ФОРУМОТ Е НАШ
Ретро 2008 79175518

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share
 

 Ретро 2008

Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 5:13 pm

Како што наближува крајот на оваа година, редно е да се потсетиме на настаните кои ја обележаа.

Напишете за настаните кои ќе ви останат во сеќавање од својот приватен живот, како и за настаните од Македонија и светот.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
toise
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
toise

Број на мислења : 513
Локација : Охрид позади скалеста
Регистриран на : 2008-09-06

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 6:38 pm

сигурно најмногу ке ми остане во секавање европското првенство во фудбал и првиот црнец претседател нас Сад
Вратете се на почетокот Go down
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
Scarlett O'Hara

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 6:41 pm

Makedonija ne vleze vo NATO! :roll:
Вратете се на почетокот Go down
toise
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
toise

Број на мислења : 513
Локација : Охрид позади скалеста
Регистриран на : 2008-09-06

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 6:43 pm

ве запознав вас (сите форумџии)
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер
avatar

Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 7:18 pm

Лични настани во 2008. (На мене што ми се имЕт десено)
1. Се роди син ми. Радост сонце sunny на тато и мама.
2. Се ожени брат ми. (весела свадба)
3. Стекнав нови пријатели (сите вас cheers ). А посебно сум горд што станав и Кум (крштален ;) ).
4. Ја платив првата сообраќајна казна ( 50 еура) Evil or Very Mad .

Настани од Светот.
Се случија многу настани кои што сигурно ќе предизвикаат сериозни промени во целокупната поставеност и поделба на силите на политички, економски па ако сакате и на еколошки план.
Изборите во USA, војните во светот (Грузија најнова), како и економскиот колапс во најразвиените земји.
Се надевам дека овие потреси ќе предизвикаат луѓето да се свртат малку и кон други вредности, како себеспознавање и издинување и надградба на духовен план. Како и поголемо почитување и грижа за се што не опкружува, целокупната природата која ни дава гостопримство и живот.
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 7:50 pm

Ооо, одлична тема! Ајде сега и јас, како некој келнер со парагон-блок ;), да направам завршна сметка:

- Најголемиот настан за мене лично оваа година е дефинитивно тоа што ве запознав вас и што животот пак некако не’ спои мене и Бе Перо :D Поради вас се крстив, добив кум cheers cheers и ве добив вас како пријатели. Јас навистина сум многу благодарна за тоа.

- После, голем настан оваа година ми беше и целата критична ситуација со името во февруари/март/април која мене страшно ме вознемируваше. Во тој период едноставно не можев да мислам на ништо друго.

- Се роди едно девојченце кај мене дома, што многу убаво мириса :heart:

Требаше и еден друг голем настан да ми се случи на професионален план, ама тој едноставно остана за догодина. И онака непарните години ми се подраги, а таксистот така ми рече :lol: :lol: :lol:
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 17 Дек 2008, 8:31 pm

Бе Перо напиша:
Напишете за настаните кои ќе ви останат во сеќавање од својот приватен живот
1-Форум,виртуелно другарство со сите позитивни и негативни страни што ги носи NET-пријателствувањето,открив дека сето тоа може да се и преточи на терен
2-Реконструкција на купатило
3-
4-
5-

ПС.А имам ли право да си допишуем,а bounce

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
Venco

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 12:10 am

Мене годинава што си заминува ке ми остане по неколку сеќавања,

1. По трет пат освоениот светски куп со мојот радио клуб,
2. Не влеговме во НАТО и сега ми мило оти повеке ниту НАто ме интересира
ниту ЕУ бидејки сега гледам дека се тоа организации каде не владее правото
туку некој мафијашки принципи.
3. Запознавањето со сите Вас форумџии

и ете ако ми текне нешто друго ке си допишам :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
Билјана

Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 1:31 am

Не сум многу по РЕТРОТО ама и јас да кажам дека ми е многу мило што годинава ве запознав, што се дружам со вас и тука и во реалниот живот, што ми ги развеселувате деновите, имате талент и смисла за хумор и често се смеам со вас Smile Smile

Македонија со атињаните -проблемот околу нашето постоење и фашистичкиот карактер на вториве за спроведување на измислена цел

Светот- многу не ме занима

Другите приватни работи си ги пишувам во Дневникот на Календарот ај размисли
8)

Што правиш бе ти ? :praznici se bl ;) ;)
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 1:38 am

Ајде и јас да се искажам овде.

Настани по кои ќе ја паметам оваа 2008 година

Приватно:
1. Запознавањето со вас форумџиите и спојувањето после некое време со Тања.
:D Навистина ми е пријатно дружењето со вас.

2. Напуштањето на стариот факултет и запишувањето на новиот, каде што сега-засега ми оди одлично и се` повеќе сум сигурен дека ја направив правилната одлука.

Настани од Македонија и светот:

1. Самитот на НАТО и спорот со името, целиот тој тензичен период, каде што работите се менуваа од ден во ден, па митинзи, следење вести како ненормален... Само ќе кажам дека ми е драго што не попуштивме.

2. Оваа година беше година на црнците (не сум расист :D ). Обама победи (Тоисе го спомна), а Луис Хамилтон стана шампион во Ф1 (Честито Оливер :D ).
Кога сме кај Обама, дознав дека неговото име Барак на свахили значело „благословен“, а тој навистина беше благословен оваа година. :D

3. Европското ракометно првенство што се одржа кај нас. Присуствував на 2 натпревари.
-Олимпијадата во Пекинг со спектакуларното отворање
-Европското фудбалско првенство.


Може има уште нешто, ама ќе пишам ако треба. :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 12:46 pm

Е сега драги мои, не очекувајте од мене некои детаљи за изминатата година , но очекувајте некои непобитни факти:
- Жив сум, свесен за таа моја состојба и среќен поради мојата свесност;
- Категоријата "човек", се' повеќе го допира дното ;
- Поимот судбина се повеќе фатално навлезе во нашите животи ;
- Се појави и терминот НАДЕЖ, за да ја осмисли подобро судбината и да и даде поголем смисол;
- Големите сили повторно пенетрираа во нашето слабо и неискусно тело, се изживуваа и ги тренираа своите мускули на нас, лечејќи ги личните и колективните фрустрации од своите незадоволени жени кои ги чекаа дома, додека ТИЕ креираа и вежбаа светска политика ;
- Македонја беше брутално силувана во тишина и оставена да крвари на подот, и многумина како од крпа си ги избришаа од неа своите валкани и влакнести нозе.........(и се разбира, никој не одговараше за тоа, освен јас, ти и вие драги пријатели);
- Цела 2008 година продолжив да го сакам мојот град и мојата татковина, затоа што Ти си во неа, ВИЕ сте во неа.....;
- Продолжив да се радувам на малите работи и останав среќен, пркосејќи на луѓето кои границата на среќата ја бараа во небесните височини.....некои ја пронајдоа, но не станаа среќни ;
- Ми се случи 8 јуни.....на чудесен начин, на тој ден повторно пронајдов случаен човек со сето негово богатство во него......
- Ме прекинува телефонот.....ако овој повик нешто драматично ми го промени животот радикално и на подобро, тогаш во следниот текст ќе ви кажувам за содржината на истиот.......(продолжува)
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 8:09 pm

Venco напиша:

2. Не влеговме во НАТО и сега ми мило оти повеке ниту НАто ме интересира
ниту ЕУ бидејки сега гледам дека се тоа организации каде не владее правото
туку некој мафијашки принципи.

Се слагам, и мене тотално ме „оладија“!!!!
Се надевам дека во 2009 ќе ни дојде паметот и нема да се стремиме кон тие лицемери само поради некаков култ направен од нив, туку ќе се стремиме кон развиток заради самите нас.
Вратете се на почетокот Go down
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
Scarlett O'Hara

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 8:30 pm

Тања напиша:
Venco напиша:

2. Не влеговме во НАТО и сега ми мило оти повеке ниту НАто ме интересира
ниту ЕУ бидејки сега гледам дека се тоа организации каде не владее правото
туку некој мафијашки принципи.

Се слагам, и мене тотално ме „оладија“!!!!
Се надевам дека во 2009 ќе ни дојде паметот и нема да се стремиме кон тие лицемери само поради некаков култ направен од нив, туку ќе се стремиме кон развиток заради самите нас.
Ne me nervira tolku toa sto ne vlegovme nego poradi kogo ne vlegovme! :x
Вратете се на почетокот Go down
Venco
Тупаџија со тапија
Venco

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyЧет 18 Дек 2008, 9:02 pm

Scarlett O'Hara напиша:

Ne me nervira tolku toa sto ne vlegovme nego poradi kogo ne vlegovme! :x

Ако, ако ... тие ке горат, само што почнаа ... циганарија Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyПет 19 Дек 2008, 2:35 am

Usain Bolt постави нов светски рекорд на 100 метри и со тоа стана најбрзиот човек на планетата.

Ретро 2008 Cf88180d6af7973c31d331e3ddc5c03c
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyПет 19 Дек 2008, 2:52 am

Се простивме од Дино Дворник

Ретро 2008 8475812d441e7c5ae889fd774008a658
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
ivi
Тупаџија
Тупаџија
ivi

Број на мислења : 410
Регистриран на : 2008-09-13

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСаб 20 Дек 2008, 11:38 pm

прво ве запознав вас и сум многу среќна поради тоа јуху-јуху-јее
второ паааааа... ммммм ништо посебно нема да ми ја обележи оваа година ама има уште 11 дена сешто може да се случи :D :D
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСаб 20 Дек 2008, 11:45 pm

Во Скопје се отвори спортската сала „Борис Трајковски“
Ретро 2008 69ef9d6db7cad89c0b37566d58b6d3f1
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Ретро 2008 преку слики!!!!   Ретро 2008 EmptyПон 22 Дек 2008, 12:00 pm

Ретро 2008 8ee2a5e7bb658cf0a176ae19e84087e0

2 Мај 2008 година.....на југот на Чиле, ерупцја на вулкан, прва пат после 1000 години, пропратена со големо невреме!!!




Ретро 2008 E3a536a609ed447c74f0f75ff004d362

Лансирање на Space Shuttle Discovery од Кејп Канаверал, Флорида на 31 Мај 2008 година во набњудувачка мисија!!!



Ретро 2008 Afb745bc8763e6f09a082b085b1abe82

Поплава предизвикана од тропската бура Хана(Деса), на Хаити на 3 Септември 2008 година!!!

Ретро 2008 2fc14ae58b8e44d1464353abcdb1de98

Австралиски маринец од 24 единица на задача во Авганистан во момент на вкрстен оган.....маринецот остана неповреден, но раните во светот и понатаму останаа отворени!!!!........продолжува
Вратете се на почетокот Go down
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Ретро 2008 преку слики!!!!   Ретро 2008 EmptyПон 22 Дек 2008, 12:34 pm

Ретро 2008 234dfe692e7f1788a306377d05250fdb

Пожарникари во борба против огнена стихија во Сеул, Јужна Кореја,11 Февруари 2008 година.....гори најголемата дрвена структура изградена 1398 година, а обновена 1447 година

Ретро 2008 Bcc3620ee7dd49712a028fc9d31f0925

5 Декември, 2008 година.....Хеликоптер во спасувачка мисија на јапонски алпинист во Нов Зеланд, заробен на надморска височина од 3.754 метри.....човекот не издржа и замина и се претстави пред бога, еден час пред раката на спасот да дојде и да допре до него!!!



Ретро 2008 59795573e4fc8f8f42ed3fefb01cccab

Човекот се обиде да докаже зошто е човек....14 мај 2008 година.....Швајцарски пилот за време на првата пробна демонстрација со ваков тип на jet-power апаратура фиксирана на неговиот грб!!!


Ретро 2008 B0165a6360be147bcabea3675527a63b

20 Септември, 2008 година.....Војна.....со нејзиниот најужасен дел како последица.....човек во Исламабад, Пакистан, стои ужаснат од уште поужасната глетка предизвикана од камион бомба!!!

Ретро 2008 38d5d5837d04eae4433d97b39beb1a0a

15 Мај, 2008 година.....земјотрес во областа Сечуан,Кина!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Green Power
Говорникот
Говорникот
Green Power

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Ретро 2008 преку слики!!!!   Ретро 2008 EmptyПон 22 Дек 2008, 1:01 pm

Ретро 2008 D46fb1115a4dbe08c04ed9b129812d15

Изградба(реконструкција) на главната кинеска национална телевизиска станица висока преку 230 метра со вработен персонал од над 10 000 луѓе....така е тоа во најнаселената земја во светот!!!!

Ретро 2008 1eb36a71162ccd281780af4111dd70e1

Роналдињо, на негова презентација и промоција во фудбалскиот клуб Милан СО КОЈ потпиша договор на 17 Јули, 2008 година!!!!!

Ретро 2008 Db94e62a213d90f597faa1cd972979e2

9 Август, 2008 година.....некаде на Кавказот, руските трупи во поход за превласт во светскиот поредок..слабите повторно останаа слаби , а силните само уште повеќе ја зголемија својата моќ!!!!

Ретро 2008 5d82984b0f6775df0afc61f911ea0f65

22 Јуни, 2008 година.....аеродром Бен Гурион во Израел.....францускиот претседател Саркози го користи секој момент да и влее сигурност на својата муза Карла Бруни.....нежен допир на оној кој "нежно" ја милуваше и нашата земја!!

Ретро 2008 98a01b03b990c532c84962e3bdd3340d

8 Август 2008 година, национален стадион "Птичје гнездо".....Спектакуларен перформанс на тапани за време на отворањето на ЛОИ во Кина....невидено за око , прв пат нашиот поглед губеше невиност на овој начин!!!

Ретро 2008 17a2ceffe456928e60fbb0be25ff2246

9 Мај 2008 година во југоисточна Швајцарија.....илјадници спртисти мажи и жени се обидуваат на својот живот да му дадат годишна смисла..... годишен скијачки маратон...... најдобрите на пиедестал, останатите на тлото, со или без снег на него....сите сме исти додека некој друг не одлучи понаку!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyВто 30 Дек 2008, 1:54 am

Ова е хитот на годината, според мое мислење :lol: :lol: :lol:

Бакојани, падни-стани
Бакојани, име дај ни’
Бакојани, душа не земај ни’.


lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
eftimoskatb

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyВто 30 Дек 2008, 2:17 am

Бе Перо напиша:
Ова е хитот на годината, според мое мислење :lol: :lol: :lol:

Бакојани, падни-стани
Бакојани, име дај ни’
Бакојани, душа не земај ни’.


lol! lol!

Аааа, не би се сложила тука, мислам дека хитот е „Мајка Македонија“, онаа со г-нот Никола Груевски, како идеше... lol! lol! lol! lol!

Шо е ова бе, само војни сте испоставале? scratch
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyВто 30 Дек 2008, 2:47 am

eftimoskatb напиша:
Бе Перо напиша:
Ова е хитот на годината, според мое мислење :lol: :lol: :lol:

Бакојани, падни-стани
Бакојани, име дај ни’
Бакојани, душа не земај ни’.


lol! lol!

Аааа, не би се сложила тука, мислам дека хитот е „Мајка Македонија“, онаа со г-нот Никола Груевски, како идеше... lol! lol! lol! lol!

Шо е ова бе, само војни сте испоставале? scratch
Ја нема на јутјуб, инаку одеше вака:

Ние сме комитите
на мајка Македонија
и нема да дозволиме да игра некој со неа.
(ова е рефренот)

Имам верни другари
сите ВМРО-вци
и еден храбар премиер
господинот Никола Груевскиииииииииииииииииииии
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 EmptyСре 31 Дек 2008, 12:47 pm

Сега е точно Сре 31 Дек 2008 - 10:41
Настани за 2008 година.
1. Пред околу 8 часа станав ВУЈКО. На свет дојде машко дете.
2. Дипломирав на Факултетот за Бизнис Администрација.
3. Ве упознав вас драги форумџии.
4. Останав со еден заб помалку (6-ка)

:love: :love: :love:

..............................................................................................................................................
Ретро 2008 40d0913bea20820bc056391e56d9aaa8
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Sponsored content




Ретро 2008 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ретро 2008   Ретро 2008 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Ретро 2008
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: