ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Моливот пишува со срце

Go down 
АвторПорака
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:15 pm

Имаше една славна книга на српски јазик „Оловка пише срцем“, каде што беа запишани најубавите ДЕТСКИ ОДГОВОРИ на различни прашања.
Бидејќи многумина од нас во најтесното семејство имаат деца од (пред)училишна возраст кои се најголемите филозофи и имаат неверојатни прашања или одговори за различни нешта, ја отворам оваа тема за тука да ги запишуваме нивните бисери.

Да објаснам и зошто оваа тема ја ставам во подфорумот „Култура“ - затоа што ја доживувам како продолжение на темата „Најубави мисли“. Еден автор неодамна запиша: „Целата човечка филозофија е обид да се одговори на едно детско прашање.“

Почнувам прва:
„Утре е кога не си бил, а вчера е кога си бил.“
(автор е внук ми, на кого се’ до скоро не му беше баш најјасно што е утре, а што вчера :lol: :lol: )
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:27 pm

Убава тема и ќе биде полна со бисерчиња.Во Лондон кога учев живеев со една шкотска фамилија, имаа ќерка со име Portia (Порша) и од неа имам доста бисерчиња врежани во меморијата.Еве едно-Кога се шетавме во парк прв пат го забележа сонцето а дома кога се вративме мајка и ја праша "Ај покажи го сонцето", Portia -"НЕ МОЖАМ ВО ПАРКОТ Е!" bounce


Последната промена е направена од Билјана на Саб 10 Јан 2009, 5:28 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:28 pm

Прекрасна тема која ке не орасположи сите,еве и од мојата фамилија бисери.

Чајно месо, чајна кобасица
Наши букви, Кирилица
Енглески букви, латиница
Буквата со нозе, Д

и за крај, Тато Куманово, Македонија ли е ?


:D :D bounce bounce bounce

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:31 pm

Моите помали братучеди кога беа деца стално ме прашуваа што ми е најтешко во школо и им одговарав-Латинскиот Јазик. Тие- Мамо, мамо на Билјана најтешко и било латиница geek
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:34 pm

Еве го и новиот ненапишан бисер

Тато оваа е боЉа

тра-ла-ла

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:35 pm

Порша, 2 дел-If I fall of the table , I m gonna break my heart :lol: bounce
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:43 pm

Лелееее, сите бисери ме воодушевија!!! cheers cheers

Баш ми е драго што ви се допаѓа темата ❤
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:48 pm

А да знаеш па како зборуваше англиско - македонски :lol: :lol: .Беше на таа возраст што само што започнуваше да зборува. Пимер- I want ананас!!! хи-хи
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 5:57 pm

Билјана напиша:
А да знаеш па како зборуваше англиско - македонски :lol: :lol: .Беше на таа возраст што само што започнуваше да зборува. Пимер- I want ананас!!! хи-хи

Види-види, ти до таму го ширеше македонството, м? Браво! cheers

Имам една другарка и колешка од факултет, која се омажи во Лондон и сега се гледаме еднаш годишно, во лето, кога доаѓа овде.
Не можам да престанам да го раскажувам ова во врска со неа: Ја научи ќерка и’ (5-годишна, родена таму) да зборува беспрекорно македонски и не само неа, туку и мажот и’ Џереми, чист Британец, кој зборува македонски сосема пристојно!

Кога ги видов првпат и кога им се обратив на англиски зашто мислев дека не разбираат, тие ми вратија на одличен македонски и јас ќе паднев во несвест. Солзи ми дојдоа на очи lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 6:02 pm

Да, да, јас си го цепев дома македонскиот а и начекував родителите кога не и се тука македонски да и одговарам . И на секој нов чуден збор тие реагираа- Билјана твое масло е ова ;) geek
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 9:35 pm

eftimoskatb напиша:
Имаше една славна книга на српски јазик
Ова книжуле го имам некаде по дома и знам дека имаше прилично интересни одговори од децата. Само сум ја подзаборавил.

Такви бисери имам многу, и од мене и од брат ми. :lol:
За почеток, да ви раскажам една случка:

Како малечок, моите за сенешто ми викале „Добро, браво“ кога ќе дојдам кај нив да им се пофалам за нешто. Е сега... Се возиме во лифт: јас (тригодишен), мајка ми и еден комшија. И комшијава да ме „анимира“ малку, земал да раскажува: „Еее и јас имам две мали дечиња, убави и послушни како тебе....“ И човеков збори ли збори, а јас на крајот само сум му рекол:
„Добро, браво!“ lol! lol! lol!
Човекот кога се симнал од лифтот и’ рекол на мајка ми: „Иииијј, ама ме зезна малиов еј“ lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 10 Јан 2009, 9:37 pm

Dobro,bravooo!!!! lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Сре 14 Јан 2009, 1:32 pm

Внука ми : Мажот на овцата се вика овен а детето ОВЦЕ :lol:
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Нед 22 Фед 2009, 4:48 pm

-Тато ај да гласамо за македонца ?
-Сите се македонци бе татино, ај да гласама за ганста`оро !?
-Не, ја сакам да гласам за Македонију !!

ПС.Александар од онаа реално-шоу со академијата беше и остана македонецот за мојата керка.

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Нед 22 Фед 2009, 8:03 pm

„Двоглед, е она што те НОСИ далеку“
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Чет 26 Мар 2009, 2:42 am

Јас сакам да си живеам во игротека !

Изјава дадена веднаш после една прослава на роденден, на едно другарче на керка ми .

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Чет 26 Мар 2009, 2:54 am

GokaGrozni напиша:
Јас сакам да си живеам во игротека !

Изјава дадена веднаш после една прослава на роденден, на едно другарче на керка ми .

Ooooo..... Бисер-изјава! Аплауз Аплауз Аплауз
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Чет 26 Мар 2009, 2:58 am

Го зимам брат ми од роденден на една негова другарка (9 годинки полнеше тогаш) и и’ викам на славеничката:

- Ај нека ти е среќен роденденот!

И таа ми одговара:

- Фала, и на Вас исто! :hayel: :hayel: :hayel:
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Пон 20 Апр 2009, 1:47 pm

Пред некој ден во емисијата на Ивце-Пивце...

Ивце го прашува детево:

- И зошто само едната баба ми ја спомна, а другата?
- Таа нема кабловска, не ја спомнувам. :D :D :D

И тука Ивце паѓа од смеење, па продолжува:

- А на кабловска шо најчесто гледаш?
- Па Канал 5 и МТВ.
- Па за тие не ти треба кабловска! :D :D И шо гледаш на Канал 5?
- Онаа хрватската серија.... „Љубов во пенал“ :D :D :D

Ивце го заплетка од прашања: што, како, зошто.... и детево едно време вика:
- Ц, абе доста ме шеташ по ќерамиди. :D :D :D

После отидоа во книжарница и камерманот бутна еден цел рафт со книги, и детево вика:
- Е ова беше јако! :D :D :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Пон 20 Апр 2009, 7:08 pm

Ахахахахахаха lol! lol! lol! lol! lol!

Комедии се децава, нема што то поштуем


Јас па вчера-завчера гледав едно мангупче кај Ивце Пивце, што на прашањето на Ивце „Зошто немаш брат/сестра?“ онака баш искрено си одговори:
- Па кажи и’ на мајка ми, таа по цел ден е на она скајп на компјутерот, или нешто музика си гледа!“

Дал’ да се смееш или да плачеш... 😢 😢
Вратете се на почетокот Go down
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Пон 20 Апр 2009, 8:52 pm

eftimoskatb напиша:
Ахахахахахаха lol! lol! lol! lol! lol!

Комедии се децава, нема што то поштуем


Јас па вчера-завчера гледав едно мангупче кај Ивце Пивце, што на прашањето на Ивце „Зошто немаш брат/сестра?“ онака баш искрено си одговори:
- Па кажи и’ на мајка ми, таа по цел ден е на она скајп на компјутерот, или нешто музика си гледа!“

Дал’ да се смееш или да плачеш... 😢 😢
I ne i teknuva "da se fati za rabota"! :hagreen: :hagreen: :hagreen:
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
avatar

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Пет 24 Апр 2009, 1:56 am

Ај не се смеј Скарлет ние да не ќе бидеме поарни... lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 27 Јун 2009, 9:34 pm

Е-МА,
Е-СА-СА,
Е-СА-СА,
ПИ-ПИ-ЈА

И така керките ми побараа ластика ( за играње ), добро 3-4 метри ластика за гаќи, ја бидна работата.
И сега, тато како се игра оваа игра?
Јас како докажан бивш играч на оваа друштвена игра ( `76-`79 ) почнувам, прв степен па втор па трет ( ги имаше осум, мислам ) си ја пеам песната и скокам како кенгур.
Малските клинци и клинцези се ваљаат од смеење, што му е на старив кртаљ, која игра ја игра чоеков.
... леле ме прегазило времето!!?

ТАТО, АЈ ДА СИ ИГАМЕ ВО ДВОРОТ !

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   Саб 27 Јун 2009, 9:51 pm

мајмун тра-ла-ла
Ех,јас на времето колку рипав на ластик Зајко скок дури и во сон ми се случуваше да рипнам...ама друга ни беше песната
ВЛЕЗИ-РАШИРИ ЕДЕН-ДВА
ВЛЕЗИ-ИЗЛЕЗИ
КОКА-КОЛА
ЛИМУНАДА нешто така идеше пак нешто плеснав
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Моливот пишува со срце   

Вратете се на почетокот Go down
 
Моливот пишува со срце
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: АРХИВА-
Отиди до: