ФОРУМОТ Е НАШ
Животни и домашни миленици 79175518

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share
 

 Животни и домашни миленици

Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
Lidija
Уметничка душа
Уметничка душа
Lidija

Број на мислења : 609
Локација : Скопје, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСре 17 Дек 2008, 6:16 pm

Ја отварам темава со едноставна цел,да си пишуваме кои миленици дома ги чуваме ,какви би сакале да чуваме,разни згоди и незгоди со милениците и некоја интересна приказна за нив! :D :D :D
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСре 17 Дек 2008, 8:17 pm

Последното домашно милениче кое го имав дома МИШКА,е и цела фамилија која следуваше од неа,ТОШЕ и КИРЕ нив си ги чував на викендица.Тоше беше невиден теренец,таков уште се нема појавено на тој терен,ловеше зајчиња.

Животни и домашни миленици Mishkaul8
М И Ш К А

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Lidija
Уметничка душа
Уметничка душа
Lidija

Број на мислења : 609
Локација : Скопје, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyЧет 18 Дек 2008, 9:18 pm

Јас сега си ја имам кучката ФИФИ,она е мала но многу темпераментна....и од страв лае,кога некој ке се приближи до мојот дом....миленичка е на сите нас :love:
Вратете се на почетокот Go down
ivi
Тупаџија
Тупаџија
ivi

Број на мислења : 410
Регистриран на : 2008-09-13

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПет 19 Дек 2008, 12:27 am

[img]Животни и домашни миленици Image01ux5[/img]

ова е БОНА моето кученце иако изгледа вака слатко многу е лошо :D :D
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Далила

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПет 19 Дек 2008, 1:32 am

Јас си имав во време на студентските денови едно кученце,кое може да се нарече секако само не ДОМАШНО,беше исто како човек-индивидуа со своја волја и свои потреби и никого не слушаше,беше брзо,агресивно и диво,но кога сакаше некого тоа многу емотивно го покажуваше,а кога го носевме на вакцина плачеше со солзи во очите и жално ме гледаше.Се викаше ЛЕО имногу го сакав иако мене ама баш ич не ме почитуваше,знаеше и чуствуваше дека јас сум најмладата во семејсвото и многу често ми р`жеше,а на мајка ми никогаш не и покажа агресивност,туку само љубов и приврзаност.Беше страшен женкар и остануваше да брка женски по цели ноќи и од тие ПОХОДИ се враќаше премрзнат,со многу тешки повреди,а после една страшна ноќ се врати со побелена брада(а беше црн,со неколку темно кафеави палежи на нозете и на веѓите).Една ноќ не се врати...
Имам многу случки со него да кажувам,ама мислам дека беше многу необично куче.
Животни и домашни миленици V1du1
Животни и домашни миленици W640
Ова сум јас со Лео на тревникот во нас.Аеродром,таму најчесто си трчаше и од време навреме доаѓаше кај мене,особено ако некое куче или човек ми се приближеше,беше многу посесивен и се лутеше.
Животни и домашни миленици V2dp3
Животни и домашни миленици W640
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПет 19 Дек 2008, 5:38 am

Цитат :
особено ако некое куче или човек ми се приближеше,беше многу посесивен и се лутеше.
Мене еднаш дури и ме касна. Изгледа превише се доближив до тебе. :P :lol:
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПет 26 Дек 2008, 4:50 pm

Бидејќи живеам во стан, единствено до сега што сум чувал како помал е папагал. Името му беше Кики и беше многу дружељубиво папагалче, сакаше со сите да се дружи. Живееше 3 години и ми беше многу жал кога почина :pale:

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
Scarlett O'Hara

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyНед 28 Дек 2008, 11:12 pm

СтончиС напиша:
Цитат :
особено ако некое куче или човек ми се приближеше,беше многу посесивен и се лутеше.
Мене еднаш дури и ме касна. Изгледа превише се доближив до тебе. :P :lol:
lol! lol! lol! Epa Tonci si ja preteral! ;)
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Мачки   Животни и домашни миленици EmptyСаб 03 Јан 2009, 11:10 am

јас цел живот сум чувала мачки, откако знам за мене.

Имав неколку така што ми оставија голем впечаток во животот :lol: , а последната се викаше Денарче. Таа кутрата, несреќно заврши :cry:

Малку поради тоа, а малку и поради внук ми, сега веќе две-три години ништо не ми се вртка дома, ама ептен голема желба ми е жолт или бел.... Како се викаат оние кучиња бе што личат на обично куче, само се расни??? Idea

Додуша, јас секакво куче би чувала, ич не ми е битно дали е расно или не, џукците си се супер.
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСаб 03 Јан 2009, 2:23 pm

Цитат :
жолт или бел.... Како се викаат оние кучиња бе што личат на обично куче, само се расни???
Сигурно мислиш на “бел“ Лабрадор и на “златен“ (жолт) Ретривер.
Овие се расни а личат на обични кучиња. :P
Одлична раса се едни од најпаметните. Лабрадорот и златниот Ретривер се разликуваат во должината на влакното, малку во големината (растот) и многу малку во фаца (лик).
Ретриверот е со подолги влакна, многу сака вода и се дресираат и за спасување на давеници.
Животни и домашни миленици 2072fb4ee3f6756bed195da081a5108c

Бело - жолт Лабрадор
Животни и домашни миленици 43f251997a81770e8907a9cbe1e59c0e

Златен Ретривер
(и кое е поубаво Question )
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСаб 03 Јан 2009, 2:33 pm

Е да, лабрадор-лабрадор, на тоа мислев! Кога ќе замислиш куче, така го замислуваш :D :D

Е таков сакам, иако и ретриверот е убав, малку со подолги влакна...
Ова ме потсети на коментарот на еден другар за кучињата што имале „кратки нозе“, „долги нозе“..... Он викаше: - Е од кај куче со кратки нозе??? Колку што знам на сите таман до земја им стигнуваат!

lol! lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Далила

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyНед 04 Јан 2009, 2:18 am

Многу убави кучиња се лабрадорите и ретриверите,мили и за галење,маана им е што се малку трапави и многу сакаат да јадат,па кога ќе видат дека јадеш оп врз тебе(знам,зошто братучедите мои имаат ретривер,секое залче ми го броеше,со шепите врз мене Smile ).Јас ги сакам сите кучиња и да можам секако би чувала,ама обврска се како уште едно дете flower
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyНед 04 Јан 2009, 11:24 pm

Иднина на модерното земјоделие,производители на високо квалитетен БИО-ХУМУС,речиси не опходен материјал за органско производство на прехрамбени земјоделски производи.

Животни и домашни миленици Red-worms

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: ГА Префрлив постО   Животни и домашни миленици EmptyНед 04 Јан 2009, 11:48 pm

Животни на кои најмногу се воодушевувам да ги гледам се фамилијата на дивите мачки кои живеат во природни услови или резервати, од Кенија и Танзанија, преку Тибет па се до Сибир. На ТВ Animal Planet редовно ја следев една емисија која се викаше „Wild Cat“ и беше во неколку серијали (можеби уште ја има, не сум сигурен). Во неа се набљудуваа повеќе видови на диви мачки, од начинот на исхрана, ловењето, формирање на фамилија и хиерархијата за тоа кој е кој во фамилијата на диви мачки.
На прво место ми е тигарот, поради неговиот харизматичен изглед и најкаракетистично што е единствена мачка која сака да се „пласка“ во вода, сите други мачки „мразат“ вода.
На второ место ми е гепардот. Најбрзото копнено животно, кое може да трча со брзина и до 70 км на час, поради аеродинамичната градба.
На трето место ми е лавицата, најдобриот ловец од сите видови на диви мачки и единствениот вид на диви мачки кои живеат во заедница со други лавови и лавици и сите се грижат за целата фамилија.

Животни и домашни миленици Leopardsetcmontage

Животни и домашни миленици Wild_cats

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПон 05 Јан 2009, 12:14 am

СтончиС напиша:
Цитат :
жолт или бел.... Како се викаат оние кучиња бе што личат на обично куче, само се расни???
Сигурно мислиш на “бел“ Лабрадор и на “златен“ (жолт) Ретривер.
Овие се расни а личат на обични кучиња. :P
Одлична раса се едни од најпаметните. Лабрадорот и златниот Ретривер се разликуваат во должината на влакното, малку во големината (растот) и многу малку во фаца (лик).
Ретриверот е со подолги влакна, многу сака вода и се дресираат и за спасување на давеници.
И јас го сакам лабрадорот ,бидејќи се многу интелегентни, друштвени и се лојални. Во иднина би сакал да земам еден ваков лабрадор
Животни и домашни миленици Ffb749aa0998363b7472dd1274123b69

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
MaJkLcAr
Антивирус на форумот
Антивирус на форумот
MaJkLcAr

Број на мислења : 82
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСаб 10 Јан 2009, 2:07 am

Бе Перо напиша:
Тука напишете се` што е во врска со животните:

Диви или питоми (домашни), грабливци, месојадци, инсекти, крволочни животни, па синџири на исхрана, па ти реков- ми рече...

А да, дали чувате некој домашен миленик?

Јас порано чував еден далматинец дууури една недела. :D Толку издржавме. :D
Имав и една мачка која мистериозно исчезна.....

Сега не чувам ништо, но многу сакам да го имам ова куче - Хаски:

Животни и домашни миленици 7b9c8ed373182621ef8f1284eb1f13b2
Вратете се на почетокот Go down
http://slobodnotupenje.macedonianforum.net
MaJkLcAr
Антивирус на форумот
Антивирус на форумот
MaJkLcAr

Број на мислења : 82
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСаб 10 Јан 2009, 2:08 am

СтончиС напиша:
Потполно се сложувам со изреката:
„Кој не ги сака животните не ги сака ни луѓето“.
Јас многу ги сакам животните и до сега сум чувал: Риби, Мачки и Кучиња.
Рибите ги тргнав (Аквариумот) поради недостаток на соодветен простор.
Мачките. Почнав со една бела мачка (Марија се викаше, по песната од Пепи Бафтировски „Бела Марија“ :D ) и таа ми народи и други мачиња. Еднаш дури и изигравав бабица и помагав да се породи, ја држев за “рака“ :P . Кога почина ми беше многу жал и престанав да чувам мачки.
Првото куче ми беше од марка ДОЏ (домашна обична џукела :D ) се викаше Бенџамин скратено Бен и беше многу весело, дружељубиво и по малку трапаво. Додека второто куче што се обидовме да го чуваме беше марка Епањол Бретон. Со ќерката (тогаш имаше 2 години) не можеа да се договорат околу дозволената граница на “ГНАВЕЊЕ“ и настануваа конфликти па моравме да го дадеме.
Моментално не чуваме ништо освен двете ни најсакани “ГРЕМЛИНЧИЊА“ flower sunny (од превентива) но сигурно понатака ќе има некое животно низ куќа.
Тоа е сега за сега што имав да кажам околу моето искуство со домашни миленичиНа. afro
Вратете се на почетокот Go down
http://slobodnotupenje.macedonianforum.net
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Лавот Кристијан.   Животни и домашни миленици EmptyПон 02 Фед 2009, 8:34 pm


Клипот е за во рубрика NO COMENT.
:love: :love: :love:
Аплауз Аплауз Аплауз
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСре 04 Фед 2009, 3:07 am

Абе, зоолошкава во Скопје постои ли уште или сиротите животни уште се мачат во тие кафезите метар на метар?

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСре 04 Фед 2009, 3:00 pm

SiNaPsA` напиша:
Абе, зоолошкава во Скопје постои ли уште или сиротите животни уште се мачат во тие кафезите метар на метар?
Да Сики ја има зоолошка. Последен пат со ќерката бевме есеноска и се нешто се градеше таму, демек нови подобри живеалишта ама некако споро ги прават и дури ги направат веќе се уништиле делови од нив.
Две години се подготвува живеалиште за Жирафа и Пингвини ама никако да ги направат. А животните се веќе подарени од зоолошката во Берлин и чекаат да ни ги испратат.
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyЧет 05 Фед 2009, 3:37 am

СтончиС напиша:
SiNaPsA` напиша:
Абе, зоолошкава во Скопје постои ли уште или сиротите животни уште се мачат во тие кафезите метар на метар?
Да Сики ја има зоолошка. Последен пат со ќерката бевме есеноска и се нешто се градеше таму, демек нови подобри живеалишта ама некако споро ги прават и дури ги направат веќе се уништиле делови од нив.
Две години се подготвува живеалиште за Жирафа и Пингвини ама никако да ги направат. А животните се веќе подарени од зоолошката во Берлин и чекаат да ни ги испратат.
Последен пат во зоолошката бев пред едно 4-5 години, а може и повеќе години да има и уште се сеќавам на еден рис кој беше затворен во кафез од пола метар квадратен, ептен беше неубава сликата за гледање. Evil or Very Mad
Добро е што почнало да се гради нешто и таму за да им се подобрат условите на животните, само ако го градат со години, тешко дека ќе го доградат. scratch
Најчудно од се` ми е што ниеден градоначалник на Скопје, некое надлежно министерство или Владата до сега се немаат заинтересирано да ја средат зоолошката како што треба. Многу пари потрошија на разни проекти, а не ќе беше лошо да направеа еден проект и за зоолошката, за што мислам дека нема да бидат залудно потрошени пари, бидејќи освен што може да биде атрактивно место за посета, истовремено може да биде и профитабилно место. Кога пишувам за профитабилно место мислам на изградба на мала продавница за сувенири, изградба на кафе бар и слично плус пари добиени од продажба на влезници за зоолошката.

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Далила

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyЧет 05 Фед 2009, 4:34 pm

SiNaPsA` напиша:
СтончиС напиша:
SiNaPsA` напиша:
Абе, зоолошкава во Скопје постои ли уште или сиротите животни уште се мачат во тие кафезите метар на метар?
Да Сики ја има зоолошка. Последен пат со ќерката бевме есеноска и се нешто се градеше таму, демек нови подобри живеалишта ама некако споро ги прават и дури ги направат веќе се уништиле делови од нив.
Две години се подготвува живеалиште за Жирафа и Пингвини ама никако да ги направат. А животните се веќе подарени од зоолошката во Берлин и чекаат да ни ги испратат.
Последен пат во зоолошката бев пред едно 4-5 години, а може и повеќе години да има и уште се сеќавам на еден рис кој беше затворен во кафез од пола метар квадратен, ептен беше неубава сликата за гледање. Evil or Very Mad
Добро е што почнало да се гради нешто и таму за да им се подобрат условите на животните, само ако го градат со години, тешко дека ќе го доградат. scratch
Најчудно од се` ми е што ниеден градоначалник на Скопје, некое надлежно министерство или Владата до сега се немаат заинтересирано да ја средат зоолошката како што треба. Многу пари потрошија на разни проекти, а не ќе беше лошо да направеа еден проект и за зоолошката, за што мислам дека нема да бидат залудно потрошени пари, бидејќи освен што може да биде атрактивно место за посета, истовремено може да биде и профитабилно место. Кога пишувам за профитабилно место мислам на изградба на мала продавница за сувенири, изградба на кафе бар и слично плус пари добиени од продажба на влезници за зоолошката.
Ех колку пати сум размислувала на оваа тема,особено откако ќе отидам во зоолошката :cry: Ама мислам дека некои матни работи се случуваат таму штом толку години не успеале да ја средат,изгледа некој профитира,зема пари,божем за зоолошката,божем нешто прави,а станува се полошо.Само ги менуваат директорите и како се кај нас нема јасна визија на комплетната зоолошка,колку можеме,колку сакаме и како тоа да го оствариме.Многу пати си велам поарно сосема да ја снема зоолошката,за да не живеат животните во такви услови,па кога ќе дојде време да се направи наеднаш една сосем нова .
Не сакам ни да замислам што ќе се случи со пингвините со нашава `стручност`?
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyПет 06 Фед 2009, 2:58 am

Би направил една мала споредба со зоолошката градина во Будимпешта ,бидејќи ја имам посетено истата. Таму скоро сите видови на животни се застапени, од птици, цицачи и влекачи па се` до инсекти и има изградено ботаничка градина во која над глава ти летаат птици, мрзливци стојат обесени на дрвја и амбиентот е како да си во некоја природна џунгла. Сите кафези се чисти и средени, исто како луѓе да живеат таму, а не животни.
И сето ова кога би се споредило со условите во зоолошката во Скопје, подобро би било да се стави „кључот“ на зоолошката, како привремена мерка се` додека не им „текне“ на надлежните институции (градоначалник+Влада) дека можат да одвојат пари и за еден проект за зоолошката, која што може да биде и атрактивно и профитабилно место.

..............................................................................................................................................
Животни и домашни миленици 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици EmptyСаб 07 Фед 2009, 4:13 pm

Е, ме провоцира овој муабет одамна, па ај и јас да кажам нешто на оваа тема:

Сметам дека по дефиниција, зоолошката е затвор за животните. Убаво е тоа да ги видиш на едно место, како инаку и децата и возрасните би виделе во живо некое животно кое „не вирее“ кај нас и слично. Арно ама, сум посетила и убави зоолошки во Европа (како онаа во Будимпешта, во Лисабон и во Барцелона, а и во Белград не е лоша) и пак некако чувството е - БЉАК. Просто чувствуваш дека животните се нервозни, кафез си е кафез, те гледаат со некој тап поглед.... Можеби единствено решение би бил некој резерват или т.н. природни кафези како оние во Америка (тигарот, на пример, е слободен, ти го гледаш во далечина, а од посетителите е издвоен со ров), но за тоа треба огромен простор.

И така, неодамна, знам дека некој неработен ден беше, со внук ми решивме да одиме во Зоолошка. Последен пат сум била таму којзнае кога; ми текнува дека срните беа очајно гладни, лавот беше искубан, насекаде само магариња, кози и овци.... Жално. Ама нејсе, си реков, и сепак бев пријатно изненадена од некои градежни зафати таму, иако како што рече и Тончи, сето тоа многу бавно оди. Имаше понија кои беа слободно пуштени, не почувствував смрад и нечистотија и се’ на се’ беше пристојно, освен вообичаената депресија на животните, што е доволна да те онерасположи, ама ај - детево се радуваше.
Она што мислам дека под итно треба да се поправи таму е означувањето на кафезите. Ретко каде читливо и јасно стои кое е и од каде е животното што го гледате. Дури и во поновите кафези. Ако знаеш да му објасниш на детето - знаеш, ако не - ќе ги мешаш нилскиот коњ и носорогот, како што ги мешам јас :oops:
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Нилски коњ и Носорог   Животни и домашни миленици EmptyСаб 07 Фед 2009, 4:31 pm

Животни и домашни миленици 4c6ec594d4d7861b36609ca1955573b2
Hippopotamus - Нилски коњ
Животни и домашни миленици 7c19762ed8f2d60394df0b0a9f157f85
Rhinoceros - Носорог
И двете животни живеат Африка. Нилскиот коњ бара вода за да се разладува. Додека Носорогот важи за жител на саваните кои што се сушни во одреден дел од годината.
Носорогот важи и за природен ПОЖАРНИКАР. Односно се верува дека ако види оган веднаш го гаси scratch колку е точно не знам.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Животни и домашни миленици Empty
ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Животни и домашни миленици Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Животни и домашни миленици
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: