ФОРУМОТ Е НАШ
Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ?

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ? Empty
ПишувањеПредмет: Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ?   Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ? EmptyСре 30 Окт 2013, 4:36 am

Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ?

Кое глупо прашање како може воопшто некој да се дрзне да постави вакво прашање ? Зарем и тоа се прашува па се подразбира дека верувале .

Е да тоа би го рекол секој свештеник , поп ,верник .

Арно ама Новиот Завет написмено се произнел ....дека не верувале .
А кога е написмено ...не преостанува ништо друго освен тоа да го објасниме и образложиме . Е тука мал прблем е што религиите ги учат верниците да не си веруваат на очите па ти можеш написмено им напишеш “јади го*на “ а тие ќе ти речат дека веруваат дека си им напишал “јади чоколадо “ .Па така за да им докажеш дека тоа што е напишано стварно така и се мисли ќе мора да им ги набуташ у муцка ...оти друг начин непостои .

А всушност тоа што Новиот Завет написмено го гарантира дека верниците не се подобни за вечен живот .Било Православ Католик Протестант па и Ислам до некаде .И тука не се мисли на некакви декаларативни или лажни верници туку гаранцијата е токму за сите тие што навистина се верници и се трудат да бидат верници .Како главна причина зошто не се подобни за вечен живот Новиот Завет го наведува не нешто друго туку токму тоа дека се верници .Нее битно дали се декларативни или вистински верници дали веруваат во Библија Куран , Бог или Алах итн туку како како главна причина за нивна неподобност за вечен живот нее ништо друго туку самото верување .Со самото тоа што се верници тие се неподобни за вечен живот во рајот .Таа е написмено дадената гаранција .

1)

Но зошто ?
Па тогаш што правеле Исус апостолите и христијаните (до 300-тата година).

Ова :
Дефиниција :
Исус апостолите и Христијаните (до 300-тата година ) го практикувале Бог .

Како е тоа можно?

Вака :
Римјаните 1:
Ред 28 : И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога ВО РАЗУМОТ свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не припега,

Новиот Завет не го поставува прашањето дали веруваш туку дали го ИМАШ Бог .

И тоа написмено многу пати е напишано нема што да толкува .
Еве :
1 Jован 2:23 А секој што Го одрекува Синот, Го НЕМА ни Таткото; кој Го признава Синот, Го ИМА и Таткото.
Како е можно да се има Бог и зошто баш во разумот ?

Вака :
1 Јован 4:16 И ние ја запознавме и ПОВЕРУВАВМЕ во љубовта која Бог ја има спрема нас. Бог Е љубов, и оној кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог ОСТАНУВА ВО НЕГО.

2 Јован 1:9 Секој оној кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го НЕМА Бога. Оној кој останува во учењето, тој ги ИМА и Таткото и Синот.

ИМАМ = ПОСЕДУВАМ

А кој се особините на љубовта (Бог )
Овие:
1 Коринќани 13 :
4 Љубовта долгоТРПИ, љубовта е ЉУБЕЗНА, не љубомори, љубовта не се фали, не се вообразува;
5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло;
6 не и се радува на неправдата, туку се радува со вистината;
7 премолчува сè, на сè верува, на сè се надева, сè поднесува.
8 Љубовта никогаш не престанува,

Значи : ..трпеливост , љубезност , нељубомора , нефалбаџиство,невообразеност итн тоа не се работи во кој се верува .Туку тоа се работи кој практично се реализираат ..практикуваат .
Затоа во Бог не се верува туку Бог (љубовта) се практикува .
Ако ги практикуваш го ИМАШ Бог ако не ги практикуваш го немаш Бог .

Зошто во разумот ?
Епа умот само дава можни решенија а разумот е тој кој одлучува кое решение ќе биде спроведено парктично .Со умот можеш да си правиш гимнастика сешто да си замислуваш но ако дојде време за конкретно практично дејствување тогаш разумот одлучува .Разумот е директно поврзан со реалноста и тој предвидува какви последици може да предизвика некое конкретно практично дејствување . Дури и човечките закони кога предвидуваат казнени одредби всушност казните се однесуваат на неразумното човечко практично дејствување .Нели ..џабе ум без разум.

Не џабе Павле Бог-љубовта цело време ја сместува токму во разумот оти од 1 Коринќани 13 како што се гледа сите карактерни особини се однесуваат директно на практичната реализација а таа е директно поврзана со разумот.

Или го ИМАШ или го НЕМАШ Бог во рзумот .А штом го имаш во разумот тогаш ти и практично го реализираш ....го практикуваш Бог .

А и самата реченица :
Римјаните 1:
Ред 28 : И бидејќи не се обидоА да Го задржаТ ...Бога ВО РАЗУМОТ свој,

Јасно кажува дека им се обраќа во множина на повеќе луѓе .

А кога во едно општество луѓе практикуваат исти закони значи имаат иста разумност ние поимаме дека сите тие имаат ЕДЕН ИСТ ОПШТЕСТВЕН ЧОВЕК .
Оние кој ги кршат законите значи немаат иста разумност со другите немаат ист општествен човек (не ги обединува) тие се подложни на санкции –казнени одребди според законите .

Нема никаков сомнеж дека Бог (љубовта ) Е (=) Општествен човек .
Бесмртен Општествен (колективен заеднички) Човек кој ги прави бесмртни (ангели) личности сите оние кој го практикуваат .

А тоа дека главната поента на човечковото постоење на планетата Земја е луѓето оние кој доброволно сакаат да формираат бесмртна личност –ангел која после биолошката смрт би менувала различни биолошки тела кажал и самиот Исус :

Лука 20:36 Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите, и Божји синови се, зашто се синови на воскресението.

Но и откровението го кажува истото :

Откровение 2:11 Кој има уво, нека чуе што им говори Духот на црквите: на Оној кој победува, втората смрт нема да му наштети."

Откровение 21:8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на гатачите, на идолопоклониците и на сите лажливци, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

Православ Католик Протестант Ислам сметаат дека Бог треба да се одоброволува исто како што правеле паганските народи со разни к*рбани , раздавања , дарови молитви , песнички ,пости итн иако Новиот Завет сето тоа го негира

Нов Завет гарантира дека ако го ИМАШ Бог тогаш и после биолошката смрт твоја бесмртна личност –ангел –мелек самиот Бог ќе ти овозможува бесконечно менување на бесконечен број на различни биолошки тела .Престанокот на функциите на биолошките тела ( што сега се нарекува конечен крај –смрт ) нема да бидат нит трагични нит битни оти ќе се добиваат други различни биолошки тела .
Патувањето низ вселената би се одвивало со огромни брзини ако се има предвид дека на друг крај на вселената те чека друго биолошко тело со кое треба да управуваш .


Тврдењата на Православ Католик Протестант дека Нов Завет проповеда три Бога се тешка глупост .

А) Духот нее личност

ДУХ = СТРЕМЕЖ – ТЕЖНЕНИЕ -ИДЕАЛ

1 Коринќани 14:1 СТРЕМЕТЕ се кон љубовта! Копнејте за духовни дарови, а особено да можете да пророкувате!

1 Петар 3:11 нека е скраја од злото и нека прави добро, нека бара мир и нека се СТРЕМИ кон него;

Јован 4:24 Бог е Дух

Со тоа што :
1 Коринќани 14:1 СТРЕМЕТЕ се кон љубовта!

1 Јован 4:16 ... Бог е љубов, ...

Оттука јано е кажанато дека стремежот –духот кон љубовта (Бог) е самото поседување ИМАЊЕ на Бог во разумот

Б) Син е Личност но на Општетствен човек – Бог во смисла на ЗАСЛУЖНА личност

Нели :...’ Гоце Делчев најголемиот СИН на Македонскиот народ “

Па така нема еден Син Божји туку секој што има голема заслуга – ЛИЧЕН ПРИДОНЕС добива звање Син Божји

Матеј 5:9 Блажени се МИРОТВОРЦИТЕ, бидејќи ќе бидат НАРЕЧЕНИ Божји синови!

Блажени = исполнителни –реализатори -практиканти

Матеј 5:45 за да бидете синови на вашиот Татко Кој е на не*есата,

Римјаните 8:14 А сите оние кои ги води Божјиот Дух, се Божји синови.

Римјаните 8:19 Зашто созданието со нестрплив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови.

Римјаните 9:26 Така ќе се случи таму каде што им беше речено: "'Bие не сте Мој народ', таму ќе бидат НАРЕЧЕНИ синови на живиот Бог."

А дека нема три бога кажал и Исус :

Марко 12:32 А законикот Му рече: "Точно, Учителе! Ја кажа вистината дека Бог е еден, и нема друг освен Него,

И апостолите и христијаните ( до 300-тата година) не верувале во три бога

Јаков 2:19 Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш! И демоните веруваат и треперат.

Како што може да се прочита тоа што НАПИСМЕНО е напишано во Новиот Завет нема сомнеж дека Исус апостолите и Христијаните (до 300-тата година )не верувале во Бог во смисла да го одоброволуваат како што тоа го прават Ислам Православ Католик Протестант а истото го правеле и паганските народи туку ..........туку Бог го ИМАЛЕ –ПОСЕДУВАЛЕ во разумот а со тоа и практично го применувале ...практикувале .

Дефиниција :
Исус аполстолите и и Христијаните (до 300-тата година ) го имале и го практикувале Бог
Еден ист Бог –општествен колективен заеднички човек (општествена личност) која ги обединувала сите кој сакале да оформат бесмртна личност- ангел –мелек.

Па така :
Марко 12:33 и да Го љубиш Него со сето срце, со сиот разум и со сета сила, и да го љубиш ближниот како се*еси - тоа е МНОГУ ПОВЕЌЕ од сите ЖРТВИ паленици и приноси.

Матеј 22:37 А Тој му рече: 'Љуби Го Господ твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сиот свој разум!'

Единствен начин да го љубиш Бог(љубовта) е да го ИМАШ и да го ПРАКТИКУВАШ.

Вратете се на почетокот Go down
 
Дали Исус апостоли и Христијани навистина верувале во Бог ?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: