ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Досие: КУМАНОВО

Go down 
АвторПорака
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 2:27 pm

Географија
Градот Куманово се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Сместен е во источното подножје на Скопска Црна Гора, во источниот дел на Кумановското Поле на надморска височина од 330 метри. Поставен на главната сообраќајна артерија по Вардарско-моравската долина, Куманово има мошне добра сообраќајно-географска положба. Како сообраќаен јазол, освен трасираниот железничкиот сообраќај, низ него минуваат патишта кои на исток водат за Крива Паланка и Кратово, на југоисток за Свети Николе, на север за долината на Јужна Морава и на југозапад за Скопје.

Хидрографија
Хидрографската мрежа во Кумановско ја сочинуваат средните и долните текови на Пчиња, Кумановска и Крива Река и некои помали водотеци кои целосно му припаѓаат на сливот на реката Пчиња. Пчиња е најголема и најважна река во Кумановско и е втора по должина лева притока на Вардар. Извира под врвот Бела Вода на планината Дукат (Србија), на надморска височина од 1.660 метри. На неколку места во Кумановско се регистрирани појави на минерални води. Најпознати се изворите кај с. Проевце, а има извори во реонот на Липково, како и во други делови на Општината. При вршењето на истражни работи со дупчење, пронајдени се термоминерални води во околината на Стрновац . Најпознати и најискористени се изворите во Проевце, или како што уште се нарекува Кумановска Бања . Поради разните состојки, водите од ови извори се означуваат како алкална-земјоалкална хипотерма, температура на водата изнесува од 28 до 31 степени, со што спаѓаат во групата на хипотермални води. Тука вредни за споменување се и двете вештачки езера што се наоѓаат во близина Куманово а тоа се Липковското езеро и езерото Глажња.

Населби во Куманово
Гоце Делчев, Банево Трло, Зелен Рид, Бедиње, Карпош, Ајдучка Чешма, Пуковско, Бабин дол.

Месни заедници во Општина Куманово

Градски месни заедници
Центар, Панче Пешев, 11 Октомври, 11 Ноември, Х.Т.Карпош, Благој Стефковски Гојчо, Тоде Мендол, Перо Чичо, III МУБ. Гоце Делчев, Бајрам Шабани, Средорек, Зелен Рид.

Приградски месни заедници
Проевце, Иго Тричковиќ, Козјак-Нас.Карпош, Долно Којнаре, Јане Сандански (Бабин Дол), Бедиње, Железничка, Станица, Черкези, Ајдучка Чешма.

Селски месни заедници
Доброшане, Речица, Горно Којнаре, Режановце, Лопате, Пчиња, Комуна, С.Студена Бара, Вак’в, Карпош-С.Винце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Брзак, Агино Село, Романовце, Биљановце, Шупљи Камен, Тромеѓа, Табановце, Карабичане, Перо Стојмановиќ С.Сушево, Сопот, Четирце, Вера Которка, Братство Единство С.Д’лга.


Во фаза на подготвување на текст за Порталот е НАШ, решив да ве освежам со оваа тема.
Горниов текст е превземен Од Википедија, слободна енциклопедија и ке ми послужи како пред-вовед во мојот вовед, пожелно е да се научи наизуст, оти ке испрашувам на дружбата што предстои.
Првите податоци од 1519 се населба со 52 семејства и 300 жители,
подоцна патеписецот Евлија Челебија напишал градот има многу реки и околу 600 куќи.До каде е стигнат мојот роден град ке видите тука, на оваа тема.Слики од градот, интересни случувања, анегдоти и се останато во врска со Куманово ке биде презентирано тука.Се надевам на несебична подршка од колегите форумџии, мои сограѓани.

ПС.Још к`д виде дека дека има досие за Скопје кажа си е мора да има и досие и за Куманово, такој е од увек било и такој ке биде, само како да си уведемо факултет ( е тој још не ми е јасно )



Еве за почеток слика од БЕЉАКОВСКИ ВОЗ



Знамето на општината



Културната манифестација со која се гордеам, се одржува во мојот град

..............................................................................................................................................
„Име си е име“


Последната промена е направена од GokaGrozni на Чет 26 Фед 2009, 2:48 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 2:39 pm

Супер претставување на најголемата општина во Македонија Аплауз то поштуем (Скопје е нели поделено на повеќе општини)
Едно прашање само ако моИт.
Рајкова Куќа, што е? Населба... МЗ... Населено место... или само куќа на Рајко-та . :D geek
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 2:44 pm

Населба во Куманово=КАРПОШ

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 3:50 pm

Браво за темава!
Јас сакам да знам само какво е тоа место „три бандере“ (или беа четири?) што сите го зборат? :D
А да, и што симболизира жената со испружени раце на знамето на градот?

Би ве замолил овдека да си пишувате на кумановски дијалект, затоа што ви е закон! то поштуем
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 5:14 pm

GokaGrozni напиша:



Знамето на општината
Одлични информации за Куманово то поштуем

Ме интересира што претставуваат симболите на знамето?
Бидејќи во најчест случај знамињата и грбовите на градовите во Македонија се бираат по некои локални обележја, знаменитости и слично.
На знамето се гледа една жена која во рацете држи нешто, зелениот лист (претпоставувам дека е лист од тутун) и градба во позадина со два обележани крста...Ако може повеќе информации за симболите на знамето?
Поздрав.

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 10:53 pm

Тој објектот во позадина е занатчиски дом, стара архитектура која гордо го краси плоштадот.
Бројкиве горе се најверојатно годината од кога е првиот пишан податок за Куманово, види воведниот пост.
Девојката во раце држи клас жито, тоа е споменикот кострурница, едно од местата каде Куманово го гледаш одозгора како на дланка.
Долу е лист од тутун сорта отља, афтохтона сорта на тутун со потекло од кумановското село Отља, денес права реткост.
Кругот најверојатно го симболизира сонцето.

Еве и поткрепено со слики.


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 26 Фед 2009, 11:29 pm

Бе Перо напиша:
Јас сакам да знам само какво е тоа место „три бандере“ (или беа четири?) што сите го зборат?
Во план сум да направам на Порталот е НАШ, серија Куманово некогаш и сега кроз слики.Значи стари слики и слики сликани денес од иста место положба, таму најдобро ке се запознаете со бандерите и тумбата.

У град некад е имала една тумбарка, онакој купче земјичка која била некакво си земјено узвишење и по тој
наш град се вика онакој на шалу куде тумбу и четири бандере.А оној с`с три бандрере, тој ти е брат кумановска заебанција, демек некад биле 4 па прошја некој вол ( како тебе ) и едну гу бутнаја па с`га су само 3.Уствари тој су биле 4 бандере на кои е бија поставен ед`н трансворматор и на све тој ( замислете ) ми и споменик подигнасмо.Бог да чува и брани.Тумба и бандере су си независни ед`н од друг, затој и најверојатно на тумбу не подигнамо споменик.


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пет 27 Фед 2009, 10:19 pm

Бајага на 6-ти март во Куманово! cheers Тоо
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пон 02 Мар 2009, 6:11 pm

Куманово преко ноќ



Цркве у Куманово



Разно



..............................................................................................................................................
„Име си е име“


Последната промена е направена од GokaGrozni на Пон 02 Мар 2009, 6:39 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пон 02 Мар 2009, 6:34 pm

Имаше соколани и соколски друштва ширум цела тогашна Југославија, ама сите имаа страв да влезат во овој објект, едноставно Кумановската соколана беше страв и трепет во сите спортови посебно во гимнастика .


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пон 02 Мар 2009, 8:02 pm

Гока, браво за темава и многу ми е драго ако биде поттик и другите форумџии да направат досие за својот град! Аплауз Аплауз Аплауз

Јас би сакала уште од сега да си резервирам место за Летниот џез-фестивал во Куманово, зашто е тоа манифестацијата што најмногу ја ,поштуем’ од вашиот град то поштуем


Во пресрет на нашата 7-мартовска средба, еве едно убаво место кај што ќе си поразговараме за Куманово, а тука може да се стави и некоја слика од нашата дружба Тоо
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Вто 03 Мар 2009, 6:17 pm

eftimoskatb напиша:
Јас би сакала уште од сега да си резервирам место за Летниот џез-фестивал во Куманово, зашто е тоа манифестацијата што најмногу ја ,поштуем’ од вашиот град
Средено Тоо
Инаку имавме Тумба-Фест, фестивал на новокомпонирани фолк песни со хумористична содржина Музукаа а сега имаме фестивал на тамбури ( Мегународен фестивал на тамбурашки оркестри ) рока мандолина .
"Денови на комедија" театарски фестивал и Фестивалот за модерен балет "Мак Денс " се моменто кои барем малку ја разбиваат културната монотонија во овој град.За мене најбитно е токму онаа кое го спомна, еве нешто од мојата архива што го ставив на скенер и соодветно ке го презентирам на форумџиската џез-јавност во република Македонија.





Пишувајки го оваа ми текна зе една случка, ама таа ке ја објаснам во земја Индија .

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Сре 04 Мар 2009, 3:07 pm

Куманово станува урбано подрачје со административен центар, Нахијат, во доцниот XVI или во почетокот на XVII век. По Карпошовото востание во 1689, Куманово влегува во период на стагнација и до крајот на XVIII век претставува турска касаба (мал град).
Кон крајот на XIX век, градот доживува економски подем (земјоделство, занаетчиство и трговија), но нема некој позначаен индустриски развој до крајот на Втората светска војна. По 1945 година, Куманово доживува брз економски, административен и културен развој. Денес, тој е модерен град со повеќе од 105.484 жители.
Како резултат на богатата историја и на опкружувањето, на територијата на градот и во околината се наоѓаат голем број историски и културни знаменитости, кои датираат од предисториско време до денес.
Најстари локалитети се: Костоперска, Градиште кај селото Пелинце, неолитскиот локалитет кај селото Долно Нагоричане. Црквата Св.Ѓорѓи (Старо Нагоричане) изградена во 1071, реконструирана во 1318 и црквата Св. Богородица (село Матејче) од 1350 се најпознати културни и религиозни објекти од оваа епоха.
Од XVII век се останати следниве обележја во Куманово: црквата Св. Петка во селото Старо Нагоричане, Џамијата Екси, црквата Св.Никола, како и манастирот во селото Градиште

Текстот е стар, тука го нема спомнато Кокино

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 05 Мар 2009, 4:25 pm

Не би било фер кон оваа досие да не се спомне и навивачката група која веќе 19 години ги бодри спортистите од нашиот град.
Лично присуствував на финалето на првиот куп на Македонија ( 1992/93 ) кога Шевро го освои првиот трофеј, таква атмосвера и таква енергија ретко кој ја има направено.
КУМАНИ беа неизбежен декор на западната трибина, во последно време со стагнирањето на екипниот спорт во Куманово се слабо активни, да се надеваме дека наскоро повторно ке бидат активни и ке имаат кого да бодрат.



..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 05 Мар 2009, 11:32 pm

Кога студирав на Факултетот за ликовна уметност-Скопје,декан беше вашиот сограѓанин Зоран Јакимовски-графичар
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пет 06 Мар 2009, 1:58 am

Минатата година бев повикана на меѓународната ликовна колонија `МАКЕДОНСКА ИКОНА`во кумановско,ама за жал не можев да учествувам.МАКЕДОНСКА ИКОНА`
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пет 06 Мар 2009, 12:31 pm

Значи да се пишуе нешто у врску с`с Куманово а да не се спомне мезал`к и суџук тој не га бивало нити ке га бидне.Мезал`к још увек може да се најде, само добру познавачи ке га оценив кој е добар а кој е скарамучен набрзинку.Тешко и мрсно едење кој свак стомак не га поднаса б`ш добро, пред њега идев 2-3 ракиичке а по њега винце, и он само си клизи.Свак мераклија што доваѓа на гости унапред се најавуе за да домаќин си обезбеди едну таву, иначе ке еде за ручак чорбу с`с грашак.За добро прочуен кумановски суџук работа е никаква, веќ дл`го време га нема оној суџуче што на времето га имаше.Еејјј, порано к`д се пржеше суџук цела мала знае што доручкуеш.Имаше едно како маша, па на њега га ставиш парче и оп у шпорет на жар, па-па-па прсти да изедеш, па још и малце наљутнуе да се утепаш едејке.С`га све е сведено на едну џиновску кобасицу коју добру кумановски гурмани не гу рецкав ни под разно.Абе нека га направив кило и 400,00 денара, кој прави проблем за паре, ама нека га направив како што га правесва пред 25-30 године.Иначе суџук иде с`с све, можеш да си га мезиш и с`с ракију т`га га сечеш на кругчира а можеш да си га мезиш и с`с пивце или винце пржен или печен свеедно.На времето мезал`к се продаваја и по чаршију на тумбу, носи си човек таву и кој сака оп на хартију и си куснеш, такој викав постари.
Значи едења по кои е познат наш град су ви Кумановски мезал`к и Кумановски суџук

Да не забраву да га спомну Симерони, прашајте било кога гурмана од републику Македонију кој има изнад 50 године за туј кафану, свак ке ви каже дека е бија тамо.

..............................................................................................................................................
„Име си е име“


Последната промена е направена од GokaGrozni на Пет 06 Мар 2009, 12:41 pm. Мислењето е променето 2 пати. (Reason for editing : додава га кафанче Симерони)
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
MARKO
Тупаџија
Тупаџија


Број на мислења : 14
Регистриран на : 2008-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пет 31 Jул 2009, 6:07 am

GokaGrozni напиша:
Не би било фер кон оваа досие да не се спомне и навивачката група која веќе 19 години ги бодри спортистите од нашиот град.
Лично присуствував на финалето на првиот куп на Македонија ( 1992/93 ) кога Шевро го освои првиот трофеј, таква атмосвера и таква енергија ретко кој ја има направено.
КУМАНИ беа неизбежен декор на западната трибина, во последно време со стагнирањето на екипниот спорт во Куманово се слабо активни, да се надеваме дека наскоро повторно ке бидат активни и ке имаат кого да бодрат.


Slucajno i jas prisustvuvav na finaleto u Prilep.
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Сре 11 Ное 2009, 3:59 pm



Значи, повторно да го цитирам нашиот градоначалник ..

Цитат :
Годинава го славиме јубилеот, 10 години до пола милениум од постоењето на Куманово.


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Чет 12 Ное 2009, 3:26 pm

GokaGrozni напиша:


Значи, повторно да го цитирам нашиот градоначалник ..

Цитат :
Годинава го славиме јубилеот, 10 години до пола милениум од постоењето на Куманово.
Честит јубилеј!
Нека се множат до многу милениуми!

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Досие: КУМАНОВО   Пон 28 Јун 2010, 1:36 pm