Темата е едноставна. Опишувате некоја сцена од некој филм, било да се работи за почетна, некаде во средина или крајна сцена, а другите треба да погодат за кој филм се работи. Ако неможе да се погоди филмот, може да се побара помош за тоа кои глумци глумат, која година е снимен филмот, кој е режисерот, дали има номинации и награди и т.н.
Па да почнам.
Доаѓаат нацистите во Литванија во 1941 година, убиваат едно семејство, а преживува само едно 18 годишно момче.
За кој филм се работи?