ФОРУМОТ Е НАШ
На Македонија и се заканува демографска катастрофа 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
На Македонија и се заканува демографска катастрофа 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 На Македонија и се заканува демографска катастрофа

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

На Македонија и се заканува демографска катастрофа Empty
ПишувањеПредмет: На Македонија и се заканува демографска катастрофа   На Македонија и се заканува демографска катастрофа EmptyНед 17 Ное 2013, 2:16 am

На Македонија и се заканува демографска катастрофа


.Доволно е прошеташ низ Македонијава и ќе видиш дека луѓе има само во Скопје ,Струмица , Куманово,Тетово.Другиот дел ти е речиси празен .И преку ден ретко ќе сретнеш човек .Навечер може хорор филмови да снимаш .

1)
На Македонија ѝ се заканува демографска катастрофа

Половина милион граѓани се иселиле од Македонија

Објавено: 30.07.2012

На Македонија ѝ се заканува демографска катастрофа бидејќи досега од земјава се иселиле 550.000 граѓани, велат од опозициската ВМРО-НП, како реакција на отчетот на премиерот Никола Груевски. - Официјално, според извештајот на Светска банка, Македонија е во друштво со светските рекордери на извоз, на емигранти, во друштво со Палестина, со појасот Газа. Реалноста е 450.000 РАЗОЧАРАНИ иселени граѓани до 2010 година, а според нашите извори до денес се иселиле повеќе од 550.000 граѓани од државата. Ваквиот одлив на население е најточната анкета, и најсилниот доказ за неуспесите на оваа влада. Господо од власта, господо од ДПМНЕ, имате должност и кон народот и кон државата и кон Бога, барем еднаш да и погледнете на вистината в лице и да се спуштите во реалноста. Во држава во која има демократија, економска благосостојба и сугурност, граѓаните инвестираат, творат, градат светла иднина, работат, а во никој случај не ја напуштаат татковината барајќи спас во туѓина - изјави Ване Цветанов од ВМРО-НП. Тој порача дека опозицијата влегува во битка со ВМРО-ДПМНЕ, не само за да дојде на власт туку, како што рече, да ја спаси државата која моментално е на ист ранг со Палестина. В.С.

www.plusinfo.mk/vest/51430/Polovina-milion-gragjani-se-iselile-od-Makedonija

Ејјј абе 5 века (500 години ) Турско вледеење , и Бугарско и Српско па ваков погром , вакво етничко чистење ,ваков геноцид нигде во историјата ниту во народните песни и преданија нее забележан .А ете тоа од 2006 година на Грујо и неговата криминална банда им успеа да го направат .

2)
Пописот не успеа.
.Демек Грујо и ДПМНЕ спречиле Албанците да направат фалсификатна пописот .Пак ќе повторам
Обична манипулација и лага .
Фалсификат во текот на пописот нее можен .
Јас сум учествувал на попис сум водел група од Роми ,Македонци ,Бошњаци ,Албанци оти такво беше местото .
И пописот ти е само ПРИБИРАЊЕ на теренски податоци .Си има методологија како тоа се прави .Ако попишувачи не најдат член од домаќинство дома тогаш беа должни да дојдат уште еднаш попладне или по договор кога човекот ќе биде дома .
Но и да не беше дома да ги сретнеше во комшии или било каде ако имаше докмунети не беше пробелм да се попише.Ако и тоа не беше можно тогаш човекот имаше право да оди директно во општина каде имаше резервна дежурна пописна екипа која без проблем го попишуваше .
Е ако не беше таму во тој период кога се врши пописот тогаш и да има документи се ставаше во посебна забелешка дека не бил присутен во време на пописот .
Тоа дали таквите лица ќе биле внесени како активни жители зависи од метологијата на ОБРАБОТКА на податоци која се врши во Заводот за статистика .
Така што :
Фалсификат е можен само при обработка на податоци во Завод за статистика а не и при самата постапка на прибирање на податоците во времето на теренскиот попис .
А Грујо го прекина пописот при прибирање на податоци од теренот кога нее можно да се направи фалсификат .
Очигледно податоците што ги прибрале попишувачите биле такви да јавноста не смее да ги дознае вистинските размери на демографската катастрофа за која директна вина има самиот тој и ДПМНЕ и нивните погубни политики.

3)
Всушност Грујо и неговата криминално терористичка банда ништо друго и не правеле освен РЕПРИВАТИЗАЦИЈА – преукрадување на веќе претходно приватизираното од СДСМ
И тоа и нивните урлапани си го признаваат .
Вака :

Сабота 12.10.2013
Весник Нова Македонија

..

Големото злосторство на Груевски и неговиот владин тим е токму тоа: успешно, и покрај сите пречки, внатрешни и надворешни притисоци, тивко, по заобиколен пат, практично изврши РЕДИСТРИБУЦИЈА НА КАПИТАЛОТ, а со тоа и на моќта што за се*е си ја дизајнирала врхушката што во претходната фаза изврши приватизација на општествениот имот, ПЉАЧКАТА, низ закони донесени без опозиција, формалноправно ја легализира и во неа требаше да ужива доживотно со УКИНУВАЊЕТО на континуитетот НА ДРЖАВАТА Република Македонија и Македонците.

Автор: Мирка Велиновска


www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1011131858488&id=9&prilog=0&setIzdanie=23000

Всушност веќе денес не може да се каже дека СДСМ ја направил приватизацијата туку ДПМНЕ .
Ако тоа што било приватизирано сега е преукрадено од ДПМНЕ тогаш ОДГОВОРНОСТА за приватизацијата му припаѓана ДПМНЕ .
РЕДИСТРИБУЦИЈА НА КАПИТАЛОТ- РЕПРИВАТИЗАЦИЈА преукрадување на веќе приватизираното само што сега газди на приватизираното се луѓе на ДПМНЕ .
И од 2006 година до денес ништо друго и не прават освен што крадат пљачкаат .
И тоа е веќе очигледно со огромните богатства кој ги поседуваат луѓето од ДПМНЕ а кој се стекнати со реприватизацијата која ја прават после 2006 година откако дојдоа на власт.

4)

А тоа колку им значи Македонија и колку им грижа се гледа од обичните општински глувчиња како се однесувале .

Шилегов: Во општина Центар за 9 месеци седумина потрошиле 9.000 евра на кафиња

Поранешните функционери во општина Центар, сеуммина од нив, за 9 месеци за кафиња и пијалаци потрошиле 9.000 евра, или по 2.000 денари дневно, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Според него, ова произлегува од ревизорскиот извештај за незаконски потрошените преку 58 милиони евра на општина Центар во реализација на проектот „Скопје 2014“.
„Само со губењето на власта во општина Центар се открија многубројни ставки за фантастично неодговорни трошења на народните пари. Токму затоа во изминатиов период ВМРО – ДПМНЕ се обидува во јавноста да наметне теми за дискусија кои се паушални и непродуктивни, вклучително и тоа што е, а што не е тоалет хартија, а се со цел да се одвлече вниманието на јавноста од ваквото трошење и од суровата реалност во Република Македонија“. рече Шилегов.
Следниот чекор кој ние и граѓаните го очекуваме од ВМРО – ДПМНЕ е дека реакцијата на овој прес нема да биде само празна реплика и навреди за раководството на СДСМ, туку дека конечно ќе почнат да даваат одговорен отчет за тоа како навистина се трошат народните пари на нашите граѓани, рече портпаролот на СДСМ на денешната прес-конференција на плоштадот Македонија.

www.mkd.mk/makedonija/partii/shilegov-vo-opshtina-centar-za-9-meseci-sedumina-potroshile-9000-evra-na-kafinja

Епа 7 луѓе – општински глувчиња за 9 месеци мочаат 9000 евра за кафиња што станува збор за Грујо и негова криминална банда .
Е после Грујо сади врби у Вардар една врба 250 000 евра епа ќе сади .
ДПМНЕ –акционерско друштво без никаква одговорност .

5)
Не се иселуваат само работосспособни млади луѓе комплет со фамилии
Се иселуваат и високостручни .

Доктори на науки и магистри си заминуваат од Македонија

18.07.2013,

Од земјава лани се отселиле 6 доктори на науки, 11 магистри и 108 лица со универзитетско образование
Од година во година се зголемува бројот на граѓани што ја напуштаат земјава

Од Македонија лани се отселиле 1.330 граѓани, од кои 69 биле високообразовани научници и стручни лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за миграциските движења во земјава во 2012 година. Од земјава лани се отселиле 6 доктори на науки, 11 магистри и 108 лица со универзитетско образование. Статистиката покажува дека континуирано расте бројот на македонски граѓани што си одат од земјава и ланската бројка на отселени е најголема од 2007 година досега. Според етничката припадност, најголем број иселеници лани имало кај Македонците (987), потоа кај Албанците (228) и кај Турците (69). Од вкупниот број граѓани што лани емигрирале, најмногу, 983 лица, се од Охрид, а на второ место по бројот на иселеници е Дебарца, од каде што лани во странство заминале 106 македонски граѓани. Овие две општини веќе неколку години по ред се први на листата општини рангирани по бројот на граѓани што се отселиле во други држави.
Семејството главна причина за иселување
На анкетата на Државниот завод за статистика за причините за иселување, најголем број од иселениците одговориле дека заминуваат од земјата поради семејни причини (614). Поради вработување во странство лани се иселиле 247 македонски граѓани, а 101 за да склучат брак. Само 32 граѓани лани ја напуштиле земјава поради школување. Податоците на ДЗС покажуваат дека во вкупниот број отселени граѓани доминираат лицата со средно образование (556 отселени граѓани), а на второ место по школската подготовка се иселениците со завршено основно образование (376 отселени граѓани). Австралија лани, како и преклани, била најпосакувана дестинација за иселување и во оваа земја се отселиле 295 македонски граѓани. Германија е на второто место со 208 иселени македонски граѓани во 2012 година, а САД се трета дестинација по бројот на македонски иселеници и во текот на минатата година таму се отселиле 202 македонски граѓани.
Повеќе доселеници отколку иселеници
Интересно е што покрај повеќегодишниот пораст на иселениците, во земјава има и континуиран пораст на доселеници, а податоците за миграциските движења покажуваат и дека од 2007 до 2012 година бројот на доселеници е поголем отколку бројот на лица што заминуваат во странство. Така, лани во Македонија се доселиле 3.787 лица. Најголем дел од доселените странци се од Турција, Албанија, Србија и од Косово. Во текот на минатата година во земјава имало и 64 лица од Африка. Интересно е што статистичарите лани регистрирале и дека во земјава се доселиле и 23 лица од Индија, од кои 11 со привремен и 12 со продолжен престој.
Причина за преселување
вработување 247
брак 101
семејни причини 614
школување 32
без одговор 336
Каде лани се иселувале граѓаните
Австралија 295
Германија 208
Америка 202
Отселени граѓани на Република Македонија
година 2007 2008 2009 2010 2011 2012
иселеници 224 740 769 923 1.143 1.330
Отселени граѓани според етничка припадност во 2012
Македонци 987
Албанци 228
Турци 69
http://zase.mk/doktori-na-nauki-i-magistri-si-zaminuvaat-od-makedonija/
.

Македонија за скоро време ќе нема градежни работници , инженери , машнски електро инженери .
И да сака некој да отвори фирма нема да може да најде соодветни профили на стручно оспособени работници .
А најмногу се школуваат од општествени науки .
Секој сака канцеларија и чиста убава канцелариска работа .
Техничките струки се неисплатливи .Више дара него масти .
Повеќе пари се заработуваат во канцеларија отколку во фабрика во градеѓништво или било што проиводствено .Таму луѓето –вработените се како ..”од бога казнети “ .
Затоа секој сака државно или нешто што нее поврзано со одговорност .

6)
И само се лигават :
Ти бараш работа или пари-плата
Работата е биди ми роб-части ме напрај ме газда да ти к*рчам после тоа колку сум успешен .

Македонија со најниски плати во регионот
Самото тоа што на храна се троши повеќе од половина од домашниот буџет зборува сè за животниот стандард, велат граѓаните.
29.10.2013
Платата никогаш не беше доволна, но сега трае сè помалку се жалат македонските граѓани. Тие велат дека храната е скапа, а платите ниски. Ги плаќам сметките и остатокот за храна. Позајмуваме, па враќаме. И така од први до први, вели една скопјанка.


„Имам студенти, имам плата што е просечна, можеби и потпросечна во Македонија и штедам баш на сè. Режиите, струјата, превозот, мислам дека сите производи во малопродажба се покачени“, вели една граѓанка.


И статистиките покажуваат дека стандардот ни е многу лош. Според едно истражување, македонските работници имаат најниски плати во регионот. Проблемот е што поголем дел од вработените не примаат просечна плата. Самото тоа што на храна се троши повеќе од половина од домашниот буџет зборува сè, велат граѓаните.
Синот не работи, сопругот еве го дома, јас сум технолошки вишок под завод, 8 илјади денари земаме од завод и што попрво со тие пари.
Анкетирана граѓанка.

„Храната што е основна за живот, само таа останува и таа се качува. Тие работи што не може да се скратат, тие се качуваат, затоа што знаат дека тоа се троши“, вели анкетиран грѓаанин.

Реално, ситуацијата е уште подраматична. Во Македонија многу луѓе не може ни да зборуваат за стандард поради проблемот со невработеноста со кој се соочуваат многу семејства.

„Никаков е стандардот, што да кажам. Со 8 илјади тројца дома, дали струја, дали вода, дали телефони да плаќаме, за јадење не останува ништо. Синот не работи, сопругот еве го дома, јас сум технолошки вишок под завод, 8 илјади денари земаме од завод и што попрво со тие пари. Ќе исклучиме термо, седиме кога е потопло на ладно, за јадење што има – тоа“, вели една скопјанка.

Меѓутоа, најлошо од сè е што нема пооптимистични прогнози на повидок. Според професор Мирач Хани, за да има зголемување на платите, неопходно е да има реален пораст на БДП.

„БДП-то треба да е во пораст. Во спротивно, ако државата ги зголемува платите, ќе имаме негативни последици кои сигурно ќе предизвикаат инфлација. Нам ни треба само економијата или стопанството да е во пораст и тука да вложиме сили и напори, само тука ни е спасот“, вели Хани.

Во меѓувреме, во ситуација кога цените се сè поблиски до европските, а платите под просекот и прометот во продавниците е помал од претходните години. Во потрошувачката кошничка секојдневно се наоѓа само тоа што е неопходно.

www.makdenes.org/content/article/25151434.html



Еј пола милијон иселени а нели порано викаа дека има превтработеност та затоа неможел стандардот да порасне .Е сега нема правработност и камо покачен стандард ?
И нема да се иселуваат луѓето комлет цели фамилии .
А Грујовци само се лигат .....балаш лабота или плата А плата 100 евра .
Не се саглам бе овие од ДПМНЕ .Толку многу се изнакрадоа што скроз забегаа .
Не ги тангира нит Македониај нит народ ништо Само реклами снимаат

7)
И покрај се нема крај на улавштиите на ДПМНЕ
Пак истата песна .

Датум: 05.11.2013,
ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО локалната власт

СМK сака да гради крст од 33 метри во Аеродром

Светскиот македонски конгрес сака да гради православен крст висок 33 метри на територијата на Општина Аеродром, во близина на средното хемиско училиште, на раскрсницата меѓу булеварите Трета македонска бригада и Србија. СМK ги доставил иницијативата и идејниот проект до Општина Аеродром, од каде што потврдија дека добиле такво барање.

- Тоа ќе биде ставено на првата наредна седница на Советот на Општината, кој ќе се изјасни дали ќе го прифати предлогот - одговорија во Општина Аеродром.

Првата наредна седница на Советот на Аеродром е закажана за в петок.

Од СМK објаснуваат дека иницијативата е во рамките на одбележувањата на 2.000-годишнината од христијанството, а речиси 99 проценти од вкупното население во Аеродром се христијани.

- Имајќи предвид дека булеварот Србија ги поврзува општините Газа Баба, Аеродром и Kисела Вода, локацијата на македонскиот православен крст овозможува тој да се гледа во сите три општини. Очекуваме разбирање од градоначалникот Ивица Kоневски, но и од советниците, предлог-одлуката за подигање на овој верски објект да биде усвоена и набргу да ни биде издадена дозволата за градење - стои во соопштението потпишано од претседателот на СМK, Тодор Петров.

Во него се вели и дека за реализирање на иницијативата имаат донатори од земјава и од странство. Kрстот ќе биде подигнат во рок од 60 дена од добивањето на дозволата за градење и потоа ќе ~ биде предаден во надлежност на Општина Аеродром.

- Kрстот ќе биде монтажен и висок 33 метри, колку што живеел Исус Христос до своето воскресение. Неговата конструкција ќе биде налик на Милениумскиот крст на Водно - изјави Тодор Петров.

Од СМK сметаат дека не е грев Македонците-христијани да го препознаваат својот простор со симболите во кои веруваат.

- Впрочем, заштитничка на Градот Скопје е Големата Богородица, мајката на Исус Христос. Kрстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација. И за донатор-муслиман, Светскиот македонски конгрес би процесуирал донација за изградба на џамија, во кој проповедта би била на јазиците на верниците-муслимани Македонци, Бошњаци, Роми, Египќани и Турци. Исламот не е албанска вера и не треба да се проповеда само на албански јазик во Македонија - објаснуваат во СМK и очекуваат оваа иницијатива да добие ШИРОКА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ

Анела Петрова

www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7FDEADBB578F5747B72A020869DD16D8

Еден нема нормален .
Тоа народ не остана овие блесавиве крстови ќе граделе .
Освен хиперпродукција на глупости и улавштии од ДПМНЕ од 2006 година ништо друго друго не се виде .
Уствари се гледа ....Македонијава ако уште малку овие блесавиве останат ...ќе остане без ниден Македонец .

Вратете се на почетокот Go down
 
На Македонија и се заканува демографска катастрофа
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС-
Отиди до: