ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Азбука во слики и зборови

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Њоки (заборавената Њ)   Пон 05 Јан 2009, 3:48 pm

Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: П   Пон 05 Јан 2009, 3:57 pm



PUNK или ми ти по нашки Панк е правец во R`n`R музиката,правец кој името го добива дури на самиот крај.Инаку името ко бајаги започнува уште од периодот кога таткото на Joey Ramone ( Ramones ) ги коментирал скоро сите настапи на тогашните популарни музичари со Dirty Punks,во превод ДРИПЦИ.Во доцните `70 е лансиран горниот слоган,период во кој креаторите на правецот се уморуваат и запливуваат во NEW WAVE водите.Овој слоган го превземаат локални бендови кои го фураат и до ден денес.Инаку позната е една изјава каде што стои,панкот умре уште тогаш кога the Clash потпиша договор за снимање на плоча со CBS.


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Вто 06 Јан 2009, 3:40 am

Р како рачки од тапани.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: СРЕЌА   Вто 06 Јан 2009, 3:52 am

Нешто што сите го сакаме,нешто што на сите ни треба,и како расположение и како благонаклоност на животот во одредени моменти,во англискиот јазик има HAPPYNESS и LUCK,кај нас само СРЕЌА јуху-јуху-јее :D
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Ај едно тенџере од мене!   Вто 06 Јан 2009, 4:21 am



Тенџере за манџа. Без масло, без состојки, без ништо. Само го ставаш на шпорет и ти го прави ручекот geek
Вратете се на почетокот Go down
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Вто 06 Јан 2009, 5:14 pm

Ќерпич е природен градежен материјал кој се прави од песок, глина, и вода, и некој вид на влакнест или органски материјал (стапчиња, слама, животински измет), и потоа се обликува во цигли со помош на рамки и се остава да се суши на сонце. Структурите од ќерпич се извонредно трајни и се едни од најстарите зачувани градби на светот. Во суви и жешки клими, градбите од ќерпич нудат многу погодности поради добрата изолација.


Ќерпич се суши на сонце
Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: У = Урнебес салата   Сре 07 Јан 2009, 5:49 pm

У = Урнебес салата

500 гр. сирење
2 кисели павлаки
250 гр. шункова салама
100 гр. толчени ореви
1 краставица
250 гр. готов мајонез
3-4 чешниња лук

Исечкајте го сирењето, саламата и краставичките. Истолчете гo лукчето и оревите. Сега соединете ги сите состoјки и убаво измешајте ги. Наредете ја салатата во чинија и украсете ја по желба. :za u kljun:



(Лесковачка урнебес салата)

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Пет 09 Јан 2009, 12:05 am

Фудбал е игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Х = Хеви Метал   Пет 09 Јан 2009, 3:38 am

Х = Хеви Метал

Хеви метал музиката (англиски: heavy metal) е жанр на рок музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на 20 век, со корени од хард рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, базиран воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високо-засилена дисторзија. Од хеви металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, многу од кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат, „хеви метал“ сега има две различни значења: или жанрот и сите негови поджанрови, или пак оригиналните хеви метал бендови од стилот од 70-тите понекогаш нарекуван „традиционален метал“, на пример Deep Purple, Led Zeppelin и други.


..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Пет 09 Јан 2009, 11:23 am

Центар (населба)
Како Населба Центар во Скопје може да се смета потесниот дел од Општината Центар кој го опфаќа реонот на големиот сообраќаен прстен: помеѓу улиците Св. Климент Охридски, Мито Хаџивасилев-Јасмин, Кочо Рацин и Гоце Делчев. Традиционално, во Скопје не постои „населба Центар“, бидејќи тој реон бил составен од повеќе маала: Ново Маало, Пајко Маало, Маџир Маало Еврејско Маало и др.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Ч = Чарли Чаплин   Саб 17 Јан 2009, 1:33 am

Ч = Чарли Чаплин

Чарлс Спенсер Чаплин (16 април 1889 - 25 декември 1977), попознат како Чарли Чаплин бил англиски комичар, кој останува запамтен како еден од најпознатите изведувачи во раните и средни години од Холивудската ера, а исто така и неговата работа како режисер не останала незабележана. Се смета дека е еден од најдобрите мимичари во историјата, како и еден од најгенијалните актери-кловнови. Поради ова има огромно влијание врз изведувачите од овие две полиња.
..........
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B8_%D0%A7%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BD


..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Нед 18 Јан 2009, 9:08 pm

„Џамбо џет“ (англиски: Boeing 747 односно Jumbo Jet) е комерцијален воздухоплов кој долго време беше синоним за големина и престиж во цивилната авијација.
Првиот Боинг 747 полетал во 1970 година и во следните 38 години беше ненадминат по својата големина. Карактеристичен е по „грпката“ на предниот дел, каде што над патничката кабина се наоѓа пилотската кабина и еден дел од првата патничка класа.
Најголемата варијанта, Боинг 747-400, може да смести до 524 патници, вкупна тежина при полетување од околу 400 000 кг, и максимален долет од 13 500 км. Досега се произведени 1 400 апарати и, со извесни унапредувања, сѐ уште е во производство до денес, во 2008.
Во 2007 најголем патнички авион стана Ербас А380, познат и како „Супер-џамбо“ и со тоа заврши доминацијата на „Џамбо-џетот“.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: - Ш -   Сре 04 Фед 2009, 6:17 pm

Шлепер

Служи за транспорт на стока, по земен пат
Составни делови, влекач ( камион ), приколка или полуприколка.
Во согласност од тоа каква роба се нотранспортира се менуваат приколките.





..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Чет 05 Фед 2009, 11:50 pm

АЈКУЛА
Ајкулите се брзопливачки и генерално големи ‘рскавични риби познати по нивните остри заби, посебната грбна перка и вештина во лоцирањето на подводниот плен. Како и другите риби, ајкулите се генерално ладнокрвни и дишат со жабри. Но, за разлика од коскените риби, кои имаат скелет составен од коски, ајкулите и нивните роднини раи и химери имаат флексибилни внатрешни скелети изградени од ‘рскавица.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: - Б -   Саб 07 Фед 2009, 12:18 am

Боно "good voice"
Paul David Hewson (born 10 May 1960 in Glasnevin, Dublin, Ireland), also known by his stage name Bono,
is the main vocalist of the Irish rock band U2



Лидер на бендот U2, бенд кој остави посебен печат на `80 и `90 години од минатиот век.
Идеален пример за квалитетно творештво без некакви знаци на хиперпродукција.
Поставија висок репер по прашање на текстови и музика кој тешко кој од новите Рок бендови може
да го достигне.



Својата хуманост ја покажа во неколку наврати.
Со нетрпение го очекувам нивниот нов албум и евентуален концерт во Скопје или берем некаде на Балкан.



..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Саб 07 Фед 2009, 4:47 pm



Валцерот
е австриски танц. Својата популарност ја достигнува во XIX век, во
музичкиот стил романтизам. Најчесто се среќава во делата на
композиторите таткото и синот Јохан Штраус. Овој танц се игра во парови.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Г = Гудало   Вто 17 Фед 2009, 4:22 pm

Г = Гудало

Виолината се состои од два основни дела: гудала и виолина.
ГУДАЛО: Должината на виолинското гудало изнесува 73 cm, а тежина варира измеѓу 55 и 65 грама. Основни делови се: Стап - направен е од дрво пернабук кое потекнува од Бразил. Тоа дрво е цврсто,истовремено и флексибилно, што претставува главна особина за создавање на добро гудало. Прв кој почнал да го користи тоа дрво за гудало, бил создавачот Торте на крајот од 18-ти век.
СТРУНЕ - направени се од преработени коњски влакна, прицврстени за двата краја, горниот врв и долниот дел(жабица). Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна. Жабицата се контролира со завртки, направени од метал, кој ги затегнува и отпушта жиците.


..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: - Д -   Пет 27 Фед 2009, 1:37 am



James Byron Dean
Прерано починатиот актер, бунтовник без причина, икона која на `60 им даде свој белег на два пати номиниран за оскар

1951 Fixed Bayonets!
1952 Sailor Beware
1952 Has Anybody Seen My Gal?
1953 Trouble Along the Way
1955 East of Eden
1955 Rebel Without a Cause
1956 Giant

30/09/1955 трагично го губи својот живот во сообраќајна незгода,


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Вто 10 Мар 2009, 12:24 pm

Ѓезве

Ѓезве (турски: Cezve) е лонче предвидено за варење на турско кафе. Има подолга рачка која овозможува заштита на рацете од огнот, додека работ е свиен за потурање на кафето при служење.

Ѓезвето може да биде направено од: бакар, железо (емајлирано), челик или од огноотпорно стакло.

Рачката може да биде од ист материјал како и садот, но може да биде и од дрво, бакелит или огноотпорна пластика.

Зборот „ѓезве“ е од арапско потекло, а пак арапскиот збор доаѓа од зборот џазват, што значи „жар“ (бидејќи лончето се ставало на него).

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Е = Еритроцити   Сре 11 Мар 2009, 1:24 am

Е = Еритроцити

Еритроцитите се црвените крвни клетки. Тие се едни од формативните елементи на крвта, покрај леукоцитите и тромбоцитите. Еритроцитите имаат форма двојно вдлабнат диск, со должина од 7- 8 микрони и ширина 2 микрони. Кај човекот тие не содржат јадро и затоа имаат кус животен век (од 80 до 120 дена). Внатрешноста на еритроцитите е исполнета со т.н. крвен пигмент хемоглобин преку кој се пренесува кислород од белите дробови до сите делови на телото. По пат еритроцитите ги собираат отпадните материи и ги носат во белите дробови, од каде тие се издишуваат во форма на јаглендиоксид. Бројот на еритроцитите варира во зависност од полот.


..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: - Ж -   Сре 11 Мар 2009, 9:39 pm

Jean-Jacques Burnel басистот на англиската punk група the Stranglers, еден од оснивачите на бендот, музичар со феноменален стил на свирење на бас гитара ( свири со трзалица ) .. ..



.. .. и тоо

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Саб 21 Мар 2009, 5:14 pm

Загреб е главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град.

Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: - Ѕ -   Пон 30 Мар 2009, 6:05 pm

МТВ1
ПОНЕДЕЛНИК, 30 Март 2009

09.00 Птиците умираат пеејќи - серија (р)
09.50 Цртан филм
10.00 Дневник
10.20 Сиромавиот селанец и богатите граѓани - народни приказни
10.55 Ѕвон - училишна програма
11.40 Добредојдовте во мојата земја - училишна програма
12.10 Господ и дрварот - народни приказни
12.35 Дедо Ное и коработ - народни приказни
13.00 Вести
13.15 Забавна програма
13.45 Петтиот ангел - образовна програма (р)
14.15 Пелезињо - анимирана серија за деца
14.45 Ѕвон - училишна програма
15.30 Добредојдовте во мојата земја - училишна програма
15.45 Птиците умираат пеејќи - серија тра-ла-ла
16.30 Зборуваме македонски
17.30 Музичка програма
18.40 Одгласи - образовна програма (р)
19.10 Умни глави - програма за деца
19.30 Дневник
20.30 ЛШ-фудбалски магазин
21.30 Евроазија - док. програма
22.00 Музичка програма
22.25 Емисија од културата
23.45 Птиците умираат пеејќи - серија (р) тра-ла-ла
00.23 Евроазија - док. програма

ЅВОН
Култна училишна програма која оди со години на МТВ, два пати на ден сетто време, освен за летниот и зимски распуст.


..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   Вто 31 Мар 2009, 7:32 pm

Источен Тимор е островска држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на источниот дел од островот Тимор. Главен град е Дили.

Заедно со Филипини, Источен Тимор е единствената азиска држава со доминантно католичко население.

По повлекувањето на Португалија од нејзините колонии во 1974 година, Источен Тимор на 28 ноември 1975 година прогласува независност. Но, Индонезија по девет дена од прогласувањето независност испраќа свои трупи во Источен Тимор и го држи под окупација до 2002 година. Во текот на окупацијата индонезиските сили извршуваат голем број злосторства.

Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Јаболко   Вто 31 Мар 2009, 8:47 pm

Ј = Јаболка сорта Јонатан

Јонатан е јаболко со средна големина, по вкус слатко, но и кисело, со цврста, но мазна лупка. Овој вид е во блиско сродство со јаболкото Езопус Шпиценбург.

Ова јаболко потекнува од 1826 од фармата на Филип Рик во Вудсток, Грофовија Алстер, Њујорк. Се мисли дека расадот бил Езопус Шпиценбург. За прв пат забележано е во 1826. Иако можеби првобитно се нарекувало „Rick apple“ („Риково јаболко“), наскоро Џаџ Буел, Претседателот на Хортикултурното Друштво на Албани го преименувал во чест на Џонатан (мак: Јонатан) Хасбрук, кој го открил ова јаболко и му го посочил на Буел.

Во нашите краишта е најзастапено во Тетово и во Ресен.


..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Азбука во слики и зборови   

Вратете се на почетокот Go down
 
Азбука во слики и зборови
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЗАБАВА-
Отиди до: