се одразува негативно за севкупниот просперитет на државата.

М-р Митко Јованов



http://liibertas.mk/институционалниот-криминал-ја-деста

3)

Еден мал поздрав до ајдукот Зврлевски и остала гомнарана од Судството до Грујо гомно ајдук војвода и неговата кримнална дружина Мијалков , Јанкуловска , Ставревски , Јанакиевски , и да ме простат не го знам целото остало ДПМНЕ-овско срање


Drugovi dolazi vrijeme ĆORKE

www.youtube.com/watch?v=Dn7gmQW0fwU

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty
ПишувањеПредмет: Re: Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд   Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Предлогот на Фрчковски за распуштање на “македонското судство” и воведување Меѓународен Судски Борд
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: