ФОРУМОТ Е НАШ
Поделбата на Македонија реалност или фикција 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Поделбата на Македонија реалност или фикција 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Поделбата на Македонија реалност или фикција

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyПон 18 Ное 2013, 8:19 pm

Поделбата на Македонија реалност или фикција

фикција
(лат. fictio) 1. нешто измислено; 2. замисла, привид, лажна претпоставка.

Кога на други теми пишував дека мрачните болни умови на ДПМНЕ од 2006 година до денес освен посветено лажење ,крадење и припрема за поделба распарчување на Македонија ништо друго и не работат многумина “добронамерно”
ме советуваа дека уствари станува збор за моја фикција дека тоа се највечи патриоти кој и мислат добро на Македонија .

Арно ама во последно се повеќе луѓе се освестуваат за реалноста во која живеат и за намерите на мрачните болни умови од ДПМНЕ.

Па почнуваат и да се изјаснуваат .

Политиката на Груевски води кон поделба на Македонија

01.11.2013,
Политиката на Груевски води кон поделба на Македонија
Ѓорѓи Спасов
Од денот кога стана лидер на партијата, Груевски систематски ги создава условите за можно исчезнување на македонската држава и реално им помага на претставниците на грчкиот национализам
На Љупчо Геогиевски не му успеа идејата за поделба на Македонија по етничките линии во 2001 година преку мирна размена на населението и територии со Албанците. Но, Никола Груевски е на добар пат со својата политика не само да ја подели Македонија по етничките линии, туку и да доведе до такви поделби во македонското национално ткиво кои би можеле да го загрозат опстојувањето на каква било држава на Македонците.

Засега Груевски, преку својот доскорашен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, навестува дека „ветото од страна на Грција за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ има цел да предизвика внатрешни етнички судири во Македонија, по кои можеби и новата држава на Балканот, која сака да се вика Македонија ќе исчезне“.

Но, за националистот Груевски не е само Грција винова за таквата можна апокалипса. Виновни се членките на ЕУ кои ја поддржуваат Грција во нејзиниот план, како и членките на НАТО, виновен е Али Ахмети и Албанците кои со својата надворешнополитичка активност ја слабееле неговата преговарачка позиција со Грците и виновен е македонскиот дел од опозицијата „која ги застапувала грчките ставови“. Ваквите ставови на Груевски се дел од неговата официјална политичка пропаганда во земјата, која од денот на неговиот избор за премиер, а особено по 2008 година е концентрирана на постојаното измислување внатрешни непријатели во земјата кои се поврзани со надворешниот непријател.

Партијата, на чие чело тој се наоѓа десет години, од 2003 година, се вика Демократска партија за македонско национално единство и го има додадено историското име на организацијата ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), која од периодот на национално-ослободителните војни кон крајот на 19 и во почетокот на 20 веќе е позната по своите поделби на левица и десница, кои воделе војна до меѓусебно истребување преку атентати, грозоморни убиства и меѓусебни ликвидации. Таквата организација, чии водачи завршуваат како соработници на фашизмот во Втората светска војна, а некои нејзини дејци како соработници на бугарскиот двор и на Коминтерната, никогаш и не успеала да оствари национално единство на Македонците.

Ако се анализира внимателно политиката на Груевски од денот кога стана лидер на партијата, тогаш може да се забележи дека тој систематски ги создава условите за можно исчезнување на македонската држава и реално им помага на претставниците на грчкиот национализам во реализирањето на крајните цели и очекувања што им ги припишува.

Прво, Груевски, кој не е потписник на Рамковниот договор, долго време го сметаше тој договор за штетен и успеа да ја освои власта во 2006 година, меѓу другото, со тврдењето дека никогаш нема да направи коалиција во Владата со „терористите на Али Ахмети“.

Второ, непосредно пред Самитот на НАТО во Бук*решт во 2008 години, грчките весници објавија два настана од Македонија кои им беа доволен адут за ставање вето на членството на Македонија во Бук*решт. Првиот настан беше поклонувањето на Груевски на гробот на Гоце Делчев, на чија надгробна плоча „кобајаги некој случајно“ ја имаше ставено картата на Македонија во нејзините географски граници, кои длабоко се протегаат на територијата на Грција. А вториот настан беа билбордите низ Скопје, на кои на грчкото знаме беше исцртан фашистичкиот кукест крст, а со кои се рекламираше изложба на еден ликовен уметник. Иако Македонија беше разочарана од тоа што на тој Самит не стана членка на НАТО заедно со Албанија и со Хрватска, се чини дека Груевски беше мошне задоволен. Токму таа епизода и тој исход од Самитот му беше повод да побара истата година одржување предвремени парламентарни избори и како националист кој Македонија ќе ја брани од „клетите“ Грци, албанските „терористи на Ахмети“ и од „комуњарите кои го продале името прифаќајќи Македонија да стане членка на ОН под референцата ПЈРМ“. Откако доби таков мандат, го шутна дотогашниот коалициски партнер од редот на Албанците и направи коалиција со „терористите“ на Али Ахмети.

Трето, речиси плебисцитарната поддршка на тие избори Груевски ја разбра како право за елиминирање на политичката опозиција во земјата со сите дозволени и недозволени средства (што и' одговараше и на ДУИ како политика од позиција на власт во пресметките со својата опозиција); и второ, мандатот си го разбра како добра можност за создавање услови кои дополнително ќе го направат нерешлив спорот за разликите околу името со Грција. Наместо поранешната Влада на Црвенковски и Али Ахмети, која ја нарекуваа „ганс енд роузис“, Македонија доби реално Влада на марксисти и ленинисти, од кои првите во името на својата партија го имаа зборот интеграција, а другите зборот единство.

Елиминирањето на политичката опозиција Груевски почна да го прави и се' уште го прави со нејзино прогласување за „непријателски елемент на државата“. Воведувајќи го системот на перманентна антикампања или оцрнување на опозицијата, Груевски го легитимира говорот на омраза кон политичкиот противник и го поттикнува насилството или создава услови за тоа да се смета за сосема оправдано кога и без причина се применува кон припадници од опозицискиот кампус. Со тој говор од антикампањите и од страна медиумските поддржувачи на власта, македонското национално ткиво е поделено на патриоти од редовите на власта и предавници од редовите на опозицијата. На претставниците на власта не им е дозволено, или им е под угледот и честа, да учествуваат со опозициски претставници во заеднички дебатни емисии на телевизиите за политиката или економијата.

Истовремено со сатанизацијата на домашниот непријател Груевски го иницира проектот „Скопје 2014“, кој подразбира не само потрага по античките корени на Македонците во Република Македонија, туку обнова на политичкиот мит за нивното потекло од Александар Македонски на кого му се градат големи споменици, а по неговото име и името на татко му се именуваат автопати, аеродроми и стадиони. Со внесување на оваа конфузија во националниот идентитет преку политичка интервенција во историјата, Груевски постигнува неколку цели. Прво, им дава дополнителен аргумент на Грците дека не треба да отстапат од своите позиции во спорот околу името преку присвојувањето на грчките митови и нагласувањето на античките, а не словенските корени на Македонците. И второ, во внатрешната политичка поделба внесува уште еден елемент - на оние што веруваат дека потекнуваат од Александар Македонски и оние што сметаат дека клучното идентитетско обележје на современата македонска нација потекнува од словенското писмо, јазик, култура и од христијанството.

Користејќи го монополот врз клучните медиуми во земјата и клучните ресурси за вработување и бизнис, Груевски употребува два клучни метода за зачувување на власта. Првиот е купување (корупција) на клучните олигарси, медиумски тајкуни, па и на дел од избирачкото тело, а другиот е казнување, кое подразбира и затворање телевизии, апсење политички лидери и насилно исфрлање опозициски пратеници од собраниската сала.

Со таквата своја политика Груевски, всушност, е на најдобар пат да ја оствари онаа цел која им ја припишува на Грците, како што е распаѓањето на Македонија. Тој систематски ги создава сите причини за останување на Македонија надвор од интеграциите во ЕУ и во НАТО, за заострување на внатрешните меѓуетнички поделби и за систематско подривање на условите за градење македонско национално единство. Груевски е првиот премиер во Македонија кој не се осмелува да направи попис на населението во Македонија и чии најблиски соработници предлагаат попис кој не би содржел графа националност. Ако најголем број од гласачите и натаму веруваат дека за се' се виновни и натаму Грците, Европа, НАТО, опозицијата и Албанците, а Груевски е невин и патриот, тогаш мора да бидат свесни дека и самите се соучесници во еден процес кој може да го загрози не само идеалот на нашите предци, туку и иднината на сите генерации.

Опозицијата, слободните медиуми и интелектуалците ја имаат обврската да укажуваат на реалните опасности од сегашната политичка манипулација на власта. Тие мора да бидат способни да ја заштитат тајноста при гласањето и да ги ослободат граѓаните од стравот за слободно изјаснување. Кога веќе власта со нив не сака да разговара, тие мора да го интензивираат својот разговор со граѓаните низ каналите што им стојат на располагање. Граѓаните , па и бизнисмените многу често стануваат свесни за вредноста на нештата дури откако ќе ги изгубат. Така беше со мирот во 2001 година и гласаа масовно за враќање на мирот во 2002 година. Така денес повеќето од нив стануваат свесни за вредноста на слободата, владеењето на правото и еднаквоста, кои ги изгубија во потрагата по враќањето на „националната гордост“. Голема е веројатноста дека на некои од следните избори ќе се обидат тие вредности да си ги вратат. Без нив не постои национална гордост.

(Авторот е универзитетски професор)

http://www.utrinski.mk//default.asp?ItemID=868F814525C1754490DA09D81667E9AC&fb_action_ids=10202178673858937&fb_action_types=og.recommends&fb_source=other_multiline&action_object_map={"10202178673858937"%3A424511587651114}&action_type_map={"10202178673858937"%3A"og.recommends"}&action_ref_map=[]

и сега се поставуваат следните прашања

1)
Дали нее прекасно бидејќи болните мрачни умови од ДПМНЕ многу долго и темелно ги вреа подготовките
2)
Дали (најспорното) ДПМНЕ може да си го дозволи луксузот Македонија да постои имајќи предвид дека доколку бидат поразени на чесни избори со сите злосторства ,убиства ,наместени самоубиства , криминали од огромни размери во кој се до гуша вмешани ,наместени апсења-киднапирања, монтирани судења ,напад врз пратеници во Собранието итн безброј примери.
Да тоа се умноболни мрачни умови но се целосно СВЕСНИ за тоа што ги чека доколку еден ден бидат сменети .И токму поради тоа е прашањето дали воопшто може да си дозволат да осатват траги –да ја остават да постои Макеоднија и Макеоднскиот народ кој секако еден ден би побарал сметки од нив за тоа што го правеле .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyВто 19 Ное 2013, 3:32 am

Па добро зарем има сеуште некој ненормален во Македонијава кој верува дека овие може да си дозволат луксуз да ја остават Македонија да постои
Овие :
1)
За џабе ли мрачните болни умови од ДПМНЕ создавале – имааат паравојска .
Тоа и самите не го кријат .

Станковиќ: ВМРО ДПМНЕ создава паралелна војска

https://www.youtube.com/watch?v=sG0aRt_nXnE&list=PLNU6Vh89DHan1ibSpQ90hzOhmiNIc67ar

2)
Али Ахмети постави услов до декември да се постигне некаков напредок во преговори со Грција оти со последните настани се покажа дека Груевци посветено си го држеле за пријатели ништо друго не работеле освен што и купувале време на Грција додека таа стане заседавач со ЕУ кога веќе ќе нема шанси за зачленување .
И одма се режираат тепачки со Албанци во автобуси што е редовна пракса на ДПМНЕ
И одма се активира пропаганда како вепарот Миљенко

Ќе се преброиме ли еднаш за секогаш?
Американската амбасада повторно, како и за Смилковско езеро, ги активира наркоманите од племето. Сака да ја запали Македонија.
Племето е племе. Во Албанија американците ќе ги трујат со сиријски отров, овдека за истите тие трујачи они одработуваат. Народ на дугме. Оff - оn, народ.
Македонците и македонските невладини што денеска се солидаризираа со албанските протести пред албанската амбасада за уништувањето на бојните отрови во Албанија, утре нека отидат во Стајковци таму да се солидаризираат со локалното население и си фамилиите на претепаните деца. Баш да ги видам. На чело со Лиле и нејзината ДОМ нека одат на последна 65-ка.
Охридскиот договор мора под итно да биде укинат. Да се врати стараа преамбула во уставот. Државата повторно да стане нормална.
Како да сум знаел што ќе се случи, па темата вечерва ми е Охридски рамковен, ЗА или ПРОТИВ.
Три саата емисија, три саата кавга...
https://www.facebook.com/pages/Миленко-Неделковски/387874901229539

овој ајдук
Миленко Неделковски
Од Википедија, слободната енциклопедија

Во 1999 го преселил своето семејство на Флорида. Во гратчето Клиервотер (духовното седиште на Саентолошката "црква") купил недвижен имот за својата сопруга Мила.

Во 2002 и 2003 година Миленко Неделковски заедно со неколку соработници ветувал лажни визи за САД, за што бил приведен 8 месеци во истражниот затвор во скопската населба Шутка, а потоа осуден на три години затвор

И ?
Архиепископот на скиентолошката црква Г.Г, Миљенко ќе пребројувал ќе им објавува војна на Албанците .

Абе него ни жена му ни децата не го сакаат тука Македонијава ќе ја спасувал .
Што ќе пребројува .Козите ?

Абе козар префрли си фамилија у странство на сигурно , тука кради со Груевсци колку си сакаш , авионска карта у џеб ако загусти и ќе објавуваш војна некому .
Абе така и баба Зумбула знаеше како те*е .

3)
Или Сашо Мијалков веќе и да сака неможе да си ги крие криминалиите .


Мијалков фатен во стапица

https://www.youtube.com/watch?v=8XcmVHgUWGo&feature=player_embedded

И ако некој друг дојде на власт освен огромниот криминал ќе мора да ги ослободи политичките затвореници наместени од ова болно лудо копиле .
Политичките затвореници ќе треба не да се амнестираат туку да се рехабилитираат од намештаљките на ова споулавено мањачиште кое ги следи и адвокатите на Велија , му мести на Љубе и секој што му се нашол на патот да го попречи да краде и уништува .

А политичките затвореници дали па дали ќе му простат .

„Кампања“ на Бошкоски пред судот во Стразбур
Објавено: 15:59, 11/11/2013

Неисполнетото право на правично судење пред домашниот суд со повреда на членот 6 од Конвенцијата за човекови права е во фокусот на тужбата на Љубе Бошкоски поднесена против Република Македонија во Меѓународниот суд за човекови права.
За прв пат со македонска тужба се оспорува исказ на заштитен сведок. Се потсетува дека судот во Стразбур има пресуда која се однесува на Швајцарија дека статус на анонимен сведок не може да има лице кое се познава со обвинетиот.
Во досието „Кампања“ заштитениот сведок му ги предава парите на Бошкоски затоа што се пријатели со намера да му ги финансира изборите.
Со тоа, стои во тужбата подготвена од адвокатите и Хелсиншкиот комитет, исказот на сведокот е обезбеден во нефер постапка што продуцира дека не постојат мерки кои би овозможиле фер проценка на веродостојноста на сведокот. И за ваквите наводи, Бошкоски користи пресуди од праксата на Стразбур, исто како и во намерата да потсети дека Меѓународниот суд веќе констатирал дека на обвинетите мора да им се обезбеди правото да ги испрашуваат сведоците, наспроти искуството во досието „Кампања“ каде поголем дел од прашањата кaј сведокот не биле дозволени.
Потоа загрозеното правично судење се образложува со посебните истражни мерки со кои е следен Бошкоски, а кои покрај изјавата на сведокот, се наметнуваат како клучни во процесот. Наредбите немаат датум, печат, информации за органот што ги издал, туку наредбите оделе усно. Во овие докази адвокатскиот тим немал увид и затоа не се исполнил принципот на еднаквост на оружјата. Освен правото на правда, Бошкоски реагира и за прекршено право на слобода и сигурност од членот 5 од Конвенцијата за човекови права – во прилог ги користи решенијата на притвор и полициската акција.
Притворот не смеел да се одреди и да се продолжува седум месеци затоа што не биле исполнети условите пропишани со закон, а во решенијата се наведувало како Бошкоски веќе да е осуден, со што е загрозена презумпцијата на невиност. Во однос на доказите се предупредува дека се обезбедени без ракавици, а приведувањето на Бошкоски непотребно било со толку специјалци и пред тв камери. Тужбата е во Стразбур, ќе следува став на Република Македонија. Бошкоски е во затвор- има пет години за ова дело, но очекува пресуда на Апелација за случајот Ровер за кој првостепениот суд му пресуди 12 години повторно само врз основа на заштитен сведок кој лично не слушнал и не видел ништо.
Петар Клинчарски



http://a1on.mk/wordpress/archives/235623#.UoDxAaDUlzc.facebook

А тука е и Заев кој исто така после киднапирањето –апсењето и аболицијата од Бранко тужеше на меѓународен суд и го доби спорот .

И ова мрднато умноболно копиле Сашо Мијалков ( бе овие изгледа фамилијарно се такви ) некој ќе го остави туку така .
Абе тоа е мрачен болен ум ама знае што го чека ако биде тргнат од власт .

4)
Или шлакнатион Илија Димовски кој јавно се закануваше во собрание и Ставревски и сите други за кој Владимир Голубовски кажа дека нападот врз пратениците на 24 декември 2012 год го планирале и договареле .

5)
А веќе имаме и конкретни барања .
Во емисија Аргументум на Љубиша Николовски гостите Слободан Угиновски од Титових левих снага и Драгиша Милетич јавно си кажаа дека се за присоединување на Макеоднија кон Србија .
И колку пати само во последно време Павловиќ-Латас јавно си кажува дека за Македонија надобро би било да се присоедини кон Србија демек така ќе сме се спаселе од Албанците да не станеме малцинство .Е ако станеме вукојебина на Србија дури тогаш ќе се спасиме .

6)
Или онаа борделушата Гоца-брк Јанкуловска со спектакуларните киднапирања-апсења на политички противници .Којзнае од кое борделиште ја донесоа тоа Србите и Грците .Абе ова секоја бештија и ку*вештија ни пратија тука против нас Македонците .Латас стално си вади уверенија кај неа дека нее Српски шпион ама џабе никако трудна да остане , цревата и ги извадиле по тоа борделите .Добро нечуди што Латас трза по Гоца –брк малце употребљава и машта дека е со некој четник .Абе Србин стварно тоа Латас али си поштуе човекот ете и на муж и носи подароци најмногу рогови .Да си знае човекот дека не смее да ја чепка ете и на работа у Влада не треба да оди а плата ќе зема ако треба .
Ако ја сменат борделушава ја најмногу типувам дека на нејзино место би дошла онаа алапача циганчетина Бонева .
Но како и да е и Јанкуловска со сите криминали и гнасотии што ги изнаправи и те како е заинтересирана Макеоднијава да ја снема .Ако треба и Латас ќе и помогне .

7)
Задолжувањата кон странство не може вечно да траат .
Веќе колку и да се прават фалсификати тие долгови ќе почнат да стасуваат и за отплата .А економијата толку ја растурија што веќе е пред колапс .Нит граѓаните нит стопанството веќе неможат да ги издржат даноците што овие дегени секој ден ги измислуваат .

8)
Гледај ги кримналците од ДПМНЕ само што прават со општина Центар за да си го прикријат лоповлукот .На што се се спремни .
Ама буквално на се .
Ние цело време си имаме работа со мрачни болни умови но кој и те како се свесни што ќе ги снајде доколку бидат сменети од власт .

Итн
Итн

Стварно има ли сеуште некој ненормален во Македонијава кој навистна верува дека овие болесници може да си дозволат луксуз да ја остават после нив да постои Македонија .?
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyВто 31 Дек 2013, 6:35 pm

Груевски цело време со години лажеше дека ПОСВЕТЕНО работи да се реши проблемот со Грција а ете оваа (2013) година видовме дека уствари цело време посветено си го држел за пријатели никогаш со прст немрднал .
Дека уствари цело време работел за Грција купувајќи и време додека стане заседавач со ЕУ .

А знеме дека Грците и СрбоЧетниците секогаш се против Макеоднците .

И ете со величењето на Цар Душан и праќање специјалци да бранат споменикоот јасно се виде дека копилето е Грчко-Четничка шпиун во Македонија .
Нее никаков патриот туку Четнички дудлач .

Дефиниција :
Копилето Никола Груевски е новиот Симеон Радев за Макеоднија .

После него Македонија нема да постои .А тоа ќе биде многу бргу .

Педер –патриота четнички дудлач Грујоски поздравља све глупе Македонце који му вероваше сас песмуту :

Spremte se spremte Cetnici

https://www.youtube.com/watch?v=7-0dutYw6FM
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyСре 06 Мај 2015, 3:37 pm

ВНИМАНИЕ :

Имаме нова Закана од Груевски кој ги применува истите финти од 24 декември 2012

Груевски: СДСМ не извлече никаква поука од настаните на 24-ти декември

Сабота, 02 Мај 2015

Во четирите години зад нас се справувавме со деликатни предизвици, како последиците од економската кризата кои ги почувствувавме индиректно заради падот на економииите во Европа. Антикризните мерки дадоа сериозни резултати, рече премиерот Никола Груевски на Конгресот кој се одржува во Куманово.

Груевски рече дека настаните од 24-ти декември биле сериозен предизвик кога Заев и Бранко Црвенковски ИМАА ОБИД ЗА НАСИЛНО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ВЛАСТА. Премиерот нагласи дека овој деструктивен чекор создал многу проблеми, но опозицијата предводена од Зоран Заев не извлекла никаква поука од тој настан.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/198843-Gruevski-SDSM-ne-izvlece-nikakva-pouka-od-nastanite-na-24-ti-dekemvri


а што следуваше после 24 дек 2014

a)

Цивил: Горчлива потврда на извештаите од набљудувањето на Цивил


07-03-2015

- По објавувањето на снимките од прислушуваните разговори кои се однесуваат на начинот на спроведување на локалните избори во 2013 година, станува уште појасно како се спроведуваат изборните процеси во Република Македонија – стои во соопштението на Цивил – Центар за слобода.

– Најновите откритија се уште една горчлива потврда на јавните настапи и извештаите на ЦИВИЛ. Затоа, уште еднаш треба да ја потсетиме јавноста на нашите извештаи од изборното набљудување во 2013 и 2014 година и ги потсетуваме сите институции и лицата кои имаа и сѐ уште имаат овластувања и законска обврска дека: не реагираа на нашите наоди за грубо кршење на гласачкото право, грубата манипулација и кршењето на Уставот и законите.

Високи владини функционери, меѓу кои и Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, медиумски апологети на владата, како порталот Курир и низа други, јавно ја осудуваа работата на ЦИВИЛ и организациите кои ни помагаа во утврдување, анализа и јавно изнесување на фактите, ги етикетираа луѓето кои ја претставуваат организацијата, им упатуваа јавни закани, вршеа притисоци од најразличен вид и поттикнуваа на линч.


Наспроти притисоците и заканите, ЦИВИЛ успеа да ја исполни својата општествена задача и јавно ги претстави сите наоди за бескрупулозната злоупотреба на институциите во една голема изборна манипулација и измама за време на локалните избори во 2013 година и за време на претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 година.

По оваа објава на снимките од страна на опозицијата, стана сосема јасно и тоа, на кој начин работата на набљудувачите на ЦИВИЛ на теренот беше осуетувана во многу наврати, иако индиции, податоци и јавувања од граѓан(к)и упатуваа на сериозни нерегуларности. Сепак, тимовите на ЦИВИЛ, благодарение на посветеноста, доследноста и професионалноста, успешно разоткрија стотиции случаи на изборни манипулации и кршење на гласачкото право и човековите права и слободи воопшто.

На бројните прес конференции на ЦИВИЛ, детално се презентираа бројните нерегуларности, злоупотреби и манипулации во текот на изборната кампања, на деновите на гласањето и во деновите непосредно по изборите. Од заклучоците на тие јавни презентации на ЦИВИЛ и од извештаите, произлегуваа заклучоците дека изборите во 2013 и 2014 се нелегитимни и дека институциите се целосно партизирани, а медиумите се под контрола и страотен притисок.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го изразува својот револт и крајна осуда на одговорните за оваа долгогодишна пракса и уште еднаш ја упатува јавноста на извештаите, анализите и препораките објавени во 2013 и 2014 година.


Во нашите јавни настапи и во извештите ги извлековме фактите и заклучоците дека:

Институциите, медиумите и сите ресурси на државно и локално ниво се во функција на партиите на власт и дека се злоупотре*ени до крајни граници во бескрупулозна, противуставна и противзаконска пресметка со политичките опоненти и со независните интелектуалци, организации и медиуми.
Република Македонија е во континуирана изборна кампања, без оглед на тоа дали се работи за официјален изборен процес. Граѓан(к)ите на Република Македонија живеат во неизвесност и под постојани притисоци и закани од 2008 година наваму, а кулминација на овие состојби се последните изборни процеси во 2011, 2013 и 2014 година. Република Македонија е во состојба на постојан страв и кршење на основните човекови права. Фундаментите на демократијата и владеењето на правото се загрозени до корен.
Иако малубројна, набљудувачката екипа на ЦИВИЛ во соработка со одважните граѓанки и граѓани открија илјадници фантомски гласачи во многу краток временски период, а на деновите на гласањето открија голем број случаи на гласање на лица со повеќекратен идентитет.
Владејачата ВМРО-ДПМНЕ ја изведе операцијата Пустец. Тоа беше колку противзаконска толку и понижувачка операција на носење гласачи од Пустец, Албанија, кои гласаа во повеќе општини во земјата. Тоа најдраматично се одрази на процесот на гласањето во општина Центар, единствената општина каде операцијата Пустец пропадна. Гласачи од Пустец беа забележани и документирани и во текот на гласањето во 2014 година.
Поткупот на гласачите се движи од најмизерното плаќање по 500 денари по глас и плаќање на заостанати сметки на сиромашните и ранливите слоеви, до ветувања за вработување, унапредување во работата и субвенции. ЦИВИЛ откри манипулации и уцени дури и со социјалната помош и здравствените услуги. Откривме низа случаи на ветувања само за поткревање на позициите на поединци на листите за чекање за работа, јавни услуги или бенефиции, што е уште една илустрација на гротескните размери на манипулацијата.
Во 2013 ии 2014 година, ЦИВИЛ, во својство на организација со официјална акредитација за набљудување издадена од Државната изборна комисија јавно ги посочи сите овие и многу други груби нарушувања кои го доведуваат легитимитетот на изборите под сериозен знак на прашање. Повторуваме: Институциите не одговорија никако поинаку освен со напади, притисоци и етикетирање на ЦИВИЛ, вклучително и со лични навреди и притисоци врз претседателот на организацијата, Џабир Дерала.

Ова не е се. ЦИВИЛ ги документираше и ги објави сите други груби злоупотреби и беззаконие во изминатите години во своите извештаи од изборното набљудување, но и со бројни прилози во пишана форма или со видео, како и во извештаите за состојбите на човековите права и слободи во Република Македонија.

Остануваме посветени и доследни во заложбите за почитување на човековите права и слободи. Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани да се одважат и да проговорат, гласно да ги побараат своите права и слободи, загарантирани со Уставот, законите и меѓународните стандарди

ЦИВИЛ – Центар за слобода

http://libertas.mk/цивил-горчлива-потврда-на-извештаите/


б)

(ВИДЕО) Дерала: Имаме доволно докази дека изборите во 2013. и 2014. се нелегитимни
Вторник, Март 31, 2015
Објавено: 31/03/2015

Во рамки на проектот „Мое гласачко право“, Цивил спроведе истражување преку фокус групи и онлајн прашалник, на кој одговориле 223 испитаници во периодот од 21. до 28. март 2015-та година.

Дури 94,2 отсто од испитаниците одговориле дека локалните избори во 2013-та година не биле фер и демократски, а 95, 5 отсто сметаат дека претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014-та година не биле фер и демократски. 64 отсто од испитаниците сметаат дека граѓаните во Македонија не го познаваат своето гласачко право.

http://a1on.mk/wordpress/archives/471419



https://www.youtube.com/watch?v=GRN7qk12bbw


б)

(ВИДЕО) Бомба бр.19 – СДСМ: Изборен криминал во Битола, слушнете за одмазда со лустрација, рекетари, банди…

08-04-2015

Почитувани граѓани, претставници на медиумите,

Проектот Вистината за Македонија продолжува. И Битола се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава.

Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“.

На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни доликуваат и нема да ги споменуваме. Ќе се потсетиме заради признанието на Ставрески дека договорот којшто Талески го склучил со „Транскоп“, за превоз на ученици, е „коруптивен до даска“, со договорени цени „десет пати повисоки“, за што СДСМ веќе поднесе и кривична пријава против Талески.

Еве го тој разговор:

(Снимка 1)

Во следниот разговор ќе слушнеме што мисли првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, за Градоначалникот Талески. Како Илиоски, во разговор со Миле Јанакиески, се жали за паѓањето на рејтингот на Талески, дури 13% за само два месеци. Во разговорот Јанакиески потврдува дека Талески слабо работи а Илиоски пак се прашува што правел Талески цели четири години.

Да го слушнеме вториот разговор за денес:

(Снимка 2)

Битолчани знаат дека подземјето на ВМРО-ДПМНЕ во градот е поделено на два табори.

Следува сет од два разговори помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков.

Во првиот разговор од овој сет јавноста ќе слушне како Талески лобира кај Влатко Мијалков да се отстранат луѓето од спротивниот табор, мислејќи на тогашниот Началник на НТШ во Битола, Кире Божиновски – Катангата. Талески вели дека овие луѓе „имаат краток спој во мозокот„ и дека се „рекетари првокласни“.

Во вториот разговор Талески се жали дека нема ни „П“ од полиција во Битола за да го оцрни спротивниот табор. Според него, во сите гнасни работи во Битола учествуваат токму овие луѓе. Влатко Мијалков упорно го убедува Талески за ваквите состојби да ја извести Јанкуловска.

Слушнете ги и овие разговори:

(Снимки: 3,4)

Граѓаните знаат дека во време на овој разговор, тогашниот Претседател на Основниот суд во Битола е всушност близок роднина на споменатиот Кире Катангата. Јасно е како функционирале некои работи во Битола.

Следува сет од разговори за изборни нерегуларности, притисок врз приватни фирми и партиски вработувања. Ниту Битола не била поштедена од упадите на Миле Јанакиески.

Првиот разговор од овој сет е помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески. Јанакиески се жали дека приватна компанија „Марди“ му прави проблеми и веднаш додава дека знае што да направат. „Ќе го затвориме“ вели Јанакиески и покрај тоа што има голем број на вработени. А Талески пак дава предлог решението да биде исто како со Велија.

Вториот разговор од овој сет е помеѓу Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ и Владимир Талески. Замислете, Чингоски бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година. Скандалот е поголем со признанието дека вакви изборни манипулации се правеле и во 2009-та година. Целата незаконска постапка оди преку познатиот бизнисмен Силјан Мицевски, попознат како „Битолчанецот“ во дел од веќе објавените разговори.

Во третиот разговор од овој сет, Чингоски директно разговара со Силјан Мицевски, сопственик на приватната фирма ГП „Пелистер“. Од позиција директор на ЕЛЕМ, Чингоски имал список на лица вработени во фирмата на Мицевски за кои вели дека не се сигурни за гласање. Чингоски бара Мицевски да ги убеди да гласаат, во спротивно се согласува да бидат избркани од работа.

За битолчани не е изненадување зошто Силјан Мицевски одработува за ВМРО ДПМНЕ. Во последните 4 години, ГП Пелистер, преку ЕЛЕМ и РЕК Битола има добиено тендери и бизниси во вредност од над 110 милиони евра.

Четвртиот и последен разговор од овој сет покажува како во државната компанија ЕЛЕМ се вработуваат луѓе исклучиво по партиска директива. Тоа е целата иронија на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна немилосрдно затвораат приватни фирми и бркаат вработени од работа а од друга страна во државните фирми се вработуваат луѓе исклучиво по партиски список.

Јавноста ќе слушне како Мартин Протуѓер бара од Чингоски да се вработат 9 луѓе по препорака на партијата, или по список, како што му пратила кадровата комисија.

Да ги слушнеме овие четири разговори:

(Снимки 5, 6, 7, 8)

Освен упадот по фирмите и администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ не го поштедила ниту Универзитетот во Битола. Следува разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Од позиција министер за внатрешни работи Јанкуловска бара да се промени одлуката, актуелната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, да биде избрана за Продекан на Факултетот за безбедност. Замислете, Јанкуловска лично бара Ременски да не биде избрана за продекан само затоа што била најголем критичар на владата.

Јавноста ќе слушне како Божиновски и Јанкуловска велат дека „го пеглале“ ректорот Златко Жоглев.

Слушнете го овој разговор:

(Снимка 9)

Во последниот сет од четири разговори ќе слушнете потврда на се она што сме го говореле за лустрацијата. Дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците. Дека целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, коишто и пречат на актуелната власт.

Во првиот разговор од овој сет ќе слушнете како лустраторите од комисијата за лустрација, или како што вели Јанкуловска „Томе, со таа бандата“, биле повикани во кабинетот на Никола Груевски.

Во вториот разговор, помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска, ќе слушнете како заклучокот на претседателот на Комисијата за лустрација, битолчанецот Томе Аџиев, се усогласувал со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Никола Груевски.

Слушнете ги овие два разговори:

(снимка 10, 11)

Последните два разговори коишто ќе ги слушнеме денес се помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти. Овие разговори потврдуваат се’. Ќе слушнете како Милошоски договара со Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација.

Во вториот и последен разговор се’ станува јасно. Лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација е всушност судија од Кичево. Замислете, причината, како што вели самиот Милошоски, е затоа што судијата правел многу големи проблеми за власта во Кичево.

Еве ги и последните два разговори:

(снимка 12, 13)

Почитувани граѓани, драги битолчани.

Вистината за Македонија носи нова енергија, ново светло за идината на Македонија.

Да не дозволиме повеќе ова зло, оваа катастрофа за Битола и за цела Македонија да се повтори.

Продолжуваме . . .

ТРАНСКРИПТ:

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски


ГЈ: Ало?

ЗС: Горде шо праиш?

ГЈ: Еве вести.

ЗС: Добро.

ГЈ: Ти?

ЗС: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пи*ка ли му матер.

ГЈ: Шо бе Зоки?

ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.

ГЈ: Абе што говеда се значи.

ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010-та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…

ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.

ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.

ГЈ: Да де да.

ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010-та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.

ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.

ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…

ГЈ: Да да, глеав тоа, да.

ЗС: … на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.

ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.

ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.

ГЈ: Да, да, да.

ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.

ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.

ЗС: Лигле.

ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.

ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме…

ГЈ: На толку помош.

ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене.





Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Зоран Илиоски


ЗИ: Мислам не е уште страшна работата, меѓутоа, поарно…малку се чудев, кога ми ги кажаа мене бројките уште не ми е јасно да ти кажам, не ми влегва в глa.

МЈ: Абе тие се бројките, па ти. Нема што да се чудиш, не ќе те лажи Кире.

ЗИ: Далеку од тоа дека ќе ме лажи, мислам ниту сумњам, меѓутоа пример пред два месеци…

МЈ: Абе, слабо Владе има изработено шо се чудите луѓе.

ЗИ: Не, знаеш што е Миле муабетот. Пред два месеци беше 48 насто за него, сега 35.

МЈ: Ами почна кампања, анкета.

ЗИ: 13 % за 2 месеци пи*ка му матер надолу.

МЈ: Е шо праеше Владе во овие два месеци!? Ништо. Јас не го видов еднаш да излези.

ЗИ: Абе, добро ако земиш така прашањето е и во четирите години шо беше, туку нема везе, ајде.





Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков


ВТ: А бе смејурија сме, знаеш како…

ВМ: Сегаде, а?

ВТ: Ауу, смејурија. Оној Бранко кутриот, не знае главата кај му е. Донесен од Демир Хисар, нема појма што се случува.

ВМ: А брат му?

ВТ: Овој користи гужва. Кире катангата користи гужва, а бе смејурија, место да работат на терен тие а бе секој 15 дена инспекција ми пуштат Влатко.

ВМ: А брат му?

ВТ: Кој брат…, Ефто!? Абе ти знајш кој е Ефто?

ВМ: А?

ВТ: Тој ги води чкембарите и го води ракометот. И вака прај од Влатко Чинго зема 3.500.000, од Циле зема пари, кај нас ги уценува советниците да му даваме од Општина пари и никој жив не знај колку пари има, а ракометарите плата немат. Е таква е ситуацијата. Тоа е, тоа е со нив.

ВМ: А он работи на царина Ефто?

ВТ: Aуууу тој е главен, главен галамџија, на царина можиш да замислиш..па да бе, тој кај вас е да да.

ВМ: Он на полиција, он на царина, абе тие опасни браќа.

ВТ: Абе опасни ама знаеш како да се на место не е проблем, ама малце таму знаеш како имаат краток спој во мозокот…

ВМ: Ха ха ха.

ВТ: озбилно ти викам. Абе ај ние ги трпиме човече, ај да не праиме гужва ама стварно ја претераја работата. Мислам знајш како вие можи да си проверите и службено ама не не личи, ни го рушат рејтингот знајш како да ти кажам, лицето ни го рушат. Не можи сега Кире катанга со уцени сега добива награди таму, па мене ме местат јас му давам награди. Нема везе советот ги дели тие награди.

ВМ: Леле, леле, леле. Ха ха.

ВТ: Абе Бог да чува рекетари првокласни.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Озбилно. Таква е ситуацијата. Гордана шо вика? Ги познава?

ВМ: Па не праевме за нив муабет.

ВТ: Е па напрајте идниот пат, спомнете, видете. Мислам стварно греота, знаеш 100.000 град сме од полиција нема „п“ тука. Пола од таксистиве на диво шо возат се на полицајците колите. Не можиме контрола да напрајме.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Ние ќе најавиме контрола, на мобилен им кажуваат се шо е диво такси се трга и на терен немаш ништо.

ВМ: Леле, леле, леле.

ВТ: Значи катастрофа е најискрено знајш, ние покриваме толерираме ама знаат луѓево знајш, не е веќе за криење.





Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков


BM: Знам дека не се тие саглам луѓе.

ВТ: Не се, не се, стварно не се.

ВМ: Едно време беа под лед, за малце ќе му се скинеше главата ама како успеаваат да се извлечат, тоа..

ВТ: Абе во сите гадни приказки се замешани, да знаеш. Во градот во гнасните приказки тие се. Тоа е. Дрога – тука се, други глупости тука се. Нешто хуманитарци па почнаа да изиграваат во последно време.

ВМ: Аман бе!

ВТ: Па да. Хуманитарци нешто, кумови на празници нешто. Имаат некој план децата, меѓутоа она на Фејсбук држат една мала група луѓе, ги побудалеа луѓево со Фејсбукот.





Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески


ВТ: Ало.

МЈ: Владе?

ВТ: Е кај си Миле.

МЈ: Абе овај Марди му праи многу проблеми.

ВТ: Каде бе?

МЈ: Во Радовиш.

ВТ: Марди а? Шо да напраиме со него?

МЈ: Како стоиш со него? Знам од Битола е тој нешто…

ВТ: Како?

МЈ: Знам дека имаше во Битола нешто, погони, не знам што имаше…

ВТ: Абе има се тој нас не уценуваше ние се замеривме со него да ти кажам право.

МЈ: За што?

ВТ: Абе оној кружниот тек коа го праевме во Битола, таму имаше еден дел мораше да влезиме од земјиште од Јавор, тој Јавор го купи… И, имаше некои објектчиња таму лево десно и не уценуваше милион евра ни бараше. Абе Блажо викам, ти не си нормален зошто да ти дадеме милион евра? И се тужевме се судевме и од тогаш не се појави. Изгуби на суд, знаеш, и не знам со него шо да правиме, тој со Народна е Миле. Знаеш дека е со нив?

МЈ: Ти се јавувам да видам како стојат работите инаку ќе му е.еме мајката знам ја шо ќе му праиме. Ќе го затвориме.

ВТ: Но мора нешо да напраиме. Со УЈП нешто да видиме а?

МЈ: Многу има вработено пи.ка му мајчина

ВТ: Многу луѓе има ама луѓето нека си работат што… така? Еве Велија си седи ваму луѓето си работат нема проблем шо…



Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Чингоски


ВТ: Кај си Влатко?

ВЧ: На работа ти кај си?

ВТ: Еве овде кај споменикот на бранителите денеска има нешто од овие Вејце ваму – таму…

ВЧ: Да ти зеам две три секунди може?

ВТ: Можи, можи, можи, еве настрана сум.

ВЧ: Значи види вака, сега кај мене е Силјан…

ВТ: Добро…

ВЧ: Ми кажа дека имало некоја можност не знам, ти веројатно подобро знаеш пошто си од таму, имало една група на луѓе што живееле на улица Гоце Делчев во Кравари…

ВТ: Добро…

ВЧ: И тие исто така можеле да гласаат на улица Гоце Делчев ама Ѓени маале во Битола.

ВТ: Аха аха аха

ВЧ: Дали знаеш за нешто такво?

ВТ: Не.

ВЧ: Порано го праеле ги праеле тие тоа

ВТ: Е сега ќе проверам. Гоце Делчев…

ВЧ: Преку 20-тина луѓе значи биле, гласачи така што можеле да го средат тоа

ВТ: Аа

ВЧ: Значи една жена таму што ја знае овој као го викаат Силјан…

ВТ: Добро

ВЧ: Таа на последните избори преку 20 однесла, значи појќе од 20 се таму…

ВТ: А чекај тие Влатко тие контра нас гласаат?

ВЧ: Не бе за нас гласаат

ВТ: Е па нека одат и таму и таму шо

ВЧ: Е па за да одат и таму и таму да организирате

ВТ: Добро готово

ВЧ: А може ли женава да се види со Владе да му каже шо и како е, ево ќе ти организират тој, таа жената што го напраила тоа во 2009та, да те видит те*е или некој шо ти ќе го одведиш да објасни како го напраиле тоа па да напраиме за појќе луѓе

ВТ: Добро

ВЧ: Ето така Владе

ВТ: Слушај, Влатко..

ВЧ: Кажи, кажи…

ВТ: Вака значи јас сеа ќе бидам со Антонио, до 11 сато Циле го има мојот број, нека и го дајт бројот на жената

ВЧ: … да те бара

ВТ: Нека ми пушти порака мене жената да се видиме во текот на денот

ВЧ: Добро готово сеа ќе му кажам…

ВТ: Значи тоа би било после 12. Го има Циле број мој, е така.

ВЧ: Важи го има го има сигурно, јас ќе му го дам ако го нема ќе го поздравам…

ВТ: Поздрави го и ќе биде во ред, важи

ВЧ: Ајде

ВТ:Поздрав Влатко поздрав…

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски




ВЧ: Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај те*е шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…

СМ: Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово.

ВЧ: Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме

СМ: Абе како не, сите не само тие.

ВЧ: Дообро

СМ: Си имам јас организација напраено таму

ВЧ: Добро значи можда ќе ги викнат твоите луѓе да знаеш

СМ: А обавезно кажи ми ти кои се тие, кажи ми кои се

ВЧ: Има Мирко, вчера беше со мене Мирко, имат списокот да не праам по телефон многу муабет

СМ: Важи, важи.





Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер


МП: Ало

ВЧ: Ало

МП: Чинго шо праиш

ВЧ: Добар сум бе на работа ево имав сега ИФЦ сега состанок па чекам да ме викнат од Влада

МП: Да не те закача некој таму?

ВЧ: Не бе кој да ме закача

МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија

ВЧ: Добро, 9 се вкупно.

МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…

ВЧ: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма

МП: А кај е тоа нуклеарна програма Чинго?

ВЧ: Епа со Пешевски е тоа договорено и со премиерот значи имаме тоа што требаше да работи нуклеарна ќе работи кај нас затскриено за да можеме да го фатиме рокот да не изгубиме две три години

МП: Ај ти прими ги овие па тие понатаму ќе видиме со нуклеарнава како шо, ќе ти прати Гордана списоче едно сега

ВЧ: Мхм

МП: И така, може?

ВЧ: Ама види вака сеа застани. Може, ќе ги примам, ама …. треба да работат луѓето

МП: Ќе работат Чинго нашиве луѓе ќе си работат не се секирај ти, инженери, шо треба таму

ВЧ: Кај шо треба таму ама не работаат, тој шо едниот ми го пушти Славе тој вика да ја сум тука за возни редови за коли за резервни делови

МП: Кој е тој шо го пуштил Славе?

ВЧ: Па тој од како се вика… сеа ќе ти кажам од Социјалистичка партија некој

МП: Од Социјалистичка партија? Сме ветиле сеа, не може знаеш

ВЧ: Ама не може да биде за возен ред мене ми треба за диспечер горе

МП: Ама Чинго таква е работава сеа, знаеш ти сеа партија, не сме сеа од вчера

ВЧ: Ама знам ја ама…

МП: Партија е сеа, некоаш ќе примиш вика некоаш онака

ВЧ: 3 години чекам за овие 9 места. 3 години чекав за 9 места треба да зеам луѓе шо треба да ја работет работава, нека ми даат…

МП: Ќе ја работат работава ајде, не се секирај

ВЧ: Подобро дајте ми уше 9 места други, ќе ги запослам и тие 9 ама дајте ми квалитетни луѓе за ова шо треба да се работи

МП: Најквалитетни ќе најдам… ајде сеа ќе ти прати Горде списоче ти заврши ја работава па ќе се договориме, ајде.





Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски


КБ: Ало

ГЈ: Шо праиш бе секретаре?

КБ: Добро бе, еве накај Владо идам, ти?

ГЈ: А, јас на работа па нешто да ти кажам се изнервирав, ти пуштив и порака…

КБ: Кој те нервира кажи сеа

ГЈ: Абе ти пишав не знам дали ја виде

КБ: Не, не

ГЈ: …на факултет за безбедност ја избрале за продекан онаа Фросина Ташевска Ременски, таа е член на Совет, не знам за политички односи на СДСМ. Најголем критичар на Владата, на МВР посебно..

КБ: За што ја избрале?

ГЈ: За проректор, продекан. Ама битна позиција е тоа

КБ: Тоа ги бира во самиот факултет така

ГЈ: Да да ама на Жоглев му реков некни, викам не е наша таа..

КБ: А чекај Жоглев е тоа?

ГЈ: Не, види Жоглев е ректор и сеа ректорот треба да ги менаџира тие состојби знаеш..

КБ: Не, одма ќе му се јавам да ја корегира работава…

ГЈ: Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму… значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание….

КБ: Ццц, пред два дена беше кај мене го пеглав за истава работа да знаеш

ГЈ: Беше кај мене претходно и меѓудругото ми вика Кире ме викна ова, викам тоа терај си, те молам внимавај за ова да не ја утнеме работава комуњаркава да не ни влезе таму, пошо друга е таа позиција со студенти има работа, еее знаеш која е таа, шо ги организира протестиве на криминалистиве пред Влада, шо дава изјави

КБ: Аахаа

ГЈ: Таа е таа една со долга коса со репче… месец дена се расправам со неа у Собрание, пошо комуњариве као експерт ја викаат на собраниски комисии, мислам ми пукна филмот, магаре нека стаи ама она да не е…


Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски


НГ: Ало?

ГЈ: Да?

НГ: Горде, помина ли заклучокот на Томе Аџиев вчера?

ГЈ: Не Претседателе, јас додека бев не помина. Пошто мојата информација беше дека он со Мартин го усогласувал, до мене воопшто не беше доставен.

НГ: Е па џабе денеска го имаме кога нема Влада.

ГЈ: Јас не добив никаков заклучок. Нели требаше они да го усогласат…

НГ: Еве го кај мене е сега, ама што ако е кај мене кога седницата помина.

ГЈ: Ама не…

НГ: Му кажав у понеделник да ми го даде.

ГЈ: Е па што да кажам? Не е страшно, ќе го поминеме следната седница, а во меѓувреме тие што се побитни институции, нели вечер имаме состанок, ние, Архивот…јас ќе се чујам, денес планирав, со двајцава…

НГ: Кажи му: Томе задоцни, речи…И понеделник го утна, и вторник го утна, у среда ми го праќа.

ГЈ: Што…мислам, нас ни е позната таму динамиката, ама без заклучок јас ќе се изјавам кај најбитниве институции. Пошто најбитни се овие 4-5 институции, другите…општини, едно-друго ќе ги буткаме после…

НГ: Океј. Ќе ти го пратам за следната седница да го имаш под Прашања и предлози, исчитај го ти.





Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ленче Самарџиевска


ГЈ: Да?

ЛС: Горде?

ГЈ: Ало, кажи Лено.

ЛС: А бе види, ја го барам овој, ама ти си го викнала веќе, не знаев дека…Томе Аџиев. Се утепав ѕвонејќи…. на крај…

ГЈ: Ааа, па ја на сите им се изјавив и му пишав на Премиерот дека им кажав.

ЛС: Ама знаеш јас му викам: кои се овие, што е финтава…гледам запишано ни а, ни б не ми кажа, вика: аа лустраторите викни ги, ова-она. Викам…не знам кои се, појма немам.

ГЈ: А јас па знаеш дека обично ги викаат од кај Трајко Вељаноски и сега, мислам не знаев дека ти си на работа, да не нејќе Премиерот цела Влада да го дознае кој доаѓаат, му пишав порака: Им јавив на сите.

ЛС: Не, му кажав јас сега на Томе, му викам: Ве молам викнете ги, не знам кои…

ГЈ: Да, да..

ЛС: Вика ми се јави мене Министерката

ГЈ: ….си знае…

ЛС: А кој треба друг да дојде? Сега ме прашува Сашо….

ГЈ: Значи треба вака: Томе со таа бандата од кај него, он ќе им каже на нив…

ЛС: Добро…

ГЈ: Зоран Тодоровски, јас му кажав, ама ако, јави му се и ти, не е проблем.

ЛС: Добро…

ГЈ: Сашо и Тони Јакимовски од кај него, Билјана Бришковска и ….

ЛС: Чекај, Тони Јакимовски овој…кој Тони Јакимовски? Од кај Сашо некој?

ГЈ: Тој што му е шеф на Кабинет на Сашо.

ЛС: Добро, Билјана Бришковска…

ГЈ: И јас и Зоран Тодоровски.

ЛС: Значи…

ГЈ: Обично доаѓа и Трајко Вељаноски, ама он е на пат негде у странство.

ЛС: Аха, да. Ти, Сашо, Тони Јакимовски, Билјана Бришковска и Зоран Тодоровски.

ГЈ: Да. И овие лустраторите, тие се друга екипа.

ЛС: Добро.

ГЈ: А за друг пат некогаш ако ти треба и Трајко доаѓа, ама он денес не ти е тука, во странство е.

ЛС: Да ми кажа. Добро, важи Горде, фала ти.

ГЈ: Океј.

ЛС: Ајде, поздрав.

ГЈ: Да, тоа е ја одма ти ја завршив работава…

ЛС: Ха ха, фала, фала.

ГЈ: Ајде, чао Лено.

ЛС: Чао.



Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев


АМ: Здраво живо Томе, Антонио Милошоски е на телефон.

ТА: Е здраво, здраво

АМ: Значи јас обезбедив човек да ги напише да ги пополни тие формуларите за едно лице е сега утре каде кого да ги достави на пријавница

ТА: Службите, ќе дојди кај нас ќе ги примат луѓево

АМ: Ќе ги примат?

ТА: Не е проблем

АМ: Бидејќи тој не е, дојде од Кичево потпиша и замина нема да биде во Скопје. Дали може да ги донесе друг?

ТА: Може, зошто да не.

АМ: Може? Епа добро

ТА: Нека му ги дае на Билјана, Билјана ќе ги спроведи во архивата и нема проблем. Ќе му даи примерок дека е примен и готово.

АМ: Да, на Билјана еден примерок да и даде.

ТА: Нека му дае и готово ќе ги спроведе, не е проблем тоа.

АМ: Да, а отворено да ги даде да чукнат во архива дека се примени така?

ТА: Да де да, не е ич воопшто не…

АМ: Добро важи.

ТА: Нема проблем.

АМ: Важи, благодарам, поздрав, пријатно.

ТА: Поздрав пријатно


Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев


ТА: Молим

АМ: Томе, здраво живо Антонио Милошоски е.

ТА: Здраво, здраво

АМ: Шо праиш добар си?

ТА: Добро добро еве сега нешто…

АМ: Со полна пареа сега.

ТА: Ха ха ха

АМ: Ха ха ха ха

ТА: Се загреваме…

АМ: Колку шо се може добро е. Денеска бил човеков и ја поднел

ТА: Е па добро, ало

АМ: Ало

ТА: Ало, прекина нешто телефонов

АМ: Аа ме слушаш Томе?

ТА: Да сеа слушам, слушам…

АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево

ТА: Така

АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…

ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние

АМ: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно

ТА: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…

АМ: Да. Важи добро

ТА: Така

АМ: Поздрав голем, се најдобро.

ТА: Ајде поздрав пријатно.

http://libertas.mk/видео-бомба-бр-19-сдсм-изборен-криминал/


истото


АУДИО и ТРАНСКРИПТИ - Бомба 19 објавена во Битола за “криминалите на Талески“

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21496


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyЧет 11 Јун 2015, 12:31 am

После преседанот што Русија го направи со агресијата врз Украина и анексија-припојување на делови од Украина кон Русија јасно е дека таквиот преседан може да стане установена пракса . Денес меѓу Русија и Украина нема само војна за територии туку има и размена на население .

Во блиското минато таква размена имало меѓу Турција и Грција и Бугарија и Грција на барање на Грција .

Денес такви најави за размена на територии и население има во Србија и Македонија.

1)
Во Србија .
Србите не го признаваат Косово туку Косово и Метохија при што бараат рамена на територии Косово даси остане на Албанците а Метохија да ја добијат Србите .Исто така не ја признаваат и Македонија .
Метохија според картата има површина од околу 40 проценти од денешно Косово.
За заштита на Србите во Косово Србија има бројни воени единициза брза интервеција околу Косово.

А)
Географија Косова и Метохије — Википедија, слободна енциклопедија

Физичка карта Косова и Метохије
Косово и Метохија се налази на југу Србије, у централном делу Балканског полуострва, у југоисточној Европи.

Заузима површину од 10.887 km², са просечном надморском висином од око 800 метара, али са изразитим висинским променама рељефа и морфологије. Најнижи делови Косова и Метохије налазе се на надморској висини од 297 метара (Бели Дрим на граници са Албанијом), а највиша тачка је Ђеравица са надморском висином од 2.656 метара.

Етимологија

Реч Косово потиче од речи кос, која асоцира на црну птицу – кос, и Метохија што у преводу значи црквени посед, разлог за ово је управо то што се на том простору налази велики број Православних цркава и манастира које су изградили средњовековни српски владари. Као део покушаја да се смање националне тензије са Албанцима 1968. назив Метохија је избачен из назива покрајине, међутим 1990. године је поново враћена као саставни део назива.


Косово
Косовска котлина је тектонска потолина правца северозапад-југоисток. Дугачка је 84 km између Звечана и Качаника. Широка је 10-15 km, површина јој износи 950 m². Дно потолине лежи просечној надморској висини од 550 метара.



Метохија

Пружа се упоредо са Косовском котлином. Дугачка је 68 километара, а широка око 60. Име је добила од грчке ријечи "метох" што значи црквено имање. Тај назив је добила јер је територија Метохије у средњем вијеку била под влашћу православне цркве. Уравњенија је од Косовске котлине, и налази се на просечној надморској висини од 400 метара. Границе метохијске котлине су: Шар планина, Коритник, Паштрик, Јуничка планина, Проклетије, Богићевица, Жљеб, Мокра гора, Рогозна, река Ибар, Ситница, Дреница (и река и планина), Неродимка.


Дреница


Дреница, ниско побрђе Космета раздваја Косовску и Метохијску котлину. Ту се налази побрђе Дреница, као и Планина Црнољева, која је хидрографски чвор Србије, одакле отичу воде према Црном, Егејском и Јадранском мору.


http://sr.wikipedia.org/wiki/Географија_Косова_и_Метохије

Б )

U crtanju granica ukinuli Metohiju, a predali Kosovo

Boris Subašić 24. septembar 2013

U isto vreme dok su u Srbiji formirane autonomne oblasti kao države u državi, Milovan Đilas odbija zahtev dalmatinskih komunista da i Dalmacija dobije autonomiju. Oni su to obrazlagali činjenicom da ona nikad u istoriji nije bila pod vlašću Zagreba, a Đilas je odgovorio da je Dalmacija najhrvatskiji deo Hrvatske.

Tito i Đilas

- Na taj način su granice Srbije iz 1918. anulirane, jer ih komunisti nisu priznavali. Razgraničenje s Vojvodinom i Makedonijom rešavale su komisije i ne pomišljajući na referendum i mišljenje građana - ukazuje dr Momčilo Pavlović, direktor Instituta za savremenu istoriju.

On podseća da je Makedonija napravljena kao država povlačenjem granice na improvizovan način, zbog čega su se pobunili Srbi iz opštine Vratničke i sela oko Tetova.

- Pisali su pismo Petru Stamboliću, ali kad su krenuli kod njega u Beograd uhapšeni su. Time se otprilike završava razgraničavanje republika. Zatim se donosi Ustav koji kaže da je Jugoslavija federacija koju čine republike koje imaju pravo na samoopredeljenje uključivši i otcepljenje i ujedinjenje s drugim narodima. To praktično znači da je Makedonija mogla da odluči da se priključi Bugarskoj - objašnjava dr Pavlović.

Za ime Petra Stambolića vezuje se i otcepljenje dela Raškog okruga i njegovo pripajanja „autonomnoj oblasti Kosovo i Metohija“. Teritorijalna promena na prostoru severnog Kosova izvedena je 1959. tako što su Kosovskoj Mitrovici pripojeni srezovi Leposavić i Lešak, gde su većinom živeli Srbi. Zvanično obrazloženje bilo je da taj deo gravitira ka Mitrovici zbog rudnika. Stvarni razlog bilo je obezbeđivanje dovoljno glasova za izbor Petra Stambolića među delegate Savezne skupštine.

Bez obzira na objašnjenja, Stambolićevo izborno pomeranje granica skupo je koštalo Srbiju. Naime, tek posle tog proširenja oblast Kosova i Metohije uzdiže se na nivo autonomne pokrajine 1963. godine.

- Dve godine posle Brionskog plenuma ime ove srpske pokrajine je prepolovljeno. Iz njenog naziva izbačena je Metohija samo zato što podseća na njeno poreklo - srpsko crkveno imanje. Političko rukovodstvo Srbije, koje je predvodio predsednik republičkog centralnog komiteta Petar Stambolić, prepustilo je da se „o imenu AP Kosova i Metohije odluči u pokrajini“. Tih dana kosmetski Šiptari su odlučili da se ubuduće zovu Albanci - navodi publicista Pero Simić.

"Granicu" na Kopaoniku Albanci ne mogu zloupotrebiti

- Buduća Zajednica srpskih opština na Kosovu imaće sve ingerencije u oblasti prostornog planiranja i gradnje i biće brana svakom pokušaju da Priština zloupotrebi ovaj deo Kopaonika za neke svoje ciljeve - smatra Jablanović.

On podseća da Kopaonik nikada nije bio deo Kosova, dok Petar Stambolić nije pedesetih godina prošlog veka ovaj deo planine, zajedno sa Leškom, Vračevom i dobrim delom opštine Leposavić pripojio Kosovu. Svi kasniji pokušaji da se ovaj deo Kosova vrati Srbiji ostali su bez rezultata, jer ni u Beogradu, uprkos zahtevima iz Leposavića i Leška, za to nije bilo političke volje.


http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/drustvo/aktuelno.290.html:455598-U-crtanju-granica-ukinuli-Metohiju-a-predali-Kosovo

2)
За Македонија
ВМРО како докажано криминална квислиншко петоколонашка организација во минатото истата улога ја има и денес . ДПМНЕ со последните случувања во Куманово само го започна прицесот на распарчување на Макеоднија за кој интензивно се подготвуваше минатите години од времето на Љубчо Георгиевски и од 2006 година со Груевски со тоа што овој пат има добри изгледи да успее бидејќи подговките се темелно испланирани и реализирани до најситни детали.

А)

Целта на криминалците ангажирани од ДПМНЕ и ДУИ била масовни злосторства голем број цивилни жртви меѓу Македониците .Според планот требало да бидат убиени околу 20 000 Макеодонци после што не би можело да се збори за никаков мировен договор или било што .Единствено само за размена на територии и население .

Вака :

Датум: 10.05.2015,

ПОЛИЦИЈАТА УСПЕА ДА СПРЕЧИ МОНСТРУОЗЕН ПЛАН ТЕРОРИСТИТЕ ПЛАНИРАЛЕ МАСОВНИ УБИСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

Терористички напади на цивилни цели и на државни институции и полициски станици кон средината на овој месец планирала терористичката група која е неутрализирана и елиминирана во полициската акција во Kуманово, објави вчера попладне Иво Kотевски, помошник-министер за внатрешни работи. Оваа терористичка група, која броела околу педесетина члена, била една од најопасните во целиот регион и во изминативе години била инволвирана во многубројни напади. Првичните информации укажуваат дека групата планирала напади на 5 полициски станици на 12 мај и тоа: Тетово, Гостивар, Kичево, Зајас и Kуманово. Неофицијално се дознава дека целта бил и Скопскиот МАРАТОН , како и трговскиот центар „Сити мол“, спортски објекти, ПАЗАРИ , на кои се собираат МНОГУ ГРАЃАНИ ... За таа цел БИЛ ПОДГОТВЕН и посе*ен АВТОМОБИЛ – БОМБА во кој имало големо количество експлозив, но кој полицијата успеала да го онеспособи. Припадниците на оваа група стојат и зад неодамнешниот напад на полициската станица во Гошинце на македонско–косовската граница.

Озлогласена група

-Лидери на оваа група се озлогласените Мухамед Kрасниќи таканаречен командант Малишева, Мирсад Ндрецај, таканаречен командант НАТО, Сами Укшини таканаречен командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Деме Шеху, алијас Јунику. Сите петмина се косовски државјани и се доведуваат во врска со формирање многубројни терористички и екстремистички групи во регионот. Неколкумина уапсени се македонски државјани кои и претходно се кривично гонети за најтешки кривични дела, потенцира Kотевски

http://dnevnik.mk/?ItemID=83D8CE6B6C8E6A458FC77ED7A5C497F0


Б )
Имаме блиска соработка на ДПМНЕ со ДУИ и ДПА за предавање на Струга и Кичево .Дури и милошевски кој по потекло е од Кичево веќе смета дека Кичево е во Албанија . Исто така имаме “чудна” соработка на ДПМНЕ со ДУИ и ДПА во ДИК (државна изборна комисоја) “нати дај ми” со ДУИ и ДПА
итн
Еве некој примери.

Б1)

(ВИДЕО) За Милошоски, Кичево е во друга држава!!!
29-03-2014

Во занесот на нападот против претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на митингот во Битола, Антонијо Милошоски, го смести Кичево во друга држава.

Милошоски одржа говор во кој, во еден дел, атакуваше на територијалната организација и улогата на СДСМ при референдумското изјаснување.

Сепак, говорејќи, на владиниот портпарол од 2001-та, најверојатно потсвесно, му излета низ устата идејата за размената на територии и преселба на население што ја пропагираше тогашниот премиер и Влада, велејќи дека „прашањето било дали Кичево ќе биде своја општина или општина во туѓа држава…“, по што може да се заклучи дека Милошоски, кој ПОТЕКНУВА оттаму, сега, ГО СМЕТА Кичево за град во друга држава.

ВМРО-ДПМНЕ е осум години во континуитет на власт. Во целиот период имаше можност да го смени законот за територијална организација, но тоа никогаш не го стори.

На речиси сите избори, фактот дека биле против „територијалната“, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите низ Западна Македонија го користат тоа како крунски доказ за патриотизам.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не го смени Законот за територијална организација и не ги врати „прекроените“ општини во Македонија, туку во меѓувреме, носејќи автентично толкување, ги амнестираше т.н. четири хашки случаи.

http://libertas.mk/видео-за-милошоски-кичево-е-во-друга-д/


Б2)

Хојт со ДИК: Починителите на изборните нерегуларности секаде сносат одговорност

од НОВА објавено на: 17-04-2015

Заменик помошникот државен секретар на САД за Југоисточна Европа на средбата со членовите на Државната изборна комисија се интересирал како тие се соочуваат со наодите за изборни манипулации и нерегуларности кои се посочени во аферата со прислушувањето, соопштува ДИК.

-Сите членови на ДИК ги изнесоа своите видувања, по што г. Хојт истакна дека изборни нерегуларности во помал обем се случуваат и во развиени демократски земји, но починителите на направените нерегуларности сносат одговорност. Доколку тоа не се случи и во Република Македонија може да се доведе под прашалник и нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Зашто, како што потенцираше г. Хојт ако се случуваат изборни нерегуларности тоа влијае врз интегритетот на институциите во државата, соопштува ДИК.

Како што дознава НОВА, на седницата мнозинството членови на ДИК му образложиле на Хојт дека ДИК е ненадлежна за изборните нерегуларности, по што тој ги прашувал одделно сите членови дали навистина сите се согласуваат со овој став. Единствено претседателот на ДИК Никола Рилковски и членот Виолета Дума му соопштиле дека отфрлаат ваков став, за разлика од останатите членови на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои останале на ставот дека се ненадлежни како институција.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21685

Б3)

Ахмети: ДУИ не може да се откаже од мандатот поради барања на опозицијата
Објавеново 05 јуни 2015

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не е убеден дали формирањето на преодна влада би било покорисно за земјата од останувањето на власт на Никола Груевски до евентуалните избори во април. Во интервју за телевизијата 21, Ахмети рече дека не е лесно неговата партија да се откаже од мандатот, само затоа што тоа го бара опозицијата, пренесува Алсат-М.

- За мене е важно да се почитува постигнатиот договор и да се разгледаат модалитетите... што би било покорисно за земјата. Во прв ред треба да видиме дали покорисно ќе биде преодна влада и кога ќе треба да се формира таа влада, дали треба сега или во некој друг момент, дали треба некој модалитет, друг начин на делување и како може да се вклучи опозицијата. Сега не е лесно да се зборува за толку чувствителна тема, значи преодна влада, бидејќи едната страна вели - јас се откажувам од мандатот. Така можам да кажам и јас како ДУИ, сум победил на избори, зашто тоа го сака опозицијата? Опозицијата секој ден може да бара избори, секој ден може да бара преодна влада - изјави Ахмети.

Според Ахмети, на средбата на 2 јуни партиите се договориле да не се објавуваат бомби до средбата на 10 јуни, но Ахмети се надева дека нема да се објавуваат бомби ниту потоа.

Лидерот на ДУИ смета дека објавувањето на бомбите го нарушуваат УГЛЕДОТ НА ЗЕМЈАТА ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР . Во изминатите месеци опозицијата објави вкупно 35 бомби, а остана должна кон јавноста за случајот Монструм и за други со евентуални злоупотреби од функционери Албанци.

http://www.plusinfo.mk/vest/29371/-ahmeti-dui-ne-moze-da-se-otkaze-od-mandatot-poradi-baranja-na-opozicijata



Б4)

За само три години, Македонците во Источна Македонија изгубија два града!

Додека се бориме да ги „зачуваме“ Струга и Кичево, ние Македонците не гледаме дека ни исчезнаа доволно Македонци од Источна Македонија за да се наполнат Пробиштип и Кратово, или Делчево и Пехчево, или цела Гевгелија сосе Дојран!

Нено Богдан 5 мај 2014, 14:50

Додека етничките Македонци се секираат што Албанците во Западна Македонија ни „земаа“ во последниве години цели два града, Струга и Кичево, во Источна Македонија каде што не живее скоро ниту еден Албанец, бројот на Македонци за само три години, од 2011-та до 2014-та се намалил колку за населението на цели два града од тој регион.

На долнава табела се дадени бројот на запишани избирачи за изборите во 2011-та и бројот на запишани избирачи за изборите во 2014-та, како и разликата помеѓу нив. Анализирани се само 36 општини од истокот и југот на државата, оти во овие општини скоро целото население е составено од етнички Македонци.

Она што се забележува е дека за само три години во овие 36 општини бројот на Македонците се намалил за над 20 илјади луѓе. Тоа е рамно на збирот на населението на, да речеме Пробиштип и Кратово, или на Делчево и Пехчево, или цела Гевгелија сосе Дојран, или небаре цело Свети Николе сосе Лозово и Градско да ги снемало.

http://fokus.mk/za-samo-tri-godini-makedontsite-vo-istochna-makedonija-izgubija-dva-grada/

Б5)

Разорена држава – кога, каква разврска?

10.04.2015

Македонија денес? Една како-така функционална држава разорена е однатре. Таа додуша одамна почна да слабее – јасен симптом беше масовниот грабеж на социјалистичкото наследство во раните 90-ти години. Но „честа„ да ја дотолчат ја зедоа оние кои најмногу се колнеа во неа, собрани во ВМРО ДПМНЕ, водени од Никола Груевски, човек со веројатно најмрачни замисли во историјата на македонскиот народ. Стореното е еклатантен пример на велепредавство!

Матрицата за разорување на Македонија беше слична на онаа користена по доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт. Со илјадници приврзаници, предимно партиски војници, со полна медиумска поддршка, тој за кусо време ја промени „крвта“ на државните и општествените институции на Србија. Не случајно, големиот адвокат Срѓа Поповиќ, за Милошевиќ кажа дека бил најголем дерегулатор (јас би допишал: и ненадминлив манипулатор). Груевски пак, вистина, имал бесплатен „копирајт“, но не бил мрзлив – се погрижил во нешто да го надмине Слободана, и тоа со намерно производство на контрадикторни закони – за да биде шашмата поголема.

Дека државата е разорена, покажаа „бомбите“ на СДСМ. За жал, требаше храброст да се појави вистински патриот(и), херој(и), домашна верзија на Едвард Сноуден, за да се дознае колку е власта и нејзината интересна фаланга потоната во тешки злоупотреби и криминал. И така со години. Но, Јавното обвинителство сето време „не видело“ основа за делување! А сепак, незамисливо е да не добило никакви пријави од надлежните служби.

Според најважните показатели, Македонија денес е неуспешна држава. Во неа најефикасно функционира репресивниот апарат, форматиран за потребите на власта, но и за однародениот и аздисан слој луѓе во интересна спрега со неа - од политичката, економската и општествената сфера. Апаратот не делува според законите, ами, најчесто, според волјата на еден човек.

Поради незаштитеноста на државата однатре, со оглед на неговата реална моќ, Никола Груевски можел да стори што сакал. Сосема ми е замисливо – само да му текнало – на некој како Субрата да му го „продаде“ Охридското езеро, на 50, 100 години, да грабне пари, итн. Ви се молам, читателу, дали гледате некој заштитен механизам, некое државно тело, кое би го спречило ваквиот хипотетски грабеж?

Вистина е дека одамна песимистички гледав на иднината на Македонија, па пред десетина години дури ја нареков „безнадежија“. Уште пред 5-6 години ја „видов„ несреќата дека со неа управуваат политички џуџиња, кои со своето чинење и нечинење, практично ја разоруваа државата. Во таа смисла зборуваа и примерите на нејзино загрижувачко „функционирање“ спрема етничка припадност, каков беше случајот со безредијата под Кале.

Одамна зборувам и пишувам: партијата ВМРО ДПМНЕ со години ја сметам за ШТЕТОЧИНСКА , која може да ѝ биде ГРОБАР на Македонија. И дека нејзините божемни ПАТРИОТИ се всушност нејзини НЕПРИЈАТЕЛИ . Трагично е што ваквото уништувачко водење на државата не наидуваше на значителен отпор ниту кај просветените, т.е. интелектуалната заедница – ако државата веќе „нема“ свој председател. За народот и да не зборуваме, тој е препуштен на своја памет да си толкува ептен заплеткани случувања, а нема кој да му помогне - покрај толкави организации „за унапредување на ова и она“.

Но, веќе првите снимки покажаа какви морално ништожни луѓе биле во самиот врв на власта, сосе првиот меѓу ним. Така, слушаме како министерката за полиција и колегата ѝ за финансии, возбудено разменуваат поплаки на сметка на „лудилото“ од финансиските барања и постапки на „шефот“, како што тие го нарекуваат премиерот Груевски. Тие очигледно биле свесни за беззаконието што го турка Никола Груевски, но тоа не им пречело и натаму да молчат, слепо да му служат, и со него да тонат во незабележан криминал спрема граѓаните, спрема земјата.

Како тогаш од ваквите и другите креатури во владата, згора примитивни и свирепи, кои се надвор од политиката и доделените им ролји, никој и ништо, може да се очекува оставка? Тие се сосема оперирани од срам. Погледајте како бедно се бранат, како нивниот „шеф“ пред своите приврзаници и јавноста испукува евтина демагогија, „треш“, само за да се забошоти клучното - дека Македонија ја вратија во минатото десетици години. Претерувам? Компетентни луѓе во Србија и Хрватска тврдат дека нивните земји во развојот, во времето на Милошевиќ и Туѓман, се вратени барем за 50, односно 30 години!

Во врска со фактот дека компромитираните немаат абер од повлекување, ниту пак гледаат причина за тоа, познат македонски интелектуалец ми кажа дека тие немале етика. Океј, но ќе се согласиме дека ни стаорците немаат етика, ама штом ќе насетат опасност бегаат било каде и да се, во визба, на брод. Затоа, да се запрашаме: какви се тоа бетони од луѓе, уште министри, што уште (!) не ја гледаат опасноста по се*е, па да му се заблагодарат на „шефот“ и така барем да ја намалат сметката која безбели еднаш ќе ја платат?!

Ако се тие негови заложници, на некој начин е и тој нивни заложник. Оти „рисјански“ е да претпоставиме дека денешниот деспот на Македонија, утре можеби и европски парија, не би бил тоа да имал чесни и не нужно храбри луѓе, кои барем би се обиделе да го запрат во неговото повлекување на земјата во бездна. А поблиските, зошто не, да му препорачаат психијатар?

Искрено, не верувам дека разврската на кризава ќе уследи брзо. „Филмот“ што следи ќе потрае. Оти тие, непријатели на земјава, со репресивен апарат во раце, сега се разјарени како ѕверови, бесни на сите кои воопшто се сомневаат во нивната „посветеност“ на народот, на Македонија. Но умот им работи да разбираат само притисок, кој е засега далеку од нивниот „капацитет“ на резистенција. Не верувам дека притисокот значително ќе се покачи доколку криминалот откриен со снимките не биде многу повеќе доближен и објаснет на граѓаните од сите етникуми. Та не пуштија глас ни полицајците, вистински навредени од својата министерка.

Како што е познато, телевизиите под целосна контрола на власта, со национална концесија - МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа, како и нејзините портали - не објавија ни трошка од снимките на прислушуваните разговори. Но тоа на Груевски не му пречеше да тврди дека објавувањето на снимките од страна на СДСМ било божем доказ за постоење на демократија. Тоа е безобразно лицемерие, но од нивна позиција исправен резон. Ним не им е проблем да глумат демократи, оти знаат дека дострелот на медиумите кои ги пренесуваат снимките е скромен, дека снимките допираат до оние што следат ТВ 24 вести, Телма, Алсат, и солидните портали Плусинфо и Либертас. Нив инаку ги користат значаен број образовани граѓани, главно истомисленици, на кои нештата им се јасни и без посредување на спомнативе медиуми, а едвај забележливо работниците, селаните и пензионерите (добар број од последниве благодарни се гласачи на ВМРО поради бесплатниот автобуски превоз во Скопје, небаре е платен од касата на ВМРО, или од џебот на Груевски).

http://okno.mk/node/46163

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција EmptyПет 12 Јун 2015, 12:49 pm

Како резултат на “бомбите’ на Заев не само што се разјасни 24/7 посветената работа на Грујо ајдук војвода туку ете се откри и друга работа .
Оваа :

„Верните до смрт“, Ахмети и Тачи, плашат со дестабилизација
Објавеново 10 јуни 2015

Според непотврдени информации, албанските лидери Али Ахмети и Мендух Тачи на преговорите во Брисел ја ДРЖАТ СТРАНАТА на Никола Груевски, кој инсистира да ОСТАНЕ ПРЕМИЕР до крајот на годината, а дури потоа да се формира техничка влада.

Албанските лидери НАСТАПУВААТ со тезата дека во Македонија ќе дојде до ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА И НЕМИРИ доколу Груевски падне и доколку се влезе во процес на формирање на преодна влада. Овој нивен став И ПРЕТХОДНО беше најавен во изјавите на двајцата лидери ПРЕД ПОЧЕТОКОТ на преговорите.

Фото: А1он

http://www.plusinfo.mk/vest/29910/vernite-do-smrt-ahmeti-i-taci-plashat-so-destabilizacija

Станува јасно дека коалицијата ДПМНЕ –ДУИ –ДПА цело време си функционирала но тоа не било само коалиција за грабеж и организиран криминал туку дека се ковеле – договарале и други работи за поделбата на Македонија.
Веќе нема сонеж дека токму оваа коалиција стои зад настаните во Куманово .

И не само тоа
Туку деновиве сите ДПМНЕ-овски дудлачи Сител, Канал,5Алфа и нет портали трубат дека има продожение на Куманово поточно дека коалција ДПМНЕ-ДУИ-ДПА нашле нови терористи кој би требало континуирано да вршат пресија и закани со терористички акции а како што видовме во случајот со Куманово убивањето воопшто не им туѓа работа .

Очгледно работите се отидени предалеку така што никој од овие веќе и да сака неможе да се откаже .

Планот продолжува а бомбите на Заев само го обелоденија ова што секако ќе се случеше порано или подоцна .Подобро сега и работите да станат појасни .
Знаеме дека Мијалков (СГС) но и самото ДПМНЕ располага со паравоени формации а нема сомнеж (никогаш и немало) дека ДУИ и ДПА такви формации можат даси платат или формираат без тешкотија .

Па така според овој план Албанците од Куманово и Липковскиот крај ќе треба да се преелат во етнички чисти Албански територии бидејќи тој регион е клучен за припојување на Српскиот дел од Македонија кон Србија .Исто така Албанците ќе треба да се иселат од Прешевска долина и од Метохија по што Србија без проблем ќе го признае Косово.
Со ваквиот план очигледно е дека се запознати и активно работат на него србоманските дудулачи петоколонаши Смрдосав Кремендаловч Ѕинго , Борис Стојменов-Гаргамел , Стефка Јакимовски и други .
Се смета дека во овој момент е подобро да се изгубат територии да има физичко раздвојување со Абанците а подоцна за некој идни генерации би претстоела конечната пресметка (Косово је душа Србије)
Преседанот што Русија го направи со агресија и присвојување на Крим од Украина и те како ќе си најде свој присталици на Балканот.
Тоа веќе станува реалност му се допаѓало тоа некому или не .

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поделбата на Македонија реалност или фикција   Поделбата на Македонија реалност или фикција Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Поделбата на Македонија реалност или фикција
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: