ФОРУМОТ Е НАШ Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!! |
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“ |
| | Колекционерство | |
|
+3СтончиС eftimoskatb Бе Перо 7 posters | |
Автор | Порака |
---|
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Пет 13 Фед 2009, 9:39 pm | |
| - SiNaPsA` напиша:
- Слики разменував со т.н. коренспонденти-навивачи кои ми праќаа слики од нивните навивачки групи од повеќе земји од Балканот, Европа и Аргентина.
Ммм, баш е интересно ова. Можеш и да ни пишеш од кои навивачки групи поточно имаш слики. Сигурно така се добиваат и идеи за некои идни кореографии. Памтам, еден мој другар испраќаше писма до сите поголеми европски фудбалски клубови. Еден ден, доби едно дебело писмо од Интер. Внатре имаше едни големи убави карти за секој играч посебно (од една страна слика од играчот, а од другата-информации за возраста, потеклото, кариерата...) и една групна слика на која имаше автограми од сите играчи. Сите некако му бевме „љубоморни“ и почнавме и ние со истата тактика. :D Така направив и јас. :D Пратив писма до многу клубови (не само фудбалски), меѓутоа ми одговорија само неколку. Сум добил брошурка и писмо од Јута Џез, од Манчестер Јунајтед добив групна слика на фудбалерите со автограми и еден водич за нивниот стадион Old Trafford, и конечно добив писмо од мојот омилен клуб - Арсенал. Потпишано беше од некојси Kelly Wright, во тоа време член на управата на Арсенал. Од нив добив едно книжуле во кое беше опишана историјата на клубот, најистакнатите играчи, најважните мечеви и голови, титулите, информации за младинскиот и женскиот тим на Арсенал....и секако - информации за првиот тим на Арсенал со автограми од играчите. | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Нед 15 Фед 2009, 12:04 am | |
| - Бе Перо напиша:
- SiNaPsA` напиша:
- Слики разменував со т.н. коренспонденти-навивачи кои ми праќаа слики од нивните навивачки групи од повеќе земји од Балканот, Европа и Аргентина.
Ммм, баш е интересно ова. Можеш и да ни пишеш од кои навивачки групи поточно имаш слики. Сигурно така се добиваат и идеи за некои идни кореографии.
Слики имам од поголем број на навивачки групи од Европа, од ЕКС-Ју: Делије, Гробари, United Force, Торцида, Bed Blue Boys....потоа Fossa Dei Leoni (Милан), Comando Ultra Curva Sud (Рома), BOys San (Интер)...Boixos Nois (Барселона), Ultras Sur (Реал Мадрид), Frente Atletico (Атлетика Мадрид) и други... Деновиве ќе скенирам дел од колекцијата и ќе ги поставам на форум. | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Нед 15 Фед 2009, 11:30 am | |
| Навивачите на Бока Јуниорс (Аргентина) Кога се праќаат сликите на задната страна најчесто се запишува фудбалскиот клуб, годината на одигрување на натпреварот, името на навивачката група и домашната адреса на испраќачот на сликата. "LA No. 12" е името на навивчката група на Бока Јуниорс и во превод значи Дванаесетти играч. Навивачите на Борусија Дортмунд на првенствен натпревар против Дресден, сезона 1995/96 год. Инаку, стадионот на Борусија Дортмунд го држи рекордот по посетеност со над 80.000 гледачи (не се саќавам на точната бројка.) Навивачите на Порто (Super Dracols) на дерби натпревар против Бенфика, сезона 1995/96 год. | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| | | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Нед 15 Фед 2009, 2:53 pm | |
| Одлични слики и убав спомен. На првата мислам видов еден фоторепортер качен на гредата од голот (доле десно) :D | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Чет 09 Апр 2009, 2:57 pm | |
| После осамостојувањето како независна држава со сите нишани се формираше и македонската репрезентација во фудбал. Пред 15 години, поточно во септември 1994 година фудбалската репрезентација на Македонија го започна и своето прво учество во квалификациите за ЕП 1996 год (домаќин Англија). Истата таа репрезентација првиот официјален квалификациски натпревар го играше со Данска во Скопје (заврши 1:1), а подготовките за тој натпревар ги имаше во Тетово. За време на подготовките, успеав од поголемиот дел на репрезентативците да соберам потписи, кои што потписи и ден денеска ги чувам во архивите: П.С. На тој натпревар против Данска настапија следниве репрезентативци: Бабунски Бобан, Бошковски Зоран, Ѓуровски Бошко, Јовановски Зоран, Канатларовски Драган, Марковски Љупчо, Мицевски Тони, Најдовски Илија, Панчев Дарко, Серафимовски Жарко, Станојковиќ Вујадин, Стојковски Митко, Трајчев Кире П.П.С: Таа репрезентација мислам дека е најдобрата до сега што сме ја имале и по имињата и по играта. | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Колекционерство Чет 09 Апр 2009, 7:56 pm | |
| Kolekcioner sum na lakovi za nokti i imam prilicno golema kolekcija :D:D:D | |
| | | SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Пет 29 Мај 2009, 2:50 pm | |
| За Бе Перо: http://www.fkp.blog.com.mk/Случајно налетав на линкот(блогот) погоре и видов огромна колекција на карти од фудбалски натпревари од македонско првенство, меѓународни натпревари на нашите клубови, карти од настапи на репрезентацијата на Македонија, карти од финалиња во Лигата на Шампионите и уште многу други карти. Секоја чест за колекционерот, има богатство од карти. | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Пет 29 Мај 2009, 6:13 pm | |
| - SiNaPsA` напиша:
- има богатство од карти.
Богами стварно секоја чест за колекционерот! Интересно е што веќе на картата од финалето на овогодинешниот куп, Градски стадион веќе го пишува како „Национална арена Филип Втори“. На втората страна видов нешто интересно, а тоа е извадок од весник каде што пишува за натпреварот Данфермлајн - Вардар од 1961 год. Дури и пишува „Добродошли Скопје“ во шкотскиот весник. И беџовите со шкотското и македонското знаме се интересни, јас не приметив дека има такви низ градов (сигурно се од нивното гостување во Скопје). Тек ќе го проверам сајтов, има интересни работи. Фала за линкот. | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Саб 30 Мај 2009, 11:14 pm | |
| А зошто „Добродошли“? Или македонскиот преведувач им имал слободен ден баш тогаш? | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Колекционерство Нед 31 Мај 2009, 12:05 am | |
| - eftimoskatb напиша:
- А зошто „Добродошли“? Или македонскиот преведувач им имал слободен ден баш тогаш?
Епа тогашната држава се викала Југославија, како што е добро познато, овај нали... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Колекционерство | |
| |
| | | | Колекционерство | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|